Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Воведувањето на авиолинијата Виена – Охрид има огромно значење за Охридскиот аеродром. Ќе придонесе за поголем број странски туристи и за економски равзој на Охрид и Охридскиот Регион, оценува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид викендов слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се ...
За новата цена на горивата кај нас денес ќе одлучува Регулаторната Комисија за енерегетика. Според пресметките на приемерот Христијан Мицкоски, се очекува дизелот да поевтини за 7, а бензините за 4 денари по литар. Премиерот Мицкоски претходно рече дека очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран. Сепак, сите очекувања се дека договор ќе биде постигнат а со тоа и економиите ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави нов состанок за денес со маркетите и со дистрибутерите, но и законски измени со кои десеткратно ќе бидат зголемени казните за фирмите кои ќе имаат нефер трговски практики. Пред два дена тој ги повика компаниите, дистрибутерите, добавувачите и производителите да пријавуваат нефер трговски практики за да може државата да интервенира во ваквите случаи. – На почетокот на кризата имавме еден таков состанок. ...
Атланта – Репрезентацијата на Шпанија во второто коло од групата Х вчера ја постигна првата победа откако ја совладаа селекцијата на Саудиска Арабија со 4:0. Прашањето на победникот Шпанците го решија до средината на првиот дел кога имаа предност од три голови. Серијата голови ја почна Ламин Јамал во 10.минута, а потоа со двата гола на Микеи Ојарзабал во 21 и 24.минута „црвената фурија стигна до предноста од 3:0, резултат кој беше и на ...
Лос Анџелес – Во групата Г и третиот натпревар заврши без победник откако синоќа Белгија и Иран одиграа без голови 0:0. Со овој резултат двете репрезентации остануваат во игра за пласман во следната фаза, но во многу нешто ќе зависи од вториот дуел од групата меѓу Египет и Нов Зеланд. Репрезентацијата на Иран во 25.минута постигна гол, но по прегледувањето на ВАР снимката беше поништен поради офсајд позиција на стрелецот Мехди Тареми. Во ...
Во Галерија Рудиќ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Моменти против времето“ на осум фотографи од Хрватска. Изложбата ја сочинуваат 32 црно-бели фотографии создадени од осум автори под раководство на уметничкиот фотограф Станко Абаџиќ. – Изложбата го евоцира носталгичниот дух на фотографската уметност пред дигиталната ера, нагласувајќи ги дотераните класични стилови, играта на светло и сенка, и уметничкото проширување на ...
Денеска е понеделник, 22 јуни 2026 година, 173-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 192 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, а ќе зајде 22 минути по полноќ. Денеска е понеделник, 22 јуни 2026 година, 173-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 192 дена. Сонцето ...
Времето претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена ...
Иранските преговарачи ги прекинаа разговорите со висок ризик со САД во Швајцарија во знак на протест поради низата закани упатени од Трамп за бомбардирање на Иран, па дури и за киднапирање на иранскиот преговарачки тим доколку Ормускиот теснец не се отвори повторно. Не беше јасно дали одлуката на Иран беше траен или симболичен протест. Но, пред да ги напушти разговорите лице в лице во Бургеншток, Иран постигна нацрт-договор за тоа како САД ...
Во анектираниот Крим, по украинските напади врз нафтено складиште и фериботски премин во Керч, продажбата на гориво на граѓаните и бизнисите е целосно суспендирана. Ограничувањата стапија на сила во 9 часот наутро на 21 јуни за физички и правни лица, според Сергеј Аксјонов, „гувернер“ на регионот назначен од Русија. Бензинот и дизел горивото се суспендирани на сите бензински пумпи на полуостровот, или за готовински или безготовински ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Фокс њуз во неделата упати остро предупредување до Иран во врска со Ормускиот теснец, заканувајќи се дека ќе ги „разнесе во воздух“ ако Техеран го затвори виталниот воден пат, објави Фокс њуз. Трамп разговараше со главниот странски дописник на Фокс њуз, Треј Јингст, велејќи дека упатил директно предупредување до раководството на Иран ако Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) го затвори ...
