Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
На 02.08.2026 во 03:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, едно лице со закани со остар предмет побарало од 15- годишник од Скопје да му даде пари, по што физички го нападнал лице од Скопје, кој бил заедно со 15-годишникот. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 02.08.2026 во 03:30 часот, во СВР Охрид е пријавено ...
На 02.08.2026 во 05:00 часот, пред продажен објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, приведени се лице на (27) и лице на (23), двајцата од Охрид по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На 02.08.2026 во 05:00 часот, пред продажен објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ ...
На 02.08.2026 во 02:45 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, од страна на полициски службеници од ОВР Струга од слобода е лишен косовскиот државјанин К.Е.Б.(20), кај кого полициските службеници при преглед, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 02.08.2026 во 02:45 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, од страна на полициски службеници од ОВР Струга од ...
Синоќа во село Велгошти се одржа културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“ со што официјално започнаа илинденските празнувања. Годинава се навршија и 125 години од формирањето на првата востаничка чета во Велгошти. Пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски. – Денес стоиме на света земја, во Велгошти – место чија историја не се пишуваше со зборови, туку со дело, жртва и неизмерна љубов кон ...
Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на хероите од двата Илиндена и со пригодна празнична програма, општина Охрид го одбележа 2. Август – Денот на Републиката. Делегација на Општина Охрид, предводена од Ана Крстеска, заменик градоначалник, се поклони пред спомен облежјата на Илинденците во Градскиот парк. Делегација на општината положи и свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците кај Прентов мост. Исто така, општинска ...
На 01.08.2026 во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон лице на (51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда. Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на ...
Илинден е еден од најсветлите и најзначајни датуми во македонската историја. Ден што не потсетува на силната борба за слобода, на стремежот кон сопствена држава и на визијата на генерациите кои со храброст и пожртвуваност ги поставија темелите на нашата иднина. Илинденскиот идеал не е само историско наследство, туку трајна обврска да ги чуваме и унапредуваме вредностите врз кои почива македонскиот идентитет, а тоа се единствотото, ...
Со впечатлива музичка вечер посветена на камерната музика, фестивалот „Охридско лето“ ја продолжи својата богата концертна програма. Под наслов „Внатрешен глас на виолончелото и виолината“, пред фестивалската публика настапија НУ Камерниот оркестар на Битола, австрискиот виолончелист Емил Ровнер и македонскиот виолинист Симон Поповски. Концертот се одржа под диригентската палка на композиторот, диригент и педагог Евгениј Шчербаков од Канада. ...
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ уште од раните утрински часови го чистеа центарот на Охрид и кејот, отстранувајќи ги големите количини отпад што останаа зад бројните млади кои ноќта ја поминаа во забава на отворено. И додека комуналните работници ги собираа шишињата, чашите и останатиот отпад, дел од младите и во 6:30 часот сè уште беа на Малото пристаниште и во централното градско подрачје. Со песна и музика тие ја продолжуваа ...
Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината, та во тишина ...
На 31.07.2026 во автокамп лоциран на охридското крајбрежје, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид слобода е лишен В.С.(39) од Скопје. При претрес во камп приколка и во дворното место, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети. По целосно документирање на ...
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ уште од 6 часот утрово се на терен и го расчистуваат централното градско подрачје од големите количини отпад што остануваат по ноќните собирања на туристите на кејот „Македонија“ и во центарот на градот. Пластични шишиња, чаши, лименки, хартија и друг отпад и утрово беа собрани од јавните површини, а комуналните работници со часови работеа за градот повторно да добие чист и уреден изглед пред да започне ...
Во Туминец се одржа традиционалната манастирска слава посветена на светата великомаченичка Марена (Марина).Повеќе од илјада верници од областа Преспа, Албанија и Македонија и светот присуствуваа на вчерашниот заеднички молитвен и празничен собир во чест на светицата-заштитничка на манастирот. Свеченостите започнаа со вечерна богослужба на 29 јули, по што следеше богата културно-уметничка програма со македонски народни песни и ора. Службата ...
Четворицата извонредни саксофонисти Михал Кнот, Јакопо Тадеи, Алан Лужар и Едоардо Зоти, обединети во квартетот „Сигнум“ беа вистинско летно освежување на „Охридско лето“ со својот концерт што го одржаа вчеравечер во црквата „Света Софија“. Преку нивните импресивни виртуозни вештини публиката уживаше во музика од Хенри Персел, еден од најзначајните англиски композитори од епохата на средниот барок. Магичната вечер продолжи со гудачки ...
„Внатрешен глас на виолончелото и виолината“ е насловот на концертот што вечерва ќе се одржи на „Охридско лето“ во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Ќе настапи НУ Камерен оркестар на Битола, а солисти на вечерта се австрискиот виолончелист Емил Ровнер и македонскиот виолинист Симон Поповски. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на Евгениј Шчербаков од Канада. Виолончелистот, пејач и диригент ...
Најстарата сeстра на свети Василиј Вeлики и на свети Григoриј Ниски. Какo девојка ранo беше свршeна за нeкoe благoрoднo мoмчe. Нo, кoга нeјзиниoт свршeник умрe, Макрина сe завeти никoгаш да нe стапи вo брак вeлeјќи: „Нe e правo дeвoјката, свршeна за eднo мoмчe, да oтидe за друг; пo прирoдниoт закoн трeба да има eднo сoпружништвo какo штo e eднo раѓањeтo и eдна смртта“. Таа уштe гo oправдуваше тoа сo вeрата вo вoскрeсeниeтo, смeтајќи гo ...
