Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Општина Гази Баба обезбеди прочистувачи на воздух за сите детски градинки на својата територија, со цел подобрување на условите за престој на децата. Градоначалникот Бобан Стефковски посочува дека здравјето и безбедноста на најмладите се меѓу приоритетите на општината. Од Општината велат дека со поставувањето на прочистувачите се создава поздрава и побезбедна средина за децата, кои голем дел од денот го поминуваат во градинките. ...
Спектакуларно откритие се појави од длабочините на Сицилија. Италијанските полициски нуркачи пронајдоа остатоци од римски брод стар повеќе од 2.000 години на длабочина од 46 метри, а она што го пронајдоа на морското дно ги воодушеви археолозите Италијанските полициски нуркачи открија остатоци од брод стар повеќе од 2.000 години покрај брегот на Сицилија, и беа особено изненадени од исклучително добро зачуваниот товар. Бродот превезувал ...
Земјотрес со магнитуда од 6,6 степени ја погоди Колумбија во понеделник наутро, а силни потреси се почувствуваа во главниот град Богота и до границата со Венецуела, објави Ројтерс. Епицентарот беше во покраината Чоко, додека властите ја проценуваат штетата. Силен земјотрес со магнитуда од 6,6 степени ја погоди Колумбија во понеделник наутро, а потресите се почувствуваа низ голема површина од земјата. #Earthquake (#sismo) possibly felt 6 sec ...
Џуно – Екипажот на луксузната јахта на извршниот директор на „Мета платформс“, Марк Закерберг, одби да му помогне на заглавен брод во Алјаска, објавија денес американските медиуми. Огромниот брод на Закерберг, долг 117 метри, „Ланчпад“, не одговори на повиците за помош од бродот „Аласка Бикон“, долг 6,5 метри, кој остана без гориво за време на патувањето помеѓу Питерсбург и Џуно, Алјаска. Наместо тоа, малиот крстосувач „Вајлдернес Легаси“ му ...
Анкета на израелскиот јавен радиодифузер Кан за емиграцијата од Израел покажа дека една третина од испитаниците познаваат некого кој ја напуштил земјата, додека 12 проценти рекле дека исходот од следните избори би можел да одреди дали ќе останат во Израел или ќе заминат. Прашањето за емиграцијата од Израел и загриженоста поради растечкиот број Израелци кои одлучуваат да ја напуштат земјата, се очекува да биде клучно прашање на претстојните ...
Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава за медиумите говорејќи за јавно – здравствените препораки за заштита од топлото време. – Меѓу општите јавно-здравствени препораки што треба секој да ги почитува, ...
Во периодот јануари – јуни 2026 година домашната градежна оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 12.9 милиони денари што претставува намалување за 57 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 12 875 илјади денари или 76,5 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година. Во периодот ...
Метеоаларм за високи температури од Управата за хидромоетеоролошки работи има и за денеска и за утре. Додека целата територија на државата денеска е во жолта алертна фаза, за утре повторно, како во викендот, се прогнозира портокалова фаза. Утре и во среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ...
Австрија се соочува со историска катастрофална суша која веќе предизвика штета во земјоделството од една милијарда евра (1,95 милијарди КМ), процени Курт Вајнбергер, раководител на осигурителната компанија Hagelversicherung. Тој истакна дека рекордниот недостаток на врнежи, екстремните топлотни бранови и нерегистрираните високи температури предизвикаа штета каква што никогаш не е регистрирана во оваа земја, пишува весникот Der Standard. За ...
Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари – МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари. Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак постои ризик од појава на ...
Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора очекуваат Европската комисија наскоро да закаже состанок за проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната, додека нови разговори на претставници на превозници од четирите земји се закажани за вторник (11 август) во Скопјe. Во интервју за Бизнис.рс, претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ, наведува дека ...
Еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, сопственик на Амазон, наскоро треба да стане еден од сопствениците на Ливерпул, англискиот фудбалски гигант, објави денес Скај Спортс. Гласините за ова започнаа пред неколку недели, но денес Скај Спортс носи ексклузивни информации дека договорот за купување на третина од акциите на сопственикот во Ливерпул е близу до реализација. BREAKING: A consortium including Amazon founder Jeff Bezos and ...
СТРУМИЦА- Струмица и денеска е блокирана од големиот протест на земјоделците производители на пиперката – куртовска капија, кои дојдоа со нивните деца. Голем е револтот кај производителите од ниската откупна цена на пиперката за само 25 денари од килограм. И денеска земјоделци од Струмичко со земјоделска механизација се собраа во центарот на градот да го искажат незадоволството од откупните цени кои не ги покриваат ни производствените ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов преку коментари на неговата колумна објавена на порталот „Независен.мк“ и на неговата официјална Фејсбук-страница. ЗНМ упати ургенција до МВР, со барање случајот да биде детално проверен. Особено загрижува фактот што дел од коментарите ...
Од полноќ, нафтените деривати ќе се продаваат значително поевтино на бензинските пумпи во државата, дизелот за осум денари за литар, а бензините за четири денари за литар. според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Како што се посочува во денешното соопштение, РКЕ донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во ...
