Граѓаните на Париз денеска на референдум гласаат за да одлучат дали уште 500 улици во градот треба да станат пешачки и зелени зони, што е нов напор на лево наклонетото градско собрание на француската престолнина за ограничување на користењето автомобили и подобрување на квалитетот на воздухот, јавува Ројтерс. Ова е трет ваков референдум во Париз во исто толку години, по гласањето во 2023 година со кое беше одобрена забраната за електрични ...

Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по десетина инспектори за делување на територијата на целата држава, потенцираше во вчерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. „Тоа во суштина е главниот проблем на јавната администрација, одредени сектори се превработени со ...

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална настава, пренесе агенцијата Мета.мк. Од ФСС Економски апелираат до своите колеги да продолжат со посета на наставата за да не се изложувале на дополнителни трошоци, притоа спомнувајќи трошок од 2.000 денари за ...

До недела ќе молчиме. Но, од понеделник, тишината завршува. Од понеделник, се гледаме на улиците – гласни, бескомпромисни и обединети. За да нема заборав и да нема повеќе загубени животи поради небезбедност и неодговорност!, соопштија од граѓанското движење „Кој е следен?“, од каде за понеделник, 24 декември, најавија протестен собир кој ќе започне во 18:59 минути на плоштадот „Македонија“ во Скопје. „Македонија го имаше најтажниот и најтрагичен ...

Студенти преку иницијативата „Студентски пленум“ за утре, недела 23 март, најавуваат мирен собир кој ќе се одржи во 16:30 часот во Градскиот парк во Скопје. „Се повикуваат сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани“, се вели во најавата на собирот објавен преку „Студентски пленум“. Собирот е закажан за тревникот после споменикот на Гоце Делчев, а во 16:59 часот ќе се одржи 60-минутем молк. ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро реагира на, како што вели, координираната онлајн кампања на вознемирување и дискредитација насочена кон уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, по објава на видео на социјалните мрежи од негова средба со поранешен претседател на влада. „Видео материјалот е злоупотребен со јасна намера да се креираат негативни наративи кон Митовски, кои потоа се шират преку провокатори, но и анонимни ботови, ...

Сите жители на Ротердам ќе можат бесплатно да се зачленат во библиотека од 1 мај, по што ќе имаат можност да позајмат шест книги годишно од една од 23-те библиотеки во градот, соопштија градските власти, а пренесува nltimes.nl. „Освен тоа, членовите ќе добиваат попусти, па дури и бесплатен пристап до курсеви, настапи, предавања и други активности“, велат од градот. Жителите на Ротердам кои сакаат да позајмуваат повеќе книги или да користат ...

Норвежанецот Арве Хјалмар Холмен поднесе жалба откако чет-ботот со вештачка интелигенција „ChatGPT“ лажно му кажал дека ги убил своите два малолетни синови и бил осуден на 21 година затвор, пренесува Евроњуз. Холмен ја контактирал Норвешката управа за заштита на податоци и побарал да биде казнета компанијата „OpenAI“. „Некои луѓе мислат дека нема чад без оган – фактот дека некој може да го прочита ова (разговорот) и да верува дека е вистина е ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година изнесувала 43.050 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ...

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, вчера од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата во Кочани и пожарот во модуларната болница, пишува Порталб.мк. Иницијативата „Нула“ вчера донираше противпожарен апарат за Обвинителството и Судот во Тетово, како што велат, поради тоа што кај нас многу објекти се запаливи. „Им го донираме ...

Волонтери ја создадоа информативната веб-страница supportkocani.com со цел да се олесни пристапот за директни донации до семејствата на повредените во Кочани, а која содржи податоци за индивидуални сметки на повредените. Идејата за веб-страницата беше најавена вчеравечер на Инстаграм, а кратко потоа беше и пуштена во употреба. Објавата речиси веднаш стана вирална. View this post on Instagram A post shared by Ivan Ivanovski (@ivan_ivanovski) На ...

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на психолози на Македонија и Црвениот крст, обезбеди зајакната психолошка поддршка за сите ученици во државата, која ќе биде поинтензивна во општините каде голем број млади, во несреќата во Кочани, загубија браќа, сестри, другари и соученици, рече денеска министерката за образование и наука Весна ...

За големата трагедија што се случи во Кочани се осомничени вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат, инспектори, градоначалници, продавачи на билети, неколку компании од Кичево и од Скопје, полициски службеници… Сите знаеле дека дискотеката ...

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција соопшти за активностите кои Државниот пазарен инспекторат ги презел заклучно со вчерашниот ден. Митева посочи дека биле направени вкупно 82 контроли со записник, односно дека има многу повеќе за кои сѐ уште трае анализата и контролата по Законот за угостителска дејност. Тука се вклучени сите, од кабаре, дискотека, односно надзори по Законот за угостителска дејност на цела ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата изразува длабоко сочувство за трагично загинатите граѓани во пожарот во „дискотеката“ во Кочани и изразува искрени желби за побрзо закрепнување на повредените. Од таму велат дека пожарот во Кочани е само последно во низата на случувања кои покажуваат дека корупцијата убива. „За жал, по случајот во Ласкарци, случајот со ‘Беса транс’, пожарот во модуларната болница во Тетово, требаше ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. „Од досега извршената проверка констатирано е дека од издадени над 1.100 лиценци, вкупно проверени се 643 лиценци. Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа ...

