Младиот уметник Аммар Качар – Ред, кој од текстилен отпад креира нови парчиња преку шиење, везење и цртање, неделава, од 3 до 8 јуни, ќе ги курира активностите насловени „Везен град“ во креативното студио „Комбо“. „Дел од социјалната мисија на ‘Комбо’ е поддршка на млади уметници и промоција на нивните вештини. Па така, од 3 јуни го започнуваме нашиот пилот проект каде во текот на една недела, активностите во продавницата ќе бидат курирани од ...

„Стотројка“ повикува на уникатно музичко доживување со „Zelzeleh“ – иновативна соработка помеѓу иранскиот пејач и композитор Kamyar Arsani (Faraway Ghost) и индискиот перкусионист и продуцент на електронска музика Ravish Momin (Sunken Cages), кое ќе се случи утре (понеделник, 2 јуни) во 21 часот во „Ла Кања“. „’Zelzeleh’, што на персиски значи ‘земјотрес’, е проект кој навистина го оправдува своето име, рушејќи ги конвенционалните бариери. ...

На 2 јуни, понеделник, со почеток во 19 часот, на поткровјето на Јавна соба, ќе се одржи премиерата на новата детска театарска претстава „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчетво Воли“, базирана на втората сликовница од серијата „Приказни за облеките“ на македонската авторка Наташа Дукоска. Оваа премиера воедно претставува и промоција на истоимената сликовница во издание на „Чудна Шума“. „Со оваа адаптација, светот на облеките добива нова ...

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2025 година кој неодамна го промовираше Владата, предвидува и обуки за побарувани занимања што ќе ги спроведуваат обучувачи верифицирани од Центарот за образование на возрасните. Ќе бидат опфатени 600 невработени лица, а за мерката е обезбеден буџет од 70 милиони денари, информираа од МОН. На трибина во Владата, министерката за образование и наука Весна ...

По повод 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето, во Домот на културата во населбата Ѓорче Петров во Скопје, на 2 јуни (понеделник) во 11 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена „Моите херои” на Јана Иванова (10 години). Ова е трето ликовно претставување на Јана, која изминатиот месец со истата поставка се претстави во Младинскиот центар „Матично” и на Филозофскиот факултет во Скопје. „Со своите бравурозни прикази на своите јунаци кои ...

Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по мајчин јазик, првиот од двата екстерни испити од државната матура. Дел од учениците во своите училишта, дел пак во амфитеатрите на најблиските факултети каде има соодветни услови за спроведување на процесот. Пред почетокот на полагањето, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Михајловска го посетија Земјоделскиот факултет во Скопје, ...

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 1 јуни, недела, со почеток од 17 до 18 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Трката ќе започне со стартна позиција од Порта Македонија, десно долж ул. „Димитрие ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ќе „одржи предвремени избори“ кога ќе завршат подготовките за ЕКСПО 2027 и кога Србија ќе се подготви за таа меѓународна изложба, пренесува Н1. За време на обиколката на парламентот во селото Јелашница, Вучиќ, на новинарско прашање како одговара на обвинувањата дека е „кукавица“ и дека „не смее да одржува избори“, рече дека кога ја водите земјата, не смеете да одговарате врз основа на лична ...

Во кафе-книжарницата „Буква“ денес (31 мај) од 16 часот ќе биде отворен „ФИЈУК“ – саемот на независни издавачи. Од 17 часот е најавена изложба за колажи, додека од 20 часот ќе има изложба на Илина Ѓорѓиевска и промоција на книгата „Trash treasure“, која е сублимат на нејзини колажи печатени сито печат во издание на Партизанска штампа. Во 22 часот ќе има и концерт на „(точка) ком“. „Македонија не е духовно јалова земја. И тука се вреднува ...

Последната болница што обезбедува здравствени услуги во северна Газа е надвор од употреба откако израелската војска нареди нејзина итна евакуација, изјави директорот на објектот, пренесува Би-Би-Си. Доктор Мохамед Салха изјави дека пациентите биле евакуирани од болницата Ал-Авда во Џабалија вчера вечерта по „две недели опсада“ и дека сега „немало здравствен објект што работи на север“. Израелските одбранбени сили сè уште не одговориле на ...

Холандско-турскиот бенд „Алтин Гун“ (Altın Gün) утре (сабота, 31 мај) ќе одржи концерт во скопскиот Младински културен центар (МКЦ), а според организаторите публиката може да очекува вртоглаво музичко патување и фантастично шоу на премиерното гостување на овој бенд во Македонија. „Психоделичните рок верзии на традиционални турски народни песни обвиени во танцови поп аранжмани, како и извонредните изведби во живо, го прават ‘Алтин Гун’ еден од ...

