Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека кризата во Заливот ќе потрае, а со тоа и состојбата на пазарот на нафтени деривати, чија цена изминатите неколку недели е повторно во пораст, а согласно одлуката на РКЕ од понеделникот дизелот чини 101,5 денари за литар, а бензинот 95 денари за литар, што е нивна највисока цена уште од октомври, односно ноември 2022 година. Мицкоски, сепак, денеска не кажа конкретно дали Валдата планира да ја намали ...
Продолжува и денеска интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа Каршијак, при што на терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси. Во гаснењето се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и тимови на „Национални шуми“. Исто така, директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со надлежните служби и ...
Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и ...
Премиерот Христијан Мицкоски во скандалозното интервју за „Брајтбарт“ извести дека со одлука, за која никој не знае во државава, ја ставил Македонија на ракетниот „нишан“ на Иран. Во интервјут, во кое главно брише под со Македонија и со себе со нападното додворување на Трамп, Мицкоски соопшти дека една од причините зошто претседателот на САД треба да го покани во Белата Куќа или да се сретне со него на Генералното собрание на ОН во Њујорк е ...
Општина Центар е во завршна фаза со реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“, која до почетокот на новата учебна година ќе биде целосно обновена и подготвена за учениците. Во салата веќе се заменети светилките на плафонот, а старите фен-којлери се заменети со нови инвертер клима-уреди. Во тек се работите на електричната инсталација во гардеробите, стругањето и лакирањето на паркетот, замената на подот и вратите во ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик. Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека правното лице е ...
Од утре, 26 август, почнува пријавувањето за субвенционираниот студентски оброк, информира Министерството за образование и наука, кое го објави јавниот повик за остварување на ова право. На повикот можат да се пријават редовни студенти запишани на прв и втор циклус студии, како и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети. Услов е студентот да нема месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека би бил најсреќен доколку САД не им даваат иселенички визи на македонски граѓани. Тој ова го изјави во одговор на новинарско прашање при посетата на УХМР, при што рече дека политиката на Владата е да ги враќа иселениците во земјава. Новинарите, меѓу другото прашаа дали за време на неговиот престој во Њујорк, каде што ќе учествува на Генералното собрание на ОН, како премиер ќе оствари средби и со ...
Познатата британска манекенка Кејт Мос и хрватскиот актер Горан Богдан се лицата на новата кампања на Гучи наречена „Примавера“, во режија на Јохан Ренк. Краткиот филм е снимен во хотел во Загреб во Ланиште. Во него, Кејт Мос пее заедно со култната песна на Крис Исак „Wicked Game“, додека соба полна со странци се трансформира во подиум за танцување полн со парови. Краткиот филм беше објавен пред еден час. Хрватски актер во глобална кампања ...
Градоначалничката на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината – информира денеска општинската прес-служба. Со Меморандумот се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел ...
Општина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на ...
По првото рочиште за случајот против Артан Груби повторно се отвораат прашања за можните обиди постапката да заврши со договор со Обвинителството, реагираат од коалицијата ВРЕДИ. Од ВРЕДИ тврдат дека постоела можност Груби да биде убеден да признае вина во замена за поблага санкција, со што би ставил крај и на политичките амбиции за преземање раководна позиција во ДУИ. Според нивните информации, Али Ахмети проценил дека судскиот процес би ...
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Брајтбарт њуз“ изјави дека Македонија силно ја поддржува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да донесе конкретни резултати во областа на безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите. Мицкоски посочи дека македонската влада воспоставила контакти со тимот на Трамп уште за време на неговата изборна кампања во 2024 ...
Соединетите Американски Држави (САД) вчера официјално ја отстранија Сирија од својот список на држави спонзори на тероризмот. Сирискиот претседател Ахмед ал-Шараa силно ја поздрави одлуката. Во своето обраќање, ал-Шараa изрази длабока благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп, како и до сите пријателски земји за нивната поддршка. „Денес, Сирија отстранува темна дамка и затвора болно поглавје од своето минато со цел да се впушти ...
СТРУМИЦА – Струмичките земјоделеци за денеска во 11 часот најавија блокада на подрачната канцеларија на Министерерсвото за земјоделство незадоволни од откупната цена на пиперката „ајварка“, но од МВР добиле насоки дека ќе ги проверуваат и казнуваат нерегистрираните трактори и приколки. Оваа информација јавно ја сподели организаторот „Месно здружение на млади Муртино“ пишувајќи дека има новитет во однос на претходните блокади на крстосниците ...
Данскиот производител на играчки Лего забележа рекорден успех и скок од 21 процент во продажбата во првата половина од годината. Приходите на компанијата достигнаа 41,9 милијарди дански круни, или околу 6,54 милијарди долари, додека нето добивката се зголеми за дури 32 проценти, или на 8,6 милијарди круни (2,25 милијарди КМ). Овој раст е забележан благодарение на новите клиенти кои беа привлечени од сетови посветени на Светското првенство во ...
