Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Во Охрид времето денес променливо облачно со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 20 степени. За време на викендот времето ќе биде стабилно. ...

Шест брода полни со туристи денеска упорно чекаа да се истоварат на предвиденото одредиште во Св. Наум, но ниту претпладне, ниту попладне не можеа да го направат тоа во договорените термини поради строгите безбедносни протоколи воведени за посетата на претседателките на Македонија и Индија на Охрид. Персоналот на бродовите вели дека уредно бил известен од безбедносните структури дека ќе можат непречено да пловат и да превезуваат туристи до ...

Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид ги известува граѓаните дека во периодот од 27.7.2026 година (понеделник) до 31.7.2026 година (петок) од страна на Општина Охрид ќе се спроведе административно отстранување на нелегално изградени гаражи вкупно 10 на предметната катастарска парцела К.П.11022/20 К.О.Охрид 2 земјиште во сопственост на РМ. Поради тоа сите подвижни и неподвижни предмети кои се наоѓаат во десетте гаражи, ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 27 степени. Во петок под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има ...

Со четири натпревари синоќа продолжи групната фаза на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, на кои беа постигнати 17 погодоци. Бранителот на трофејот АСП ПАК забележа нова убедлива победа, совладувајќи ја Дуелма со 6:2. Македонија со минимални 1:0 беше подобра од Кибо Пласт, Сатеска убедливо ги совлада Типлери со 5:1, додека Аце Најдески славеше со 2:0 против Охридски бисер Филеви. Резултати – 22 јули: АСП ПАК – Дуелма 6:2 Кибо Пласт – ...

Охрид лице в лице со светска легенда на денс-културата и електронската музика. По одличниот настап на Nakadia, летната серија во Rebel Ohrid продолжува — уште посилно, уште подлабоко и со уште поголема енергија. Ова не е само уште една вечер покрај езерото. Ова е момент кога Rebel носи едно од најзначајните имиња во историјата на електронската музика во Охрид и Македонија. Без брзање. Без кратки сетови. Без музика создадена за неколку ...

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,71 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Тоа е за 13 сантиметри над просекот за јули утврден на 693,58 метри надморска височина или 61 сантиметри над дозволениот минимум (693,10). Температурата на водата е 24 степени и е во рамки на месечниот просек (23,5). OhridNews Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се ...

Со три натпревари синоќа продолжи групната фаза на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“. АСП ПАК ја оправда фаворитската улога и убедливо го совлада Етно ресторан „Дедо Димо“ со 7:2. Студио 13 славеше против Чардак Велгошти со 3:1, додека Златара Бени Ерол беше подобра од АД Галеб со 4:0. Резултати – 21 јули: АСП ПАК – Етно ресторан „Дедо Димо“ 7:2 Чардак Велгошти – Студио 13 1:3 АД Галеб – Златара Бени Ерол 0:4 Турнирот продолжува ...

Големо невреме проследено со силен ветар и дожд попладнево го зафати Скопје. Според очевидци ветрот корнел дрвја и покриви, а невремето предизвика и штети на инфраструктурата. На терен се екипи на Град Скопје, службите на јавните претпријатија и противпожарните служби кои работат на расчистување на штетите. Големо невреме проследено со силен ветар и дожд попладнево го зафати Скопје. Според очевидци ветрот корнел дрвја и покриви, а ...

Охриѓанецот Христијан Ристески го објави првиот сингл „Coming Home“ од својот дебитантски џез албум „Waters Dance“, проследен со видео спот дело на Даниел Јовески. „Waters Dance“ е авторски џез проект на Христијан Ристески, саксофонист и кларинетист кој моментално е на мастер студии на Џез институтот во Грац, Австрија. Албумот претставува лична музичка приказна во која се преплетуваат неговите искуства, различните музички влијанија и патот ...

