Блокадата на зградите на судот и обвинителството во Нови Сад продолжува сè додека не бидат ослободени сите уапсени активисти. Младен Цвијетиќ, Давор Стефановиќ и Срѓан Ѓуриќ остануваат во притвор. Лазар Диниќ, Марија Васиќ и Ладо Јововиќ се во домашен притвор, пренесува Н1. Синоќа во Кула имаше инциденти, имено туркање и буткање, меѓу граѓани и поддржувачи на СНС. Денеска, средношколците во Белград протестираат пред Министерството за образование ...

„Оваа пролет, Фестивалот што вибрира во просторот меѓу филмската слика и критичката мисла, на процепот меѓу полемиката и поезијата, Фестивалот што ги спојува зачудувањето и очудувањето, го слави својот 15. роденден! Славјето е седумдневно, сместено во удобната кино-сала на Кинотеката на С. Македонија, во којашто ќе бидат прикажани триесетина филмови од Европа и сите краишта на светот“. Вака започнува најавата за годинешното издание на ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди индиректна дискриминација врз основа на попреченост во областа на образование сторена од страна на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје кон ученик. Имено, и покрај пријавувањато за врсничко насилство, училиштето не преземало никакви мерки, а откако ситуацијата ескалирала, дури и го обвинило виктимизираниот ученик за насилство изрекувајќи му усна опомена и нему. ...

Изложбата „Moon of love“ од ликовниот уметник Давор Кешќец ќе се отвори во четврток, 22 мај, со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. „’Moon of Love’ е самостојна изложба што претставува збирка дела кои го одразуваат личното и уметничкото патување на Кешќец — сурови импресии од секојдневниот живот, повторно замислени преку фрагментирани форми, живи палети и емотивна интензивност. Во духот на германскиот експресионист ...

На 22 мај, четврток, во Театар Комедија претставата „Секс, лаги и гавоболки“ режирана од Александра Кардалевска, ќе ја има својата премиера. Таа е во колективно авторство, инспирирана од животни искуства. „Претставата нуди смеа, препознавање и моменти за размислување, оставајќи го гледачот со чувство дека бил дел од еден жив, вистински и емотивен свет“, истакнуваат од Театар Комедија. Како што раскажуваат оттаму, претставата е динамична, ...

Израелските сили ја нападнаа Газа преку ноќ и денеска, погодувајќи семеен дом и училиште претворено во засолниште, и убивајќи најмалку 60 лица, соопштија палестинските здравствени претставници, додека Израел ја продолжува својата војна против Хамас и покрај зголемената меѓународна осуда, пренесува новинската агенција АП. Израел започна уште една голема офанзива на територијата во последните денови, велејќи дека има за цел да врати десетици ...

Во четврток, на 22 мај, со почеток во 17 часот, во Националниот Музеј Секели, во градот Сфанту Георге во Романија ќе се одржи сликарски перформанс на македонскиот сликар Сергеј Андреевски. Целта на настапот е публиката да се доближи не само до светот на уметникот, туку и до неговата татковина, Македонија, а настанот е дел од низа активности со кои Националниот Музеј Секели годинава одбележува 150 години од формирањето. „Исклучително голема е ...

Студенти и граѓани од рано наутро ја блокираат судницата во Нови Сад, што трае од четврток, повикувајќи ги надлежните судии да дојдат во судот и да одлучат по жалбите на адвокатите на одбраната за продолжување на притворот за шесте активисти кои се обвинети за наводно поткопување на уставниот поредок на Србија и кои се во притвор повеќе од 60 дена, пренесува новинската агенција Бета. „Нема потреба да се провлекуваат низ продавниците, нека дојдат ...

Здружението „Хуманост“ информира за издавањето на книгата „Не баш тивко“, илустрирана детска книга создадена како дел од проектот „Silent“, кој има за цел да ја промовира инклузијата на глувите деца и да ја зголеми свеста за важноста на различни комуникациски методи. Од „Хуманост“ објаснуваат дека во книгата, деца како Симон и Ана, и нивните пријатели комуницираат на свој начин – било преку знаковен јазик, слух со помош на кохлеарни импланти или ...

Пратеникот Салим Сулејмани извести дека поднесува оставка од сите партиски функции во рамките на Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието на Македонија. „Одлуката да се вклучам во политиката и да се кандидирам на парламентарните избори во 2024 година се роди од длабоко чувство на одговорност и желба да донесам вистинска промена во животот на нашите граѓани. Отсекогаш сум бил убеден дека подобрувањето на општеството ...

