Најмалку 403 лица, вклучувајќи 341 странски државјанин, се водат како исчезнати по ненадејните поплави што ја погодија границата Непал-Тибет, соопшти туристичкиот одбор на земјата. Најмалку 95 лица загинаа. Во поројните поплави во Непал, селата и патиштата беа тешко оштетени, а сè беше покриено со дебел слој камења и кал. Властите повикаа спасувачи од Кина и Индија да помогнат. Министерот за надворешни работи на Непал рече дека прелиминарните ...

Изградбата на центри за податоци во државава повторно се најде на врвот на агендата на политичките партии откако вчера во Општина Пехчево советниците ја отфрлија иницијативата на нивна територија да почне постапката за изградба на ваков објект. Без оглед што против одлуката гласаа и советниците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, препукувањата во однос на дата центрите продолжија и денеска. Власта и опозицијата се на дијаметрално спротивставени ...

Мета, американска компанија што ги поседува Фејсбук и Инстаграм, се согласи да плати максимум 16,68 милијарди долари и да воведе значајни промени на своите платформи за да го заврши спорот со 29 американски држави, кои ја обвинија дека ги дизајнирала социјалните мрежи да создадат зависност кај децата. Спогодбата предвидува дека „Мета“ ќе воведе дневни ограничувања за користење на Фејсбук и Инстаграм за деца и ќе ја ограничи нивната употреба ...

Лондон – Британскиот принц Хари, неговата сопруга Меган Маркл и нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, се вратија во Велика Британија, објави Би-Би-Си на 26 август. Според британските јавни служби, семејството пристигнало во земјата со приватен лет од Калифорнија, каде што живееле во последните години. Се очекува Хари, Меган и нивните деца да престојуваат во приватен дом надвор од Лондон, во областа Котсволдс. Враќањето на ...

Брисел – Европската комисија ги објави официјалните датуми за почеток и крај на летното сметање на времето до 2031 година. Според важечките правила на Европска Унија, летното сметање на времето започнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври секоја година. Оваа година, зимското сметање на времето ќе почне на 25 октомври, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 ...

Амстердам – Лице во холандската покраина Утрехт почина во болница по заразување од вирусот западен нил – објави денеска холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС повикувајќи се на Националниот институт за јавно здравје и животна средина (РИВМ). Ова е прв регистриран смртен случај од овој вирус во Холандија по шест години. РИВМ годинава го детектира вирусот западен нил во покраините Утрехт, Северен Брабант и Јужна Холандија, а уште двајца ...

Во тек е пријавувањето за првата програма во рамки на платформата „Diamond Mall – Центар за економско зајакнување на жените“. Оваа иницијатива, која компанијата ја реализира по повод својот трет роденден, ќе им понуди на избраните учеснички сеопфатна поддршка во стекнувањето нови знаења и практични вештини, преку менторство и психолошка и правна помош, како и конкретни насоки за развој на нивните професионални и претприемачки идеи. ...

Во вториот квартал годинава вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 219 000 и е намален за 7.9 проценти во однос на вториот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Во градскиот превоз бројот на превезени патници во второто тримесечје годинава во однос на истиот период лани е намален за 11.9 проценти, во приградскиот за 9 проценти, во меѓународниот за 4,3 проценти, додека во меѓуградскиот ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски деновиве престојува во Израел во прва ненајавена посета. Освен што дестинацијата изнервира многумина, изненадија и најавите што ги даде таму, поточно главната – дека Македонија го прави зајакнувањето на стратешките односи со Израел приоритет на својата надворешна политика. Во интервју за „Џерусалем пост“, што со еден ден задоцнување беше пренесено кај нас, Муцунски соопшти дека има за цел „да ги ...

Поплавените подруми и шахти во Аеродром, Ново Лисиче и Чаир се високоризично подрачје од комарци преку целата година, покажува денеска промовираниот сајт на Министерството за здравство за состојбата со западнонилската треска, од која годинава регистрирани се 53 случаи, 21 се во болница, а починаа петмина. Сајтот е одлично изработен и содржи податоци за бројот на заразени, за потенцијалните легла и леглата на комарци, за спроведените ...

