Цените на нафтата паднаа под 90 долари за барел на меѓународните пазари, бидејќи трговците ги отфрлија најновите закани со санкции од САД против Иран, велејќи дека економскиот притисок претставува помал ризик за снабдувањето со нафта отколку ескалацијата на вооружените конфликти. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше околу пладне по цена од 89,46 долари, што е за 2,71 долари пониско од вчерашното затворање. На американскиот пазар, цената ...

Веќе еден месец предупредуваме што прави Владата на Мицкоски. Ненародната Влада не може да обезбеди чиста вода за граѓаните во над 50 населени места, увезува скапа струја, ама по секоја цена сака да ги жртвува и водата и струјата за профити, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во видеоизјава. „Во Пехчево на мала врата денеска се обидоа да протнат изградба на дата-центар. Под притисок на СДСМ, на советниците на СДСМ и на јавноста точката се ...

Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше успешен старт на Медитеранските игри во Таранто, совладувајќи го Албанецот Ариол Зенели во денешната четвртфинална борба во категоријата до 60 килограми. Рустемовски беше супериорен во рингот и обезбеди пласман во полуфиналето со технички нокаут во третата рунда. Противник на македонскиот боксер во полуфиналната борба за медал ќе биде Шпанецот Марин Ернандез. Полуфиналната борба е закажана за ...

Производителите на црвената пиперка „ајварка“ од Струмичко денеска со блокада и протест пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица го искажаа своето незадоволство од непочитувањето на откупните цени, кои беа договорени на 12 овој месец меѓу земјоделците и откупувачите со посредство на ресорниот министер Борче Серафимовски. На протестот на земјоделците присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и ...

Утре, среда, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Поради посетата, од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. ,,СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските ...

Доналд Трамп тврди дека размислува за преименување на езерото Онтарио во „Езеро Америка“, додека трговската војна со Канада ескалира. Езерото Онтарио се наоѓа на границата меѓу двете земји, со државата Њујорк од едната страна и Торонто, главниот град на канадската покраина Онтарио, од другата страна. „Соединетите Американски Држави сериозно размислуваат за промена на името на езерото Онтарио во Езеро Америка, бидејќи не очекуваме повеќе да ...

Силна бура со град предизвика хаос во делови од Шпанија. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат порои вода како се движат низ градските улици, со силни ветрови и големи парчиња мраз кои удираат сè на својот пат. Најлошо беше во градот Тарагона во источна Шпанија. Дел од покривот на трговски центар се урна за време на бурата, а снимките покажуваат и застрашувачка сцена со мртви птици на земја. Лицето кое го снимило видеото напишало ...

Авион C-17A Globemaster III TRANSPORT на американските воздухопловни сили слета утрово на московскиот аеродром „Внуково“. Авионот полета од Рига, Латвија, а американските воени и владини претставници не ја објавија причината за летот, пишува Дифенс блог. Според услугата Flightradar24, авионот со повикувачки знак REACH4555 и регистрација 07-7181 полета од Рига околу 8,50 часот по московско време. Тој слета во Русија малку по 10 часот. ...

Тригодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во несреќа во лифт во зграда во Радишани, откако според пријавата од мајката, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила. Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека Е.З.(30) од Скопје вчера во 20:00 часот во СВР Скопје пријавила дека на 22-ри месецов околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, ...

Вештачката интелигенција и дата центрите се новата нафта во светот и Македонија не смее да го испушти тој историски момент, кој ќе и овозможи долгорочен економски раст, порача премиерот Христијан Мицкоски. Тој, истовремено, упати остри критики кон одредени структури во општеството кои според него свесно го кочат развојот на земјата. Премиерот Мицкоски посочи дека сите проекти мора да се реализираат со целосно почитување на законските прописи ...

Нашата цел е гасификацијата да не остане само инфраструктурен проект, туку да создадеме услови природниот гас да стане реално достапен за што поголем број општини, институции и граѓани, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на работната средба со новиот Управен и Надзорен одбор на НОМАГАС АД Скопје. За ова, како што напомена, е потребна координација меѓу државата, општините и НОМАГАС, но ...

Европската Унија во второто тримесечје од 2026 година забележа трговски дефицит од 21,8 милијарди евра, што е прв минус по три години, покажаа податоците на Евростат објавени денеска. Според извештајот, Европската Унија од април до јуни од земјите надвор од Унијата увезла стока вредна 701,8 милијарди евра, додека извезла стока во вредност од 680 милијарди евра. За разлика од првиот квартал од 2026 година, кога трговскиот биланс беше во ...

Тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, повеќе од четири часа одговараше на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски – сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев, на денешното рочиште во судницата во Идризово при ...

Намалување на цените од 15 отсто на тетратки, ранци, молици, торби, или се она што им е потребно на учениците за почетокто на новата учебна година, може да се очекува во книжарниците од денеска, а намалувањето ќе трае до 30 септември. – Со почетокот на новата учебна година нашата цел е да им помогнеме на семејствата да ги намалат трошоците и да го заштитиме животниот стандард на граѓаните – рече портпаролката на Владата Марија Митева. ...

Џef Безос, основачот на Амазон, ја посети јахтата на Јан Коум, компјутерски програмер, милијардер и коосновач на популарната апликација за пораки WhatsApp, која е закотвена во близина на Мљет. Безос пристигна на јахтата доцна попладне, во придружба на американскиот медиумски магнат и милијардер Бери Дилер. Јан Коум слета на неговата јахта со хеликоптер истиот ден. Тие биле во Хрватска и претходно Безос не е странец на хрватскиот брег. Пред ...

