Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Пожарите повторно ја зголемија активноста низ Македонија. До 18 часот денеска се регистрирани 24 пожари на отворен простор, од кои дури 15 се активни, еден е ставен под контрола, а осум се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Најголем број активни пожари има во скопскиот регион, западниот дел од земјата и околината на Прилеп, а на повеќе локации гори мешана и високостеблеста шума. На потегот Моране – Вртекица – Рамни ...
Најкритично е во Студеничани, Зелениково, Македонски Брод, Кичево, Врапчиште и Прилеп, каде огнот зафаќа шума, ниска вегетација и стрништа. Во Македонија и денес продолжува борбата со пожарите на отворен простор. До 13 часот се регистрирани вкупно 17 пожари, од кои 11 се активни, три се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Најголем број активни пожари има во источниот, западниот и ...
Едно несреќно формулирано прашање до Зеленски го стави долгогодишниот дописник на Frankfurter Allgemeine Zeitung на руската потерница. Но зад актуелниот скандал стои новинар со повеќе од две децении искуство на Балканот, човек кој известувал од Белград, Атина и Виена, пишувал за Македонија, интервјуирал македонски политичари и со години ги следи најсложените процеси во регионот. Има новинари кои на Балканот доаѓаат за да напишат неколку ...
Спасувачките екипи во Украина ги пребаруваат урнатините на трговски центар во Кривји Рог, кој вчера беше погоден во разорен руски напад со беспилотни летала. Во нападот врз преполниот центар, 16 лица загинаа, а 130 беа повредени, додека девет лица сè уште се водат како исчезнати. Нападот беше извршен во два брана, тактика позната како „двоен допир“, пишува Би-Би-Си. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека нападот бил „циничен и ...
Метеоролошката служба во Грција предупреди дека е во тек продолжен топлотен бран, за време на кој се очекуваат температури од 42 степени во некои области. – Ова е во суштина првиот топлотен бран од ова лето што ќе трае долго време – изјави Костас Лагувардос, директор за истражување во Националната опсерваторија во Атина и раководител на единицата METEO/EAA, пренесува „Катимерини“. Тој изјави дека се проценува дека областите каде што ќе бидат ...
Замислете да изградите куќа и потоа да откриете дека половина од неа се наоѓа на имотот на вашиот сосед, а тој сосед е друга држава. Отприлика тоа се случило на Меркет, мал остров од 3,3 хектари во Балтичкото Море, поделен меѓу Шведска и Финска. Истражувањето „Мировниот договор од Фредриксхамн и неговите последици во Шведска и Финска“, чиј коавтор е историчарот Петри Каронен, опишува како Договорот од Фредриксхамн од 1809 година ја принудил ...
Источноевропските земји од НАТО се подготвени да преземат поголем дел од трошоците за американските трупи стационирани на нивна територија во обид да ја одвратат администрацијата на Трамп од намалување на американското воено присуство во регионот, објави Блумберг, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање. Предлогот се подготвува за состанок на алијансата со американскиот потсекретар за одбрана за политички прашања Елбриџ Колби, кој ќе ...
Откупните цени на грозјето се понижувачки, СДСМ со закон ќе бара зголемување на откупните цени за 5 денари за килограм за сите сорти на винско и трпезно грозје, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со лозари од Тиквешкиот регион, на која се разговараше за моменталната катастрофална состојба во лозарството и претстојниот откуп. Во изјавата за медиуми Филипче посочи дека производствените трошоци се драстично ...
Голем пожар избувна денеска на потегот од хлорната станица кај Новите градски гробишта во Прилеп, преку Широк пат до Коњари, поради што Територијалната противпожарна единица – Прилеп упати итен апел до граѓаните кои имаат викендички и други имоти во овој дел да се упатат кон своите објекти и да помогнат во спречувањето на ширењето на огнот. Апелот на ТППЕ – Прилеп се однесува на целиот потег од хлорната станица кај Новите градски гробишта, ...
НАТО се подготвува за многу реална можност следниот француски претседател да ѝ нанесе голем удар на воената алијанса, објави Политико. Неодамнешните анкети на јавното мислење во Франција покажуваат дека околу половина од гласачите ги поддржуваат радикалните кандидати на претседателските избори следната година кои се противат на НАТО. Марин Ле Пен од екстремно десничарската партија Национална унија сака да го извади Париз од интегрираната ...
