Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време, со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 18 степени, а дневната ќе достигне до 35 ...

Американскиот актер Ерик Робертс потврди дека не присуствувал на свадбата на својата ќерка Ема и актерот Коди Џон која се одржа минатиот викенд. Триесет и петгодишната актерка се омажи за својот долгогодишен партнер на 25 јули на интимна церемонија во Ајдахо, по четири години врска, но нејзиниот 70-годишен татко не бил меѓу гостите. Откако во неделата бил забележан во Лос Анџелес, Робертс кусо го коментирал своето отсуство за Page Six. – Ја ...

Иран изјави дека неговиот последен предлог до Оман за повторно отворање на Ормускиот Теснец е едниот воден пат да остане целосно под иранска контрола, а дел од другиот воден пат, исто така, да биде контролиран од Иран. Ова го изјави заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади. Гарибабади за иранската државна телевизија рече дека Оман предложил привремена бродска рута што ќе ги замени сегашните северни и јужни рути низ ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска се сретна со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во Белата куќа, што е прва нивна средба по војната со Иран што двете земји ја почнаа на 28 февруари. Средбата беше посветена на војната со Иран, а се одржа без никакви јавни знаци на несогласувања што ги обележаа односите на двајцата претседатели во изминатите неколку недели, пишува Аксиос. Американскиот портал оценува ...

Пожарникарите ги користат сите расположливи средства за да ги стават под контрола шумските пожари што беснеат долж атлантскиот брег на Франција, додека нов топлотен бран го зафаќа регионот. Поголемиот од двата пожари во близина на Бордо на одделни места повторно се разгоре и предизвика евакуација на уште илјадници туристи, додека помалиот пожар југозападно од Бордо беше ставен под контрола синоќа, овозможувајќи им на 15.000 евакуирани лица да ...

Хутите се подготвени да го прошират обемот на судирот со Саудиска Арабија, рече членот на Политичкото биро на јеменските Хути, Дајфалах ал-Шами. Тој порача дека ќе ги продолжат операциите чија цел е, како што наведе, ставање крај на блокадата на Јемен. Во интервју за телевизијата „Ал Мајадин“, Ал-Шами ја обвини Саудиска Арабија дека се обидува да ја избегне одговорноста за, како што рече, последиците од повеќегодишната блокада на Јемен. Тој ...

Профил кој важи за близок на Венко Филипче и на СДСМ се радува на смртта на Гоце Тодоровски, а посакува смрт на Бетмен Велит. Во објава на Твитер тој се радува на смртта на актерот Гоце Тодоровски кој почина завчера. На фотографијата на која се и Ванчо Петрушевски и Богдан Илиевски (Бетмен Велит) тој пишува „двајца отидоа еден да замине“ со што искажува среќа дека Гоце и Ванчо умреле и дека и Богдан треба да умре. Илиевски не е вознемирен од ...

Деветнаесет лица се водат како исчезнати во фабрика за хартија и во трговски центар, по силниот земјотрес со интензитет од 7,1 степени во префектурата Кумамото, Јапонија. Официјално лице од Одделот за управување со катастрофи во префектурата Кумамото за Би-Би-Си изјави дека во фабриката во Јацуширо две лица биле пронајдени во состојба на срцев застој, а 9 лица се водат како исчезнати. Четири лица се спасени од трговскиот центар „Aeon Mall“ и ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 11 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија и во Велес, со температура до 38 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 35 степени. Во следните ...

Дење е разгледница од Медитеранот, ноќе станува сцена со музика, алкохол, повраќање, мокрење по улиците и илјадници млади туристи што бараат забава. Додека забавата продолжува по тесните улички до утро, само неколку метри над нив, жителите на Сплит се обидуваат да заспијат во своите станови, пишува хрватски Индекс во репортажа од популарното туристичко место. „Ноќта ја поминавме во центарот на градот за да видиме дали Сплит навистина изгледа ...

Отровен пајак црна вдовица пред неколку дена каснал 61-годишна жена од Велес додека работела во поле во велешкото село Еловец. По каснувањето жената почувствувала силни болки во раката и во грбот, вртоглавица и грчеви низ целото тело, по што била примена во Ургентниот центар во Велес. Лекарите ѝ укажале итна медицинска помош, а по консултација со Клиниката за токсикологија во Скопје, таа била префрлена на понатамошно лекување. Пајакот бил ...