„Месец јуни во Кинотека на Македонија носи богата, внимателно курирана филмска програма што се движи низ темите на телесноста, идеалот, отпорот и културната меморија. Од антологиската класика на европскиот модернизам, до ангажирани современи дела и регионални гласови, јунската понуда ги зближува различните филмски поетики, а го збогатува и самото искуство на гледање како чин на размисла, анализа и емоционален ангажман“. Вака од Кинотека ја ...

Инклузивна промоција на сликовницата „Другарка, другарко и две маченца“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко, а со илустрации на Наташа Костовска ќе се случи утре, 31 мај, од 17 часот во Дом на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода. На инклузивната промоција ќе настапат Мијата, Космонаутко и славејчињата, Беира Беки Салифоска и Леон Мемиш Апостоловски, а авторот Јанкуловски и илустраторката Костовска на кратко ќе ја претстават ...

Во рамки на тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, Тиииит! Инк. во соработка со „Kino Unseen“ од Загреб организира дводневна филмска програма со наслов „Воспоставување врски: кино клубовите и феминистичките пристапи кон подвижните слики“, која ќе се одржи на 30 и 31 мај, со почеток во 19:30 часот, во киното на Железничката зграда. Програмата е курирана од Карла Црнчевиќ, една од основачките на ...

„Кој се плаши од културите на Другите?“ е тема на јавната дебата што ќе се одржи утре, 30 мај, со почеток во 18:30 часот во Културно-социјалниот простор Центар Јадро. Говорници ќе бидат Алмира Папиќ, Суад Скендери и Џабир Доко, а дебатата ќе ја модерира Амона Земон. „Културата на помалите заедници е еден од најранливите и најзапоставените сегменти на нашиот културен екосистем: уметниците и здруженијата кои ја негуваат подолг период укажуваат ...

Во Пескара, Италија денеска, 29 мај, ќе се одржи италијанската премиера на „Јон Вардар против Галаксијата“, првиот македонски долгометражен анимиран филм. Премиерата е дел од реномираниот фестивал Cartoons on the Bay, кој го организира италијанската национална телевизија РАИ и се смета за водечки настан во областа на анимацијата, трансмедијата и визуелните уметности во Италија, пренесува агенцијата Мета.мк. Филмот, во сценарио и режија на Гоце ...

Студентите во блокада ги објавија деталите за протестот „Сакаме избори!“, кој е закажан за петок, 30 мај, во центарот на Белград, пренесува Н1. Почетокот на протестот е закажан за 16:30 часот пред поранешната железничка станица на плоштадот Сава, а протестниот марш ќе се движи по улицата „Немања“ до плоштадот Славија, а потоа по улиците „Краљ Милан“ и „Кнез Милош“ до зградата на Владата на Србија. Ми хоћемо изборе! pic.twitter.com/8pFwxJAOVB — ...

Вчеравечер се затвори 15. јубилејно издание на Филозофскиот филмски фестивал со проекција на Селекцијата на видеоесеи (селектор м-р Ивана Мирчевска) и „Витгенштајн“ од Дерек Џарман. Пред филмот во чест на поранешниот Заменик шеф на мисија и Аташе за култура на Кралството Шпанија во Скопје (2020-2023), Ернесто Ередеро дел Кампо (1977-2024), постхумно беше прикажано видео од неговото излагање од Втората интернационална конференција „Филозофија и ...

Вчера, во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје, се одржа предавање на архитектонско-уметничкиот експериментален колектив од Берлин, „Пловечки универзитет“, претставен од предавачите Кристин Лаз и Дејвид Нил Морзи. Предавањето беше дел од програмата „Градот како сцена: еколошки иднини“, во организација на Факултет за работи што не се учат (ФРУ) и АКТО, а истовремено ја најави повеќедневната работилница на колективот со студенти од ...

Студентите од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) го организираат второто издание на студентскиот филмски фестивал фестивал „ХАЈ-ФАЈ“ од 30 мај до 1 јуни на ФДУ. „’ХАЈ-ФАЈ’ е меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Истата служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци“, велат организаторите на фестивалот. Програмата за второто издание ќе започне на ...

