Љубителите на малиот фудбал од овојнпеток повторно ќе уживаат во возбудувањата на традиционалниот турнир „Велгошти 2026“, кој и ова лето ќе ги собере најдобрите екипи и голем број љубители на спортот. Честа да го отвори турнирот ќе ја има актуелниот шампион АСП ПАК, кој од 20:00 часот ќе ги одмери силите со Бразилиан, започнувајќи ја одбраната на шампионскиот трофеј. Во првата турнирска вечер ќе се одиграат уште три интересни натпревари: ...

Со три интересни натпревари и убедлив настап на актуелниот шампион АСП ПАК, синоќа беше означен почетокот на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“. Бранителот на трофејот уште на стартот испрати јасна порака дека повторно ќе биде еден од главните фаворити, совладувајќи ја екипата на Бразилиан со 6:2. Успешен старт забележа и Џими, кој во интересен натпревар го совлада Оровник со 4:2, додека Сатеска ги освои бодовите без ...