Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Под мотото „Со спорт до инклузија – кога еден пливач плива за сите“, македонскиот маратонец Томи Стефановски денеска ќе плива на релацијата Градиште – Градско пристаниште во Охрид, каде неговото пристигнување се очекува околу 12:30 часот. Хуманиот спортски предизвик се одржува токму на 14 август, денот кога се навршуваат 17 години од историското препливување на каналот Ла Манш на Стефановски. На 14 август 2009 година тој го совлада Ла Манш ...
Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој повремено ќе засилува. Утрово во 6 часот во Охрид се измерени 19,4 степени, а максималната температура ќе се ...
Со три нови натпревари синоќа продолжија возбудувањата на 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино. Најефикасен беше составот на Екстра Скопско, кој убедливо го совлада Ескобар Волино со 7:1. Типлери славеше против Том Гор со 4:1, додека Асп Пак ги освои бодовите против Македонија со победа од 3:0. Резултати – 13 август: Ескобар Волино – Екстра Скопско 1:7 Типлери – Том Гор 4:1 Асп Пак – Македонија 3:0 ...
Денес, на Светскиот ден на органодарителството важно е да се потсетиме на една од најголемите човечки вредности, а тоа е да се подари и да се спаси живот, вели градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков. За оние кои чекаат трансплантација секој ден е исполнет со неизвесност и со надеж дека ќе пристигне веста која може да им го промени животот. За нив и за нивните семејства, донорството не значи само орган, значи нова шанса, нов почеток и ...
По повод Светскиот ден на органодарителството, Дебарско-кичевската епархија упатува повик за поддршка на органодарителството како израз на љубовта, солидарноста и грижата за животот и ближниот. Станува збор за благороден чин преку кој, дури и во најтешките животни околности, можеме да подариме надеж и нова можност за живот на оние кои се соочуваат со тешки заболувања. Како христијани, повикани сме да ја негуваме културата на милосрдие и ...
Не смееме веќе да оддолжуваме и треба овие пет години доверба кои ги добивме од УНЕСКО да ги искористиме продуктивно за заштитата на Охридскиот регион. Мораме веднаш да почнеме со најважните чекори преку меѓусебна соработка и на државно, и на локално ниво, и на меѓудржавно ниво, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по денешната средба со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура. Една од важните причини е како да се соочиме со ...
Со нови три натпревари синоќа продолжија возбудувањата на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино. Др. Баткоски славеше против Требеништа со 3:0, со идентичен резултат ДОЕЛ Ноче ја совлада Мики Про Керамика, додека Мороишта беше подобра од Бурекџилница Го-Ка со 3:1. Резултати – 12 август: Др. Баткоски – Требеништа 3:0 ДОЕЛ Ноче – Мики Про Керамика 3:0 Мороишта – Бурекџилница Го-Ка 3:1 Турнирот продолжува ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ја посети општина Струга каде ќе оствари средба со градоначалникот Менди Ќура. За време на посетата, претседателката ќе ги посети и Спомен-куќата на „Браќа Миладиновци“ и Канцеларијата на националната установа „Струшки вечери на поезијата“. OhridNews Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ја посети општина Струга каде ќе оствари средба со градоначалникот Менди Ќура. За ...
Во земјава се регистрирани 26 случаи на западнонилска треска од кои 25 во Скопје и еден во Велес. Најголем дел од заболените се лица над 60 години, што укажува на зголемен ризик кај повозрасната популација, информираат здравствените власти. За жал, велат, еден пациент почина како последица на компликации поврзани со инфекцијата. ЦЈЗ Скопје прогласи епидемија во повеќе скопски општини и населени места, меѓу кои Кисела Вода, Гази Баба, ...
Македонскиот репрезентативец Петар Бошалески (22 години, 197 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона откако денес потпиша договор со клубот. Бошалески летово ги одигра и првите два натпревари во дресот на сениорската репрезентација на Македонија во првата фаза од претквалификациите за ЕП 2029. Талентираниот бек-шутер своите настапи во домашната Суперлига ги почна како кошаркар на Работнички, по што направи ...
ГРК Охрид ќе го брани трофејот на 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“ што се одржува од денес до 15 август на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“. Годинава на турнирoт ќе настапат шест екипи, поделени во две групи. Во групата А се Вардар, Бутел Скопје и Прилеп, додека во групата Б ќе играат домаќинот Струга, Охрид и српскиот претставник Дубочица од Лесковац. Првиот ден меѓу двата натпревара ќе ...
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 35 степени. Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер ...
Со три натпревари вечерва во Волино започна 28. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“. Бранителот на трофејот Сатеска имаше убедлив старт и во воведниот натпревар го совлада Провелд со 10:1. Неизвесна беше пресметката меѓу Чардак Велгошти и Екстра Скопско, која заврши со победа на Чардак од 3:2. Во последниот натпревар од првата вечер, Златара Бени Ерол славеше против Хотел Тино со 3:0. Резултати – 11 ...