Црвениот Крст утрово информираше дека досега се собрани 43.149.360 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и ги повикаа граѓаните и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите. „Упатуваме голема благодарност до сите кои донираа и ве информираме дека сме во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот во Кочани“, велат од ...

Јавното обивинителство отвори истражна постапка против 27 лица и три компании за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќта на 16 март загинаа 59 а повредени се над 190 лица, пренесе новинската агенција Мета. Како што информираат од обвинителството, деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување ќе бидат соопштени на прес-конференција пред зградата на Основното јавно обвинителство Кочани. Претходно, државниот ...

Бројот на хоспитализирани пациенти моментално е 162, а десет пациенти кои лежат во државата денеска ќе бидат испишани и пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари. „Вчера имаше тројца пациенти кои ги испишавме, така што моментално во Клинички центар се хоспитализирани 25 пациенти, во ГОБ ‘8 Септември’ се 12 пациенти, во Стара градска болница 11 пациенти и во Клиничка болница Штип 1 пациент, а во ...

Важно да се каже: Не се сите исти. Ако постојат „воени профитери“ и „пијавици“ од трагични настани, не значи дека не постојат и професионални медиуми што деновиве со надчовечки сили се обидуваат да пренесат важни факти и информации до јавноста, а со тоа да ја обават својата основна функција, согласно етичките принципи на Кодексот на новинарите на Македонија. Ова е текст за нив, бидејќи заслужуваат внимание! Имено, во деновиве на тага нема одмор ...

Министерството за внатрешни работи информира дека од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“. Како што велат од МВР, колите учествувале во „диви“ трки на булеварот „Трета Македонска бригада“ во Скопје. „По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се времено ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) предупредува дека во деновите на општ траор во земјава поради пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 59 наши млади сограѓани ги загубија животите, се интензивирани заканите кон новинарите и медиумите на социјалните мрежи. „Тие веднаш и непосредно ја загрозуваат нивната безбедност и може да поттикнат насилство со несогледливи последици“, велат од ССНМ. Како што потенцираат од ...

Министерство за здравство денеска ги објави сите имиња на 59-те загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март. „Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите, и замолуваме да не се шпекулира со невистините информации“, велат министерството. Алексова Стефанија (2004), Џамов ...

„Корупцијата убива луѓе, не пожарите, не зградите. Kорупцијата“. Ова беше главната поента на студентка која денеска се обрати на платото пред Меѓународниот балкански универзитет во Скопје каде се одржа комеморативен настан за загинатите во трагедијата во Кочани. „Кога се случи земјотресот во Турција, луѓето тука, сите бевте тука да не’ поддржите. Гледајќи ги моите пријатели кои помагаа во тие времиња, како умираат, и тие што беа таму да ни ...

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, 19 март, околу 21:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. „Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје ...

Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека тројца пациенти се испишани и пуштени на домашно лекување, а за утре се планира уште тројца да бидат испратени дома. „Од идната недела се надевам дека ќе известуваме колку пациенти си одат дома и ќе известуваме за некои од пациентите кои полека ќе почнуваат да се враќаат од странските држави и ќе продолжуваат со лекувањето тука. Инаку, сите пациенти што се лекуваат во државата и надвор од ...

Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница и донесе четири заклучоци што се однесуваат на деновите на жалост и на погребот на настраданите во пожарот во Кочани, кој ќе се одржи утре. Портпаролката на Владата Марија Митева посочи дека се задолжуваат државните институции, а се препорачува на локалната самоуправа и на работодавачите од приватниот сектор да ги ослободат од работа и работни обврски сите вработени на територија на Кочани. Таа ...

Првиот официјален Центар за изгореници е формиран со формирањето на Воената болница во Скопје, под раководство на полковник д-р.Крсте Митановски д-р.сци.мед., према стратегијата на здравството на ЈНА. Центарот е затворен за да се ослободи простор за приватната Кардиохирургија „Жан Митрев“. Вториот Центар за третман на изгореници е отворен во септември 2000 година во Градска општа болница – Хирургија, сегашна Клиника за хируршки болести „Св.Наум ...

Пациенти со тешки изгореници продолжуваат да се испраќаат во специјализирани болници во странство, а бројот на земји во кои се лекуваат може да се зголеми од 12 на 14, изјави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. „Во моментов, пациентите се сместени во 25 специјализирани болници ширум Европа. Во Бугарија имаме девет пациенти во ‘Пирогов’ во Софија, тројца во ВМА Варна и исто толку во Пловдив. Во Грција, три ...

Под мотото „Сите да се избориме ние да не сме следните жртви во системот – Ти си следен“, денеска на пладне во Струга се одржа протестен марш од Домот на културата „Браќа Миладиновци“, преку чаршијата, па се’ до паркот на позцијата. За мирниот протестен марш, средношколците уште претходно рекоа дека ова не е само глас против корупцијата, туку и оддавање почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. „Да се придржуваме до принципите на мирен и ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
78%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
64%
1018
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
73%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
88%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
5.67
87%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.03
81%
1022
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
4.12
32%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
73%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
42%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
69%
1014
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
7.72
55%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
6.17
22%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74