Премиерата на документарецот „Време, вода, наследство: Охрид“ од Илија Пиперкоски за 70 години Охридски пливачки маратон ќе се случи денеска, 18 август, со почеток во 21:15 часот во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид. „’Време, вода, наследство: Охрид’ е динамичен документарец за 70 години Охридски пливачки маратон – спорт што ја мери човечката издржливост, волја и амбиција. По сценарио и режија на Илија Пиперкоски, филмот преку ...

Четвртиот долгометражен документарен филм на Тамара Котевска кој се снима во Сибир е селектиран на престижниот копродукциски маркет на Венеција и оваа година авторката ќе се претстави со два документарни филмови на фестивалот. „Нема многу режисери во светот кои се впуштаат во толку ризични и храбри подвизи како нашата Тамара Котевска. На Сибир ретко кој на планетава може да се пофали дека бил а уште помалку дека снимал авторски филм. Котевска ...

На програмата во Сули ан на 26 август, со почеток во 19 часот, се отвора фотоизложба и проекција на филм од мултимедијалниот уметник Киро Урдин. Проекцијата на документарниот филм „Вода и оган“ (Белгија, Македонија / 2009 / 52 мин.) ќе почне во 20:30 часот. „На своите патувања, Киро Урдин го доловува духот на местата каде животот сè уште тече со реката, сонцето и чистиот воздух – како во етиопската Долина Омо, каде насмевките светат посилно ...

Во рамки на второто издание на фестивалот за алтернативна, младинска и критичка култура „Ре-култура“ што го организира здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“, по вторпат се отвора донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа. „Ги повикуваме сите пријатели, поддржувачи, издавачи, музичари, фанатични колекционери и сите кои сакаат да им олеснат на своите ...

Вториот дел од импровизирачкиот серијал „Џез за чудаци“ што се одржува во скопската кафе-книжарница „Буква“ ќе се одржи утре (вторник, 26 август) од 21:30 часот. Музичари што ќе свират се Васко Бојаџиски – алт саксофон, Мартин Џорлев – бас, Филип Букршлиев — гитара и Дарио Циевски — тапани. „Музика за тие што за време на нивниот студенски престој во Улицата како Образовна Институција од Витално Значење немале баш добри оцени и затоа сега сѐ ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, ќе ја има својата австралиска премиера на „Sydney Science Fiction Film Festival“ – најголемиот филмски фестивал во Австралија посветен на научната фантастика. Шестото издание на фестивалот ќе се одржи од 3 до 5 октомври во центарот на Сиднеј во престижниот комплекс Event Cinemas George Street. Филмот на Цветановски е во трка за ...

Кинотеката на Македонија ја најавува септемвриската програма, за која велат дека ќе донесе вистински филмски празник за љубителите на седмата уметност. „Овој месец е посветен на антологиските филмови од историјата на светската кинематографија, како и на значајни македонски играни и краткометражни остварувања. На репертоарот ќе се најдат ремек-дела што го обележале златното време на филмот“, раскажуваат од Кинотека. Како што додаваат оттаму, ...

Првиот блок премиери на документарни филмови продуцирани во Македонија или реализирани во копродукција со регионални партнери се одржа на 22 август. На платото пред Музеј на Македонија беа прикажани филмовите „Антигона“ на Ибер Деари и Мирсад Абази, „Печурки од минатото“ на Ханис Багашов и „Земја и крилја“ на Стефан Малешевиќ, реализиран во копродукција помеѓу Србија и Македонија. „Краткиот документарен филм ‘Антигона’ на Ибер Деари и Мирсад ...

Скулпторот Озбек Ајваз ќе ја претстави својата втора самостојна изложба „Гласот на минатото“ – скулптурална инсталација поставена во јавен простор, утре, вторник, во 20 часот во Мобилна/монтажна галерија во Паркот на франкофонијата. „Делото претставува уметнички потсетник на едно време кога читањето весници беше секојдневен ритуал, а вестите се примаа со трпение, внимание и доверба во изворите. Со својата форма и порака, скулптурата ја ...

Вчера напладне, во предворјето на манастирот Св. Наум Охридски, на најјужниот брег од Охридското езеро, пред самиот почеток на поетското читање на интернационалните поети гости на Струшките вечери на поезијата (СВП), на Иван Штрпка, овогодишен лауреат на златниот венец на СВП, му беше врачена плакета со почесно членство во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). При врачувањето на признанието, претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски, ...

