Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
По повод одбележувањето на 2. Август Ден на Републиката – Илинден, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи. За време на претстојниот празничен викенд се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, Преспа, Дојран, ...
Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во Охрид времето денес сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло. Особено топло ќе биде од среда кога наместа дневната температура ќе биде над 40 степени. OhridNews Сончево и топло со ...
Екипите на БЗ Груп и АСП ПАК се последните учесници во четвртфиналето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, по осминафиналните натпревари одиграни вечерва. Во првиот натпревар, БЗ Груп со 2:1 го совлада составот на Охридски бисер Филеви, во пресметка која донесе голема борба за пласман во следната рунда. Пласман меѓу осумте најдобри обезбеди и АСП ПАК, кој со 3:1 славеше против екипата на Џими и ја продолжи борбата за трофејот. Утре ...
Со три натпревари од осминафиналната фаза синоќа продолжи турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, по кои пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на Златара Бени Ерол, Др. Баткоски и Екстра Скопско. Најнеизвесно беше на дуелот меѓу Аце Најдески и Златара Бени Ерол. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1:1, а по подоброто изведување пенали со 5:4 во следната фаза се пласира Златара Бени Ерол. Екипата на Др. Баткоски беше ...
Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Охрид времето денес сончево. Максималната температура ќе достигне до 32 степени. Под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде за време на викендот и во текот на следната работна седмица кога дневната температура наместа ќе надмине 40 степени. OhridNews Сончево и топло со мала локална ...
По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите во селата Елшани и Велестово, донесено е решение со кое се забранува водата да се користи за пиење, информираат од Општина Охрид. Лабораториските анализи покажеле присуство на Е.coli и Колиформни бактерии. Се задолжуваат месните заедници во Елшани и Велестово да постават јасно и видливо предупредување дека водата не е за пиење, посочуваат во соопштението. OhridNews ...
Екипите на Инекс Олгица Хотел и Спа, Сатеска и Бразилиан обезбедија пласман во четвртфиналето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, по осминафиналните натпревари одиграни синоќа. Во меч исполнет со многу нервоза и тензии, екипата на Инекс Олгица Хотел и Спа со 3:1 спавеше над Студио 13. Неизвесна пресметка одиграа Сатеска и Св. Троица, а Сатеска славеше со 3:2. Најефикасниот натпревар на вечерта го одиграа Идеал рент а кар Струга и ...
Екипите на Студио 13, Сатеска и Бразилиан обезбедија пласман во четвртфиналето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, по осминафиналните натпревари одиграни синоќа. Студио 13 приреди изненадување совладувајќи ја екипата на Инекс Олгица Хотел и Спа со 3:1. Неизвесна пресметка одиграа Сатеска и Св. Троица, а Сатеска славеше со 3:2. Најефикасниот натпревар на вечерта го одиграа Идеал рент а кар Струга и Бразилиан. Во меч со осум погодоци, ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 32 степени. Под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде во првата декада од месец август кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени. OhridNews Сончево и топло со мала до умерена локална ...
По повод празникот посветен на светиот пророк Илија во недела, 2 август, во храмот „Св. пророк Илија“ во с. Лактиње, со почеток во 08:45 часот, ќе биде извршен чин на преосветување на храмот, информираат од Дебарско-кичевската епархија. По осветувањето, посочуваат, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Со голема духовна радост ги ...
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,69 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Тоа е за 11 сантиметри над просекот за јули утврден на 693,58 метри надморска височина или 59 сантиметри над дозволениот минимум (693,10). Температурата на водата е 24,5 степени и е за еден степен над месечниот просек (23,5). OhridNews Нивото на водата во Охридското Езеро ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и северозападен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 32 степени. Следува период на сончево и топло време со мала локална облачност и пораст на температурите. OhridNews Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж ...
Со два возбудливи натпревари вечерва беше спуштена завесата на групната фаза од традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“, а веќе утре започнува најинтересниот дел од натпреварувањето, елиминациската фаза. Во првиот натпревар кој одлучуваше за првото место во групата, Студио 13 и Екстра Скопско одиграа неизвесен дуел кој во регуларниот тек заврши без победник 2:2. Победникот беше решен по изведувањето пенали, каде повеќе ...
Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ ја заврши својата богата судиска кариера, соопшти Фудбалскиот сојуз на Словенија (NZS), само една недела откако го судеше финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина. Четириесет и шестгодишниот Винчиќ заминува во пензија како еден од најценетите европски арбитри и првиот словенечки судија кој добил доверба да го води финалето на Светското првенство. Во своето соопштение, ...
Од сезоната 2027/28, ракометната Супер лига ќе има нов формат на разигрување. Најдобрата домашна лига ќе брои 12 клуба, колку и сега, а измените се во разигрувањето. Имено првите 4 екипи ќе разигруваат за титулата, екипите од 5-8 место ќе играат за место во евро куповите, а од 9-12 место за опстанок. Ова денеска го одлучи Ракометната федерација на Македонија која донесе уште една значајна измена во натпреварувањето во 1 лига каде од ...
Советот на Општина Струга донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на територијата на општината за време на одржување на културни, туристички и други јавни манифестации. Согласно донесената одлука, работното време ќе биде продолжено: Оваа одлука има за цел да овозможи непречено одржување на планираните манифестации, да ја поддржи туристичката сезона и локалната економија, како и да придонесе за подобра ...
