Уште петмина Палестинци, меѓу кои и три деца, починаа од глад во Газа во изминатите 24 часа, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство. Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, вкупниот број на смртни случаи од неухранетост во Газа достигна 387, меѓу кои и 138 деца, јави Ал Џезира. Глобалниот мониторинг за глад IPC го потврди гладот во северна Газа на 22 август и рече дека се шири низ целиот Појас ...

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата ...

Најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на УС Опен откако во финалето ја совлада Американката Аманда Анисимова. Таа беше подобра во два сета со 2:0 (6:3 и 7:6(3)) за да ја освои првата Грен слем титула во 2025 година или вкупно четврта во кариерата. За нејзината ривалка Анисимова ова беше второ Грен слем финале во 2025 година и повторно е поразена. На почетокот на мечот тенисерката од Белорусија Саналенка ...

Студентите во блокада на Универзитетот во Белград најавија за в понеделник протест под мотото – „Индексот е посилен од пендрекот“. „Се запира в понеделник. Се гледаме“, порачаа студентите. На социјалните мрежи, студентите објавија дека протестот почнува во 14 часот. Тие објавија и илустрација од планот на протестот – првата точка е зградата на Владата на Србија, потоа Палатата на правдата, зградата на Одделот за обезбедување одредени лица и ...

Утрово избувна пожар во зградата на Владата на Украина во центарот на Кијив. „Во Печерскиот реон зградата на кабинетот е во пламен“, се наведува во објава на Телеграм. Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, потврди дека станува збор за владина зграда во Печерскиот реон и дека на местото интервенираат противпожарни екипи. Главната владина зграда на Украина во Кијив е погодена за прв пат во војната за време на руските напади, вели украинскиот ...

Во касарната „Илинден“ утре ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември – Денот на независноста. Во 18 часот ќе се изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија, а во 19 часот почесната артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на ...

Полициски службеници денеска лишиле од слобода две лица од Скопје, кои биле спречени при обид да извршат разбојништво во маркет во Чаир. Денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, на територија на Чаир и се обиделе да извршат разбојништво. Во 04:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека три машки лица насилно влегуваат во маркетот, по што ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата на Владимир Путин за билатерална средба во Москва објави Укринформ, повикувајќи се на интервју што Зеленски го даде за американскиот телевизиски канал Еј-Би-Си Њуз. „Тој може да дојде во Кијив. Не можам да одам во Москва кога мојата земја е под ракетни напади, под напади секој ден. Не можам да одам во главниот град на овој терорист“, рече Зеленски. Според него, предлогот на Путин ...

Академскиот пленум го повика Александар Вучиќ веднаш да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија поради предизвикување судири и бруталноста на полицијата. Тие изјавија дека синоќа во Нови Сад е спроведен „инсцениран конфликт“, по што полицијата употребила невидена брутална сила против студентите и граѓаните. „Режисер на овој настан е, како и секогаш досега, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, што го докажа со ...

Бујар Османи: Колку повеќе ние правиме реформи кон ЕУ, толку повеќе ги расипуваме плановите на српскиот свет. Затоа српскиот свет е присутен со двете нозе во Северна Македонија: прво со именување на заменик-премиерот за Охридскиот договор, Стоилковиќ, потоа со отворање на српска банка, потоа со контролирање на телекомуникациите, потоа со инсталација во бизнис секторот. Мислите ли дека блокадата кон ЕУ е случајна? Не, тоа е план на српскиот свет ...

Српскиот премиер денеска изјави дека државата може да напредува само со дијалог и во мир, по синоќешните немири во Нови Сад. „Србија може да напредува само преку дијалог, разговори и во мир. Ова е единствениот начин да се смират тензиите во општеството и да се изгради атмосфера на доверба и стабилност“, рече Мацут, во врска со судирите на полицијата со демонстранти пред Филозофскиот факултет во Нови Сад. Тој нагласи дека „денес, повеќе од кога ...

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала ноќеска е регистриран во земјава. Епицентарот на земјотресот потекнува од валандонското епицентрално подрачје, 116 километри југоисточно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија утринава информираше дека земјотресот е регистриран ноќеска во 02:13 часот со Рихтерова локална магнитуда 2,2. Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван ...

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши вечерва соопштија дека седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за денеска во 17:00 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи на 10 септември. Од собраниската прес-служба информираат и дека за истиот ден е предвидена и надзорна посета во ...

ЈСП Скопје соопшти дека по повод државниот празник 8 Септември – Денот на независноста, ќе работи по неделен возен ред. Во недела (7.2025 година), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар, додека во понеделник (8.09.2025 година), дежурна ќе биде билетарницата и центарот за персонализација на Транспортен центар. Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, во интервју за официјалниот медиумски канал на неговата партија Христијанско-демократска унија, изрази загриженост дека Европа не ја исполнува својата улога на светската сцена и не ги штити соодветно своите интереси. Тој како пример ја посочи војната во Украина Во моментов, не сме во можност да извршиме ефикасен притисок врз (рускиот претседател Владимир) Путин да ја запре оваа војна. Зависни сме од ...

Најмалку осум странски државјани се меѓу загинатите при излетувањето од шините на фуникуларот „Глорија“ пред два дена во Лисабон, соопштија португалските власти. Меѓу жртвите се двајца Канаѓани, двајца Јужнокорејци, еден Американец, еден Швајцарец, еден Германец и еден Украинец. Според полицијата, националноста е утврдена врз основа на лични документи, комуникации и контакти со блиски лица. Португалската обвинителска служба претходно информираше ...