Чад од пожар во близина на Велес се шири кон патот Велес-Штип, поради што е побарана е помош од полицијата за регулирање на сообраќајот согласно потребите, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Овој пожар избувна денеска попладне во велешката месност Дорутовец, по бензинската станица на „Макпетрол“, пред влезот во Велес, од десната страна на патот гледано во насока кон градот. Поради ветерот и опасноста пожарот да се прошири, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Белата куќа во Вашингтон разговараале како да се зајакне противвоздушната одбрана на Украина од руските ракетни напади. „Добра средба со претседателот Трамп во Овалната соба. Ви благодарам за сè што правиме заедно за да ги заштитиме животите на Украинците и да го унапредиме мирот. Прво и најважно, му упатив сочувство на претседателот Трамп за смртта ...

Ирак од април досега извезе 2,1 милиони тони нафта по копнен пат преку Сирија, а оттаму преку Медитеранот кон Европа, поради блокадата на морскиот пат преку Ормускиот Теснец. Ахмед Кубаџи, заменик-претседател на сириската државна нафтена компанија, ги откри овие детали во интервју објавено денеска. Тој рече дека бројот на цистерни се зголемил од првичните 10 на 1.000 дневно, а извозот се состои од тешко гориво (мазут). Поради повремената ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика институциите на ЕУ нејзиниот буџет за претстојните години да биде помал за неколку стотици милијарди евра во споредба со предлогот на Европската комисија. Тој на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин во Даблин истакна дека мора да се направат кратења во сите области. – Овие кратења се од суштинско значење, без оглед на тоа колку ќе напредуваме со новите сопствени ресурси – рече Мерц. Буџетот на ...

Словенецот Мирослав Пачник, кој во декември минатата година ја отсекол главата од бронзениот споменик на Јосип Броз Тито во Велење, Словенија, а потоа ја возел во багажникот на автомобил, е обвинет пред Окружниот суд во Целје. Тој се соочува со казна затвор до 5 години, како и парична казна од најмалку 11.254 евра. Окружното државно обвинителство во Целје го товари за кривично дело Оштетување или уништување предмети од посебно културно ...

Полскиот премиер Доналд Туск апелираше да прекинат ксенофобичните напади врз Украинците во Полска, откако во таа земја во последните недели се случија низа инциденти поврзани со зголемените тензии меѓу Варшава и Киев. Туск се огласи откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тројца Полјаци тепаат Украинец и неговата девојка во Вроцлав, наводно по расправија во продавница. Двајцата напаѓачи беа уапсени во понеделникот. – ...

Во координација со надлежните државни институции почна демонтажата и изнесувањето на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ во долината на Лешница, соопшти Националниот парк Шар Планина. Оттаму оценуват дека станува збор за значаен чекор кон обновување на природниот екосистем. „Природата не се чува само со зборови. Таа се чува со дела, со знаење, со истрајност и со храброст да се донесат одлуки во нејзин интерес. На ...

Од неодамна во Италија не се признаваат македонските возачки дозволи и покрај тоа што веќе постои договор за меѓусебно признавање и замена на дозволите. Истовремено и македонските државјани со постојан престој во Италија веќе не можат да ја заменат македонската со италијанска возачка и мораат да полагаат одново. Според она што го кажуваат граѓаните кои деновиве се обиделе да изнајмат автомобил со македонска дозвола, италијанските рентакар ...

Компанијата „Ербас“ успешно заврши маратонски тест лет на авионот „А350“ што траеше повеќе од 24 часа и предизвика големо внимание на интернет. Британските медиуми објавија дека авионот „Ербас А350“, што полета од аеродромот во Мелбурн слета на пистата на „Ербас“ во Тулуз по 24 часа минати во воздух. Тест летот е клучен чекор во проектот „Санрајз“ на австралиската авиокомпанија „Квантас“, што има за цел да ги опслужи најдолгите комерцијални ...