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Либражд од Албанија, Мариглен Диша, на која беше разговарано за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете општини. На средбата посебен акцент беше ставен на реализацијата на заеднички проекти и можностите за заедничко аплицирање во рамки на претстојниот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021–2027. ...
Расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, е избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, Славе Ѓорѓо Димоски, член и проф. д-р Иван Џепароски, член, во својот извештај истакна: „Најдобриот расказ „Службен пат до Тирана“ восхитува, но и изненадува со антрополошко-етичкиот пристап, ретко присутен во најновата македонска литература, со ведрата емпатија кон ...
Охрид доби нова дестинација за возрасните пушачи кои сакаат да се информираат на јасен, непосреден и професионален начин. На улица „Климент Охридски“ број 54 е отворена нова специјализирана IQOS продавница, уредена како современ простор во кој корисничкото искуство е во фокусот – преку личен пристап, стручна поддршка и можност за практично запознавање со уредите за загревање тутун без негово согорување. Новиот простор е замислен како место ...
Пратеникот од Охрид, Сашо Донев, е избран за заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ за 5-та изборна единица. Донев информацијата ја објави преку својот профил на Фејсбук, каде упати благодарност до претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, до генералниот секретар Драган Ковачки, како и до членовите на Извршниот комитет, за укажаната доверба и изборот на новата функција. „Оваа доверба за мене претставува голема чест, но и уште ...
Голем пожар на границата меѓу Струга и Дебрца, густ чад видлив од Охридското Езеро Голем пожар беснее попладнево на подрачјето каде што се граничат општините Струга и Дебрца, а густ чад се издига високо над планинскиот предел и е јасно видлив дури и од површината на Охридското Езеро. Фотографии и видеа испратени до редакцијата од граѓани кои во моментот пловат по езерото покажуваат голем облак од чад што се шири над овој дел од регионот. ...
И благодариме на Царицата Мајка што и оваа година нè собра на ова благословено место на кое само пред неколку години ги осветивме темелите на овој свет храм – дом Божји и духовно огниште на нашето село. А денес, по нејзината неискажлива милост, повторно сме собрани, не само од Велестово, туку од сите краишта на нашата татковина, за заедно да го пречекаме нејзиниот сечесен и чудотворен образ – иконата на Пресвета Богородица ...
Словенечко-германскиот квартет саксофони „СИГНУМ“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. „СИГНУМ“ е сè освен обичен ансамбл – четворица извонредни саксофонисти кои се познаваат уште од студентските денови и кои постојано наоѓаат начин заеднички да откриваат. Станува збор за Михаил Кнот и Јакопо Тадеи – сопран саксофон, Алан Лужар – тенор саксофон и Едоардо Зоти ...
Со долги и стоечки овации беа испратени вчеравечер членовите на францускиот квартет „Хермес“ од фестивалот „Охридско лето“. Нивниот концерт се одржа во рамки на традиционалната Француска вечер на „Охридско лето“, поддржана од Амбасадата на Франција во РС Македонија и Францускиот Институт во Скопје. Младите но зрели во својата интерпретација уметници Омер Буше, Елисе Лиу, Лоу Јунг Хсин Чанг и Јан Левиноа донесоа исклучително деликатна и ...
Жителите на струшкото село Бороец се шокирани и вознемирени по вандалскиот чин што се случил на селските гробишта, каде биле искршени и оштетени повеќе гробови. Според првичните информации, непознати сторители со употреба на сила ги оштетиле надгробните споменици, предизвикувајќи голема материјална штета и револт кај мештаните, кои велат дека станува збор за невиден чин на непочитување кон починатите и нивните семејства. Жителите бараат ...
Во времето на Јулијан Отстапник, во тракискиот град Доростол, живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум Римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Но, не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања. ...
Дебарско-кичевската епархија ве поканува на молитвено учество по повод осветувањето на храмот „Свети Димитриј“ во с. Безово, Струга. На 01.08.2026 година (сабота), во денот кога Светата Црква го празнува споменот на преподобната Макрина и преподобниот Диј, во храмот „Свети Димитриј“ во с. Безово, Струга, со почеток во 08:45 часот, ќе започне чинот на осветување на храмот, под началство на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот ...
На улицата „Карпош Војвода“ во Охрид е уништено електрично сандаче, кое најверојатно е дел од електроенергетската инфраструктура што ги снабдува околните станбени објекти. Иако засега нема информации за прекин или проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетувањето е видливо, а делови од сандачето и околниот тротоар се расфрлани на местото. Се очекува надлежните служби да извршат увид, да ја утврдат причината за оштетувањето и да ...
На 30.07.2025 во 15:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од угостителски објект на плажа во туристички комплекс во близина на Охрид се слуша гласна музика која го нарушува јавниот ред и мир. Полициски службеници извршиле мерење на јачина на бучава со фонометар, при што било констатирано дека била надмината дозволената јачина. По целосно документирање на настанот, против правното и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава. ...