Тоа е најголемата дебата во европските патувања во моментов. Со децении, Хрватска беше неоспорен крал на Балканот – „прифатлива алтернатива на Италија“ со своите историски градови со ѕидини и кристално чисти јадрански води. Но, до 2026 година, тајната е откриена. Хрватска го усвои еврото, се приклучи на Шенген зоната, а цените во Дубровник сега се натпреваруваат со Париз. Направете го тоа за Албанија. Социјалните медиуми ја нарекуваат ...

Романскиот режисер Кристијан Мунгиу ја освои својата втора Златна палма за „Фјорд“, додека протераниот руски режисер Андреј Звјагинцев ја освои Големата награда на жирито за неговата антивоена драма „Минотаур“ на церемонијата на затворање на 79-от Кански филмски фестивал. Сложената морална драма „Фјорд“ на романскиот режисер Кристијан Мунгиу, во која глумат Себастијан Стан и Ренате Рејнсве, беше прогласена за најдобар филм на овогодинешниот ...

Поништувањето на тендерот за набавка на 150 електрични автобуси отвори ново поглавје во долгата приказна за неуспешните обиди Скопје да добие модерен и еколошки јавен превоз. Проектот што со месеци беше претставуван како едно од клучните решенија за сообраќајниот хаос и загадениот воздух во главниот град, заврши без избор на изведувач, а постапката сега се враќа на самиот почеток. Министерството за транспорт официјално соопшти дека Државната ...

Јајцата долго време се сметаат за златен стандард за протеини за појадок, и тоа со добра причина. Едно големо јајце содржи 6,24 грама протеини, а бидејќи повеќето луѓе јадат по две или три одеднаш, брзо се собираат. Но, јајцата се далеку од единствената опција со висока содржина на протеини во вашето утринско мени. Неколку секојдневни намирници всушност содржат значително повеќе протеини по порција, а многу од нив се исто толку лесни за ...

Во духот на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, делото на Светите браќа Свети Кирил и Свети Методиј останува едно од највеличествените цивилизациски наследства во македонската, словенската и европската историја. Нивната мисија, родена во деветтиот век, не била само духовна и христијанска, туку и длабоко просветителска, културолошка и човечка. Таа претставувала пресвртница што засекогаш го променила духовниот и културниот развој на ...

Загревање пред изборите. Ова е краткиот опис на она што беше видено на студентскиот протест на плоштадот Славија во Белград. Говорниците се наредија на сцената пред преполниот плоштад и околните улици, зборувајќи за борбата против корупцијата и криминалот, потребата од независно судство и независно обвинителство, но ја критикуваа владата за „ласкање на странски фактор“. Претставниците на студентското движење изјавија дека „фазата на броење е ...

„Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“. Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери. Ова го напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипчем, на повикот на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, до економскиот тим на СДСМ. Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните. Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а ...

По Трамп и Путин, и Вучиќ оди во посета на Кина, каде од 24 до 28 мај српскиот претседател Александар Вучиќ ќе престојува на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, со најавени средби со Си и со премиерот Ли Ќијанг, како и со пакет договори, инвестиции и ново зацврстување на таканареченото „челично пријателство“ меѓу Белград и Пекинг. Според најавите од кинеското Министерство за надворешни работи, Вучиќ во Пекинг ќе разговара за ...

На Меѓународниот аеродром Скопје се воведени привремени измени во протоколот на движење на патниците поради започнување на инфраструктурни зафати во рамките на објектот. Како што се порачува во соопштението на ТАВ Аеродром Скопје, градежните работи се одвиваат на една од клучните точки во терминалната зграда, што може да влијае врз брзината на проток на луѓе. „Меѓународниот аеродром Скопје ги известува сите патници дека од 21 мај 2026 ...

Втората најсилна политичката група на Социјалисти и Демократи во Европскиот парламент (ЕП) условно го поздрави предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за забрзување на европската интеграција на Западен Балкан и Молдавија и доделување на придружно членство на Украина, и предложи принципи и можни решенија за тоа. „Добрата вест е дека проширувањето е повторно во мислите на лидерите на ЕУ. Како одговор на писмото на канцеларот Мерц, еве ја ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до нацијата од авион на пат кон Кина по инцидентите на улиците на Белград. Вучиќ во објава на Инстаграм рече дека сакал да се обрати до нацијата поинаку и „да им честита на политичките противници, не за програмата затоа што ниту денес не ја презентираа, туку за фактот дека сè помина мирно“. „А потоа, како и секој пат досега, тие ја покажаа својата насилна природа и дека не можат да толерираат ...