Британската влада побара и наложи „Тик-ток“ и другите социјални платформи да ги отстрануваат видеата што поттикнуваат опасно возење, откако во тешка сообраќајка во североисточна Англија загинаа седум лица. Министерот за одбрана Лук Полард порача дека платформите мора самите да реагираат, а владата е подготвена да ги принуди да го отстранат ваквиот материјал преку Законот за безбедност на интернет. Во несреќата загинаа полицајците Метју Блејдс ...
Прекинот на водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ќе започне во 9:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот. Денеска, поради уличен дефект ф-150 мм на ул.„Самоилова“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Самоилова“, ул. „Јоаким Крчовски“ и ул.„Банатска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. Прекинот на ...
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. На минатото рочиште градежните вештаци одговараа на вкрстени прашања од одбраната. Наодите во врска со материјалите ...
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека количините на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР и дека поради локалниот карактер на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на посетата на Израел, оствари средба со својот израелски колега, министерот за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени добрите билатерални односи и заедничката определба за нивно натамошно продлабочување. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, двајцата министри разговарале за можностите за унапредување на ...
Википедија на македонски јазик и здружението Викимедија МКД го организираат фотографскиот натпревар насловен „Вики ги сака спомениците 2026“. Се работи за натпревар за фотографирање градби (куќи, манастири, цркви, џамии, археолошки наоѓалишта, споменици, јавни и општествени градби, и останати места) кои се заведени како културно наследство на Македонија. Право на учество имаат сите што ќе регистрираат (бесплатна) корисничка сметка на ...
Дваесеткратниот шампион на Гренд слем, Швајцарецот Роџер Федерер, ги оцени шансите на Србинот Новак Ѓоковиќ да го освои Отвореното првенство на САД 2026. – Мислам дека секогаш кога Новак игра на турнир, без разлика дали е Гренд слем или било кој друг, тој има шанса. Имам огромна почит кон него. Видов што е способен, не само еднаш, туку многу пати. Тој го направил тоа насекаде и на највисоко ниво. Секогаш мислам дека сè додека е на турнирот, ...
Познатата филозофка, авторка и професорка по политичка теорија на Лондонската школа за економија, Леа Ипи (1979, Драч), вчера беше пречекана како ѕвезда во Скопје – прво со закажаните ексклузивни интервју и редиците за автограм, па гостување на поткастот „Гол ручек“ на домаќинот „Антолог“ и со централиот настан синоќа – доделувањето на наградата Букстар за 2026 година за книгата „Слобода“. Нејзиното гостување беше првиот официјален преднастан ...
Клаус-Михаел Кине, мнозински акционер на швајцарската логистичка компанија „Кине + Нагел“, почина во понеделник вечерта на 89-годишна возраст во Шинделеги, Швајцарија. Кине е роден во Хамбург и се преселил во Швајцарија со својот татко во 1960-тите. Според овогодишната листа на „Форбс“, неговото богатство се проценува на 41,9 милијарди долари, што го прави 47-ми најбогат човек во светот и втор најбогат Германец, веднаш зад Дитер Шварц. Преку ...
На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е ...
Торнадо помина низ француското село Помас на југозападот од земјата, при што беа повредени 41 лице и беа оштетени стотици куќи. Локалните власти соопштија дека 15 лица се однесени во болница, вклучувајќи и бремена жена која беше повредена откако делови од нејзината куќа се урнаа врз неа, објави АФП. Повеќе од 120 служби за итни случаи беа испратени на местото на настанот откако ветрови со брзина до 117 километри на час откорнаа покриви од ...
Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормускиот теснец, што е најмалку од 7 мај наваму, покажуваат прелиминарните податоци на компанијата за следење на поморскиот сообраќај „Кплер“ (Kpler). Станува збор за многу голем танкер за превоз на течен гас што вчера навлегол во Ормускиот теснец од Оманскиот Залив. Во неделата низ Ормус поминале шест товарни бродови од различни видови. Податоците може дополнително да бидат ажурирани, бидејќи дел од ...
Врховниот суд на САД денес ја поништи судската одлука со која се блокираше администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја спроведе неговата извршна наредба со која се ограничува употребата на гласање по пошта пред ноемвриските конгресни избори, на кои ќе се одлучи која партија ќе го контролира тој дом. Судиите го одобрија итно барање од Министерството за правда за привремено запирање на забраната издадена во јуни од окружната судијка на ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува укинување туристички и деловни визи за до 200 илјади странски државјани кои поднеле барање за азил во САД. Доколку биде спроведена, мерката би претставувала најголемо еднократно масовно укинување визи во историјата на САД. Стејт департментот во следните недели би требало да објави укинување на таканаречените Б1 и Б2 визи издадени во периодот од 2016 до 2026 година на лица ...