Нов голем пожар избувна во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча каде огнот дојде во близина на куќите, но нема изгорени куќи освен една помошна просторија. Една постара жена била извлечена на сила бидејќи не сакала да излезе од својата викендица. Последната вест од таму е дека е наредена евакуација на жителите од населбата Софилари. Командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пред малку изјави дека наредил евакуација ...
Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) и Конфедерацијата на северноамерикански, централноамерикански и карипски фудбалски асоцијации (КОНКАКАФ) започнаа дискусии за форматот на заеднички фудбалски турнир на кој би можеле да учествуваат 96 екипи, објавува британски „Гардијан“. Според изворот, почетокот на натпреварувањето би можел да се планира за 2028 година. Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) исто така изрази интерес за учество ...
Недостатокот на работници во туризмот, градежништвото и другите сектори ги поттикнува балканските земји сè повеќе да вработуваат луѓе од Непал, Филипините, Виетнам и Индонезија. Албанија веќе потпиша нови договори со Виетнам и Индонезија и е во преговори со Филипините. Три децении, балканските земји беа првенствено извор на работна сила за поразвиените европски економии. Но, сега, емиграцијата, намалувањето на населението и растечката ...
Порастот на водостојот годинава е добра вест, но не е доказ дека езерото закрепнува. Зад привременото зголемување на водата останува долгорочен тренд на намалување на водната маса, климатски промени, зголемено испарување и недостиг од заеднички мониторинг на Македонија, Грција и Албанија. Преспанското Езеро годинава изгледа подобро. Водостојот се зголемува по неколку години на драматично намалување, а со водата повторно се враќа и надежта ...
Ако продолжи по досегашната траекторија Владата ризикува да го заврши мандатот без никаков резултат. Или да оди на предвремени избори. Соња КРАМАРСКА* Како што привршува летото влегуваме и во финалните месеци од 2026 година, а Владата влезе во третата година од својот мандат. Но и оваа година како и претходната, а 2024 не ја броиме затоа што тоа беа месеци на аклиматизација на новата власт, се чини ќе помине во празен од на Северна ...
ПРВА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ БОКСЕР ВО ТАРАНТО Македонскиот боксер Ален Рустемовски победнички го започна настапот на Медитеранските игри во Таранто, откако попладнево го совлада Михајло Декиќ од Босна и Херцеговина и се пласира во четвртфиналето во категоријата до 60 килограми. Рустемовски ја доби осминафиналната борба со прекин во третата рунда. Судијата го запре мечот на 20 секунди пред крајот, односно по две минути и 40 секунди борба во ...
Борбата против огнената стихија продолжува на неколку локации во Србија, а најкритична е во Делиблатска пешчара, каде што се ангажирани околу 400 луѓе, додека рускиот авион Иљушин обезбедува значителна воздушна поддршка. Во исто време, пожарот на планината Столови сè уште беснее, иако ситуацијата кај средновековната тврдина Маглич е стабилна. На територијата на општина Кладово, претходно прогласената вонредна состојба е укината. Поради ...
Најновите податоци за просечната плата отворија нова пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но кога бројките ќе се извадат од партиските соопштенија и ќе се пресметаат со иста методологија, сликата е значително помалку спектакуларна. СДСМ го зема падот на просечната плата во еден месец како доказ за влошување на животниот стандард. ВМРО-ДПМНЕ, пак, зема два различно долги периоди, го дели номиналното зголемување во денари со бројот на месеци и од ...
Со четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето“ и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена. Шеесет и шестото издание донесе исклучително богата програма, врвни уметници од повеќе земји, полни концертни простори и публика која со своето присуство и аплаузи покажа дека Охрид повторно живее со уметноста. ...
Во периоди на високи температури и тропски ноќи, сонот лесно може да се наруши, што има последици по здравјето. Неврологот Никола Војводиќ, кој беше гостин во емисијата „3Д – Нова димензија на денот“, за Инсајдер изјави дека несоницата или несоницата може да биде психолошка последица, но и соматска или невролошка болест. Сепак, интересно е што повеќе од 50 проценти од луѓето кои страдаат од хронична несоница немаат никаква специфична причина, ...