Во четвртокот, 21 август, започна 16. издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ под мотото „Кому му е гајле за реалноста?“. Фестивалот трае осум дена, на пет различни локации, прикажува повеќе од 75 филмови, организира бројни дискусии со авторите по проекциите, два мастер класа, две изложби, пет дискусии, три денови со документарна индустрија. „Живееме во време во кое вистината се менува побрзо отколку што можеме да ја ...

Фестивалот „БОШ“ и годинава во Гевгелија го отвора својот „слободен терен“ за урбана креативност преку мултимедијална програма – спој на изложби, филмови, видео-арт, инсталации и музика. „На 29ти и 30ти август со настани во Домот на културата, Амамот и стариот пазар, ќе завибрираме со ритамот на гевгелиското лето“, посочуваат организаторите. Тие потсетуваат дека „БОШ“ е повеќе од мултимедијален фестивал и платформа посветена на креативното ...

Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“, во состав: д-р Анастасија Ѓурчинова (претседател), д-р Јана Михајловска и Иван Шопов на својот работен состанок одржан на 20 август во просториите на издавачката куќа „Антолог“ одлучи во првиот круг на селекција да влезат 22 изданија од 13 издавачки куќи, во превод на 23 преведувачи и од 13 различни јазици. „Жири-комисијата низ долга и многуслојна ...

Радио МОФ бара родители и вработени во училишта за да му помогнеме на инклузивното образование да застане на цврсти нозе. Како медиум долги години работиме на анализи од јавен интерес, а сега повторно сакаме да ги чуеме Вашите искуства, кои ќе бидат од голема важност за подобрување на инклузијата во основните школи, со цел да има еднакви можности и пристап до образование на сите деца, без разлика на нивната состојба / попреченост. Овој ...

Групата „Next to Silence“ ќе одржи концерт на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија на 24 август, недела, со почеток од 18 часот, во рамки на „Prilep Jazz Weekend“. „Овој концерт ќе биде ретка прилика да се слушне групата во анплагд издание, а на кого ќе бидат изведени повеќе композиции од нивните албуми. Концертот се одржува во рамки на ‘Prilep Jazz Weekend’, со што се афирмираат алтернативни простори за концертни настани, а ...

Ретроспективната изложба „Бојата на мојата душа“, посветена на животот и делото на еден од најзначајните македонски сликари, Ангел Петров, на 25 август, понеделник, од 19:30 часот во просториите на Ликовниот салон во Велес. „Изложбата претставува патување низ неговото богато творештво на 87 неизложувани дела: пејзажи, актови и коњи, што ја отсликуваат длабочината на емоцијата, јазикот на боите и искреноста на уметничкиот израз“, се вели во ...

Националниот парк Шар Планина постави шест нови дрвени објекти кои треба да им послужат сите планинари и љубители на природата како засолниште од лошо време и да придонесат за поголема сигурност. Новата инфраструктура е поставена на локации на Долна Лешница, патот кон планинарски дом Љуботен, под Титов Врв, кон Три Воде, на Рамен Камен и на Долна Локва. Сите засилништа се направени од дрво и имаат клупи за седнување, а од Националниот парк ...

Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот „AERO Street Food Festival“, настан кој ќе ги обедини уличните гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен. „Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од ...

Донесен во 2020 година, Законот за младинско учество и младински политики, или познат како Закон за млади, требаше младите да ги направи поактивни и поангажирани во своите средини на живеење. Преку обврски на институциите, да им понуди сервиси и простори за да се собираат и одлучуваат за своите потреби, било да се тоа за култура, образование или социјализација. Сепак, пет години подоцна, не само што Законот за млади бавно се спроведува, туку ...

Отворањето на 16. „МакеДокс“ ќе се одржи на 21 август (четврток), од 20:30 часот, во Куршумли-ан. На програмата се краткиот документарен филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ на Робин Петре. Како што објаснуваат од фестивалот, филмот „Бардо“ (Чешка, Словачка / 2025 / 27 мин.) носи длабок здив со искуства што навлегуваат уште подлабоко и темна амбиентална музика како придружник. ...

Англискиот дистрибутерски гигант „Dogwoof“ од Лондон ги откупи светските права за интернационална продажба на „Сиљан“ [The Tale of Silyan] – најновиот документарен филм на Тамара Котевска. Филмот за една недела ќе ја има својата светска премиера во Венеција, во селекцијата „Out of Competition“, а потоа и северноамериканска премиера во Торонто, каде е во официјалната натпреварувачка програма. „’Dogwoof’ е компанија позната по современи ...