Екипата на Инекс Олгица Хотел и Спа забележа максимален учинок на синоќешната програма од турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, откако во иста вечер оствари две победи и направи значаен чекор кон пласман во следната фаза. Во првиот натпревар Инекс Олгица беше подобра од Македонија со 5:3, а само еден час подоцна со идентични 5:3 го совлада и Кибо Пласт. Победа запиша и екипата на Аце Најдески, која со 2:0 славеше над Милама-Дим, додека ...

Општина Охрид ги известува жителите на село Велгошти и сите оние кои гравитираат во тој дел, денес и во наредните неколку денови ќе се вршат градежни активности на патниот правец од пресекот со улицата „15ти Корпус“ до Велгошти. За таа цел Ве известуваме да бидете внимателни при движењето по оваа улица, посочуваат во соопштението. OhridNews Општина Охрид ги известува жителите на село Велгошти и сите оние кои гравитираат во тој дел, денес ...

На 19.07.2026 во 14:15 часот во охридско село, од слобода е лишено 45-годишно лице од истото село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. На 19.07.2026 во 04:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 30-годишно лице од Охрид. Тој во семејниот дом го нарушил јавниот ред и ...

Традиционално и оваа година на 2 Август, ќе се одржи 47. Куп во далечинско пливање „Илинден 2026“, во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид. Стартот на маратонот ќе биде од плажата Горица „Кај Дивоно”, а целта на градското пристаниште пред хотел „Нова Ривиера“. Патеката е во должина од 2,5 км. Пливачите ќе бидат поделени во две категории: постари од 16 години (родени 2010 година и постари) и помлади од 16 години ...

По дводневна пауза, вечерва продолжуваат натпреварите од групната фаза на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“. На програмата на се четири средби, а фудбалската вечер ќе ја отворат Инекс Олгица Хотел и Спа и Македонија, со почеток во 20 часот. Само еден час подоцна, екипата на Инекс Олгица ќе го одигра и вториот натпревар вечерва, против Кибо Пласт. Во преостанатите две средби ќе се сретнат Аце Најдески и Милама-Дим, односно Етно ...

Во 50-та година од животот, почина директорката на Основното училиште “Живко Чинго” во Велгошти, Љубица Ангелоска Кркачоска. Поради смртта на Ангелоска Кркачоска, организаторите на турнирот во мал фудбал во Велгошти ги откажаа натпреварите закажани за вечерва. ❗️ИЗВЕСТУВАЊЕ❗️ Почитувани учесници и посетители, Ве известуваме дека денешните натпревари од турнирот во мал фудбал “ВЕЛГОШТИ 2026” се одложуваат поради смртен случај. Изразуваме ...

Шпанија заслужено ја освои светската титула, но финалната пресметка со Аргентина не понуди фудбалски спектакл каков што се очекуваше од дуелот на двете најсилни селекции на планетата, оценуваат водечките светски медиуми по завршувањето на Светското првенство. „Црвената фурија“ славеше со 1:0 по продолженијата, со голот на Феран Торес во 106. минута, откако во најголемиот дел од натпреварот имаше контрола врз играта и создаде значително ...

Репрезентацијата на Шпанија е нов светски првак, откако во финалето на Мундијалот што се одигра вечерва во Њујорк/Њу Џерси, САД, го совлада шампионот од Катар од пред 4 години Аргентина со 1:0. Голот вреден светска титула го постигна Феран Торес во 106 минута од натпреварот на асистенција на Нико Вилијамс. Spain have added another star above their crest 🌟#FIFAWorldCup pic.twitter.com/sFvm9NE2Lz — FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 19, 2026 ...

Вчера во 14:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило Фолксваген „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 38-годишно лице од истото село и мопед „Априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Охрид. Притоа, возачот на мопедот и 15- годишна сопатничка од с.Долно Лакочереј, се здобиле со тешки телесни ...

