Охрид, 17. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Покраината Тирол, Австрија, денеска на Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ од Охрид и Дебрца му донираше противпожарно возило. На настанот присуствуваа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков и амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. – Оваа донација претставува значајна поддршка во напорите за јакнење на капацитетите на нашите доброволни и ...

Охрид, 17. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти мај 2025 година, во 18:20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 60-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:30 часот во селото Велмеј, Општина Дебрца, се обидел со остар предмет да нападне 55-годишник од селото Велмеј и и’ се заканувал на неговата 50-годишна сопруга. – По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде ...

Охрид, 17. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во центарот на градот, кај Градскиот парк и на кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...

Охрид, 17. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Засилените врнежи од дожд периодов наназад, повторно ја покрија нашата колективна неодговорност, и конечно го нема песочниот дел кај влезот на охридското „Островче“, кој едно време навлезе длабоко во езерото. Утрово, скоро и да го немаше сувиот дел и ако продолжат врнежите, за ден два, водата комплетно ќе го прекрие овој дел од брегот. Сепак, состојбата е далеку од позитивна, затоа што според официјалните мерења ...

Скопје/Охрид, 17. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Елена Лотеска Наумовска, генерален менаџер на брод „Армада“ од Охрид е меѓу најуспешни жени менаџери во Македонија во изборот на Агенцијата „Марили“, која годинава, традиционално по 29-ти пат ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот. На манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, која ќе се одржи вечерва, сабота, 17-ти мај 2025 година, во „Панорамика Дизајн Хотел“ во Скопје, ...

Охрид, 17. мај 2025 (ОХРИДРПЕС) – Во текот на изминатите 24 часа, во Охрид наврнаа 26 литри на метар квадратен, соопштија од Управата за хидрометеоролшки работи на Република Македонија (УХМР). Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 41 литар на метар квадратен. До 08:00 часот се регистрирани 26 литри дожд во Охрид, 24 во Гевгелија, 23 Тополчани, 22 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 21 Прилеп, 19 Лазарополе, 17 Берово, 16 Виница, Маврови ...

Охрид, 17. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид информираат за новата планинска ЕКО акција на врвот „Лако Сигној“ за отстранување на напуштени објекти и расфрлан отпад во Националниот парк (НП) „Галичица“. – Соочени со глетката на напуштени објекти и расфрлан отпад на една од највеличествените локации во Националниот парк Галичица, нашите членови решија да преземат акција. По неколкугодишно планирање и трагање по ...

Охрид, 17. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Надлежните служби при Општина Охрид од денеска започнуваат со активности за асфалтирање и уредување на пресекот меѓу улиците „Железничка“, „15-ти Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ кај кружниот тек во близина на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. – Поради активностите сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови. Возачите и пешаците да го почитуваат времениот режим на сообраќај, да возат и да се движат внимателно, ...

Охрид, 17. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950 објавен е интересен напис за слика од 1925 година со мотиви од црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид од чешкиот сликар Лудвик Куба, која е дел од пролетната понуда на чешката аукционерска куќа „KODL Gallery” од Прага. Ви пренесуваме делови од написот: Минатата недела, чешката аукционерска куќа „KODL Gallery” од Прага ја отвори својата пролетна ...

Охрид, 17. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 18. степени. – Следува период на претежно стабилно време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од средината на следната седмица ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, ...

Охрид, 17. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Според известување од „Виадукт Треј“ Дооел од Гостивар, како дел од изведбата ...

Охрид, 17. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Светата маченичка Пелагија Тарсиска. Родена е во градот Тарс, од родители незнабошци, но богати и прочуени. Кога слушна од христијаните за Христа, таа се разгоре со љубов кон Спасителот и во душата беше целата христијанка. Се случи самиот цар Диоклецијан да запре во Тарс и додека се задржуваше во овој град, неговиот син, принцот, се вљуби смртно во ...

Скопје/Охрид, 15. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија и македонскиот народ низ светот на 15-ти мај го одбележуваат Денот на македонското знаме. Македонија и Македонците имаат долга традиција на употреба на црвеното знаме. Во поново време црвеното знаме го употребуваат македонските востаници во Разловечкото востание од 1876 година и во Кресненското востание во 1878 година, а црвено востаничко знаме се споменува дека се вее и во Крушево во ...

Скопје, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот филм „Лена и Владимир“ освои две Златни Реми награди на 58-от Меѓународен филмски фестивал WorldFest-Houston во категоријата „Странски игран филм“ и за специјални ефекти во шминка. Режиран од Игор Алексов, ја раскажува приказната за мистериозен човек со трагична тајна кој засолнува младо побегнато девојче со насилно минато. Нивната неочекувана врска придонесува секој од нив да ја надмине својата ...

Скопје/Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти мај 2025 година, во 11:25 часот во СВР Скопје, 72-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.700 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка и нејзиниот зет предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака тие да лежат во затвор требало да плати. Како ...

Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Надлежните служби при Општина Охрид од утре започнуваат со активности за асфалтирање и уредување на пресекот меѓу улиците „Железничка“, „15-ти Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ кај кружниот тек во близина на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. – Поради активностите сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови. Возачите и пешаците да го почитуваат времениот режим на сообраќај, да возат и да се движат внимателно, ...

Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Домаќинства и институции во делови од Охрид останаа без вода, а директорот на ЈП „Водовод“ од Охрид без грам совест не му даде ни извинување ни образложение на народот, реаргираат од Општинската организација на СДСМ. Бараат од директорот на ЈП „Водовод“ Охрид итно да и’ даде одговор на охридската јавност на следниве прашања: 1. За колку проценти е поскапена водата за периодот од 2021 година до 2025 година, за ...

Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Преку допис до медиумите, охриѓанецот Владимир Трајановски го изразува својот став за зеленилото во Охрид и дека секој жител на Охрид реално има само 1,6 м2 зелена површина. Неговото писмо го пренесуваме во целост: Државниот завод за ревизија е веројатно единствената институција во нашата земја која го прави она за што била основана. Низ годините и децениите, нивните извештаи ги откриваат сите институционални ...

Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Како што OhridPress веќе објави, утрово, во 09.24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош од Охрид било пријавено дека при изведување градежни работи во Трговски центар во изградба во Охрид паднал и се повредил 58-годишниот работник Ѓ.Д. од Охрид. – Тој бил итно пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот вршат јавен обвинител и полициски екипи, ...

Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Двајцата браќа, Филип и Бојан Стојковски од Охрид, полни седум години вградија огромни колични страст, труд и љубов за да стигнат до најдобриот вкус на бургерите во државата. Приказната на Bro’s Burger Station започна скромно, како нивна визија, за денес, со голема гордост да го слават нивниот 7-ми роденден, одбележувајќи, не само седум години успешна работа, туку и неколку признанија за нивната вредна работа. – ...

Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утрово, околу 09:00 часот загина градежен работник, на објект во изградба во Охрид. Неофицијално, лицето им подлегнало на повредите, откако било префрлено во најблиската болница. Според првичните информации, станува збор за електричар, кој паднал од градежно скеле при изведба на работи во Трговски центар, кој е во изградба во Охрид. Од СВР Охрид за Супер радио и OhridPress ја потврдија информацијата и повеќе ...

Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај Градското пристаниште и охридскиот „Светилник“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

Охрид/Струга, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, како најголем туристички центар во државата, конечно добива посериозна понуда во делот на Трговските центри, кои влечат огромен број купувачи во текот на главната сезона, но и вон неа. Откако со децении имавме ограничена понуда во овој дел, Охрид и Струга во една недела добиваат два поголеми трговски центри. Во петок, на 23-ти мај се отвора Nabizi Retail Park во Струга, а само неколку денови ...

Скопје/Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – „На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, апелираат од МВР во насока на безбедни матурски прослави. – Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади ...

Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Туристите се тука и уживаат во убавините на Охрид, без разлика дали имаме сончев ден или врне дожд или сонце. Дека Охрид е убав секогаш и дека вреди да се посети во секое време, доказ е и поголемата група туристи кои утрово уживаа во енговите убавини под чадори. Метеоролозите за денеска во Охрид најавуваат облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе ...

Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Зад нас се полни 20 години од стартот на радио емисијата „Охриде не бери гајле“ на охридското Супер радио, водечкиот медиум во овој дел на државата. Жанко и утринската екипа и понатаму остануваат верен утрински пријател на охриѓани, стружани, но и на сите кои го слушаат Супер радио насекаде низ светот на интернет. Со препознатлив стил и „охридски муабети“, секое утро испорачуваат обрана музика, но и информации ...

Охрид, 24. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Има само 24 години, веќе сериозни успеси зад себе, но и блескава музичка иднина пред себе. Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, Христијан Настески- Пајак, има нова и навистина одлична песна – „Его“. Музиката и текстот се на Пајак, а за аранжманот се погрижи Иван Јованов Iwayo. Охриѓанецот со новиот сингл продолжува со музичките изненадувања и го освојува музичкиот пазар на Балканот, но и многу ...

Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Светите маченици Тимотеј и Мавра. Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката беа изведени на суд заради верата во Христос пред Тиваидскиот намесник Аријан, во времето на царот Диоклецијан. Тимотеј беше чтец во црквата во неговиот роден крај. „Кој си ти?“, го праша намесникот. Тимотеј одговори: „Јас сум ...

Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 13. степени. – Денеска ќе има пообилни врнежи од дожд (над 30 л/м2). Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен ...

Охрид, 16. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Според известување од „Виадукт Треј“ Дооел од Гостивар, како дел од изведбата на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
71%
1021
weather icon

Загреб

22ᴼ / 18ᴼ
2.57
73%
1023
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
63%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.52
69%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
7.2
56%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
38%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
36%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1018
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.79
57%
1021
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
8.23
60%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75