Студентите од поп и џез-катедрата при Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе одржат концерт вечерва, 29 мај, со почеток во 21:30 часот, во „Кафе Литература“ во „Дајмонд мол“. Настанот е резултат на новата соработка меѓу радиото „Џез ФМ“ и ФМУ – Скопје, чија цел е да се обезбеди простор за младите музичари и нивните ментори да го презентираат и промовираат својот труд и креативност, во согласност со афинитетите и современите насоки на младата ...

Овој пристап се темели на успешни светски практики, од САД до Финска, каде што подкастот се користи како иновативна алатка за вклучување на учениците и проширување на нивните знаења. Истражувањата покажуваат дека ваквиот начин на учење ја зголемува мотивацијата, особено кај ученици што најдобро учат преку слушање, практична примена и тимска работа, објави Македонскиот институт за медиуми. Членовите на медиумскиот клуб при ООУ„Илинден“ од Крива ...

Краткометражниот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски, досега се прикажуваше на 18 фестивали во Македонија и низ светот, меѓу кои во Данска, САД, Италија, Финска, Кореја, Нигерија, Бразил и Узбекистан. Филмот ја имаше својата светска премиера на престижниот „Оденсе интернационален филсмки фестивал“, каде билетите за првата проекција беа распродадени, а фестивалот го посетија над 250 гости од целиот свет. Филмот освои пет домашни и ...

Дојде крајот на уште едно издание на Филозофскиот филмски фестивал, а организаторите го карактеризираат како највозбудливиот дел. Вечерва (28 мај) ќе бидат прогласени добитниците на наградите од стручното жири и од публиката. „Програмата за последниот фестивалски ден започнува во 18 часот со проекција на четири филмови од минатата година воведената, Селекција на видеоесеи (119’), во избор на м-р Ивана Мирчевска. Притоа ќе биде прикажан ...

Условите на претседателот Владимир Путин за завршување на војната во Украина вклучуваат барање западните лидери писмено да се обврзат дека ќе престанат со проширувањето на НАТО кон исток и ќе укинат дел од санкциите кон Русија, според три руски извори запознаени со преговорите, дознава Ројтерс. Претседателот на САД, Доналд Трамп, постојано повторува дека сака да го заврши најсмртоносниот европски конфликт од Втората светска војна и во последните ...

Седмото издание на циклусот „Клинци“ продолжува на 30 мај (петок) со почеток во 20 часот во Јуроп хаус во соработка со „Култура Бета“. „Клинци е циклус од мултимедијални настани во чии рамки се претствуваат млади книжевници и визуелни уметници. На секое издание може да чуете поезија и проза од четворица млади автори, како и да погледнете изложба од млад уметник“, стои во најавата за настанот. Овојпат на „Клинци“ ни читаат: Ана Тодоровска, Гала ...

Во скопската кафе-книжарница „Буква“ вечерва, вторник 27 мај, од 20 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Каде леташ, Јулија?“ од Хана Корнети како издание на „Или Или“, а воедно ќе има и настап на бендот „Милко“ (Millko). Книжевен промотор ќе биде Александар Маџаровски „Што да се каже за овие раскази, а во исто време соодветно да се претстават и тоа да не делува како преувеличување кое ќе постави превисоки очекувања? Одлепени, ...

Независно дали на некој му треба да го наостри кујнскиот нож, да го поправи тротинетот, или да зашие облека – тоа може да направи самостојно, користејќи ја опремата во Центарот за поправки „Ништо ново“ во скопската општина Кисела Вода. Наместо да се купуваат нови производи и да се трупа отпад, од АРНО велат: „ајде да поправаме“. Да учиме како да поправаме, следиме работилници, да разменуваме предмети, изјамуваме алат и да ги менуваме ...

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобар есеј, кој беше наменет за ученици по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик. „На конкурсот право на учество имаа сите ученици од четврто до деветто одделение од основните училишта и од прва до четврта година од средните училишта. Во зависност од возраста и наставниот јазик, беа дадени четири теми, а пристигнаа вкупно ...

Студенти на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола ќе бидат практиканти во Министерството за образование и наука (МОН), за што е потпишан меморандум, информираат од МОН. „Студентите ќе учествуваат во извршување на оперативните потреби на министерството, за што ќе имаат менторска поддршка. Ова искуство ќе им овозможи примена на знаењата во реални услови, со што ќе им се помогне во професионалниот развој и подготовката за ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
92%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.79
86%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
4.12
78%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
81%
1023
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
95%
1027
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
95%
1024
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
76%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Платина

59937.34

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.88

Злато

138322.05

Иридиум

145787.60

Сребро

2049.55

Паладиум

50830.33

Кобалт

58.42

Калај

41.29

Бакар

10.76

Цинк

3.03