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од 3 до 5 денари по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цена на бензините се зголемува за 3 денари и ќе изнесува 93 денари за литар на ЕУРОСУПЕР БС-95, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 95 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 4,5 денари и ќе биде 98,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5 денари ...
Со два натпревари вечерва ќе биде комплетирана групната фаза на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“, по што ќе бидат познати сите учесници во елиминациските натпревари. Програмата започнува во 21:00 часот, кога ќе се сретнат Студио 13 и Екстра Скопско, а веднаш потоа, од 22:00 часот, на теренот ќе излезат Др. Баткоски и Дооел Ноче. Последните натпревари од групната фаза се очекува да донесат нови возбудувања и неизвесност ...
Синоќа на 75-годишна возраст почина познатиот македонски актер Гоце Тодоровски. Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка, преку социјалните медиуми. По завршувањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на професорот Илија Џувалековски се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар. Имал одлична соработка со голем број на познати наши ...
Променливо облачно, а наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град. Во Охрид времето денес променливо облачно со врнежи од дожд. Максималната температура до 28 степени. Под влијание на поле со висок воздушен притисок, следува период на стабилно и топло време. OhridNews Променливо облачно, а ...
Илија Капетанија Со оглед дека невремето беше подоцна вчера, штети не се пријавени. Ако евентуално пријават тоа ќе биде од понеделник. Не станува збор за незгода во вода за да пријават, туку елементарна непогода. Осигурителните компании не признаваат вакви штети, бидејќи не е незгода, туку сопствениците несоодветно ги имаат чувано пловилата. Кај пловилата кои беа во каналот нема штети. Стефан СВР До езерската полиција нема пријави за ...
Во емотивна атмосфера, викендов во клубот „Харбор“ во Охрид беше промовиран романот „Само уште еден скок“ на охридската авторка Енис Хилми. Книгата за најпознатото охридско куче, златниот ретривер Тото, зборува за љубовта, животот, минливоста, загубите, но и за надежта, човечноста и одговорноста кон светот што го оставаме зад себе. Романот е раскажан од необична перспектива, бидејќи самиот Тото е наратор. Преку неговите сетила, радости, ...
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Минималната температура во Охридскиот регион утрово е 9 степени, а максималната ќе достигне 29 степени. Во понеделник се очекува повремен локален дожд и наместа услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Г.М. Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Минималната ...
„Спасителен летен фестивал“ ќе се одржи денес и утре во Холандскиот парк, во периодот од 18 до 22 часот во организација на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид, Настанот е по повод 25 Јули – Светскиот ден за превенција од давење, што се одбележува под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО) и Интернационалната федерација за спасување (ILS). Посетителите ќе имаат можност да уживаат во забавни игри, ...
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика. Интензивно се градат галериите, a во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај, информира министерот за транспорт Александар Николоски по денешната теренска посета. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, изгрaдбата на галериите е најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ...
Турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“ продолжи со два интересни натпревари во кои „Св. Троица“ и „Охридски бисер Филеви“ запишаа победи. Во првиот меч, екипата на Св. Троица беше убедлива против Дооел Ноче, славејќи со 4:0. Повеќе неизвесност донесе вториот натпревар, во кој Милама-Дим и Охридски бисер Филеви одиграа 1:1 во регуларниот тек. Победникот беше решен по изведувањето пенали, каде подобра беше екипата на Охридски бисер Филеви, ...
Со многу енергија, мотивираност и желба за нови успеси, ракометарите на ГРК Охрид ги започнаа подготовките за новата сезона. Екипата е со осум нови играчи меѓу кои Филип Талески, Мартин Ивановски, Шуичи Јошида, Адама Кеита, Никола Зечевиќ, Мартин Карапалевски, Доминик Мате и Дино Славиќ и заедно со ракометарите кои останаа во тимот продолжуваат со истите амбиции за освoјување трофеи. Тренерот Борис Ројевиќ во изјава за Охридњуз вели ...
Синоќа на програмата на турнирот во мал фудбал во Велгошти беа четири натпревари. Победи забележаа екипоте на БЗ Груп, Идеал рент а кар и Бразилиан, додека еден натпревар е регистриран со службен резултат. Резултати 24.07. АД Галеб – БЗ Груп 0-4 Типлери – Хотел Тино 3-0 (службено) Идеал рент а кар Струга – Џими 4-2 Бразилиан – Дуелма 3-1 Турнирот продолжува вечерва со две средби. Распоред на натпревари 25.07. 20:30 Дооел Ноче – Св. Троица ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Во Охрид времето сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите. OhridNews Сончево со мала до умерена локална ...
Со четири натпревари синоќа продолжи групната фаза на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“. Идеал рент а кар Струга го совлада Оровник со 2:0, додека Бразилиан беше убедлив против Етно ресторан Дедо Димо, славејќи со 7:1. Екстра Скопско го победи Чардак со 2:1, а Др. Баткоски беше подобар од Св. Троица со 4:2. Резултати – 23 јули: Идеал рент а кар Струга – Оровник 2:0 Бразилиан – Етно ресторан Дедо Димо 7:1 Чардак – Екстра Скопско 1:2 ...