По повеќе од три и пол децении, едно од најпрепознатливите музички дуа на македонската сцена повторно е заедно. Сестрите близначки Маријана Новачевска и Росана Сариќ-Тодоровска деновиве го снимаат видеоспотот за новата песна „Засекогаш млади“, која ја реализираат заедно со Драган Спасов-Дац и Александар Митевски. Фотографиите од снимањето веќе предизвикаа голем интерес кај публиката. – Снимаме спот со Маријана и Росана. Чекавме цели 35 години ...

Репрезентативецот на Гана Мохамед Гадафи Фусеини, член на Унион Сен Жилоа, бил жртва на дрзок грабеж среде бел ден, а снимката од нападот веќе се шири на социјалните мрежи. Според белгиските медиуми, Фусеини седел во паркираниот автомобил кога му се приближила група од пет маскирани напаѓачи. Тие насилно го извлекле од возилото и веднаш се обиделе да му го одземат мобилниот телефон. Фусеини се обидел да им се спротивстави, но немал никакви ...

Нема да кријам дека кога, апропо оној „билборд за добредојде“, пишував за „невидливите“ вредности наспроти она што е видливо, или подметнато да биде видливо, го имав на ум и Крсте Петков Мисирков и неколкумина други македонски национални дејци. Не како потенцијални ликови за билборд, се разбира, туку како неспорна а речиси целосно невидлива вредност. Не ги спомнав зашто тие веќе стануваат анонимни за македонската јавност – особено за младите ...

Фондот за здравствено осигурување во јули исплати повеќе од 560 милиони денари за надоместоци за боледување – најголем дел од средствата за породилни отсуства, соопштија денеска од ФЗО, откако имаше реакции од жени на породилно отсуство кои тврдеа дека нередовно им се исплаќа надоместокот. Заклучно со 28 јули 2026 година, иако месецот сe уште не е завршен, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони денари по основ на надоместоци за боледување, од ...

Мацика, мачката која со години беше неразделен придружник на Алма и Денис Окановиќ, е пронајдена заедно со нив на планината Елбрус. За жал, и таа го загуби животот во трагедијата во која загинаа петмина планинари од Босна и Херцеговина. Веста особено ги погоди сите што ги познаваа Алма и Денис, бидејќи Мацика за нив не беше само домашен миленик, туку вистински член на семејството. Приказната за Мацика започнала пред многу години, кога Алма и ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во нив е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши годинава нема да присуствува на централната прослава на Денот на Републиката – Илинден на Мечкин Камен во Крушево, каде што би требало да одржи говор, бидејќи ќе учествува на Светската конференција на претседатели на парламенти во Каиро, Египет. Според државниот протокол, кој ротира секоја година, Гаши годинава требаше да се обрати во Крушево по повод 2 Август – Денот на Републиката. Наместо него, на ...

Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенционирање на набавка на пелети и печки на пелети за домаќинствата од општината. Средствата се обезбедени од Буџетот за 2026 година и ќе се доделуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“. За набавка на пелети е обезбеден буџет од 2 милиони денари, а Општината ќе покрие 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство, со вклучен персонален данок. Повикот е отворен до ...

Има план во врска со онкологијата според кој сè што е во таблетарна форма да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките. Минатата година беа префрлени два лека за рак на дојка од болницата во аптеките и неколку илјади пациентки веќе нема потреба да одат на Клиниката за онкологија. Сега се анализира и за терапиите за простата да може да се направи префрлање од болница во аптека, најави денеска министерот за ...

Северина по подолга пауза подготвува нова музика за своите обожаватели. Последната песна што ја објави беше синглот „Pumpaj, Seve brate“ во април минатата година, а сега најави дури три нови песни. Пејачката со доза хумор порача дека новите нумери се наменети за „нас диносаурусите и нашите потомци“. Првата песна, „Nisam kriva ja“, односно, („Bezosjećajna“). Следи „Pozovi me ti“ („Anksiozna“), и третата, под називот „Svirajte mi ‘Rađaj ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
28%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
2.68
54%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.43
33%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.61
32%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.27
28%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
0.82
76%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.34
42%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.02
65%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.42
46%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
4.47
49%
1015
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 32ᴼ
0.45
34%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
3.58
76%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Калај

54.92

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.19

Паладиум

40863.60

Цинк

0.00

Злато

130712.08

Кобалт

56.29

Платина

52920.13

Родиум

265243.66

Иридиум

252383.36

Бакар

13.13

Сребро

1873.42