Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во вечерните часови во ...
Со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“ во Скопје Сити Мол вечерва ќе се одбележува 10 години од светската премиера на еден од највпечатливите филмови во современата македонска кинематографија „Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија. Филмот за првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival). По проекцијата, како што најавуваат организаторите на настанот, ќе биде ...
Во Кина е во тек второто издание на Светските игри со хуманоиди. Натпреварот, кој започна во саботата, ќе трае пет дена и веќе вклучува робот кој трча побрзо од светскиот рекорд на Усеин Болт во спринт на 100 метри. На друго место на настанот во Пекинг, робот ја изведе иконската прослава „Siuuu“ на Кристијано Роналдо на фудбалскиот терен, а дроидите учествуваа во синхронизираниот марш на неговото отворање. Роботи, исто така, се натпреваруваа ...
Продажбата на електрични автомобили забрза во јули на повеќето европски пазари, поттикната од високите цени на горивото, владините субвенции и зголемената понуда на подостапни модели, покажаа податоците доставени до Ројтерс. Растот на интересот за електрични возила дополнително се забрза по почетокот на војната со Иран во февруари, што доведе до зголемување на цените на нафтените деривати. Меѓутоа, во автомобилската индустрија се поставува ...
Царините за увоз во САД на сите автомобили, камиони, автомобилски делови и челик од Канада ќе бидат зголемени на 50 отсто од 1 јануари 2027 година – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп по неуспехот на трговските преговори со Канада. – Произведувајте во САД и ЦАРИНИТЕ СЕ НУЛА. Канада повеќе нема да биде третирана како држава, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“. Според податоците на канадската Влада, САД во ...
Целосна забрана за мобилни телефони ќе стапи на сила во сите средни училишта од почетокот на новата учебна година, која започнува следната недела во Франција. Одлуката ја потврди денеска портпаролката на владата Мод Брежеон, која соопшти дека францускиот претседател Емануел Макрон одлучил да донесе закон со кој се воведува мерката, објави Euronews. „Уставниот совет ја потврди забраната за мобилни телефони во средните училишта. Претседателот ...
Без вода утре од 08.30 часот ќе бидат дел од улиците „Мирче Ацев“ и „Мирче Мацан“ во општина Центар, а од 9 часот улица „2“ и дел од ул.„Козле“ – висока зона во општина Карпош – најави Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје. Причина за прекинот во снабдувањето со вода е изведување водоводен приклучок на ул.„2“ бр.2 во Козле и отстранување дефект на приклучна цевка ф-2 на ул.„Мирче Ацев“ бб. Без вода утре од 08.30 часот ...
Борачите донесоа три медали за Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. Попладнево иако имавме двајца финалисти, сепак златото беше недостижно, па епилогот е две сребра и бронза. Во првата финална борба во категоријата до 74 килограми настапи Фати Вејсели. Тој за противник го имаше албанскиот натурализиран репрезентативец, Ислам Дудаев кој ја доби борбата со 0-4. Во втората борба во категоријата 86 килограми Ахмад Магомедов ја освои ...
Некои луѓе откриваат дека работите како да си доаѓаат на свое место токму кога мислат дека сè е изгубено. Според астрологијата, овие три знаци се особено среќни во последен момент, без разлика дали станува збор за бизнис, љубов или секојдневни ситуации. Стрелец Стрелците се познати по својот оптимизам и подготвеност да преземаат ризици, и токму овој став понекогаш ги води кон неочекувани можности. Дури и кога ситуацијата не изгледа ...
Брзината на пешачење долго време се сметаше за одраз на физичка подготвеност или нетрпеливост, но научниците сега ја гледаат како клучен индикатор за здравјето на мозокот и долговечноста. Група луѓе што истражувачите ги нарекоа „супер одачи“ привлекува внимание со години, а нова студија објавена во списанието Neurology нуди убедливи докази: луѓето во 80-тите години кои одат со брзина на просечна 50-годишна возраст се побавни и генерално имаат ...
Фудбалерите на Вардар ја прекинаа низата од два порази во ПМФЛ, совладувајќи го вечерва на домашен терен Силекс со 4-1 (1-1) во рамки на 4. прволигашко коло. Актуелниот шампион рано дојде во водство со голот на Данев во 3 минута, но кратовскиот прволигаш до крајот на полувремето го израмни резултатот со погодокот на Анѓелески (37 минута). Нововлезениот Маневски го врати водството на Вардар во 63 минута, а Пиреш во 69. и Спахиу во 88. минута ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира дека во одредени делови од земјата има појава на град, пороен дожд и засилен ветер. – Источно од Крушево има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Северно од Велес има појава на пороен дожд и можна појава на суградица – посочуваат од УХМР. – Се развива нестабилноста југозападно од Пробиштип, има појава на силен ветер, пороен дожд и град. Нестабилност има и ...
Општина Велес ги известува жителите на селата Иванковци и Кумарино дека согласно решение издадено од Агенција за храна и ветеринарство, се забранува водата за пиење од селски водоводи во селата Иванковци и Кумарино. На неколку локации во овие две велешки села е поставено предупредување „Водата не е за пиење“. Поради утврдена неправилност, водата не смее да се користи за пиење, сè до укинување на забраната од Агенцијата за храна и ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира дека во одредени делови од земјата има појава на град, пороен дожд и засилен ветер. – Источно од Крушево има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Северно од Велес има појава на пороен дожд и можна појава на суградица – посочуваат од УХМР. УХМР информира дека до крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови ...
Шестгодишно дете се здоби со тешки повреди во несреќа што вчераутро се случила на улицата „Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово. Како што информираат од СВР Тетово, во 09:50 часот од Ургентниот центар во Тетово било пријавено дека кај нив е донесено малолетно дете со сериозни повреди. Поради тешката здравствена состојба, детето било итно пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По извршените проверки, полицијата утврдила дека ...
Компанијата ТЕПКО (TEPCO – Tokyo Electric Power Company Holdings Inc.) денеска ја заврши третата година од испуштањето прочистена радиоактивна вода во морето од оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима, при што досега во 22 рунди се испуштени 172.700 тони, пренесоа јапонските медиуми. Количината складирана во резервоарите е намалена за 7,6 проценти на околу 1,24 милиони тони, а 17 од околу 1.000 резервоари за складирање се демонтирани ...
Цените на нафтата паднаа на 93 долари на меѓународните пазари по остварувањето профит што следеше по двонеделниот пораст на цените, додека трговците чекаа детали за новите американски санкции врз Иран што би можеле дополнително да го нарушат снабдувањето од Блискиот Исток. Барел во Лондон се тргуваше за 93,20 долари околу пладне, што е за 1,19 долари помалку од затворањето минатата недела. Во САД, суровата нафта падна за 1,47 долари на 85,59 ...
Киев – Европските лидери, меѓу кои и британскиот премиер Енди Бурнам, денеска се собраа во Киев за одбележување на 35-годишнината од независноста на Украина, додека Европската Унија и Велика Британија ветија нова воена помош за земјата во нејзината одбрана од Русија. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, беше меѓу лидерите кои отпатуваа за Киев, откако Брисел одобри транша од 6,1 милијарда евра (7,1 милијарди долари) наменети за ...
Средните училишта во Скопје се опремуваат со современи кабинети и лаборатории, со цел наставата по природните и математичките науки да се насочи кон практична работа, експерименти и интерактивно учење. Во тек е уредување на кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија, кои ќе добијат нова наставна опрема, дидактички помагала, интерактивна технологија и училиштен мебел приспособен на современите потреби. Со ...
Фудбалската топка со која аргентинската легенда Диего Армандо Марадона го постигна својот познат гол „Божјата рака“ на Светското првенство во 1986 година е продадена на аукција за 2,5 милиони фунти, јави денеска Би-Би-Си. Во 51. минута од четвртфиналниот натпревар одигран на 22 јуни 1986 година во Мексико Сити, Марадона ѝ донесе водство на Аргентина, постигнувајќи гол со рака, а само четири минути подоцна ја удвои предноста со фантастичен ...
Берлин – Екстремните горештини и повеќенеделната суша ја чинеа германската економија најмалку 36 милијарди евра, што е еквивалентно на 0,8 до 0,9 проценти од економскиот учинок на земјата, соопшти денеска еколошката организација „Гринпис“. Цифрата е пресметана со собирање на економските штети од пропаднатите земјоделски приноси, шумските пожари и здравствените трошоци, како и од загубите во продуктивноста и трошоците во образованието ...
Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочарување за уништената зимската маркација од проектот „Славков“ на патеката за планинарење Попова Шапка – Титов Врв. Дипломатот објави дека земјите од Вишеградската група – Австрија, Словачка и Чешка во иднина ќе се запрашаат дали вреди да се поддржуваат вакви проекти. Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска ...
Tелето од фотографијата што ја испрати директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али е од Калифорнија. Откако дел од новинарите му укажаа дека испратил фотографија која не е од Македонија, туку е од пожар во Калифорнија што се случил во 2020 година, директорот Али се извини. Според него, случката е вистинита иако фотографијата е погрешна. „ Се извинувам за настанатата забуна, сликата е само илустрација на текстот, кој е вистинска ...
Градоналаничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека Град Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва ќе спроведат редовна акција за дезинсекција. Третманот ќе ги опфати критичните подрачја, со цел навремена заштита на граѓаните и спречување на масовното размножување на комарците. Како што посочи градоначалничката, прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 часот, па сè до целосното опфаќање на ...
Вчеравечер, стручните екипи од Центарот за јавно здравје во соработка со Град Скопје и Општина Карпош спроведоа дополнително теренско прскање против комарци и ларви, во насока на ефикасно справување со западно – нилската треска. Ноќеска се изврши темелна дезинсекција на неколку критични точки низ општината, поточно на улица Ловќенска 4 во населбата Козле и на ул. Скупи 8 во Бардовци. Стручните служби досега извршија седум теренски прскања ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска. – Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во ...
Пратеници Албанци го бојкотираа одбележувањето на 35 години од независноста на Украина и ниту еден од десетте пратеници – членови на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, не присуствуваше на сесијата во македонското Собрание. Тие не му простуваат на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неодамнешната изјава при посетата на Белград – дека Украина ги почитува меѓународното право и територијалниот ...
Холандија нема да учествува на Евровизискиот натпревар следната година, потврди нивната национална телевизија во понеделник. Тие како причина ги наведоа поделбите околу војната во Газа, што, според нив, значи дека натпреварот повеќе не може да се смета за неутрален. „Евросонг повеќе не е независен и неутрален“ Извршниот директор на холандскиот радиодифузер AVROTROS, Тако Цимерман, ја објасни одлуката во официјално соопштение. „Неспорно е дека ...
Маришка Харгитеј, ѕвездата на долгогодишната серија „Закон и ред: Единица на жртви“, ќе биде домаќин на 78-то доделување на наградите „Еми“. Ова ќе ја направи првата жена што сама ќе ја води церемонијата по 15 години, од Џејн Линч во 2011 година. Доделувањето на наградите ќе се одржи на 14 септември во театарот „Пикок“ во Лос Анџелес, со пренос на NBC и стриминг услугата „Пикок“. Харгитеј во официјална изјава изјави дека е почестена што има ...
На 29 август, Охрид ќе биде домаќин на концертна вечер што има сè за да стане едно од највпечатливите музички случувања на крајот од летото. На сцената на Античкиот театар пристигнува Нина Бадриќ, артист чиј глас, стил и музички идентитет повеќе од три децении имаат посебно место на регионалната сцена. Во време кога музичката индустрија постојано создава нови имиња и краткотрајни трендови, Нина Бадриќ останува ретка константа. Кариера ...