Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Во нападите на јеменските бунтовници Хути врз пристаништето Мока загинаа седум лица, меѓу кои четворица припадници на вооружените сили и тројца цивили, а уште 30 лица се ранети, соопшти јеменската армија. „ Четворица припадници на вооружените сили и тројца цивили беа убиени, а уште 30 лица се ранети“ – се наведува во соопштението на јеменската армија објавено утринава. Во соопштението се додава дека силите за противвоздушна одбрана ...
Ниското ниво на водата може да доведе до прекин на товарниот сообраќај на клучен дел од реката Рајна и да ја подели таа витална европска речна артерија на два дела, предупреди денеска Германската федерална асоцијација за речна пловидба. Јенс Шванен, извршниот директор на Асоцијацијата, за весникот „Рајнише пост“ изјави дека се очекува нивото на водата кај Кауб поради недостигот од врнежи да падне под едноцифрена вредност. Мерната станицата ...
Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците во Петровец и Ќојлија поради технички зафат на електродистрибутивната мрежа. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради изработка на кабелска спојница на извод од трафостаницата „Макдизел“, влез-излез во ново КРО. Без напојување во ...
Без вода денеска од 8 часот ќе останат дел од корисницитена улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“ во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Рајко Жинзифов“ број 32, а ќе трае се до отстранување на дефектот. Без вода денеска ...
Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе положи цвеќе во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Како што соопшти Генералштабот на Армијата, во рамки на чествувањето делегацијата ќе положи цвеќе на повеќе спомен-обележја посветени на загинатите бранители. Во 8 ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Лондон– Британскиот премиер Ендру Барнам следната недела ќе тргне на национална турнеја со цел да ја подобри врската на владата со британската јавност, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“. Се очекува премиерот да објави низа нови мерки што треба да им помогнат на граѓаните финансиски. Иако Даунинг стрит сè уште не објави официјален распоред, се очекува премиерот да посети области каде што лабуристите ја изгубија поддршката во текот ...
Елон Маск систематски ја прикажува Европа од 2024 година како континент кој се урива под товарот на криминалот, миграцијата и недостатокот на слобода на говорот. Во разговор со главниот уредник на Економист, Зани Минтон Бедос неодамна тврдеше дека има многу места во Европа каде што повеќе не е безбедно да се оди. Големината на насилството од страна на Маск Дебатата започна откако Маск на неговата платформа X го препорача филмот „Граѓанин ...
Пекинг – Тајфунот Делфин денеска ја погоди источна Кина, што предизвика откажување на повеќе од 1.000 летови, евакуација на милион луѓе и прогласување на највисоко ниво на опасност, објавија метеоролошките служби, пишува Евроњуз (Euronews). Средишниот дел на тајфунот попладнето, по локално време, се упати кон копното во близина на градот Јухуан, во источната кинеска покраина Џеџијанг, соопшти Националниот метеоролошки центар-НМЦ (NMC) на ...
Дамаск – По 18 месеци интензивни преговори Сирија и Русија постигнаа договор за меморандум за разбирање за иднината на руските бази во Тартус и Хмејмим, објави денеска сириското Министерство за надворешни работи, а објави државната агенција САНА. Министерството изјави дека сириската држава ќе го преземе управувањето со цивилните објекти, вклучувајќи го аеродромот Хмејмим и комерцијалното пристаниште во пристаништето Тартус, што ќе овозможи ...
Бирмингем – Во Бирмингем утре стартува 27. Европско првенство во атлетика на кое маратонецот Дарио Ивановски ќе биде единствен македонски натпреварувач. Маратонската трка на програмата е на 16 август со почеток во 8:10 часот по македонско време. На трката ќе настапат 64 маратонци, а Ивановски е рангиран на 36. место и обезбедена норма со одличните резултати. Ивановски, кој во февруари 2024 година во Севиља го постави државниот рекорд со време ...
Техеран – Иранската новинска агенција Мехр објави видео во кое, според неа, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се појави во јавноста за прв пат. Во кратко видео објавено од агенцијата Мехр на Телеграм, Моџтаба Хамнеи може да се види во профил како седи во соба опкружена со луѓе и разговара со нив, иако иранската агенција не кажа кога или каде е снимена сцената. Десната половина од лицето на Хамнеи не може да се види ...
Кочани добива ретко убава и позитивна вест од Гинеколошко-акушерското одделение на кочанската Општата болница. Во изминатите два дена, на одделението по природен пат се породиле седум мајки, при што на свет дошле четири машки и три женски бебиња. Од Општата болница велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следи, со што ќе има сè повеќе породувања во Кочани. -Ова е една позитивна вест. Во последните два дена ...
Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, осум лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои четири малолетници, четири лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со ...
Во време на војни, климатски промени и неконтролиран развој на вештачката интелигенција, хуманизмот и творечката природа се силата со која човекот може и мора да му се спротивстави на уништувањето, порача денеска во Охрид проф. д-р Кристоф Бенедиктер, добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година. Претседателот на Европската асоцијација на истражувачи и професори и еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и ...