За време на Стогодишната војна, англиската војска на кралот Едвард III ја уништи француска сила под команда на кралот Филип VI во битката кај Креси во Нормандија. Битката, во која Англичаните ја почнаа раната употреба на смртоносниот долг лак, се смета за една од најодлучувачките во историјата. На 12 јули 1346 година, Едвард се истовари со инвазиска сила од околу 14.000 луѓе на брегот на Нормандија. Оттаму, англиската војска тргна кон ...

БЕРЛИН – За 11 дена, гласачите во Саксонија-Анхалт ќе излезат на гласање и за прв пат, партијата Алтернатива за Германија (АфД) би можела да се појави со доволна поддршка за да го предложи министерот-претседател на регионалната покраина. Неодамнешните анкети ја покажуваат националистичката, антиимиграциска партија со дури 43 отсто поддршка, што ја става далеку пред владејачката ЦДУ, која во анкетите има малку над 20 проценти. Гранката на ...

Откако беа објавени информациите за тоа како актуелната претседателка на Генералното собрание на Обединетите нации, Анален Бербок, ќе остане во САД и по завршувањето на нејзиниот мандат во ОН, познати се и деталите за платата на новата позиција. По завршувањето на мандатот на претседателот на Генералното собрание на ОН, поранешниот министер за надворешни работи на Германија оди на Универзитетот Колумбија. Таму нема да спроведува истражувања ...

Шефот на ЦИА, Џон Ретклиф, во вторникот оствари ненадејна посета на Москва, што е неговата прва јавно позната посета на руската престолнина, соопштија американските претставници. Посетата доаѓа во време кога САД се борат да ја прекинат руската инвазија на Украина и војната во Иран, иако точната причина за заминувањето не беше веднаш јасна. САД собрале разузнавачки информации што укажуваат на рани руски подготовки за можна воена мобилизација ...

Во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, при што рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата – истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на одбележувањето на Денот на рударите. Таа посочи дека во истата година приходите од концесиски надоместоци достигнале над 1,22 милијарда ...

Синоќа, под отворено небо на Rooftop Open Air Cinema, Синеплекс и Скопје Сити Мол им приредија на скопјани ретка можност повторно да го погледнат македонскиот филм „Џган“ на Вардан Тозија, кој годинава одбележува 10 години од светската премиера. Оваа потресна и бескомпромисна социјална драма за момче кое станува производ на средината во која расте — за насилството зад кое стојат отуѓеноста, занемарувањето, потребата за припадност, ...

Фондот за ПИОМ годишно издвојува околу 13,7 милијарди денари, односно повеќе од 220 милиони евра, за здравственото осигурување на пензионерите, открива директорот на Фондот, Никола Мемов, во интервјуто за Економија и бизнис. „Фондот на ПИОМ секој месец одвојува средства за здравственото осигурување на пензионерите. Оваа обврска, која се реализира согласно законското решение, претставува посебен товар за Фондот. Средствата што се издвојуваат и ...

Нова веб-страница http://www.healthalert.mk/, на која има податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности, промовира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Опфатени се податоци од Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, а во иднина ќе има податоци и од Агенцијата за храна и ветеринарство. – Со цел да обезбедиме ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција предупреди на сериозните ризици што изградбата на дата-центри кои владата на Мицкоски ги тука нетранспарентно и „под радарот“ може да ги предизвика врз водата, земјоделството и ценатата на струјата. Филипче посочи дека станува збор за центри кои за својата работа користат огромни количества вода, која дополнително се загрева, и праша кој ќе гарантира дека поради нивното ...

Македонската премиера на дебитантскиот документарец „Руини” на Елена Чемерска, за реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, монументално дело на татко ѝ Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ, на фестивалот МакеДокс помина со силен аплауз во преполниот Куршумли ан. Филмот е топла и искрена лична историја во која Чемерска го документира деветгодишниот макотрпен процес на реставрација на споменикот и сите бирократски пречки, ...