На 11.08.2026 во 02:10 часот во СВР Охрид, 49-годишно лице од Охрид, со живеалиште во САД, пријавил дека на 10.08.2026 околу 15:00 часот од домот се оддалечила неговата 68-годишна мајка од с.Рамне, охридско, информираат од СВР Охрид. Посочуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На 10.08.2026 во 18:10 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид, лице од Охрид пријави дека во водите на Охридското Езеро, во ...
Со три натпревари вечерва во Волино започнува 28. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“. Според изменетиот распоред на организаторот, турнирот во 20:30 часот ќе го отворат бранителот на трофејот Сатеска и Провелд. Промена има во вториот натпревар. Наместо првично најавената средба Асп Пак – Македонија, од 21:30 часот ќе играат Екстра Скопско и Чардак Велгошти. Вечерната програма ќе ја затворат Хотел Тино и ...
Од утре до 30-ти август Охридското Езеро повторно ќе биде сцена на голем број спортски и рекреативни активности, а четвртото издание на „Ohrid Water Festival“ ќе понуди содржини за различни генерации, различни интереси и различни нивоа на спортска подготвеност. Ова беше најавено на денешната прес конференција што се одржа во „Куба Либре“. „Ohrid Water Festival“ е манифестација која успеа од една храбра идеја да прерасне во автентичен ...
ЈП Охридски Комуналец од 4 септември започнува со реализација на Календарот за 2026 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид (есенски циклус). Со календарот, посочуваат, е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад Апелираме до граѓаните да се придржуваат до календарот, а за сите ...
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,67 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Тоа е за 21 сантиметар над просекот за август утврден на 693,46 метри надморска височина или 57 сантиметри над дозволениот минимум (693,10). Температурата на водата измерена утринава во 7:30 часот била 25,5 степени што е за два степени над проесекот за август (23,5). ...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Гоце Делчев (Бараки), информираат од ЈП Водовод Охрид. Воедно, посочуваат дека поради дефект од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат и корисниците од стариот дел на градот. Потенцираат дека екипи на ЈП Водовод Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата. OhridNews Поради настанат дефект на водоводната ...
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 35 степени. Утре и во среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и ...
Дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: Млади, училишта и дигитален простор“ денес ќе се одржи во вилата „Билјана“ во Охрид. Истата се организира во пресрет на одбележувањето на 12 Август – Меѓународниот ден на младите. На настанот обраќања ќе имаат претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Најавено е учество на младински активисти, ученици, психолози и ...
Познати се групите и распоредот на натпревари на 28. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“, кој започнува утре, 11 август, во Волино. На годинашното издание ќе настапат 24 екипи, поделени во осум групи со по три екипи. Група А: Хотел Тино, Златара Бени Ерол, Киоск Кај Бироно Група Б: Асп Пак, Македонија, Викса Пром Група В: Др. Баткоски, Охридски бисер Филеви, Требеништа Група Г: Сатеска, Инекс Олгица, ...
Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија го заврши настапот на EHF EURO 2026 на деветтото место, откако во последниот натпревар од разигрувањето убедливо го совлада Израел со 39:29. Со триумфот над израелската селекција, македонските кадети ставија печат на успешниот настап на Европското првенство, кој покрај пласманот меѓу десетте најдобри европски селекции донесе и обезбедено учество на Светското првенство за кадети во ...
Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што денеска ја погоди западна Колумбија, јавуваат светските агенции. Има и повредени, а спасувачките екипи трагаат по лица затрупани под урнатините. Според Американскиот геолошки институт – USGS, епицентарот на земјотресот бил на околу пет километри источно од Сан Хосе дел Палмар, во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Потресот е регистриран во 07:34 ...
Од ноќеска на полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 ден/лит., а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 8,00 ден/лит. одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 87,00 ден/лит., ЕУРОСУПЕР БС-98 за 89,00 ден/лит., додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 91,50 ден/лит. Се намалуваат и цените на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 6,00 ден/лит. и ...
Од ноќеска на полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 ден/лит., а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 8,00 ден/лит. одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 87,00 ден/лит., ЕУРОСУПЕР БС-98 за 89,00 ден/лит., додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 91,50 ден/лит. Се намалуваат и цените на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 6,00 ден/лит. и ...
Во среда, 12 август, на подрачјето на општина Струга ќе се спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци. Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 20:00 часот до рано наутро, со апарат за УЛВ ладно запрашување, а со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места, информираат од Општина Струга. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на ...
Момент на невнимание утрово предизвика судар помеќу товарно возило и патнички автомобил на кружниот тек кај Градски пазар. Поради сударот се создадоа колони во двата правци. Веднаш интервенираше сообраќајната полиција во обид да го дебликира сообраќајот и да ги утврди причините за незгодата која се случи на една од најфрекфентните точки во градот во дел од денот кога сообраќајот е најинтензивен. Ваквите сообраќајки се чести во летниот ...
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Температура до 32 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи ...
Синоќа во 21:10 часот на ул. „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привелеа 17-годишник од скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера утрото во 10:35 часот во СВР Охрид, две охриѓанки пријавиле дека околу 01:00 часот на ул.,,Цар Самоил“ во Охрид, едно машко лице физички ги нападнало нивните малолетни ...