Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски за Радио Лидер ги демантираше шпекулациите кои се шират по опозициските медиуми дека ќе се градат мигрантски кампови во Македонија. Мислам дека досадни сами на себе ќе станеме, но еве во ред СДСМ се уште е втора политичка партија во Македонија, ќе видиме до кога. Ова нивно однсесување и оваа нивна политика ги донесе до дебакл, до бродолом во првиот круг на локалните избори, кои што ...

Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по бројност мал, веројатно ја има најживописната борба за слобода, која нè учи дека нема невозможни работи и дека борбата за слобода е еден трнлив пат, испишан со крв и страдања, една голема и долга низа на востанија, на човечки приказни за храброст, за мудрост, но и на предавства, завери, меѓусебни и надворешни борби. Секој народ ...

Леле леле каков дебакл. Газење. Венко бе, што направи од СДСМ, ја урниса, народски кажано и еба мамата. Кога ти викавме дека разликата е 3-1, 4-1 ти нееее. Вмровците спинувале. Веќе не сте ни втора партија во Македонија. Со што ли те држи толку Заев, какви ли бизниси се во прашање. За политика сигурно не се работи. Убаво си кажа Боки дека ти ништо не правиш за џабе и оти најмногу од се љубиш пари. Кеш. Венко уште во надмен стил вели дека ...

Во таборот на Шкендија владее оптимизам пред утрешниот дуел во Скопје против Шелбурн во рамки на второто коло од главната фаза во Лигата на конференции, а тренерот Јетон Беќири верува дека со добра игра и поддршка од трибините на Националната арена „Тодор Проески“, македонскиот првак може да дојде до победа над противникот од Ирска. „Имавме доволно време да се подготвиме. Иако противникот има различен стил на игра од нашиот, посакувам со ...

Во рамките на мојот престој во Лондон остварив средба со Неговото Кралско Величество, Кралот Чарлс III, напиша премиерот Мицкоски Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, ...

Што ти е карма, човекот што му„ пресуди“ на Зоран Заев му пресуди и на Венко Филипче. Бојан Јовановски тврди дека Филипче бил редовен гостин во неговиот дом а оти рекетот почнал од Заев и од бомбите наречени „Вистината за Македонија“. Лидерот на во моментов третата или четвртата партија во Македонија е главен лик во шестата епизода од ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. Секако не можеме да го пресконеме и несудениот градоначалник на Чаир ...

Екипите на Голден Стејт вориорс и Оклахома Сити тандер со победа ја почнаа новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА. Бранителот на шампионскиот трофеј, Оклахома на домашен терен по две продолженија успеа да го совлада Хјустон рокетс со 125:124. Центарот на Рокетс, Алперен Шенгун, беше најефикасен на теренот со 39 поени, во победничкиот тим се истакна Шеј Гилџес-Александар со 35 поени. Голден Стејт на гостински терен ...

Шоте, пријателот на Сотир Лукровски раскажува за кандидатот за градоначалник на Карпош. Шоте вели дека зборот на Сотир вреди, и оти сака да го направи Карпош пристојно место за живеење каде што во иднина ќе шетаат внуци. „Во Карпош живеам 62 години, од кога сум роден, а со Сотир Лукровски сме и соседи. Зборот на Сотир вреди и сигурен сум дека ќе се држи до она што го ветил, затоа што ние немаме резервно маало. Ќе го направи Карпош мирно, ...

Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, кое МИА го пренесува интегрално. Ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислија дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари. Иако се обидуваат да ...

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека согласно примените оригинални записници од сите ОИК во текот на денешниот ден, во 33 општини за две недели на 2 ноември ќе има втор изборен круг за избор на градоначалник. За градоначалник на Град Скопје во вториот круг ќе одат Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ. -Во вториот изборен круг за победник се смета оној кандидат кој ќе освои ...

Македонската Влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, безбедносните прашања, коридорите и другите прашања, со што има одреден напредок, но засега се уште ни недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. – Северна Македонија се уште е блокирана од Бугарија. За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот ...

Во 43 општини во државата гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Излезноса на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат 854.620 граѓани, ги објави вечерва Државната изборна комисија првичните официјални резултати од Локалните избори одржани на 19 октомври. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ...

Големиот број неважечки ливичиња на овие избори треба да биде сигнал и поука за сите партии дека граѓаните се незадоволни од работата на политичарите. Шкртањето на гласачкото ливче е аларм дека не доволно се работи во интерес на граѓаните и гласачите. Според податоците на Државната изборна комисија 53.713 се неважечки гласови, речиси 6,1 проценти од вкупниот број на гласови. Во Град Скопје биле евидентирани 12.270 неважечки ливчиња, Во ...

Раст на гласовите на советничките листи споредено со минатите локални избори бележи ВМРО-ДПМНЕ. Во 2017 година од позиција на опозиција освои 290,097 гласови а на вчерашните избори за советници освои 301.919 гласови, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови. За потсетување СДСМ на минатите избори имаше 237.067 гласови од советничките листи. Останува да се види по вториот круг колку гласови ќе имаат на градоначалници иако тоа нема да ...

Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК), владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови за советници на вчерашните локални избори. Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, обработени се 3.471 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува 99,91 отсто од вкупниот број. ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка од 301.919 гласачи, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови. На третото место е ...

На локалните избори, во прв круг беа избрани градоначалници во 44 општини, додека во 33 ќе се гласа во втор круг. Во три општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Според податоците на Државната изборна комисија, градоначалници во прв круг се избрани во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, ...