Мирисот на кафе е првото нешто што повеќето луѓе сакаат да го направат кога ќе ги отворат очите. Според неодамнешното истражување на Националното здружение за кафе, 62 проценти од Американците пијат некаков вид кафе секој ден. И додека самото кафе не е нездраво, диететичарката Лиза Московиц објаснува дека постојат некои навики за пиење кафе кои не се добри за вашето здравје. Кафе наместо појадок Многу луѓе веруваат дека појадокот е најважниот ...
Првото издание на „Џез-вечери“, нова програма во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16 август, во организација на Радио „Џез ФМ“ и на НУ „Охридско лето“. Програмата ќе се реализира во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија“ и на сцената Долни Сарај, а предвидени се шест концерти со настапи на музичари од САД, Германија, Грција, Гана, Холандија, Велика Британија и од Македонија. Меѓу изведувачите се: Крсте ...
Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни ...
Директорот и Управниот одбор на Агенцијата за катастар ќе може да останат без функција поради ревизорски наоди и финансиски пропусти, ако есенва помине Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за катастар и недвижности, пишува „Слободен печат“. Со новите предложени измени и дополнувања на Законот за катастар и недвижности се менуваат правилата за избор и разрешување на раководството на Катастар. Нови правила се предлагаат за ...
Град Скопје соопшти дека од денеска Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река во скопската населба Драчево. Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, па од Град Скопје замолуваат за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред. – Реконструкцијата на мостот е значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и ...
ДУИ преку соопштение реагира дека функцијата прв албански заменик-премиер во актуелната Влада, според нив, е сведена на формална улога, без реална политичка и институционална моќ.Од партијата наведуваат дека од јуни 2024 година до денес ниту еден од лицата што ја извршувале оваа функција не претседавал со седница на Владата.Според ДУИ, Изет Меџити, Беким Сали и Арбен Фетаи имаат по нула претседавани владини седници, односно вкупниот број е ...
Притисокот врз ФИФА и претседателот Џани Инфантино дополнително се засили. Европската фудбалска организација (УЕФА) доби поддршка од Азиските (АФЦ) и Северно-американските (КОНКАКАФ) конфедерации во нивниот спор со светскиот фудбалски лидер. Трите организации објавија заедничка изјава во која ја критикуваат работата на Инфантино. Овој потег доаѓа откако УЕФА минатата недела потврди дека продолжува со бојкотот на натпреварувањата на ФИФА. Таа ...
Левица реагира на објавениот оглас на Министерството за култура и туризам, со кој среде летната сезона се бара вработување на двајца посебни советници во Кабинетот на министерот – еден советник за правни работи и еден советник за култура. -Министерството, кое и без тоа располага со 17 државни советници, највисокиот ранг во администрацијата, сега има потреба и од дополнителни кабинетски советници со основна нето-плата од 60.000 денари. За ...
СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска , директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Кирил Лазов и за Шпенди Амети, директор на Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) во Тетово. Причина за кривичната пријава е загадувањето на водата во Гостивар. „Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси ...
Гренландските власти упатија остро предупредување до американската нафтена компанија „Гренланд енерџи“, поврзана со претседателот на САД, Доналд Трамп, откако таа донела опрема за истражувачко дупчење на копно без потребните владини одобренија. Според пишувањето на весникот „Телеграф“, Одделот за индустрија и минерали на Гренланд соопшти дека машините минатиот месец биле истоварени на источниот брег на островот, каде што е планирано ...
Естонската коалициска влада го загуби парламентарното мнозинство откако двајца од нејзините пратеници ја напуштија, објавија денеска локалните медиуми, наведувајќи дека владата сега е малцинска. Калев Стоическу, пратеник од партијата Естонија 200, вчера ја напушти својата партија, додека Мелис Кили денеска соопшти дека ја напуштил Реформистичката партија, објави естонскиот јавен радиодифузен сервис ERR. Ова ја остави владата на премиерката ...
Повлекувањето на „Рајанер“ од српскиот пазар и делумното намалување на операциите во Босна и Херцеговина во текот на претстојната зимска сезона, заедно со симболичното присуство во Црна Гора преку само една линија, ќе доведат до тоа нискобуџетниот превозник да го намали бројот на летови и капацитетот на седишта на пазарите на поранешна Југославија за 16 проценти во споредба со минатата зима. „Рајанер“ беше најголемата авиокомпанија во Босна и ...
За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите македонски бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација. Нивната љубов нека остане вечен пламен што сите ќе не обединува. Денес повеќе од кога било, наша обврска е да ја чуваме вистината за нивното ...
Распарчените тела на осум лица се пронајдени во масовна гробница, во јама покрај нелегален рудник во тешко пристапен регион во близина на градот Пукар, во еквадорската покраина Азуај, соопшти денеска еквадорската полиција. Според прелиминарните информации, жртвите се седум мажи и една жена, а нивните тела, кои беа пронајдени вчера, покажувале видливи знаци на насилство, објавува порталот „Комесарио“. Како што е објавено, најмалку четворица ...
Унгарија започна со рестартирање на една турбина во нуклеарната централа Пакш во понеделник откако нивото на водата во реката Дунав, која го лади објектот одговорен за производство на половина од електричната енергија во земјата, се зголеми. Нивото на водата во Дунав падна на рекордно ниско ниво во последните недели поради продолжениот топлотен бран и суша низ поголемиот дел од Европа, оставајќи ја централата да работи само со околу 10 ...