Барби ѝ оддаде почит на покојната Витни Хјустон со своја кукла. Таа им се придружува на голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Дејвид Боуви и Дајана Рос, кои добија своја кукла како дел од колекцијата Барби со потписи. Куклата изгледа исто како Хјустон во музичкото видео за „I Wanna Dance With Somebody (Who Loves Me)“ – облечена во розов, тесен фустан со миди, шарени обетки и бели и сини потпетици, заедно со нејзините препознатливи шишки од ...
Припадници на полицијата и екипа од специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар трагаат по 71 годишен скојанец, кој синоќа, скокнал во водите на Преспанското Езеро, по веслата кои му паднале и не излегол од водата. Министерството за внатрешни работи појасни дека во СВР Битола вчера во 12:33 часот е пријавено дека на брегот на Преспанското Езеро во село Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото ...
Откако Мицкоски од Брисел го сподели промотивното видео по повод 35 години независност на Македонија, со реакција се јави СДСМ. „Христијан Мицкоски денеска објави видео по повод 35 години независност на Македонија. И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ. Во видеото е Киро Глигоров. Во видеото се најголемите државни успеси на Македонија. Во видеото само недостасува влезот во НАТО, како и почетокот на преговорите со ...
Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, виталните параметри му се добри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување. -Пациентот е во добра ...
Во изминатиот период на Клиниката за ТОАРИЛУЦ се примени поголем број пациенти повредени во сообраќајни незгоди, меѓу кои и околу петмина мотоциклисти со тешки повреди, а регистрирани се и случаи на колапс предизвикан од високите температури, информираше директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. – Имаме пациент со повреда на вратот кој успеавме да го спасиме и очекуваме неговата состојба да биде добра. Имавме и пациент кој учествувал во ...
Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук, додека е на осумдневен одмор во Белгија со семејството. „Силно светнал ден! 35 години независност“, напиша тој на Фејсбук. На 8 септември се одбележувааат 35 години од независноста на нашата земја, а одбележувањата започнаа на националниот празник Илинден. ...
Пула – Северина настапи пред распродадената Пулска Арена во саботата како дел од нејзината турнеја „Ја само пјевам“. Билетите за концертот беа распродадени еден месец однапред, а античкиот амфитеатар беше исполнет со публика која ги пееше нејзините најголеми хитови со пејачката уште од првите песни. Посебен дел од вечерта беше бројната музичка постава што ја придружува Северина на нејзината тековна турнеја. Покрај оркестарот, гудачките ...
Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини со Србија – Табановце и Пелинце за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а за излез половина час. На преминот Богородица на границата со Грција за влез и за излез од земјата се чека по повеќе од еден час, објави АМСМ на нивната веб страна. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на ...
На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, на автоатот Скопје-Велес спроти БП „Макпетрол“ во Општина Илинден каде гори ниска вегетација, во село Турново, Општина ...
Тејлое Свифт го отстрани аудио записот од видеото објавено на TikTok од страна на Тимот Трамп откако песната „August“ беше искористена без нејзина дозвола. Видеото остана без саундтрак. Саркастичниот опис на објавата вели дека пејачката би била „исклучително возбудена“ што ќе ја користи својата музика, заедно со хаштаговите #taylorswift, #maga и #august, објави UNILAD. Кратко по објавата, аудио записот беше отстранет и видеото сега се ...
Лос Анџелес– Шпанскиот трофеен фудбалер Серхи Роберто е нов играч на ЛА Галакси, објави синоќа клубот од Лос Анџелес. Роберто се пресели во МЛС лигашот од Лос Анџелес без обесштетување од Комо и потпиша договор до јуни 2028 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. „Серхи носи лидерски вештини, врвен технички квалитет, тактичка интелигенција и искуство во освојување трофеи што малку играчи го поседуваат. Тој беше ...
Вашингтон – Пентагон бара од американската одбранбена индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, особено муниција која во голема мерка е исцрпена од војната со Иран, покажува допис кој заменик-министерот за одбрана на САД, Стив Фајнберг го испратил до директорите на компаниите во одбранбената индустрија. Во дописот во кој увид имал „Вашингтон пост“, Фајнберг навел дека одбранбените компании немаат повеќе од 21 ден да ...
Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил „сеат алтеа“ по улицата ...
По период во кој разговорите беа обоени од емоции, анализа на минатото и повремени недоразбирања, Меркур денес, 9 август, влегува во Лав. Во астрологијата, Меркур претставува комуникација, начин на размислување и размена на информации, додека Лавот е поврзан со самодоверба, креативност и желба да се чуе сопствениот глас. Резултатот, според астролошките толкувања, треба да биде многу подиректен начин на комуникација. На луѓето ќе им биде ...
Сиднеј – Ербас А320 на „Џетстар“ и Боинг 777 на „Катар ервејс“ за малку избегнаа судир на пистата на аеродромот во Сиднеј во неделата, соопшти Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB), кое започна истрага за инцидентот. Авионот на „Џетстар“ се упатувал кон пистата за лет до Квинсленд кога екипажот видел авион на „Катар ервејс“ како го влече камион за влечење многу блиску до нивната писта, соопшти ATSB. „Двата авиона нагло ...