На 30 август, со почеток во 12 часот во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи авторски концерт „Сфера“ на композиторката Ана Пандевска во изведба на пијанистката Дуња Иванова. „Музиката на Пандевска за првпат со целовечерен концерт ќе се промовира во Битола, градот на конзулите“, се вели во соопштението. На програмата ќе се најдат пет композиции за пијано и електроника (Фиксен медиум): „Пејзажни атмосфери“ (Ѕвона на моето пијано, Кристални ...

Вечерва во Европската куќа во Велес ќе се отвори 22 издание на Меѓународниот салон за стрип „Велес 2025“. На манифестацијата ќе се доделат награди, дипломи и признанија за годинашниот меѓународен стрип-конкурс и ќе се отвори изложбата од избрани дела по истиот конкурс. Ќе бидат претставени и стрипови по повод 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал „Вековници“, чиј промотер ќе биде Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија. Како што ...

Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје утре (19 мај, вторник) ќе се одржи „Васил фест“, односно музичка вечер со „IVL“, „Дивоградба“ и „О, Убавче“. „IVL“ се Васил , Лила и Ива. „Музиката на овој бенд, како што велат тие, доаѓа од таму кај шумат шумите, буките. Буката што ја прави ‘IVL’ би ја опишале како едно истражување на иднината на industrial и noise музиката, со желба да продолжат таму каде што ‘Throbbing Gristle’ застанаа“, стои во ...

Групната ликовна изложба „По материјата“, која ги поврзуваат уметниците од Македонија, Грција и Албанија – трите земји што се среќаваат на трограничие на Преспа – во заедничка уметничка потрага: истражување на циклусот на материјата, ќе се одржи од 28 до 31 август во просториите на Земјоделската Задруга на производителите на грав „Пелеканос“, во Лемо, Преспа. „Во фокусот на оваа уметничка траекторија е регионот на Преспа, место со симболична ...

Авторката Капка Касабова, најпозната по врвната документаристичко-патеписна проза, доаѓа во Македонија. Кафе-книжарницата „Буква“ организира книжевна вечер со Капка на 20 август, каде пред присутните своите импресии низ разговор со авторката ќе ги искажат Ана Витанова Рингачева и Александар Маџаровски. „Секако, ќе учествува и извонредниот преведувач на нејзините книги Бранислав Мирчевски. Ќе се зборува за балканската тетралогија на Капка ...

Организацијата „ShanghaiRanking Consultancy“ го објави Академското рангирање на светските универзитети за 2025 година, познато како „Шангајска листа“. И годинава, меѓу најдобрите илјада универзитети во светот, нема ниту една високообразовна установа од Македонија, пренесува агенцијата Мета. На врвот на листата повторно доминираат американските универзитети. Харвард е рангиран на првото место, Стенфорд на второто, а Институтот за технологија ...

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) 2022–2032 година организира jавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Центар ќе се одржи на 18 август 2025 (понеделник) во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), ...

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од денеска (15 август) започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5 септември 2025 година. Аплицирањето се спроведува ...

„Сето ова се случува во сегашноста. Додека ние го живееме животот во некоја своја фантазија, тие ја уништуваат нашата земја, природата, Македонија. Со години се водат погубни политики и профитерски проекти каде што бенефит имаат само политичарите и тие поврзани со нов. Еден од тие проблеми е и изградбата на 2 мали хидроцентрали на реката Дошница“, пишува за својот мини документарец Мето, кој го објави своето видео преку Јутјуб. Како што ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
71%
1003
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
7.72
91%
1005
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
47%
1010
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
5.14
56%
1004
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
5.49
84%
1003
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
5.14
37%
1009
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.81
66%
1000
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
58%
1002
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
40%
1003
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.66
89%
1002
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
66%
1008
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
100%
1003
Currency

61.6417

Currency

53.459

Currency

71.1667

Currency

36.8264

Currency

38.5322

Currency

67.1101

Currency

7.73598

Currency

0.65464

Currency

0.33389

Currency

0.5246

Currency

1.20258

Currency

0.56318

Платина

59896.84

Кобалт

964.52

Злато

144638.24

Родиум

347228.06

Калај

45.06

Иридиум

256711.96

Паладиум

44152.21

Цинк

3.08

Бакар

10.97

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.28

Рутениум

56199.51