Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
БИТОЛА – Цената на пиперката „ајварка“ повторно падна на 25 денари за килограм, иако по протестите беше договорено таа да изнесува 30 денари. Оваа ситуација од терен ги револтира струмичките земјоделци, па организаторите на протестите „Месно здружение млади Муртино“ за утре најавија нов протест во 11 часот во Струмица пред зградата на МЗШВ. Тие го повикуваат министерот за земјоделие Борче Серафимовски да им даде „магичен совет“, како ...
Македонските превозници идниот понеделник, наз 31 овој месец два часа ќе ја блокираат крстосницата пред седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје како знак на револт поради сѐ уште нерешиот статус и ограничувањата при нивниот престој во земјите на Шенген зоната. Ваков протест ќе има и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, соопштија од асоцијацијата Макам-транс, најголемото здружување на работодавачи на превозни трговски ...
Собранието реагира на објавите во повеќе медиуми кои ја скандализираа јавноста, а според кои на пратениците и вработените во оваа институција им се плаќа приватно здравствено осигурување. -Ја информираме јавноста дека станува збор за неточно и манипулативно претставување на фактите. Собранието на Република Северна Македонија не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската ...
Со полициско возило, далеку од камерите пред главниот влез, поранешниот вицепремиер Артан Груби утрово беше донесен во Основниот кривичен суд во Скопје. Полициското возило влезе директно во гаражата на судот, од каде Груби беше спроведен во судницата во која започна постапката против него и уште седуммина обвинети. Судот планира постапката да ја води со забрзано темпо. Во предметот има обемен доказен материјал – вкупно 231 материјален и седум ...
Со прогласување на најуспешните риболовци, вчера заврши „Маврово Опен 2026“ Светскиот крапски куп. Овој натпревар во спортски риболов на крап кој се одржа викендов (од 20 до 23 август), беше во организација на Македонската риболовна федерација и со поддршка на локалнта самоуправа и ЈУНП „Маврово“. На натпреварот на Мавровското Езеро учествуваа 33 екипи од повеќе држави, а во текот на натпреварувањето беа изловени вкупно 495 парчиња крап, со ...
Либерално-демократска партија ја обвини Владата дека прави монопол во авиосообраќајот додека се фали дека обезбедува нови летови за Македонија, а реално ја сопира конкуренцијата. -Под превезот на фалењето на Владата и ВМРО-ДПМНЕ за „новите 28 авиодестинации“ се крие исклучително опасна состојба во македонскиот авиосообраќај. Наместо слободен пазар, еднакви можности и подобри услови за патување, македонското небо е доведено до класичен монопол ...
Социјалистичка партија на Македонија реагира на изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова која најави дека Софија ќе продолжи да се грижи за Бугарите во нашата држава. „Со најостро несогласување ја отфрламе изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека Македонија и Бугарија имаат „заедничка историја“ и дека Софија ќе продолжи да се „грижи“ за Бугарите во Македонија, наведува Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) во ...
Владата на ДПМНЕ повторно остава уште една категорија граѓани на цедило. До Левица стигнуваат дојави од лица со попреченост кои самостојно работат и веќе една година чекаат исплата на средствата што им се должат. Последната исплата била за јули 2025 година, исплатена дури во јануари 2026 година. Оттогаш нема нова исплата, иако луѓето продолжуваат да работат и редовно да ги подмируваат своите обврски. Додека за граѓаните обврските се тековни и ...
Судењето на вицепремиерот Артан Груби и уште седум лица обвинети за злоупотреби во случајот „Државна лотарија“почна во Кривичниот суд. Предметот ќе го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. За фолклорот околу судењето се задфолжени ВЛЕН кои најавуваат дека Груби ќе „пропее“. Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ...
НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ...
Септемвриската програма на Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува нејзината суштинска улога како простор во кој филмот не е само средство за гледање, туку и начин на паметење, преиспитување и откривање на различните лица на кинематографијата. Програмата обединува дела од македонската продукција, филмови од поширокиот балкански простор, класици на светската кинематографија, неми и класични филмови, како и посебни програмски целини ...
Главниот аеродром во Норвешка, „Осло Гардермоен“, беше затворен утрово откако контролорите на летање штрајкуваа, откажувајќи ги сите летови најмалку пет часа. Аеродромот соопшти дека се откажани 75 полетувања и 47 пристигнувања. Штрајкот го наруши и сообраќајот на Берген, Ставангер, Трондхајм и други аеродроми управувани од државната компанија „Авинор“. Првите 12 контролори на летање се отстранети од своите работни места поради спор околу ...
Синсинати – Францускиот тенисер Артур Филс го победи Американецот Франсис Тијафо во финалниот натпревар на турнирот во Синсинати со 6:3, 1:6 и 6:0. Мечот траеше 1 час и 28 минути. Дваесет и двегодишниот Филс (рангиран 21. во светот) сервираше 11 аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од осум брејк топки. Дваесет и осумгодишен Американец (23. на АТП ранг-листата) сервираше четири аса, направи четири двојни грешки и реализираше ...
Украина никогаш не учествувала во операција поврзана со саботажата на гасоводот „Северен поток 2“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски тоа го изјави во Киев на средбата на врвот на Украина и Северно-балтичката осумка, во која членуваат Финска, Шведска, Норвешка, Данска, Исланд, Литванија, Латвија и Естонија. „Украина никогаш официјално не учествувала во каква било операција поврзана со разнесувањето на „Северен поток ...