Ви ветивме победа и имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности. Избра луѓе што веруваат во работа, а не во зборови. Но, оваа убедлива победа не е крајот. Ова е само почеток на новата македонска енергија: мирна, одлучна и праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице. Без навреди, без гнев, без омраза, со достоинство, со поглед право во ...

„Ветивме победа, имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности“. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. -Избра луѓе што веруваат во работа, а не во зборови. Но оваа убедлива победа не е крајот, ова е само почеток на новата македонска енергија – мирна, одлучна и праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице. Без ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција вечерва им честиташе на сите градоначалници кои победија во првиот круг од локалните избори, истакнувајќи дека изборниот процес бил добро организиран и мирен, иако со одредени забелешки. – Според обработените податоци, СДСМ во првиот круг обезбеди победа во три општини – Крива Паланка, Богданци и Кривогаштани. Дополнително, од приближно 70% обработени гласови водиме во уште девет општини – ...

Иако зад Каја Шукова стои втората најголема партија во Македонија, СДСМ, со освоените 8766 гласови таа не успева ниту да им се доближи на противкандидатите од Левица, Влен и НАИ. Кандидатката за градоначалничка за која се очекуваше да биде втора во првиот круг во трката за Скопје, на 35% обработени гласови е на петтото место, зад Амар Мециновиќ, Башким Бакиу и Скендер Реџепи . Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Георгиевски е убедливо на првото ...

Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025. Од досега обработени речиси 30 отсто од гласовите и податоци од 1 191 избирачко места од вкупно 3 474, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 52 општини, Коалицијата ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум, Националната алијанса за интеграција во шест и Демократската партија на Турците во една ...

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, вечерва прогласи победа на денешните избори и втор негов мандат како прв човек на локалната самоуправа. Пецаков пред медиумите рече дека според податоците со кои располага партијата ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за историска победа со предност од повеќе од десет илјади гласа пред противкандидатот од СДСМ, како втор кандидат според добиените гласови. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата рече дека и ...

Од информациите со коишто до сега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани. Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, истакна лидерот на партијата. Народот за време на кампањата, но и изминатиов период, може да направи јасна разлика и мислам дека ...

– Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот. Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со ...

Се вршат последните подготовки за Јубилејното 40- то издание на Фестивалот за забавни мелодии „Макфест“, што ќе се одржи на 23,24 и 25-ти октомври во Штип. Програмата ќе биде поделена во три фестивалски вечери, од кои првата ќе биде дебитантска, посветена на млади луѓе, недоволно познати на пошироката јавност. Меѓу нив ќе имаме можност да ја слушнеме младата и талентирана Анастасија Никова со баладата „Сите sвезди паѓаат“. Текстот и музиката ...

Државната Изборна Комисија поништи цела советничка листа за Град Скопје на една политичка партија, бидејќи било утврдено дека на неа се наоѓа починато лице. Листата беше поништена едногласно. Секој глас даден за оваа листа ќе се смета за неважечки, бидејќи нема време да се менуваат гласачките ливчиња. На 17 октомври, по допрен глас, ДИК доби информација дека на листата има починато лице. По тоа, прибавивме писмен доказ – извод од матична ...

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет во врска со предметот за уривањето на спомен-куќата на авторот на македонската химна Владо Малески во Струга, информираат денеска од Обвинителството. „Во врска со предметот за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет и на 16.10 јавен обвинител изврши увид на ...

Министерот за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја, на социјалните мрежи објави дека „од јануари до септември годинава, Албанија пречекала 10.228.686 туристи, што претставува зголемување од 6 отсто во споредба со истиот период минатата година“. “Овој позитивен тренд сведочи за одржливиот развој на туристичкиот сектор и за заедничката посветеност на промоцијата на Албанија како гостопримлива и сè поатрактивна дестинација”, напиша Гонџја. ...

Македонското востание (познато и како Кресненско востание) е вооружен бунт на македонскиот народ против Отоманската империјатаа, покренат на 5 октомври 1878 (17 октомври, по нов стил), во селото Кресна и околните места во Пиринска Македонија. Востанието е кренато во екот на Големата источна криза (1875 – ’81), и главни негови водачи биле Димитар Поп-Ѓорѓиев Беровски и Стојан Карастоилов. Тоа завршило неуспешно во јуни 1879 година. Востанието ...

– Поранешниот селектор на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини, би можел да стане тренер на Манчестер јунајтед ако Рубен Аморим ја напушти својата функција, објави „Сан“. Шеесетгодишниот италијански фудбалски стручњак, како и косопственикот на клубот Џим Ратклиф, живее на југот на Франција. Тие од неодамна често се гледаат на друштвени настани. Манчини работеше во Англија, тренирајќи го Манчестер сити од 2009 до 2013 година. Под ...

Вера

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
66%
1014
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
92%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
6.17
64%
1014
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
7.07
88%
1012
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
69%
1021
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
2.06
74%
1010
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
50%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
2.24
92%
1007
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
5.66
86%
1017
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
7.2
98%
1004
Currency

61.6238

Currency

53.3888

Currency

71.1442

Currency

36.7528

Currency

38.4078

Currency

67.1716

Currency

7.72424

Currency

0.6568

Currency

0.33478

Currency

0.5251

Currency

1.20137

Currency

0.56328

Рутениум

56199.51

Родиум

347228.06

Цинк

3.08

Кобалт

964.52

Сребро

2840.84

Паладиум

44152.21

Злато

144638.24

Иридиум

256711.96

Калај

45.06

Бакар

10.97

Платина

59896.84

Алуминиум

3.28