Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини против сипаници кај овците до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат денеска од таму и од Министерството за земјоделство, по големиот број на угинати овци. Во соопштението се наведува дека експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки, а дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за ...
Доктор Даница Стевковска е нов државен секретар во Министерството за здравство, информираше попладнево министерот Сашо Клековски. – Имам чест и задоволство да ја именувам д-р Даница Стевковска за државен секретар во Министерството за здравство. Стевковска е доктор на стоматологија, од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. По повеќе години работа како стоматолог од 2015 година е дел од Министерството за здравство, каде што досега ...
Плата од околу 120 илјади денари. Нивната работа останува мистерија за јавноста. Никој не знае што точно „координираат“ дури и во влада која има повеќе ресори од прстите на двете раце и двете нозе. Имаат и заменици и помошници. Ретко ги има во јавноста. Иако се дел од извршната власт, не постои посебен закон или правилник кој ги регулира обврските на националните координатори. Затоа, кај јавноста останува впечатокот дека овие функции се ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на обидите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да го доведе постапувањето на Агенцијата во конкретни предмети во контекст на дневно-политички интереси. „АВМУ постапува исклучиво врз основа на надлежностите и во рамките на постапките утврдени со закон. Пред секоја промена на сопственичка структура на радиодифузер, тој е должен да достави известување за промена на ...
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска престојува во Охрид, во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата. Во Охрид Сулејмани ги посети Центарот за култура и библиотеката „Григор Прличев“, како и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид. Директорите на установите го информираа министерот за тековното работење, но и за состојбите и проблемите со кои ...
Бројот на жртви од масовниот руски напад што во текот на ноќта ја погоди украинската престолнина Киев достигна 15 лица – соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Според Киевската градска воена администрација, во градот се повредени 39 лица, додека министерот за внатрешни работи Иван Вигивски изјави дека вкупниот број на повредени во Киев и Киевската област надминал 40. Сите надлежни служби интензивно работат на терен на погодените локации. ...
Европа се соочува со тешка суша предизвикана од недостиг на врнежи и последователни топлотни бранови, криза што веројатно ќе се повторува и во наредните години – објави шпанската новинска агенција ЕФЕ. Годинава намалувањето на водостојот на реките, меѓу кои и Дунав, предизвика сериозни економски последици за земјоделството, производството на енергија, трговијата и водоснабдувањето. – Ова е тренд на кој мора да се навикнеме, а исклучително во ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска денеска оцени дека Буџетот не е во лоша кондиција и оти наплатата на даноците се одвива согласно проекциите. Одговарајќи на новинарски прашања посочи дека очекува реализација на даночните приходи и придонеси согласно проекциите. – Не би рекла дека буџетот е во лоша кондиција, но нема за се, исто како и дома. Никогаш буџетот на Македонија немал простор за се, не е ова првпат. Можеби јас ...
СДСМ е подготвен за избори во секој момент, со тим и програма, но нема да прифати да биде алиби за политичките потези на премиерот Христијан Мицкоски, порача лидерот на партијата Венко Филипче на денешната прес-конференција. Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче истакна дека СДСМ секојдневно се подготвува за следните избори, без оглед на тоа кога ќе бидат одржани. „Не, нема да бидеме алиби. Избори ќе има кога ќе им снема пари за ...
По извршената ревизија во студенсткиот дом „Пелагонија“, Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности и неусогласености во работењето на домот. Со ревизијата, како што е соопштено од страна на ДЗР, било утврдено дека во материјалната и сметководствената евиденција на студентскиот дом не се евидентирани одредени постојани средства и не е извршено усогласување на сметководствената и материјалната евиденција, ниту се преземени ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска се обрати на свеченото отворање на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што по 59-ти пат се одржува во Охрид. „Образованието и науката се цврстите темели врз кои се гради иднината на секој јазик и култура. Во таа насока, расте и институционалната грижа за македонскиот јазик, делуваме кон јакнење на темелите. Со наставниот план за основно ...
Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, најави дека нема да се кандидира за втор четиригодишен мандат на оваа функција. „По осум години човек треба да знае дека е доволно, треба да им се даде можност и на другите колеги“, изјави Абази, ставајќи точка на шпекулациите околу неговата евентуална повторна кандидатура. Пред да застане на чело на ОЈО ГОКК во ноември 2022 година, ...
„Бараме во наредните денови да се утврди најбрзиот уставен рок, да започнат изборните подготовки и на граѓаните да им се даде можност да одлучат за насоката во која ќе се движи државата“, велат од ДУИ по иизјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека, доколку опозицијата мисли оти се потребни предвремени избори, тие како владејачка коалиција позитивно ќе одговорат на таквите повици. Во соопштението на ДУИ се вели дека премиерот конечно ...
Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои денеска ќе им бидат презентирани на членовите на Амбасадорскиот совет, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет ...