Кинеските власти покренаа истрага по извештаите дека формалдехидот се користи за зачувување на свежината на зелката наменета за човечка исхрана. Официјални лица во североисточната кинеска провинција Хебеи ја потврдија автентичноста на снимката на која се гледа како луѓето ја потопуваат зелката во раствор пред да ја натоварат во камиони за транспорт. Видеото за прв пат беше објавено минатата недела од еколошки блогер. Во Кина е строго ...
Копретседателката на ултрадесничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната Влада, ќе бара Германија да ја напушти еврозоната и Шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика. Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија „Зе-Де-Еф“ емитувано вчера. „На Германија и беше значително подобро пред воведувањето на ...
Кога луѓето замислуваат земја во кризa со дебелината, првата асоцијација најчесто е Америка: фаст-фуд синџири покрај автопати, џиновски порции, седечки начин на живот. Сепак, според најновата рангирачка табела на Светската федерација за дебелина (World Obesity Federation), објавена преку нејзината платформа Global Obesity Observatory, светскиот врв не го држи ниту една западна индустриска сила, туку мал остров во централниот Пацифик со само ...
Канадскиот премиер Марк Карни вети дека ќе возврати „долар за долар“ на американските царини од 50% што ќе стапат на сила во среда, откако двете страни не успеаја да постигнат трговски договор до полноќ синоќа, кога истече рокот поставен од американскиот претседател Доналд Трамп. Карни објасни дека САД се откажале од некои од своите претходни обврски во последен момент и поставиле нови барања во преговорите, што ја нарушило рамнотежата на ...
Една старогрчка поговорка гласи: продон псудос, преведено „таткото на големата лага“. Толкувањето означува кога ќе кажете јавно голема лага морате за тоа постојано да лажете. Тоа раѓа илјадници нови лаги кои дури и кога ќе се откријат во многу глави остануваат како вистини. Особено кога „таткото“ е политиката и кога политичарите и јавни личности тоа го соопштуваат сугестивно и примамливо како спектакуларно решение за тешкотиите со кои се ...
Норвешка ќе продолжи да експлоатира нафта и гас во Баренцовото Море, без оглед на фактот дека Европската Унија поддржува мораториум за арктички извори на енергија. Министерот за енергетика Терје Асланд, исто така, во едно интервју изјави дека Норвешка повеќе не се смета себеси за зелена батерија на Европа, објави Ројтерс. По руската инвазија на Украина во 2022 година, Норвешка стана најголем снабдувач на природен гас во Европа. Денес, таа ...
Македонското слово како мост меѓу културите беше една од темите на дискусијата во рамки на 59. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, што во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржува во Охрид. На Семинарот учествува и директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, Зоран Пејковски, кој се осврна на значењето на македонистиката и потребата од ...
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, треба да се сети дека е Европеец, нарекувајќи го планот на неговиот колега од ФИФА за продажба на удел во Светското првенство „полош од Суперлигата“. – Верувам дека овој план е уште полош од планот за Суперлигата. Многу важни клубови сакаа да создадат своја лига, што е погрешно и би го уништило фудбалот. Но, во овој случај, фудбалот буквално би бил ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во ...
Американската тенисерка Коко Гоф ја победи сонародничката Џесика Пегула во финалниот натпревар од турнирот во Синсинати, САД со 6:2 и 6:4. Мечот траеше 1 час и 14 минути. Дваесет и двегодишната Гоф (рангирана на 4-то место во светот) сервираше еден ас, направи една двојна грешка и реализираше пет од шест брејк топки. Нејзината 32-годишна противничка (рангирана на 3. место во светот) не сервираше ниту еден ас, направи една двојна грешка и ...
На филозофката, авторка и професорка Леа Ипи, која живее и работи во Велика Британија, денеска ќе и биде врачена наградата „BookStar“ за 2026 година, за најактуелна книга во контекст на годинашното издание на овој меѓународен книжевен фестивал. Нејзиното гостување ќе го означи првиот официјален преднастан на годинашното издание на „BookStar“, посветен на темата „FREE AT LeAST?“ или „Чуму слобода?“. Ипи доаѓа во Скопје како авторка на книгата ...
Сирија и Израел синоќа во Јордан одржале разговори со посредство на САД, со цел да се намалат тензиите по неодамнешните израелски напади врз сириска територија. Сириските државни медиуми, повикувајќи се на извор на Министерство за надворешни работи, соопштуваат дека разговорите биле насочени кон воспоставување практични механизми за запирање на израелските напади, апсења и целни операции, како и кон повторно започнување на преговорите за ...
Денеска се навршуваат точно 35 години од основањето на „Матица македонска“ – издавачката куќа чиј почеток е неразделно поврзан со еден од најзначајните мигови во современата македонска историја. „Матица македонска“ е основана на 24 август 1991 година. Само петнаесет дена подоцна, на 8 септември, граѓаните на Македонија на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Издавачката куќа создадена во предвечерјето на независноста, така ...
Поради интензивните дождови властите на Тајван наредија затворање на училиштата и канцеларии во јужниот дел на земјата, во исчекување на тајфунот што се очекува подоцна оваа недела да помине покрај северниот дел на островот. Обилните врнежи предизвикаа проблеми и во железничкиот сообраќај. Експресните возови ќе бидат запрени, додека сообраќајот на останатите возови ќе се одвива зависно временските услови. Во некои делови на Тајван упатен е ...
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да почне предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му ...
Најмалку 30 лица ноќеска загинаа во одрон на депонија во главниот град на Гвинеја, Конакри, кога како последица на обилните врнежи голема количина отпад се одронала и затрупала шатори и импровизирани објекти. Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ во општината Гбесија. Во одронот шест лица се тешко повредени, а уште 16 се здобиле со полесни повреди. Спасувачките екипи со багери и друга опрема го расчистуваат теренот. Според очевидци, ...