ЕУ роамингот за Западен Балкан влегува во нова фаза, откако земјите членки на Унијата, според објавата на РТС, практично постигнале согласност за почеток на преговори за укинување на дополнителните роаминг-трошоци за граѓаните од регионот, меѓу нив и Македонија. Планот е амбасадорите на земјите членки формално да го одобрат мандатот за преговори на 3 јуни, а министрите на ЕУ да ја потврдат одлуката еден ден подоцна. Тоа би ѝ овозможило на ...

„Креди Јес“ е финансиското друштво за брзи кредити на кое Министерството за финансии му ја одзеде дозволата за работа, објави Фактор.мк, откако претходно беше соопштено дека вонреден надзор по пријава од граѓанин утврдил сериозни неправилности и повреди на законските обврски. Според информациите што ги објави Фактор.мк, станува збор за финансиско друштво зад кое стојат сопственици од Бугарија. Друштвото, како што се наведува, ги затвора ...

Валандово на 26. и 27. мај повторно ќе биде центар на македонската народна песна. Фолк Фест Валандово 2026 го носи своето 39-то издание, со две фестивалски вечери посветени на традицијата, новите композиции, сценската емоција и песните што со децении го градат музичкиот идентитет на Македонија. Овогодинешното издание се најавува како едно од најдобрите во поновата историја на фестивалот, а според продукциската поставеност, техничките ...

Тензично и драматично е вечерваво Белград, откако по масовниот антивладин протест организиран од студентските движења дојде до жестоки судири меѓу демонстрантите и српската полиција во центарот на градот. Инцидентите избија по официјалниот дел од протестот, во близина на Плоштадот Славија и околу Пионирски парк, каде што со часови владееше висока тензија меѓу насобраните граѓани, студентите и силните полициски кордони. Според извештаите на ...

Продолжуваме да гледаме желба за разговор за европската перспектива на Република Северна Македонија и од наша страна секогаш сме подготвени за конструктивен дијалог. Но, веруваме дека во овој случај разговорот е на ниво на европски институции и, соодветно, на земја-кандидат, за која се надеваме дека ќе ги преземе потребните чекори за вешто да продолжи напред по својот европски пат. Ова за Бугарската национална телевизија (БНТ) го изјави ...

Пеле доби огромен споменик во Гвадалахара, Мексико, каде што пред стадионот „Халиско“ беше откриена висока статуа во чест на бразилската фудбалска легенда и на историскиот успех на Бразил на Светското првенство во 1970 година, во пресрет на Мундијалот 2026. Статуата е поставена на јавниот плоштад „Плаза Бразил“, веднаш до стадионот „Халиско“, место што има посебна тежина во приказната за Пеле. Токму таму Бразил ги одигра натпреварите од ...

Комити се тепаа меѓусебно на западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, за време на натпреварот меѓу Вардар и Шкендија, во ден кога црвено-црните ја славеа шампионската титула. Инцидентот се случил на полувремето, кога атмосферата од славје прераснала во меѓусебна пресметка меѓу дел од навивачите, по што морала да интервенира полицијата. Според информациите што ги објавија спортките редакции, на западната трибина имало ...

Детето да јаде зеленчук е една од најчестите родителски битки, но ново мало истражување сугерира дека вкусот може да почне да се гради многу порано отколку што се мислеше, уште во текот на бременоста, преку исхраната на мајката и изложеноста на плодот на одредени вкусови. Истражувачи од Универзитетот во Дурам и Универзитетот Астон во Велика Британија следеле како тригодишни деца реагираат на мирис на морков и кељ, откако уште пред раѓањето ...

Во четврток, 28 мај со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен “Виенска фантазија“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска. На програмата се „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонија бр. 40 во ге-мол од Вофганг Амадеус Моцарт. Концертот се реализира во соработка со фестивалот „Сцена на Албанската сериозна музика” ...