Хјустон – Луѓе од целиот свет имаа можност да уживаат во спектаклот на минатонеделното целосно затемнување на Сонцето, но роверот „Упорност“ (Perseverance) на Марс имаше сличен поглед. Затемнувањата не се уникатни само за Земјата. Теоретски, секоја планета со барем една месечина што кружи околу неа може да има такви појави. Така, ден откако Земјаните на 13 август ја гледаа Месечината како го покрива нашето Сонце, роверот на НАСА на „Црвената ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за две години владеење на ВМРО-ДПМНЕ бруто домашниот производ пораснал за 120 милиони евра. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање пред средбата на Амбасадорскиот совет рече дека до пред три години земјава била убедливо на дното во регионот, а сега сме веќе на прво или второ место според растот на БДП. „Kога водите еден процес и во политиката, вие мора да правите компаративна анализа. Ако не ...
Граѓаните не сакаат избори, туку реформи и континуитет на процесите што ги води оваа Влада, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање поврзано со барањата за предвремени избори. Тој вели дека перформансите на оваа влада се 3:1, споредено со претходната, но тврди дека не бега од избори. „Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме влада четири години, но доколку опозицијата мисли дека ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го затвори предметот за јавни набавки за градењето на 19 модуларни болници во државата. Предметот беше отворен на 10 септември 2021 година по допрен глас, откако се случи трагичниот настан во ковид-центарот во Тетово. Тогаш Обвинителството посочи дека ќе ја провери документацијата за набавката и изградбата на сите болници. Обвинителката Верица Бержецка на ...
Берлин – Германската авиокомпанија „Ер-хелп“ (AirHelp) неодамна го објави годишниот извештај „Ер-хелп скор“ за 2026 година за најдобар аеродром во светот. Тука се издвојуваат аеродромите во Латинска Америка, а посебно оние во Бразил. „Уште еднаш се докажа дека квалитетот на еден аеродром не зависи исклучиво од неговата големина или од бројот на патници што годишно минуваат низ него. За пример ги имаме некои аеродроми во Северна Африка и ...
Следниов вторник, Владата на седница ќе донесе одлука за намалување на цените на училишните материојали, односно, она што родителите треба да го купат на почетокот на учебната година за своите ученици. Ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери, прибори за ликовно, за техничко образование, блокови се дел од потребните реквизите потребни на секој ученик, а товарот за нивно купување паѓа на родителите, иако државата бесплатно дели ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, против К.С.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Против Ј.Д.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ...
Директните разговори меѓу САД и Северна Кореја се првиот чекор кон запирање на севернокорејската нуклеарна програма, изјави денеска јужнокорејскиот министер за обединување Чунг Донг-јанг, повикувајќи на поддршка за обновување на тој дијалог. Чунг истакна дека денуклеаризацијата на Северна Кореја е во интерес на сите засегнати страни и изрази надеж дека односите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг ќе се развиваат во правец што во иднина ќе овозможи ...
Основачот на кинеската градежна компанија „Евергранде“ („Evergrande“), Ксју Џијаџин, е осуден на доживотен затвор поради извршено кривично дело голема финансиска измама, соопшти Судот во Шенжен. На Ксју му е конфискуван сиот личен имот и доживотно му се одземени граѓанските права, додека компанијата „Евергранде“ и нејзината подружница за недвижности се казнети со вкупно 15,82 милијарди јуани, или околу две милијарди евра. Според судот, ...
Целата територија на Македонија, утре ќе биде во портокалова алертна фаза поради горештините. Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. ...
Еден од најкултните филмови во современата македонска кинематографија „Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија, годинава одбележува 10 години од светската премиера, кога филмот за првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival). Јубилејот ќе биде одбележан на 25 август (вторник), со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“, на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол, во ...
Португалија донесе закон со кој се забранува покривање на лицето на јавни места, со казни за прекршок од 150 до 3.000 евра. Новите прописи, наречени „закон за бурка“ од локалните медиуми, забрануваат носење облека што го крие лицето или спречува идентификација, објавува Euronews. Законот, исто така, забранува принудување на другите да ги покријат своите лица врз основа на пол, религија, возраст или потекло. „Лицето мора да се смета за ...
По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој на афирмираната фитнес инструкторка Елена Бубало ќе ѝ се придружи Емилија Колоска, едно од ...
Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на државната матура. Освен на интернет-страницата http://www.matura.gov.mk, резулатите се објавени и на огласните табли во училиштата. Учениците кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до училишната матурска комисија. Во согласност со упатството на Државниот испитен центар, приговорот, ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во активностите за поставување нов систем за полевање во Ново Лисиче, спроти паркот „Авионче“, околу Спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“. Овој простор за првпат добива современ систем, со кој се обезбедуваат подобри услови за одржување на тревниците и на зелените површини. Системот ќе биде во должина од околу 2,5 km и ќе опфаќа повеќе од 300 прскалки, со што ќе се ...
Министерството за правда на САД оцени дека поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, намерно објавил порака што можела да биде протолкувана како закана кон американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Вашингтон пост“. Според американското Министерство за правда, Коми со објавата соопштена преку социјалните мрежи сакал да го привлече вниманието на јавноста, меѓу другото и за да го зголеми интересот за неговиот ...