Охрид, Преспа или Дојран – разликата не е само во погледот. За едно четиричлено семејство не е исто каде ќе испие кафе, ќе руча, ќе изнајми лежалка и колку километри ќе помине до езерото. Последните августовски викенди секогаш имаат малку поинаква атмосфера. Некои веќе се враќаат од одмор, други го користат последниот слободен викенд пред почетокот на септември за уште еден ден покрај езеро. Но годинава едно прашање е речиси неизбежно: Колку ...
Од 2022 до денес ценовниот удар не исчезна – само стапката на новото поскапување се намали. Еве зошто бројката од 2,3 отсто не значи дека животот станал поевтин. На прв поглед, бројките изгледаат охрабрувачки. Во јули инфлацијата во Македонија изнесува 2,3 отсто на годишно ниво. Само 2,3 отсто – бројка која во споредба со двоцифрената инфлација од годините на енергетската и прехранбената криза изгледа речиси безопасно. Но, доволно е ...
Кога се зборува за кривично дело поврзано со финансиска штета, логично се поставува прашањето: кој е оштетен? Во случајот „Мазут“, како оштетен субјект се водеше АД Електрани на Северна Македонија. Но, во текот на постапката се појави информација која ја менува перспективата — ЕСМ не пријавило финансиска штета. Ова прашање во јавноста го поставуваше и професорот Гордан Калајџиев. Ако самата државна компанија не пријавила штета, тогаш на што ...
Единствениот пат за заштита и остварување на правата на Македонците во соседните земји е членството на Македонија во Европската Унија, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија. Филипче повтори дека СДСМ ќе поддржи секој чекор што реално ќе ја подобри преговарачката позиција на државата и ќе го отвори патот кон полноправно членство во ЕУ. „Што и да се направи во контекст на ...
Социјалните медиуми се во центарот на јавното негодување во Ирска по смртоносната сообраќајна несреќа во која тинејџери загинаа додека се снимаа себеси како возат во погрешна насока на автопат. Најновиот случај е дел од опасен тренд на објавување видеа од диво возење на TikTok и други платформи, а најновиот случај предизвика дебати за одговорноста на полицијата, судството и технолошките компании, пишува The Guardian. Снимките што кружат на ...
По августовската пауза пратениците ги чека нова пленарна седница, но и голем број закони и процеси што останаа отворени. Од странските инвестиции и безбедноста во сообраќајот, до усогласувањето со новиот закон за високите раководители – еве што ги очекува пратениците во новата политичка сезона. Августовскиот одмор за пратениците завршува, а Собранието веќе ја има закажано првата пленарна седница по паузата – 121. седница на 2 септември. На ...
Словенија би можела да ги заштити натписите „Тито“ на Саботин и во Декани како културни споменици. Првиот натпис бил поставен во 1953 година, а оној во Декани подоцна, пишува хрватскиот весник Јутарњи Лист. Општина Нова Горица доставила иницијатива камената композиција „Тито“ да биде прогласена за културен споменик од локално значење. Бидејќи натписот на Саботин се наоѓа во заштитено подрачје, на регистрирано културно наследство од Првата ...
Самитот за вештачка интелигенција „Филип Аврамчев“, оваа година ќе се одржи на 22 и 23 септември 2026 година во Националната опера и балет во Скопје. AI Tech Summit „Филип Аврамчев“ е водечки регионален самит за AI со седиште во Скопје, Северна Македонија, посветен на унапредување на разбирањето и одговорното усвојување на вештачката интелигенција низ индустриите и општеството. Фокусиран на поттикнување на соработката и иновациите, AI Tech ...
ПЕТ-скенот во Клиничкиот центар од денеска повторно е во функција, откако повеќе од еден месец не работеше поради дефект на циклотронот – системот за производство на радиоизотопи. Веќе се закажани девет пациенти, а Министерството за здравство најавува и обезбедување дополнителни количини радиоизотоп за да може апаратот да работи и во сабота, пренесе порталот 360 степени. Проблемот со циклотронот бил откриен при редовен сервис, а според ...
Македонското еколошко друштво започнува нов проект за мапирање и проценка на речните бариери во преспанското сливно подрачје, со визија за реставрација на природниот тек на реките и унапредување на условите за опстанок на загрозената преспанска пастрмка. Проектот се фокусира на реките Голема Река, Лева Река, Брајчинска, Кранска, Курбинска и Источка Река, кои се влеваат во Големото Преспанско Езеро. Овие реки се значајни живеалишта за богатата ...