Независниот театар „Штрих” ја најавува премиерата на својата петта продукција — претставата „Првиот Македонец во вселената”, авторски проект на Борис Василески. Претставата ќе има премиера на 30 и 31 мај во Public Room, Скопје, со почеток во 20 часот. За претставата „Првиот Македонец во вселената” не е претстава за вселената. Таа е најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство — чувството дека човекот и земјата можат ...

Предлогот на Германија да ѝ се обезбеди на Украина статус на „придружна“ членка на Европската Унија е неправеден, бидејќи би го лишил Киев од правото на глас на состаноците на ЕК, пишува украинскиот претседател Володимир Зеленски во писмо до лидерите на ЕУ. Канцеларијата на претседателот на Украина, исто така, го потврди испраќањето на писмото. Писмото е адресирано до претседателот на Европскиот совет Антонио Коша, претседателката на ...

Славија вечерва беше претесна за колоните студенти и граѓани кои од неколку правци пристигнаа на протестот во Белград, организиран од студентите во блокада под мотото „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“. Собирот почна во 18 часот, по претходни собирања кај Земјоделскиот факултет во Земун, Правниот факултет, Автокоманда и Плоштадот на Републиката. На плоштадот се обратија студенти, професори и претставници на академската ...

Славија вечерва беше претесна за колоните студенти и граѓани кои од неколку правци пристигнаа на протестот во Белград, организиран од студентите во блокада под мотото „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“. Собирот почна во 18 часот, по претходни собирања кај Земјоделскиот факултет во Земун, Правниот факултет, Автокоманда и Плоштадот на Републиката. На плоштадот се обратија студенти, професори и претставници на академската ...

Детето да јаде зеленчук е една од најчестите родителски битки, но ново мало истражување сугерира дека вкусот може да почне да се гради многу порано отколку што се мислеше, уште во текот на бременоста, преку исхраната на мајката и изложеноста на плодот на одредени вкусови. Истражувачи од Универзитетот во Дурам и Универзитетот Астон во Велика Британија следеле како тригодишни деца реагираат на мирис на морков и кељ, откако уште пред раѓањето ...

Индиската политика доби необична маскота. Не е лотосот на владејачката партија на Индија (БЏП), ниту симболот на раката на опозицискиот Конгрес. Станува збор за лебарка, тврдоглава, омразена и бестрашна, која неодамна стана неочекуван, но препознатлив политички симбол на младите Индијци на Интернет. Инсектот привлече интерес по контроверзните коментари на Сури Кант, главниот судија на Индија. Се вели дека ги споредил невработените млади кои ...

Америка ја затвора вратата за патници од ебола-зоните откако Центарот за контрола и превенција на болести ги прошири мерките за влез во САД и на лица со постојан престој, ако во последните 21 ден престојувале во Демократска Република Конго, Уганда или Јужен Судан. Новите правила се поврзани со ширењето на сојот Бундибуџо на ебола, за кој здравствените власти наведуваат дека нема одобрена вакцина или специфичен третман. Претходно, САД веќе го ...

Вицепремиерот на Северна Македонија и министер за транспорт Александар Николоски најави дека до 2031 година неговата земја ќе има брза железница од границата со Србија до границата со Грција, пренесуваат медиумите во Србија. „Рокот што првично го поставивме, 2031 година, останува, а потоа ќе имаме брза железница од границата со Србија до границата со Грција, со две колосеци“, рече Николоски. Скап проект Според него, цената на брзата ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека Христијан Мицкоски со своите ставови ја обвинува Европа дека го загрозува македонскиот национален идентитет, наместо да го искористи моментот за отворање на европскиот пат на државата. „Христијан Мицкоски обвинува Европа дека ни го загрозила националниот идентитет, со понудата што е на маса. Тоа е суштината на неговиот став. Не Бугарија, туку Европа. Ако ...

Македонија попладнево и вечерва останува под нестабилна воздушна маса, со услови за краткотрајни, но интензивни врнежи, грмежи и засилен ветер. УХМР најавува променливо облачно време со повремени врнежи, а попладне на повеќе места нестабилност со пороен дожд, грмежи и ветер над 50 километри на час. За денес и утре се најавени и локално поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, силен ветер над 60 километри на час и услови за изолирана ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
92%
1013
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.21
89%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.74
73%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.79
94%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
87%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.45
69%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.61
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.86
61%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
85%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.87
86%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97