Канада во вторник објави одмазднички тарифи против Соединетите Американски Држави, кои се изедначуваат со тарифите од 50% што претседателот Доналд Трамп ги воведе за време на викендот по прекинот на трговските разговори. Новите тарифи на Отава опфаќаат повеќе од 700 американски производи и вредат околу 20 милијарди долари, што ја одразува големината на најновите увозни даноци на Трамп за канадско вино, цемент, стапови за хокеј и друго. ...

Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од три до шест или осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност – тврди одбраната за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на првообвинетиот, доктор Владимир Даниловски, на денешното сослушување во Основниот кривичен суд ...

Двајца грабнувачи од село Корешница, демиркаписко, добија по 6 и 4 години затвор за грабнување на жител на Неготино, пресуди вчера Основниот суд Кавадарци. По психијатриско вештачење, обвинението против првообвинетиот Б.М. претрпело мали измени бидејќи обвинетиот бил во состојба на битна намалена пресметливост поради трајна душевна болест – хронична психоза, параноја и патолошка љубомора. По пресудата на Б.М и на Ќ.С. им е продолжен ...

Триесет и третото издание на Охрид фест-Охридски трубадури почнува вечерва на сцената „Долни Сарај“ со Фолк вечерта, на која ќе бидат промовирани нови песни, во духот на староградска музика и охридскиот мелос. Интернационалната поп вечер ќе се одржи следниот ден, на 27 август. На Фолк вечерта ќе настапат 17 пејачи, меѓу кои Блага Петреска, Нино Величковски и Петар Нечовски. Водителка ќе биде Ирена Спировска. На Интернационалната вечер на 27 ...

Македонија законски ќе се заштити од странски инвестиции кои можат да бидат закана за националната безбедност, јавниот ред и стратешките интереси. Од денес во процедура во Собранието е Предлог на законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции кој на барање на САД и на ЕУ треба да воспостави систем преку кој ќе се контролира какви странски инвестиции влегуваат во земјата и дали тие се во судир со други стратешки интереси на ...

За три лица се чека потврда дали се заразени од вирусот западен нил, а шестмина се на интензивно лекување. На Клиниката за инфективни болести се лекуваат 21 лице, а кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилската треска – изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. – Во моментот имаме 53 пациенти што прележале, имаат или се сомнителни на западнонилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се ...

Левица тврди дека чекајќи донација место да купи вакцини, ВМРО-ДПМНЕ ризикува ниту една овца да не остане во државата. -Владата знае дека овчите и козјите сипаници се шират, дека цели стада се уништуваат и знае дека сточарите остануваат без егзистенција, но наместо веднаш да набави вакцини со буџетски средства, чека само најавена донација Турција и дополнителна помош од ЕУ. Нема прецизен датум ни кога вакцините воопшто ќе пристигнат. И ...

Вашингтон – Администрацијата на Доналд Трамп се заканува дека ќе го сруши Центарот Кенеди за прв пат доколку не се одобрат плановите за негова реновирање и додавање на неговото име, пишува NBC News. – Без овие напори, Центарот ќе продолжи да се влошува и ќе се претвори во небезбедна и запуштена зграда што ќе мора да се сруши, по што ќе се одлучи што ќе се гради на таа локација, како што е голем отворен амфитеатар со поглед на реката Потомак, ...

Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на Тринаесеттата биенална конференција на Комитетот на Ирвинг Фишер за статистика на централните банки (IFC), којашто се одржа во Базел, во организација на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Годинашното издание на Конференцијата беше под наслов „Пополнување на информациските празнини во централното банкарство: ефикасно искористување на податоците и иновативните алатки“. Како што соопшти денеска ...

Светската економија го издржува енергетскиот шок од војната со Иран подобро од очекуваното, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева. Во исто време, Георгиева изрази загриженост за влошувањето на фискалните услови во некои земји, за што индикации се зголемувањето на приносите од обврзниците и запирањето на процесот на намалување на инфлацијата. Шефицата на ММФ разговараше со новинарите во Вашингтон пред ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Злато

130856.75