По информацијата дека е издадено одобрение за сеча на 113 дрвја и кастрење на 303 дрвја во Градскиот парк во Скопје, иницијативата Зелен хуман град (ЗХГ) договори обиколка низ паркот заедно со Секторот за комунални работи на Град Скопје и професор на Шумарскиот факултет. „Во таа обиколка ќе се посетат засегнатите дрвја и ќе слушнеме од нивна страна зошто се обележани за сечење/кастрење, што довело до таа ситуација и што се плановите за ...

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани вчера нивни роднини и пријатели беа дел од „Маршот на ангелите“ кој се одржа во Кочани, пренесува агенцијата Мета.мк. Тие маршираа од „Паркот на револуцијата“ до судот и Обвинителството во Кочани, а побараа неселективна правда и подобри услови за лекување на повредените ...

„Поезијата има смисла само кога се живее“ Во склоп на серијалот „Нова пролет“, со кој „Канал 103“ одбележува 34 години постоење, вечерва (сабота, 17 мај) во 21 часот во „Ла Кања“ ќе се одржи концерт на Софиа Џебел Роуз од Франција. „Саботна вечер исполнета со езотеричен сјај и темна убавина. Во рамки на нејзината обемна европска турнеја, Софиа Џебел Роуз ќе ја донесе својата магична, интимна и бунтовна музика во Скопје“, соопштуваат од „Канал ...

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Оттаму велат дека ова е прв центар од ваков тип во Македонија, кој ќе функционира како безбеден и поддржувачки простор за најранливите категории граѓани, нудејќи психо-социјална помош, неформална едукација со посебен акцент на деца и млади, правно советување и дневна грижа. На отворањето зборуваше Државниот ...

Трибјут посветен на англискиот пост-панк состав „Џој Дивижн“ ќе се одржи утре, 18 мај, со почеток во 21 часот во рок-бар „Круг“ (трговски центар „Бисер“). Јубилејното, 25-то издание на вечерите посветени на „Џој Дивижн“ ќе го одбележат поетско-музичкиот состав „ВИС Тркалезна маса“, а ќе настапат Ана Голејшка-Џикова, Ѓоко Здравески, Васко Марковски, Владимир Лукаш, Владимир Мартиновски и Круме Стефановски. „Во рамки на програмата ќе се изведе ...

Во креативниот простор „Base24“ во Скопје на 9 мај се одржа промоцијата на книгата „Dystokyo“ во организација на здружението „Пагода“ – четиричасовен вечерен настан што на уникатен начин ги спои уметноста, технологијата и поезијата во едно мултијазично и мултимедијално доживување. „Атмосферата на настанот беше полна со позитивна енергија и весели реакции, а бројните позитивни коментари и споредби со настани од светски калибар само го потврдија ...

Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“ ќе се одржи од 3 до 14 јуни во неколку културни институции во Скопје: Музеј на современа уметност (МСУ), Младински културен центар (МКЦ), Културно социјалниот простор Центар-Јадро и Театар Комедија. „Овогодишното фестивалско издание, со темат ‘Југоквир’ цели да ги истражува контрахегемонистичките конфигурации на родово и сексуално отелотворување во квир (феминистички) изведувачки уметности и ...

Најновиот творечки циклус на ликовниот уметник Благојче Наумоски – Бане, со наслов „Урбани трансформации“ ќе биде изложен на 22 мај со почеток во 19 часот во Салон Империјал 1 во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје. „Овој проект се фокусира на деконструкција на елементи од урбаните структури, каде се издвојуваат и интерпретираат геометриските форми и волумените што го дефинираат брутализмот. Тој со своите моќни, монолитни и често ...

Организаторите на фестивалот „Drim Short Film Festival“ кој ќе се одржи од 7 до 10 август, во соработка со „Pro Peace North Macedonia“ отвораат повик за млади за работилница „Сочување со минатото“ која ќе се спроведе во рамки на фестивалот. „Овој повик е до младите луѓе што сакаат филм, критичка мисла и раскажување автентични приказни“, велат од „Drim Short Film Festival“. На работилницата, преку пост-Југословенски филмски дела ќе се зборува за ...

Традиционалната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ на која учествуваат студентите од четврта година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Студиската програма за сликарство ќе се отвори во вторник (20 мај), со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје. Учесници се Андреј Антевски, Ана Томовска, Благица Трајкоска, Горазд Николовски, Елена Стојкова, Ема Теовска, Марија Ќурчиева, Марија Нешкоска, Павел ...

Третото издание на годишниот ИТ настан Глобал Ејжур Скопје (Global Azure Skopје), одржано минатиот викенд, помина во знакот на поддршка на семејствата на жртвите од трагичниот пожар во Кочани, пренесува агенцијата Мета.мк. Настанот секоја година го организираат програмери организирани во рамки на македонската ИТ про корисничка група (Macedonian IT Pro User Group) и македонската дотнет заедница (Macedonian .NET Community) како дел од светската ...

Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ гостува во петок на 16 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 12 до 17 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанскохерцеговското издание на регионалниот театарски фестивал „РУТА“. Премиерата на „Гидионовиот јазол“ беше на 9 мај и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво гостување на претставата во странство. По претставата со актерите и уметничкиот дел од ...

Според решението објавено пред 30 дена од Секторот за комунални работи од Град Скопје, се одобрува сечење на 113 дрвја во Градски парк во Скопје. Животот на едно дрво нормално е да има крај (дали природен или поради лошо одржување на истото), но мора многу претпазливо да се пристапи кон вака драстично менување на последната скопска оаза – Градскиот парк, соопштуваат од иницијативата Зелен Хуман Град (ЗХГ). Активистите потенцираат дека, според ...

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, влезе во официјалната селекција на 5. издание на „Striped Tale Animation Festival 2025“, што ќе се одржи од 16 до 18 мај во Тбилиси, Грузија. „Вселенска зоолошка градина. Балкански хумор. Хаос на интергалактичко ниво. Јон Вардар против Галаксијата нè носи во една апсурдна мисија за спас на универзумот. Чудовишта, сатира и емоции се судираат во оваа забавна вселенска ...

Дебатното првенство 2025 се случува на 17 и 18 мај во просториите на Правниот факултет „Јустијан Први“ во Скопје, на иницијатива на МОФ и „најсилните борци“ – дебатери. Ќе учествуваат 16 тима од повеќе македонски градови, а победниците ќе имаат можност ова лето да ја претставуваат државата и Младинскиот образовен форум (МОФ) на интернационалниот турнир во Прага – „Prague Debate Spring“, заедно со нивниот тренер. Дора Смилевска / Фото: МОФ За ...

Операта „Набуко“од Џузепе Верди ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет (НОБ) на 19 мај со почеток во 20 часот во рамките на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, режијата е на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, ...

На 14 мај (утре) со почеток во 20 часот, во културниот простор „Јавна соба“ ќе се одржи поетско – музички перформанс со читање на песни од последните две книги на македонскиот колумнист, поет и преведувач, Тихомир Јанчовски. Мултимедијалниот настан, ќе биде придружен од музика компонирана од Зоран Тортевски и визуелни илустрации од Будимка Поповска. „Неодамна објавените книги на Јанчовски, ‘Пристоен предлог’ и ‘Пеколот е мало место’ за првпат ќе ...

Првото издание на фестивалот „Буквално. Џез.“ ќе започне на 19 и ќе трае до 25 мај, во просторот и дворот на културниот центар „Буква“. Во продолжение погледнете ја целосната програма: ПОНЕДЕЛНИК | 19 мај 17:00 «Џез: звук, слика, збор» со Владимир Мартиновски 19:00 Отворање на изложба «Jazz» (графика, масло, скулптура: Диме Темков и Лучка Кошчак) со ритмични илустрации на Михаил Парушев 20:30 Вечерен џез со Zulu 3.4 ВТОРНИК | 20 мај 18:00 «Џез ...

Фестивалот „Сепак се врти“ на „Гола планина“ и пријателите вчера го имаше финалето во Скопје, откако годинешниот музички караван помина во Битола, Прилеп, Гостивар, Струмица и Куманово. Овој пат, на агендата беа седум настапувачи: D.I.K, „Damage Control“, „Ендемски вид“, „Корка“, „Мариналеда“, „Taxi Consilium“ и „(точка) ком“. Програмата малку доцнеше поради технички причини. Тие технички причини се испостави дека е мрежен кабел, кој сепак беше ...

Младиот кочански бенд „Корка“ го објави своето истоимено деби EP, на кое се наоѓаат шест песни. „Нашето прво ЕР (самонасловено) отсега официјално можете да го слушнете на YouTube и Bandcamp, а наскоро и на сите останати стриминг платформи. Целото ЕР е DIY, од снимањето до микс и мастер и се друго. Посебна благодарност до сите наши пријатели и на сите што го чекавте ова ЕР“, соопштија од „Корка“. Петчлениот состав во неделата настапуваше на ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
92%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.79
86%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
4.12
78%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
81%
1023
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
95%
1027
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
95%
1024
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
76%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Иридиум

145787.60

Цинк

3.03

Платина

59937.34

Паладиум

50830.33

Бакар

10.76

Калај

41.29

Алуминиум

2.88

Родиум

255598.44

Злато

138322.05

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Сребро

2049.55