Корисници од повеќе земји утрово пријавуваат проблеми со пристапот до Фејсбук, како преку мобилната апликација, така и преку веб-страницата. Според сервисот „Downdetector“, регистрирани се илјадници пријави за неуспешно најавување, бавно или недостапно вчитување на содржините, како и проблеми со објавување фотографии и видеа и со испраќање пораки преку Messenger. Дел од корисниците добиваат известување дека нивната сметка моментално не е ...

Фудбалската репрезентација на Англија го освои третото место на Светското првенство 2026, откако во натпревар исполнет со голови ја совлада Франција со 6:4. Херој на „трите лава“ беше Букајо Сака со хет-трик, а во листата на стрелците се запишаа и Деклан Рајс, Езри Конса и Џуд Белингем. England are #FIFAWorldCup Bronze Final winners 🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 — FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 18, 2026 За Франција два гола постигна Килијан Мбапе, ...

Дене и утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Дневната температура секаде ќе биде над 33 степени. Во Охрид температурата денеска до 34 степени. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. Г.М. Дене и утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. ...

Еден ден не дели од мечот за најпрестижниот фудбалски трофеј. Аргентина и Шпанија во недела од 21 часот во Њујорк ќе се сретнат во финалето на Светското првенство кое нестрпливо го очекува целата планета. Меси или Јамал? Гаучосите по четврти пат или Црвената фурија втор пат? Скалони или Де ла Фуенте? Одговорот ќе го дознаеме по последниот судиски свиреш. Дотогаш забавата е на социјалните мрежи кои се преплавени од креативни видеа кои ја ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 34 степени. До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Дебрца каде ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на локален пат од село Мешеишта до село Волино. Во рамки на посетата Мицкоски ќе изврши и увид во реконструкција на улица во с. Волино-Делница 1: Манастир „Св. Петка“. OhridNews Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе ја ...

Со три интересни натпревари и убедлив настап на актуелниот шампион АСП ПАК, синоќа беше означен почетокот на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“. Бранителот на трофејот уште на стартот испрати јасна порака дека повторно ќе биде еден од главните фаворити, совладувајќи ја екипата на Бразилиан со 6:2. Успешен старт забележа и Џими, кој во интересен натпревар го совлада Оровник со 4:2, додека Сатеска ги освои бодовите без ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во текот на денешниот и во деновите од викендот кога ...

Љубителите на малиот фудбал од овојнпеток повторно ќе уживаат во возбудувањата на традиционалниот турнир „Велгошти 2026“, кој и ова лето ќе ги собере најдобрите екипи и голем број љубители на спортот. Честа да го отвори турнирот ќе ја има актуелниот шампион АСП ПАК, кој од 20:00 часот ќе ги одмери силите со Бразилиан, започнувајќи ја одбраната на шампионскиот трофеј. Во првата турнирска вечер ќе се одиграат уште три интересни натпревари: ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во Охрид времето сончево со умерена облачност. Максималната температура до 31 степен. Во следните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и ...

Актуелниот светски првак Аргентина се пласира во финалето на Светското првенство во фудбал каде ќе се сретне со Шпанија. Argentina are headed back to the #FIFAWorldCup Final 🇦🇷 — FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 15, 2026 Во полуфиналето што се одигра во Атланта, Англија поведе со голот на Гордон во 55 минута. По водството Англија несфатливо се повлече. Тухел со дефанзивни измени се обиде да ја брани минималната предност, а Скалони со ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.15
51%
1016
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
41%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.18
67%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.44
62%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.77
57%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
85%
1015
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
48%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.94
31%
1012
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.55
46%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1018
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 22ᴼ
0.45
50%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
5.76
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.4759

Currency

71.8859

Currency

37.5392

Currency

38.1812

Currency

66.1956

Currency

7.92777

Currency

0.6754

Currency

0.3363

Currency

0.52558

Currency

1.12633

Currency

0.56106

Паладиум

41120.80

Алуминиум

3.19

Сребро

1880.63

Бакар

13.07

Платина

52437.87

Рутениум

53852.50

Калај

54.37

Злато

131085.02

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Родиум

265243.66