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата, по темелна анализа и врз основа на директните забелешки и предлози од синдикатите и претставниците на судската и јавнообвинителската служба, поднесе вкупно 82 амандмани на предложените законски решенија за судската и јавнообвинителската служба. Од нив, 55 амандмани се однесуваат на Законот за судска служба, 27 на Законот за јавнообвинителска служба, а дополнително 19 амандмани ќе бидат поднесени ...
БИТОЛА – Сточарите од Пелагонија најавуваат протест за 30 јуни ако дотогаш не им се исплатат субвенциите по грло говедо и премијата за млекото. Здружението на сточари од Пелагонија „Пелагониско поле“, ги повикува сите сточари и земјоделци кои не се задоволни од исплатата на субвенциите да им се придружат на протестот во Битола со блокада на подрачната единица на Министерството за земјоделие во центарот на градот. Револтот расте поради ...
Утринава, на денот на летната долгодневица, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите. На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот во Куманово, Марија Живачки, ...
Денеска на 78 години по кратко боледување почина новинарката Билјана Мартиновска. Мартиновска, која работниот век го помина во „Нова Македонија“, беше дел од онаа генерација новинари кои беа целосно предадени на својата професија. Веста за смртта на Билјана Мартиновска ја објави нејзината ќерка Ана. Мартиновска остави неизбришлива трага во покривањето на темите од културата. Таа работеше во времето кога културните рубрики на весниците и ...
Опозициската СДСМ нема да го „предизвикува“ ВМРО-ДПМНЕ за да се оди на предвремени избори и нема да му дава алиби на премиерот за можната намера да се оди на гласање. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски на оваа тема се контрадикторни – најавува дека тие владејачката партија сака редовни избори, но ќе бил за гласање пред рокот ако за тоа бидат предизвикани, иако не ...
Во овие денови пред осум години, Грција и тогашната ПЈРМ живееја во атмосферата на потпишувањето (17 јуни 2018 година) – под погледот на меѓународниот фактор – во Преспа на контроверзниот истоимен договор, кој требаше да го реши нерешеното прашање за името и да го отвори патот за пристапување на соседната земја во НАТО и ЕУ. Договорот ги подели општествата на двете страни, но беше поздравен од меѓународната заедница, која го сметаше за важен ...
Пред повеќе љубители на книжевноста, писатели, студенти и професори од Филозофскиот факултет во Загреб, како и претставници на културниот живот во Хрватска, во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб се одржа книжевна вечер посветена на современата македонска книжевност и на авторите Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков. Творештвото на Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков, препознаено и од книжевната критика и од ...
Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на градот Ханија на грчкиот остров Крит. Сатврула Левендаки исчезна на 30 мај годинава, a нејзиното тело беше пронајдено утрово. За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во нејзината куќа бил и последниот кој ја видел пред да ...
Можеби селекторот не беше проблемот, на крајот на краиштата. Тунис го отпушти Сабри Ламуши по поразот од Шведска минатата недела со 5-1, назначувајќи го Ерве Ренард за седми менаџер откако започнаа квалификациите. Но, се покажа дека несигурниот тим на кој му недостасува одбранбена сила, без оглед кој и да треба да ги одржи прес-конференциите. Тунис беше убедливо поразен од јапонскиот тим инспириран од централниот напаѓач на Феенорд, Ајасе ...
Кантатата „Кармина бурана“ на Карл Орф (компонирана пред 90 години) е едно од највпечатливите музички дела. Германскиот композитор им дал музика и душа на секуларни песни од средновековието. Таа спектакуларна душа синоќа беше распослана во Градскиот парк во Скопје на отворено со заеднички концерт на Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун. Најден Тодоров од Бугарија диригираше со повеќе од ...
