Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Руската комунистичка партија (КПРФ) препечати 20.000 предизборни материјали во Тјуменскиот регион откако официјалните лица се спротивставија на фотографијата на Владимир Ленин. Приговорот се фокусираше на споменикот на Ленин подигнат во Тоболск во 2024 година со финансирање на КПРФ. На предизборните материјали им е забрането да прикажуваат слики од починати лица од мај 2026 година, и ова се чини дека е прв случај во кој забраната е спроведена ...
Јагленот останува најголемиот поединечен извор на електрична енергија во светот и оваа година, со очекувано производство од 10.974 терават-часа(TWh) или речиси една третина од вкупното глобално производство – покажуваат новите прогнози на Меѓународната агенција за енергија (IEA). Гасот ќе биде втор по големина извор на електрична енергија со 6.976 TWh, по што следуваат хидроенергијата со 4.536 TWh, сончевата енергија со 3.289 TWh, ветерот со ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS-уреди и се следат преку современ систем за мониторинг, со цел да се намалат трошоците и да се спречат можни злоупотреби. Преку системот во реално време се следат локацијата на возилата, нивната маршрута, брзината, времето поминато во движење и потрошувачката на гориво. Дополнително, со ...
На спектакуларната бела површина на Туз Ѓолу, односно Соленото Езеро, во регионот Аксарај, во Централна Анадолија, денеска започнува Runfire Salt Lake Ultra Trail, еден од највпечатливите и најнеобични ултрамаратони во Турција. Во периодот од 21 до 23 август 2026 година, стотици спортисти и љубители на природата ќе имаат можност да бидат дел од уникатно искуство во еден од најубавите природни предели во земјата. Овогодинешниот Runfire Salt ...
Нова студија на научници од Државниот универзитет во Сан Хозе покажува дека раседот Сан Андреас се поместува побрзо отколку што се проценуваше претходно, што може да биде важно за проценка на фреквенцијата на идните земјотреси во Калифорнија. Истражувачите анализирале траги од претходни земјотреси зачувани во релјефот во областа на паркот Санборн Каунти. Според професорот Ким Блисниук, резултатите покажуваат дека брзината на движење на ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до граѓаните да бидат внимателни бидејќи доволна е само искра, која, ако падне на сува трева, може да настане вистинска катастрофа. – Утрово, селата Бонче, Подмоле и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од ...
Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ избегнува да побара предвремени парламентарни избори, иако со месеци тврди дека Владата ја нема довербата од граѓаните и дека опозицијата е подготвена за изборно соочување. Од партијата велат дека СДСМ и нејзиниот претседател Венко Филипче преку соопштенија и прес-конференции постојано зборуваат за пад на поддршката за власта и за раст на сопствениот рејтинг, но, како што наведуваат, молчат кога ...
Целосен авторски проект, инспириран од сликовниците на Наташа Дукоска, продуцирана од наша, македонска продуцентска куќа, анимиран од македонско студио за анимација, сега и тематската музика ја потпишува актуелната Дина Јашари. Личи на Дуа Липа, музичкиот стил и е на Нора Џонс, но сега стана и автор на филмска музика за „Лефти и Рајти“. На прашањето што претставува компонирањето на музика за Лефти и Рајти, Дина Јашари во последното интервју ...
Министерот за финансии, Скот Бесент, во четвртокот за Си-Ен-Би-Си (CNBC) изјави дека забрзаниот откуп на државни обврзници може да биде поголем од најавените 4 милијарди долари. Во интервју во живо, Бесент рече дека неговиот оддел ќе „создаде пазар“ за долгорочни хартии од вредност каде што приносите неодамна нагло се зголемија. Министерството за финансии во среда објави дека ќе ги удвои планираните 2 милијарди долари за откуп на долгорочни ...
Слухот е еден од нашите најважни сетила и канал преку кој се поврзуваме со светот околу нас, ги споделуваме емоциите со најблиските и активно учествуваме во сите аспекти на општествениот и професионалниот живот. Сепак, постепените промени или потешкотиите со слухот често настануваат незабележително. Пред слухот целосно да ослабне, обично се јавуваат неколку суптилни сигнали. Најчесто станува збор за потешкотии да се следи разговор во бучна ...
Со одржувањето на денешната работна сесија на Советот на амбасадорите, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците се враќаат во собраниските клупи по августовскиот одмор. Првата нова пленарна седница на парламентот е закажана за 2 септември. На собраниската веб-страница на 25 август се најавени две средби на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната ...
Македонската репрезентацијата стана европски вицешампион во параглајдинг, додека македонската претставничка во женска категорија Ана Бергер е новата европска шампионка. На домашен терен, пред македонската публика во Крушево, параглајдеристите го освоија историското сребро во екипна конкуренција, додека Бергер се искачи на европскиот врв во женска конкуренција, пренесе Колегиум. Европското првенство во параглајдинг се одржуваше од 8 до 19 ...
Со свеченото отворање вечерва во италијанскиот град Таранто ќе биде означен почетокот на 20. те Медитерански игри. За македонските спортисти ова ќе биде четврто учество, по Мерсин 2013, Тарагона 2018 и Оран 2022 година. Македонскиот тим ќе биде најброен досега со 88 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 4 екипни спортови и во 15 индивидуални. Заедно со придружниот тим ова е најбројна спортска делегација со вкупно 130 членови. Медитерански ...
Аиша Вахаб стана првата авганистанско-американска жена избрана во Конгресот на САД откако беше прогласена за победничка на вториот круг доцна во ноќта за 14-от конгресен округ во Калифорнија, кој беше испразнет поради оставката на поранешниот американски претставник Ерик Свалвел поради обвинувања за сексуален напад. Со преброени 100 проценти од гласачките ливчиња, Вахаб освои 53,1 процент од гласовите, победувајќи ја својата демократска ...
Поради дефект на приклучна цевка, без вода од 09:00 часот се корисниците од улиците „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“, „Благоја Мучето“, „Архитект Сотир Томовски“, „Димитар Благоев“ и дел од улиците „Митре Влаот“ и „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. Поради дефект на приклучна цевка, без вода од 09:00 часот се корисниците од улиците ...
Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на повеќе локации во Општина Аеродром. Засилените активности продолжуваат, со цел почисти, поуредни и поубави јавни простори за сите граѓани. Рано утрово екипите повторно се на терен и продолжија со редовните активности за одржување на чистотата. Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ноќта работеа на ...
етото, високите температури и желбата за брзо освежување секоја година уриваат нови рекорди во производството, трговијата и потрошувачката на сладолед. Новите податоци на Еуростат и на македонскиот Државен завод за статистика откриваат интересна анализа: додека Европа произведува милијарди литри, Македонија бележи впечатлив надворешнотрговски суфицит и извезува значително повеќе сладолед отколку што троши нејзиното население. Бројките на ЕУ – ...
Од малото охридско село Велестово до поетските мапи на Европа, „Поетска ноќ во Велестово“ речиси четири децении ја гради својата приказна како фестивал што не сака поезијата да ја затвори во салоните, туку да ја врати таму каде некогаш и започнала – меѓу луѓето, вели во интервју за МИА основачот на фестивалот, поетот, Славе Ѓорѓо Димоски, во пресрет на новото 38. издание на манифестацијата. Фестивалот денес е препознатливо место за средба на ...
Панама Сити – Панамскиот канал ќе го намали бројот на бродови што можат да поминуваат низ него секој ден од септември поради ниските нивоа на водата предизвикани од мали количини на врнежи од дожд, јави ДПА, повикувајќи се на управата на каналот. Бројот на транзити за кои може да се направат резервации постепено ќе се намалува од 36 на 32 дневно, објави Управата на Панамскиот канал. И покрај тековната дождовна сезона и мерките за заштеда на ...
Осум лица загинаа при падот на чартер авион на оддалечена воена радарска станица во западна Алјаска синоќа, објави Командата на американската армија во Алјаска, како што објави Ројтерс. Цесна 441, управувана од чартер компанијата „Секјурити авејшн“ со седиште во Анкориџ, се урна западно од аеродромот на воздухопловната база Кејп Њуенхам околу 12:15 часот по локално време, потврди портпаролот на Федералната администрација за воздухопловство ...
Американската морнарица размислува за промена на името на новиот носач на авиони кој требаше да биде именуван по воен херој од Втората светска војна, а Доналд Трамп се споменува како една од главните опции, дознава CNN од три неименувани извори запознаени со внатрешните дискусии. Иако во првиот мандат на Трамп беше објавено дека новиот брод од класата Форд ќе се вика USS Doris Miller – во чест на морнарот кој стана познат по својот хероизам ...
Mакедонските писатели молчат, а светот вреска. За Македонскиот ПЕН центар , а и Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) како професионални организации во кои членуваат писатели и интелектуалци, очекувате јавен став за крупните општествени, политички, воени и морални прашања. Зошто молчат или не заземаат став? Страв од политичка поларизација? Секој јавен став денес лесно се толкува како партиско определување. Институционална инертност? ...
Финското Министерство за одбрана пријави сомневања дека руски авион вчера го нарушил финскиот воздушен простор над западниот дел од Финскиот Залив. Покрената е истрага за инцидентот, кој се случил во време на зголемени активности на руските воздухопловни сили во близина на источната граница на НАТО, пишува „Киев Индепендент“. Истрагата е во тек Министерот за одбрана Анти Хакканен потврди дека истрагата за инцидентот над Балтичкото Море веќе е ...
Џил Бајден отворено зборуваше за тоа како таа и нејзиниот сопруг Џо се справуваат со неговата тешка дијагноза за рак, која беше поставена минатата година. Поранешната прва дама ги откри своите стравови во интервјуто, но и пристапот со кој семејството се обидува да го одржи оптимизмот, пишува People. Во гостувањето во „Шоуто на Џејми Керн Лима“, 75-годишната поранешна прва дама опиша како се справува со фактот дека ракот на простата на ...
Брисел- Украина треба сама да одлучи кога ќе одржи избори, во согласност со своите закони, а Европската Унија е подготвена да помогне во организирањето на изборниот процес, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер. Таа на брифинг во Брисел посочи дека ЕУ е подготвена да му помогне на Киев, особено во обезбедувањето почитување на демократските стандарди и барања. Хипер нагласи дека ЕУ не прави проценки за условите за одржување ...
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо, кој моментално се развива во Тихиот Океан, би можел да стане најсилниот во модерната историја. Тоа е моќен природен климатски феномен кој ги зголемува глобалните температури и може да го зголеми ризикот од екстремни временски услови, пишува Би-Би-Си. Поради дополнителното влијание на климатските промени предизвикани од човекот, Метеоролошката служба вели дека е „многу веројатно“ дека ...
Четворицата музичари, композитори и долгогодишни пријатели, Џијан Емин, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Александар Петров утревечер во 21 часот во Јавна соба ќе го промовираат авторскиот проект Jazz Extravaganza. -Jazz Extravaganza е простор во кој авторската музика добива нов живот преку импровизацијата. Композициите се почетна точка, но не и конечна дестинација, велат организаторите на концертот. Според Емин, нотниот запис е „мапа“, но ...
Брисел – Расте бројот на банкротирани фирми во Европската унија, а се намалува на новорегистрирани бизниси, покажуваат податоците на Евростат. Во вториот квартал од 2026 година, регистрациите на бизниси во ЕУ се намалени за 0,5% во споредба со првиот квартал, додека банкротите се зголемени за 5,7%. Намалување на новорегистрирани бизиниси е забележани во 5 од 8 сектори на деловната економија. Најголем пад има во индустрискиот сектор (-3,6%), ...
Мадрид – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз без одигран меч ќе се појави на УС опен. Самиот настап на Гренд слем турнирот значи дека Алкараз ќе ја брани титулата освоена ланската година со победата против Јаник Синер во финалето. „Се гледаме во Њујорк“, објави Алкараз. Последниот настап шпанскиот тенисер го имаше на турнирот во Барселона пролетва, кога поради повреда мораше да го откаже настапот, а потоа ги пропушти турнирите: Ролан Гарос, ...