Падот на просечната исплатена плата во јуни веројатно ќе ѝ донесе на Владата заштеди за парите кои ќе треба да ги обезбеди за законското усогласување на пензиите во септември, но и за месеците потоа. Колкаво ќе биде нивелирањето, засега не се знае, бидејќи се прават последните пресметки, според изјавата на премиерот Христијан Мицкоски денеска, иако повеќе портали веќе објавија дека процентуалното зголемување ќе биде 3 отсто. Ваква ...

Македонскиот фудбалски шампион Вардар има нов играч во своите редови. Станува збор за Сирики Дијабате. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има 23 години и настапува на позицијата централен дефанзивец. Дијабате е висок 192 сантиметри и ќе биде нова опција во одбранбената линија на црвено-црните. Претходно се дозна дека стоперот на Вардар, Дарко Велковски ги напушти „црвено-црните“ прифаќајќи ја понудата од Ал-Калдија од Бахреин. ...

Најмалку 35.000 луѓе повеќе починаа за време на четирите рекордни, последователни топлотни бранови во Европа ова лето отколку што би се очекувало нормално, според нецелосни бројки од едвај половина од континентот. Само во три од поголемите земји на ЕУ – Германија, Франција и Шпанија – вишокот смртност веќе надмина 25.000, според привремените национални бројки, а експертите велат дека бројот на жртви значително ќе се зголеми откако ќе се ...

Пациентите со трансплантирани органи од утре (26 август) ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 мг и 360 мг без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. „Она што Фондот го најави како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано. Завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја даде потребната согласност, направени се измените во ...

Месечевата еклипса во Риби носи период на зголемени емоции, преиспитување и промени, а секој хороскопски знак може да го доживее различно. Месечева еклипса во Риби Во петок, 28 август, можеме да очекуваме делумно затемнување на Месечината во Риби. Тоа е многу изразен небесен настан за време на кој сенката на Земјата ќе покрие голем дел од Месечината. Во астролошка смисла, затемнувањето во Риби е поврзано со емоции, интуиција, завршетоци и ...

Учениците ќе имаат учебници, тие се дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата, соопшти денеска на прес-конференција министерката за образование Весна Јаневска, но затоа пак, објави дека годинава има 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно. Министерката обелодени дека во учебната 2026/2027 се запишани околу 14.500 првачиња, но тоа не е дефинитивниот број затоа што до крајот на септември трае запишувањето на првачиња ...

Опозициската СДСМ денеска излезе со обвинувања дека премиерот Христијан Мицкоски подготвува сценарио за предвремени парламентарни избори и вештачко предизвикување на меѓуетнички тензии, кои според партијата се координирани со српските и руските служби. На денешната прес-конференција, секретарот за меѓународна соработка и член на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски, истакна дека нивна должност е да ги предупредат граѓаните за развојот на настаните во ...

Eвгенија Зафировска има модна колекција насловена „Длабочината и Каменот“ (The Deep & The Stone) – вистинска ода на луксузот, инспирирана од контрастот помеѓу мистериозните морски длабочини и опуштената префинетост на брегот. Својата инспиративна премиера колекцијата ја доживее во раскошниот амбиент во Сутиван на Брач, каде што синилото на морските длабочини безвременски се прекршува преку белината на камениот медитерански брег. ...

По малку неочекувано Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во градот. На денешната седница на Советот сите девет советници гласаа против. Пет советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 3 од СДСМ и коалицијата и 1 советник од Движење ЗНАМ, едногласно ја отфрлија иницијативата да има дата-центар во Пехчево. Имаше бурни реакции во јавноста во изминатите недели околу најавениот проект и начинот на кој се водела ...

Шарлот Казираги, 40, ужива во особено незаборавна година, исполнета со големи пресвртници и значајни моменти. Доживотна љубителка на литературата, средното дете на принцезата Каролина од Монако ја објави својата прва самостојна книга во јануари, La fêlure (Пукнатината), еден од нејзините најамбициозни и лични проекти досега. „Треба да се гледа како патување, серија варијации на една тема“, рече нејзиниот издавач пред нејзиното објавување, ...

За првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, соопштија од Министерството. Спроведувањето на испитот и сертификацијата на внатрешните ревизори ќе значат директно зајакнување на капацитетите на единиците за внатрешна ревизија кај субјектите од јавниот сектор. Истовремено, ова претставува уште една конкретна потврда на заложбите ...

Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web of Science, ...

Накитот на Селин Дион е титански. 58-годишната поп-икона го покрива септемвриското издание на Харперс Базар во впечатлив ѓердан од Булгари, чиј централен дел е 49-каратен танзанит во длабока, заситена сина боја опкружен со повеќе од 4 карати дијаманти. Снимањето го означува нејзиното очекувано враќање на сцената по шестгодишно отсуство, за време на кое се бореше со ужасните симптоми на синдром на вкочанета личност; нејзиното петнеделно шоу ...

РЕЈКЈАВИК — Проевропските активисти имаат практична Баба Рога за да ги придобијат исландските гласачи пред критичниот референдум во сабота: американскиот претседател Доналд Трамп. Заканите на Трамп за анексија на Гренланд – најблискиот сосед на Исланд – додадоа силна геополитичка димензија на референдумот за продолжување на преговорите за членство со ЕУ, кои инаку можеби ќе се фокусираа на долгогодишните недоразбирања со Брисел, како што се ...

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека кризата во Заливот ќе потрае, а со тоа и состојбата на пазарот на нафтени деривати, чија цена изминатите неколку недели е повторно во пораст, а согласно одлуката на РКЕ од понеделникот дизелот чини 101,5 денари за литар, а бензинот 95 денари за литар, што е нивна највисока цена уште од октомври, односно ноември 2022 година. Мицкоски, сепак, денеска не кажа конкретно дали Валдата планира да ја намали ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42