Се очекува Кир Стармер во понеделник да објави дека ќе се повлече од функцијата британски премиер, по огромниот притисок од пратениците на Лабуристичката партија да му се направи место на Енди Бернам да стане лидер на Лабуристичката партија. Премиерот и неговите сојузници со недели инсистираа дека ќе се борат против лидерскиот предизвик од Бернам или од кој било друг, пред дополнителните избори во Мејкерфилд, на кои Барнам обезбеди ...
Летото започнува денеска. Тоа ќе пристигне во северната хемисфера во 10,24 часот и денешниот ден ќе биде најдолго во годината 15 часа и 14 минути. Синоптичарите најавуваат многу топло време и температура до 37 степени. Можно е во попладневните часови, главно во северозападните делови од земјата, да има нестабилност проследена со слаб локален дожд, грмежи и ретка појава на град. Утре времето би требало да се промени до одреден степен, да има ...
Славенка Дракулиќ, најпознатата современа хрватска писателка во светот, авторка и новинарка која најдобро го опиша турбулентен транзициски свет и чии новинарски дела ни помогнаа да разбереме што ни се случуваше во последните четириесет години, почина ненадејно на 77 години. Таа почина веднаш по објавувањето на нејзината нова книга „Зошто никогаш не научив да готвам“ за нејзиниот хрватски издавач „Фрактуре“. Својата кариера како новинарка ја ...
Римската Република се бореше против Картагинците во втората половина на 3 век п.н.е. Пунските војни веројатно беа најголемиот предизвик за тогаш младата Римска Република. На овој ден во 217 година п.н.е., Ханибал ја добил Битката кај езерото Трасимено, што предизвика општ хаос во Рим и ја доведе земјата до голема криза. Ханибал беше син на Хамилкар Барка, човек кој ги водеше битките од Првата пунска војна и беше убиен во нив. Пред да умре, ...
Нападот на претседателот Трамп против италијанската премиерка Џорџа Мелони, обвинувајќи ја дека моли за фотографија со него на самитот во Евијан, се чини дека произлегло од ракувањето со снимките од самитот. Објавени се неколку видеа од средбите меѓу Мелони и Трамп, од кои некои биле неовластени од американскиот персонал. Меѓу нив, едно видео особено привлече внимание: на него се гледа како италијанската премиерка гестикулира и покажува со ...
Денес, на првиот дел од манифестацијата „Празник на липите“, во Друштвото на писателите на Македонија, на академик Ристо Василевски (Македонија) и на Роза Бојанова (Бугарија) им беа врачени јубилејните, триесетти по ред награди „Книжевен жезол“ на Друштвото на писателите на Македонија. Плакетите и статуетките ги врачи претседателката на ДПМ Гордана Јовиќ-Стојковска, беседи за творештвата на лауреатите одржаа Сузана Мицева и Драгана ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на прием во Грчката амбасада, организиран по повод изведбата на „Кармина Бурана“ од оркестарот на нашата Филхармонија, заедно со музичари од Државниот симфониски оркестар од Солун и Софиската филхармонија. Во пресрет на вечерашниот концерт, како што објави претседателката на Фејсбук, ја почувствував позитивната енергија и ентузијазмот што ги обединуваат уметниците од трите ...
Киев – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, соопшти дека и го враќа на Полска високото државно признание „Орден на белиот орел“, откако претходно полскиот претседател, Карол Навроцки, порача дека одликувањето се одзема поради истоиски спор. Одлуката доаѓа во контекст на зголемени тензии околу историските прашања меѓу двете соседни земји. „Бевме уверени дека ‘Орденот на белиот орел’ во 2023 година му беше доделен токму на украинскиот ...
Мадрид – Сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Бегоња Гомез, ќе се појави на суд за корупција и ѝ е забрането да ја напушти земјата до донесувањето на пресудата, пресуди судија во саботата. Случајот е само еден во низата корупциски скандали што го зафатија семејството на социјалистичкиот лидер и неговите поранешни соработници и ја загрозуваат стабилноста на неговата малцинска коалициска влада, објави Франс 24. Судијата Хуан Карлос ...