Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Охрид, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во понеделник, на 3 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, ќе се одржи конститутивната седница на новиот градски Совет. Врз основа на член 37 од Законот за локалната самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 од Статутот на Општина Охрид („Сл. гласник на Општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20) и член 4 од Деловникот за работа на Советот на Општина Охрид ...
Охрид, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, денеска се одржа X Младински турнир во шах „Ласкер 2025“ за младинци, (ученици од I клас до IV клас), општински натпревар во шах за учениците од средните училишта од Општина Охрид. – Учествуваа шест ученици, пет момчиња и едно девојче, а турнирот се играше во 5 кола, по Бергер систем, секој со секого, информираат организаторите од Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид. ...
Охрид, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на Светскиот ден на дијабет, 14 ноември 2025 година, Црвен крст Охрид, во соработка со Здружението на лица со дијабет Тип 1 од Охрид, ќе организира едукативно-забавен настан проследен со физичка активност и мерење на шеќер во крвта. Сите заинтересирани ќе можат да го посетат штандот на Црвен крст Охрид поставен за оваа намена, кој ќе биде лоциран на пешачката патека кон „Горица“, после мостот, во ...
Скопје, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од утре започнува аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година, за вкупно четири категории, информираат од Министерството за образование и наука. Аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а рокот е заклучно со 15-ти ноември. Вкупно 1.470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на ...
Скопје/Охрид, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Неда Маленков е лиценциран доктор и специјализант по радиологија на УКИМ во Скопје. Во интервју за порталот crnobelo.com вели дека за неа радиологијата е поле што бара не само знаење и посветеност, туку и срце. Секојдневието ѝ е исполнето со учење, усовршување и практична работа, а радиологијата ја гледа како поле кое комбинира наука, технологија и клиничко знаење, давајќи ѝ уникатна ...
Охрид, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 30 октомври 2025 година, во 16:10 часот, на локален пат во селото Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица. – Незгодата се случила помеѓу трактор марка „ИМТ 539“ без регистарски таблици, управуван од страна на 58-годишник и патничко возило „Фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 72-годишник, двајцата од селото Требеништа. Во ...
Охрид, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 31 октомври 2025 година, во 00:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на автобуска постојка во охридското село Велгошти, едно лице физички нападнало 28-годишник од истото село. – Тој бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. СВР Охрид работи на расветлување на настанот по што, против напаѓачот ќе биде ...
Охрид, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Променливото време ја отвори сезоната на грип, а засега според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во Охрид не се регистрирани заболени пациенти. Во текот на 43-та недела од 2025 година (од 20-ти до 26-ти октомври) во Република Македонија се пријавени 56 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 33,3 отсто повеќе во споредба со минатата сезона, се наведува ...
Охрид/Струга, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 30 октомври 2025 година, во 22:00 часот во село Подмоље, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 48-годишно лице од истото село. – При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја. Лицето се сомничи дека ноќта помеѓу 29 и 30 октомври 2025 година, со пиштол пукал кон стан во зграда во Струга, при што е ...
Охрид, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонската православна црква и нејзините верници утре, 1 ноември, го празнуваат денот на Свети Прохор Пчински, пустиник, кој живеел на почетокот на XI век. Како млад отишол во испосништво, прво во Нагоричко, а потоа засолниште нашол на планината Козјак. Легендите велат дека тој не видел човечко суштество повеќе од 30 години, додека не го запознал идниот византиски император Романо Диоген, кој ловел во ...
Охрид, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...
Охрид, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 15. степени. – За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи ...
Охрид, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24.09.2025 година започнаа градежни ...
Охрид, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го празнуваат Светиот апостол и евангелист Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан ...
Охрид, 30. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Иницијативата „Збогум Буково“ започна со подготовка на училиштата за селекција на отпадот, како дел од активностите за спроведување на Планот за управување со отпад што се спроведува во Југозападниот и Пелагонискиот регион. 11 училишта од Охрид се дел од програмата „Училишта без пластика” која цели кон создавање на одржлив систем за селекција и собирање на селектираниот отпад и едукација на темите за ...
Охрид, 30. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на празникот Свети маченици Козма и Дамјан, кај црквата Голем Свети Врачи (Козма и Дамјан). Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...
Охрид, 30. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Народен Театар Охрид утревечер од 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе ја одигра премиерата на претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во адаптација и режија на Андреј Цветановски. Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ – Тодороска е Ката, а Никола Тодороски ќе го игра ...
Охрид, 30. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени. – Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на ...
Охрид, 30. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24.09.2025 година започнаа градежни ...
Охрид, 30. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонската православна црква денеска го одбележува поменот на Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан. Светите Кузман и Дамјан биле лекари, бесребреници и чудотворци. Тие биле браќа родени во Азија, од непобожен татко и мајка христијанка. Таткото им умрел додека биле деца, а мајка им ги одгледала во христијанскиот дух. Од Господ добиле дар за исцелување на разни болести, и како што тој дар го ...
Охрид, 29. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Филмот „Охридските пливачки легенди – Атина Бојаџи“ на авторот Љупчо Паункоски од Охрид е помеѓу наградените дела кои ќе бидат прикажани на Фестивалот за краток документарен филм „Манаки камера 300“ во петок во 19:00 часот во Културниот центар во Битолa. Новиот филм на Паункоски, во конкуренција од 28 пристигнати филмови освои „Плакета за репортажа“, како продолжение на низата награди за авторот годиниве ...
Охрид, 20. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, се’ до 5 декември 2025 година ќе се врши пренасочување на сообраќајот. – Возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај „Св. Еразмо“, информираат од СВР Охрид. ...
Охрид, 29. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот охридски таеквондист Ненад Целески, кој освои златен медал на Балканското таеквондо првенство, кое се одржа неодамна во Дупница, Бугарија. Градоначалникот Пецаков му честиташе на младиот спортист за големиот успех и за достоинственото претставување на Охрид и Македонија на ова престижно натпреварување. Градоначалникот истакна дека ...
Охрид, 29. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Планот за управување со отпад во сите општини предвидува мапирање и чистење на дивите депонии. Во обид да се помогне реализацијата на овој процес во Охрид, Иницијативата „Збогум Буково” започна со собирање на информации за местоположбата на овие ѓубришта и нивно пријавување до надлежниот сектор во општината со цел расчистување и превенирање на повторно нелегално фрлање на отпад. – Нашите активисти ...
Охрид, 29. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 28 октомври 2025 година, во 14:15 часот во СВР Охрид, 21-годишно лице од Охрид пријавило дека два дена претходно, на 26 октомври 2025 година, околу 02:30 часот во угостителски објект во Охрид бил нападнат со стаклен предмет од едно женско лице, при што се здобил со повреда, констатирана во Општа болница во Охрид. – Се преземат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР ...
Охрид, 29. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија од култната некогашна „Летница“ со зелениот парк во позадина, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви видеа. (Крај) ...
Охрид, 29. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај плажата „Куба Либре“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...
Скопје/Охрид, 29. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот, во Културно-информативниот центар Скопје ќе биде отворена изложбата на колажи и графики од Ивана Мојсовска Головска и охриѓанката Ема Димовска. Во интимниот свет на серијата колажи на Ивана Мојсовска Головска, просторот станува и засолниште и замка – псохолошки простор во кој фигурата ја преиспитува сопствената присутност. Во овие надреални сцени, блискоста и изолацијата се ...
Охрид, 29. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24.09.2025 година започнаа ...
Охрид, 29. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат Денот посветен на Светиот маченик Лонгин. Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници ...