Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека по изборите за Конгресот на САД, на кои Демократската партија освои мнозинство во двата дома на американскиот парламент – Сенатот и Претставничкиот дом, на американскиот претседател, републиканецот Доналд Трамп, му порачал „горе главата“, објави „Блумберг“. Поранешниот премиер на Холандија рече и дека НАТО е „платформа на која Американците можат да ја покажат својата сила“. – Тоа во голема ...

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски. -Кога нема аргументи за суштината на прашањата, очигледно остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација, се наведува во соопштението на Движењето ЗНАМ. Според партијата, квалификацијата „патриот на батерии“ најдобро зборува за политичката култура на оние ...

Глечерот Шварцмилцфернер (Schwarzmilzferner) на австриската страна од Алгејските Високи Алпи го загуби статусот на глечер по овогодишното топло лето. Топлите месеци му одзедоа повеќе од 4 метри во дебелина и околу половина од неговиот волумен, открија денеска истражувачите, пренесе ДПА: – Голема е веројатноста тој целосно да исчезне до следното лето – изјави Кристоф Мајер, глациолог од Баварската академија на науките. Веќе 26 години тој и ...

Пред експозитурата на „Алта банка“ во Битола денеска пристигнаа автобуси со пензионери и приматели на социјална помош од Прилеп, Ресен и Охрид , кои дојдоа да си ги подигнат парите. Меѓу нив имаше и граѓани кои се движеа со бастун. Откако Народната банка воведе привремена администрација, експозитурата на „Алта банка“ во Прилеп не работи, па граѓаните се принудени да патуваат повеќе од еден час до Битола за да ги добијат своите средства. ...

Непријателот нема да може да го спречи Иран да произведува и модернизира оружје ниту за момент, изјави денеска портпаролот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), бригадниот генерал Хосеин Мохеби, и најави дека, доколку дојде до трет бран судири со непријателот, ќе откријат „достигнувања кои ќе го изненадат светот“ – ново оружје на иранските Воздухопловни сили. – Постои и оружје кое ќе биде откриено и оперативно во случај на трет бран ...

Уште 20 институции во наредните три месеци ќе бидат приклучени на централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Целта, како што посочи, е административните предмети да се обработуваат електронски низ целата постапка, од приемот до потпишувањето и архивирањето. На прес-конференцијата посветена на Извештајот на Европската комисија за 2026 година, ...

Папата Лав XIV вчера се сретна со Боб Дилан во Ватикан. Американскиот музичар, кој е и добитник на Нобеловата награда за литература, привлече внимание со својот избор на облека. Тој пристигна во Апостолската палата со црна качулка на главата, потсетувајќи многумина на императорот Палпатин – познат и како Дарт Сидиус – од филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“. Изгледот на Дилан го изненади свештеникот кој ја организираше средбата. „Ги прашав ...

Проблемот е во тишината и во стравот. Нема ништо понасилно од тишината. Младите треба да почувствуваат дека не смее да се молчи за насилството и дека насилството не смее да се игнорира, а уште помалку да се нормализира, да станат свесни за она што се случува околу нив, порача денеска екипата на филмот „17“, што синоќа беше премиерно прикажан на 26. Скопски филмски фестивал во Македонскиот народен театар. Како што рече режисерката Косара ...

Само на ветувања остана изградбата на луна-паркот во Скопје! Покрај ветувањето за панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка и уште многу други реквизити, актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој и во предизборната кампања често ја споменуваше изградбата на луна-паркот, во декември лани најави дека почнува изградбата, а дополнително рече дека паркот ќе биде прилагоден и за лицата со попреченост. Колку иронично звучи ...

Централната банка на Парагвај почна да враќа пари на штедачите на затворената банка Уено. Клиентите со помали износи беа први, а за околу три проценти од штедачите со поголеми депозити, враќањето на целиот износ не е сигурно. Според соопштението на Централната банка, објавено од агенцијата EFE, исплатата започна во четврток. Првата група штедачи добива до 10 милиони гурани, или околу 1.565 долари. Во оваа група спаѓаат клиенти кои немаат ...

Белгискиот Крал Филип ја отфрли оставката на премиерот Барт де Вевер и му нареди веднаш да ги продолжи преговорите за буџетот. Кралската палата денес објави откако премиерот понуди оставка во понеделник откако коалициските партнери не успеаја да се договорат за буџетските мерки. На одлуката за отфрлање на оставката ѝ претходеа консултации што кралот Филип ги одржа со претседателите на петте партии од владејачкото мнозинство. Монархот го прими ...

Кина донесе закон со кој се заоструваат правилата за нејзините активности на Антарктикот и подетално се регулира истражувањето на континентот. Како и Соединетите Американски Држави, Кина ги засилува своите активности на Антарктикот и Арктикот со цел истражување на поларните ресурси. Официјалната цел на законот е да се поттикнат кинеските научни истражувања, а истовремено да се заштити безбедноста на националните активности, имотот и другите ...

Цените на угостителските услуги во октомври се намалиле за 1,8 проценти во споредба со септември, главно поради поевтинувањето на ноќевањата за речиси 10 проценти. Наспроти тоа, храната и пијалаците во угостителските објекти бележат благо поскапување од 0,1 до 0,2 проценти. Сепак, во споредба со октомври минатата година, угостителските услуги се поскапи за 1,6 проценти. Според статистичките податоци, во првите десет месеци од годинава цените ...

Остра распродажба на акции го одбележа вчерашното тргување на светските берзи, при што најголем удар претрпеа компаниите поврзани со изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција. Со тоа целосно беше избришана добивката што американскиот пазар на акции ја оствари претходниот ден, кога го забележа најголемиот раст во последните три месеци. Индексот „S&P 500“ на „Волстрит“ падна за 4,4 отсто, што е негов најлош резултат од ...

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат понеделник, 9 ноември. За време на спроведувањето на активностите, банките најавуваат можни привремени прекини или ограничена достапност на одредени услуги, посебно во ...

Американскиот медиумски гигант „Нетфликс“ во рок од две години, до 2028 година, ќе инвестира 10 милијарди турски лири (околу 199,8 милиони долари) во продукција на турски филмови и серии, изјави потпретседателот на компанијата за содржини во Шпанија, Португалија, Турција и Блискиот Исток, Диего Авалос. Според него, инвестицијата ќе биде наменета за финансирање нови серии и филмови што ќе се снимаат во различни градови низ Турција, со што ќе ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на министерскиот состанок на Иницијативата за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), во Загреб, на кој министрите од регионот и претставниците на европските институции разговарале за енергетската безбедност, регионалното поврзување и иднината на европскиот енергетски пазар. – Енергетската безбедност и диверзификацијата повеќе не ...

Управниот одбор на „Кроација ерлајнс“ денес објави повик за општо собрание на кое акционерите ќе одлучат за повлекување на акциите на националната авиокомпанија од берзата во Загреб, јави Хина. Како што може да се види од повикот, акционерското собрание, закажано за 7 декември, ќе одлучи за повлекување на сите 9.899.755 обични акции од котацијата, при што компанијата ќе купи акции од сите акционери кои гласаат против одлуката, со фер ...

Германаката влада преку Германската банка за развој (KFW) ќе продолжи да го поддржува Коморскиот Инвестициски форум (КИФ) на шесте земји од Западен Балкан, соопшти Стопанската комора на Македонија. Како што се вели во соопштението до медиумите, Бранко Азески в.д. претседател на КИФ, добил известување преку Сојузното министерство за економска соработка (одделение за Југоисточна Европа), дека Владата на Сојузна Република Германија го поддржува ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека заедно со гувернерот Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во наредните денови ќе имаат средби со потенцијални купувачи на Алта банка ад Битола, која е под управа на Народната банка, откако нејзината банка – мајка во Србија се најде во стечај. Наоѓањето нов инвеститопр во битолската банка е едно од можните решенија за банката, која сега е администрирана од НБМ, ...

ТИТАН Усје и Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој го зајакнуваат партнерството меѓу академската заедница и индустријата. Меморандумот е продолжение на повеќегодишната соработка насочена кон практична настава, размена на знаења и искуства и развој на идните стручни кадри. „Поддршката за академската заедница за нас е вложување во идниот развој на индустријата ...

Долго време личното советување се сметаше за незаменлив дел од односот на банката со потрошувачите. Студијата EOS Banking AI Barometer – Како Европа навистина се чувствува во однос на ВИ во банкарството, покажува дека оваа слика се менува. Студијата испитува како европските потрошувачи ја оценуваат вештачката интелигенција (ВИ) во банкарскиот сектор. Од нив 46 проценти се изјасниле дека со употребата на ВИ има подобрување на комуникацијата со ...

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, со цел обезбедување точни, транспарентни и разбирливи информации за јавноста, укажува на значењето, начинот на функционирање и механизмите за заштита на средствата во капитално финансираното пензиско осигурување, како важен дел од пензискиот систем. Капитално финансираното пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб, функционира на принцип на ...

Камен-темелник за изградба на новиот систем за наводнување „Страиште“ беше поставен денеска во општина Валандово како дел од програмата за наводнување, што Владата ја спроведува преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со финансиска поддршка на германската влада и германската развојна банка КФВ. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, Борче Серафимовски, министер за земјоделство, шумарство и ...

За битолската Алта банка, која е под времена управа на Народната банка, интерес за купување пројавиле шест инвеститори, од кои две домашни банки со кои гувернеор Тракјско Слацески веќе остварил средба. Ова попладнево на прес конференција во НБМ го изјави гувернерот Славески, во одговор на новинарско прашање, без притоа да гпосочи конкретно за кои банки и инвеститори станува збор. Прес конференцијата беше главно посветена на олеснувањата околу ...

Европската комисија ги започна преговорите со шесте партнери од Западен Балкан за нивно вклучување во европската шема „Роаминг како дома“, со која на граѓаните ќе им се овозможи да ги користат мобилните услуги во ЕУ без дополнителни трошоци за роаминг, соопшти Европската комисија. Преговорите ги опфаќаат Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Иницијативата ја најави претседателката на Европската ...

За да бидат конкурентни на меѓународните пазари, македонските компании мора да понудат многу повеќе од добра цена. Квалитетот, современата технологија, стручниот кадар и ефикасното производство се предуслови за успешен извоз. Ова го истакна Ангел Анѓушев, оперативен директор на Green Machines и член на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија, на панел-дискусијата „Извоз без граници – поттикнување на растот во машинската и ...

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ ќе бидат дел од годишната конференција на МАСИТ, која ќе ги отвори клучните прашања за примената на вештачката интелигенција во бизнисот, економијата и јавниот сектор. Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 18 ноември 2026 година, во Скопје, ја организира својата годишна конференција посветена на новата генерација вештачка интелигенција и ...

Пристапното предавање на тема „Утврдувањето на вистината во кривичната постапка – тензија помеѓу ефикасноста и правичноста“ денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе одржи проф. д-р Гордана Лажетиќ, како дописен член во редовниот состав на МАНУ. Пригоден говор, како што е најавено, ќе одржи академик Владо Камбовски. Гордана Лажетиќ е истакнат професор на Правниот факултет „Јустинијан Први„ – Скопје при ...

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат корисници од повеќе населби. Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, дел од корисниците од улиците Лазар Поп Трајков и 16 – та Македонска Бригада. Од 08.55 до 12.55 часот, дел од корисниците од ул. Мршевци во село Мршевци во Илинден, од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Христо Татарчев – крак 24 во Кисела Вода, а од 09.15 до 13.15 часот, корисниците од село ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35