Денеска се навршуваат 16 години од трагедијата на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија. Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, како последица на механички дефект, претовареност и паника, се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД ги предупредиле другите земји дека признавањето на палестинска држава ќе предизвика повеќе проблеми. „Им кажавме на сите овие земји, им кажавме на сите, ако се впуштите во оваа приказна за признавање, сè е лажно, дури не е ни реално. Ако го направите тоа, ќе создадете проблеми“, рече Рубио од Кито, каде што се сретна со еквадорскиот претседател ...

Неколку дена по разорниот земјотрес во источен Авганистан, бројот на жртви продолжува да расте, при што властите на талибанците и авганистанската Црвена полумесечина соопштија дека досега загинале околу 2.200 лица, а над 3.600 се повредени. Акциите за спасување сè уште траат, но многу од погодените области се тешко достапни, што ја отежнува итната помош и извлекувањето на жртвите, соопштуваат хуманитарните организации. Светската здравствена ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека територијални отстапки на Украина само ќе доведат до тоа рускиот претседател Владимир Путин да ги искористи освоените територии како отскочна даска за нови офанзиви. Некои медиуми тврдат дека ако украинските војници се повлечат од источните региони на нашата земја, мирот би се вратил. Тоа не е вистина. Путин изврши инвазија на Крим за да го искористи како отскочна даска и да го ...

Крајбрежната служба на Грција спровела спасувачка акција во морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики по пријава за исчезната 63-годишна капачка, македонска државјанка, која била пронајдена на копно и во добра здравствена состојба. Како што информираа од Крајбрежната служба на Грција, во попладневните часови вчера, крајбрежните власти на Солун и Неа Муданија биле известени од Единствениот центар за координација на истрага и спасување на ...

Бројот на загинатите при вчерашниот инцидент со фуникулар во Лисабон достигна 17, соопштија денеска службите за заштита и спасување. Двајца од повредените починале ноќеска во болница, изјави пред новинарите Мархарида Кастро Мартинш, раководителка на Службата за цивилна заштита на Лисабон. Со ова бројот на повредени изнесува 21 лице. Мартинш не ги откри имињата и националноста на загинатите, наведувајќи дека прво ќе бидат известени нивните ...

По утрешниот Самит на Коалицијата на подготвените, што ќе се одржи во Париз, учесниците телефонски ќе разговараат со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Елисејската палата. Самитот е закажан за утре во 10 часот и 30 минути, а во Париз, покрај францускиот претседател Емануел Макрон ќе бидат и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Додека ...

Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва е неприфатлив, соопшти денес украинската влада. Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека најмалку седум земји, вклучувајќи ги Австрија, Ватикан, Швајцарија и три земји од Заливот, се подготвени да бидат домаќини на средба меѓу Зеленски и Путин, пренесува Ројтерс. Ова се сериозни предлози и претседателот ...

По јулските проекции, филмската ревија во Кинотека во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) продолжува денеска со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата кинематографија. На програмата утре се филмовите „Денес треба нешто да се случи“ (1978) ...

Кремљ денеска соопшти дека треба да се игнорираат ставовите на германскиот канцелар за мировните преговори за Украина , откако Фридрих Мерц рече дека Владимир Путин е „можеби најлошиот воен злосторник на нашето време“. Мерц, во интервју што вчера беше емитувано, нагласи дека за таквите луѓе „нема простор за попустливост“. Русија ги отфрла сите обвинувања дека нејзините сили извршиле воени злосторства во Украина или дека Путин издал наредби што ...

Израелската армија денеска влезе во густо населената населба Шеик Радван, во градот Газа, а војниците и тенковите сега се на само неколку километри од центарот на градот, и покрај меѓународните повици за запирање на офанзивата, јавуваат британските медиуми. Жителите на градот Газа изјавија дека армијата уништила домови и шаторски кампови во кои биле сместени раселени Палестинци за време на речиси двегодишната војна, додека здравствените власти ...

Израелски дронови исфрлиле четири гранати во близина на мировници на Обединетите нации, додека тие расчистувале блокади на патиштата што го попречувале пристапот до нивна позиција во јужен Либан, соопштија Времените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ). „Ова е еден од најсериозните напади врз персоналот и имотот на УНИФИЛ од постигнувањето на договорот за прекин на огнот во ноември минатата година,“ се наведува во соопштението. Една граната паднала на ...

Бранко Тричковски: Најновте податоци на Евробарометар покажуваат дека 48 отсто од граѓаните на Европската унија го поддржуваат членството на Северна Македонија во Унијата, додека 40 отсто се против. Тоа значи дека со оваа темпо на освињување на надворешната и внатрешнага политика којзнае кога ќе стигнеме макар до над педесет отсто од граѓаните на ЕУ да бидат против влезот на РСМ. Мицко и комедијантите од таканаречената влада направија многу, но ...

По јулските проекции, филмската ревија во Кинотека во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) продолжува денеска со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата кинематографија. На програмата утре се филмовите „Денес треба нешто да се случи“ (1978) ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1020
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
1.03
38%
1022
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
52%
1021
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
28%
1021
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
4.07
37%
1021
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.89
61%
1021
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
87%
1018
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
48%
1019
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
45%
1020
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
45%
1021
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
59%
1020
Currency

61.6038

Currency

52.8584

Currency

70.8049

Currency

34.3723

Currency

37.6973

Currency

66.7175

Currency

7.41854

Currency

0.64939

Currency

0.35195

Currency

0.52596

Currency

1.26247

Currency

0.6008