Скопје
37ᴼ /
37ᴼ
Расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, е избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, Славе Ѓорѓо Димоски, член и проф. д-р Иван Џепароски, член, во својот извештај истакна: „Најдобриот расказ „Службен пат до Тирана“ восхитува, но и изненадува со антрополошко-етичкиот пристап, ретко присутен во најновата македонска литература, со ведрата емпатија кон ...
Во јули и август Струга е преполна со туристи. Мостовите над Црн Дрим се претворени во скокалници, на градските плажи место се зафаќа уште рано претпладне, а за ручек и вечера слободна маса покрај реката – тешко се наоѓа. Во чаршијата се мешаат јазици и култури, улиците се претесни за автомобилите со странски регистарски таблички, а хотелите, апартманите, рестораните и продавниците го живеат најдинамичниот дел од годината. Во тие „пет минути“ ...
Македонскиот мотоциклист Петар Мијалков настапи на патеката каде се возат најзначајните светски трки. Тој беше дел од ексклузивниот настан на култната „Misano World Circuit Marco Simoncelli“ во Италија, по добиената официјална покана од главните италијански увозници на брендот Michelin, со цел тестирање на нивните најнови тркачки пневматици. Ваквиот повик во светот на мотоспортот претставува сериозно признание и ретка можност. За домашната ...
За време на средбата, беше разговарано за унапредувањето на процесот на европска интеграција и важноста на добрите односи меѓу заедниците како еден од основните столбови за градење демократско и одржливо општество. Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во одлучувачките процеси и создавањето еднакви можности за сите граѓани, како основа за градење инклузивно општество. Министерот Ферати и амбасадорот Рокас ...
Франција начелно е добро подготвена за шумски пожари. Земјата располага со дванаесет противпожарни авиони „Канадер“ и осум „Даш“, покрај изнајмени авиони и хеликоптери. Но, во моментов има потреба од флотата на многу различни места ширум земјата во исто време. Со недели владее сѐ поголема суша, во период на неколку топлотни бранови и температури што понекогаш надминуваат 40 степени Целзиусови. Вегетацијата е исушена, а разорниот пожар во ...
На ден 30.07.2026 година, до 19:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, нема пожари под контрола, а 7 пожари се изгаснати. Активни пожари: Општина Желино: с. Горна Лешница (сува трева и мешана шума); Општина Валандово: с. Удово, покрај р. Вардар (ниска вегетација); Општина Долнени: с. Црнилиште – с. Стровија (сува трева и ѓубре). Под контрола: Нема. Изгаснати пожари: ...
Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи бележи значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал. Засилената координација, побрзата размена на информации и заедничкото дејствување на организациските единици овозможија поефикасно откривање и сузбивање на криминалните структури кои се занимаваат со недозволена трговија со дрога. ...
Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. ...
На 29.07.2026 во 21:26 часот на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ж.Д.(29) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ж.Д. управува патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри ...
За пациентите со хронично бубрежно заболување, изборот на центар за дијализа е една од најважните одлуки што директно влијае врз нивното здравје, квалитетот на живот и секојдневното чувство на сигурност. Токму затоа, Нефро Плус претставува современ центар кој нуди врвна медицинска грижа, најсовремени услови и комплетна поддршка за пациентите – без никакви дополнителни трошоци. Она што многумина не го знаат е дека Нефро Плус има склучен ...
Територијата на Македонија на ден четврток 30 јули ќе се наоѓа под влијание на топол и сув бран од југ, односно од Африка и истиот ќе услови да имаме сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 21 степен, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. Во Скопје и ...
Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоците поврзани со непропуштање возила со првенство на минување. При контролата преземени се вкупно 43 мерки за овој вид сообраќаен прекршок. За време на акцијата санкционирани се и 123 други видови сообраќајни прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените ...
На 29.07.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Г.Ј.(44) од село Топлица и А.А.(46) од селото Чегране поради основано сомневање дека сториле кривично дело „мачење животни“. Претходниот ден околу 23:45 часот на влез во селото Топлица, полициски службеници од Полициското одделение Галате затекнале група граѓани и кучиња со видливи повреди и крварења од борба. Според пријавеното, лицата претходно се ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар, изјави: „Видете, тоа го поставува прашање или обвинувањата ги адресира човекот на којшто живи луѓе му гореа во модуларната болница во Тетово. Човекот којшто ќе остане забележан како рекордер по бројот на починати за време ...
По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите во селата Елшани и Велестово, донесено е решение со кое се забранува водата да се користи за пиење. Лабораториските анализи покажеле присуство на Е.coli и Колиформни бактерии. Се задолжуваат месните заедници во Елшани и Велестово да постават јасно и видливо предупредување дека ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ. По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите ...
Со особена чест ве поканувам заедно и достоинствено да го одбележиме 2-ри Август – Денот на Републиката. Илинден е повеќе од празник. Тој е вечен потсетник на храброста, достоинството и непокорот на македонскиот народ, но и наша обврска да ги чуваме вредностите што ни ги оставија илинденците. Нека е за многу години големиот празник и нека им е вечен споменот на големите херои! Со особена чест ве поканувам заедно и достоинствено да го ...
Малку соседни земји на Украина се толку погодени од руските воздушни напади како Романија. Од февруари 2022 година, 34 руски беспилотни летала и неколку руски ракети го нарушиле романскиот воздушен простор. Повеќето инциденти, вкупно 19, се регистрирани во текот на тековнава 2026 година. Во повеќе наврати руски дронови експлодирале над или на романска територија. Најтешкиот инцидент се случи на 29 мај 2026 година: тој ден руски дрон удри во ...
Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени го потресе островот Кјушу во југозападниот дел на Јапонија. Според првичните извештаи, повредени се десетици лица. Како што објави јапонската телевизија НХК, противпожарните служби примиле голем број повици за итна помош. Јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека има извештаи за повредени лица, урнати згради и пожари. Во околу 48.000 домаќинства во префектурата Кумамото, која е најтешко погодена, ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Во текот на вчерашниот ден (27.07.2026) во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли и лесни електрични возила, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив, 156 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 13 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот ...
ИЗВЕШТАЈОТ НА СВЕТСКА БАНКА СПОРЕД КОЈ МАКЕДОНИЈА Е СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА АВИО ЛЕТОВИ И ТУРИЗАМ ВО ЕВРОПА И ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА, МОТИВ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА РАБОТА И ПОСВЕТЕНОСТ”– напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус и додаде: “Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од ...
Вчера (27.07.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Кочани и Виница, насочена кон санкционирање на возачи на мотоцикли и лесни електрични возила (тротинети) кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во контролата биле изречени вкупно 59 санкции, од кои една за возач на лесно електрично ...
Десетици илјади жители на Мајорка вчеравечер (26.07) протестираа во Палма де Мајорка против последиците од туризмот на нивниот остров, во екот на главната туристичка сезона. Со тапани и свирчиња тие се одѕваа на повикот на платформата „Помалку туризам, повеќе живот“, која го организираше протестот под слоганот „Мајорка на граница на издржливоста“. Туризмот одамна ги надмина границите што островот може да ги издржи, објаснува еден од ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука од 1 август да се зголемат цените на топлинската енергија за корисниците во Скопје. За домаќинствата што се снабдуваат преку ЕСМ Снабдување, цената ќе се зголеми за 5,96 проценти, за корисниците на ЕСМ Енергетика за 5,18 проценти, додека за корисниците на Енерго Еколог поскапувањето ќе изнесува 3,65 проценти. Месечните сметки повисоки за околу 140 денари Според пресметките на РКЕ, за ...
Прво, жена во автобус го опсипува со хомофобични навреди. Потоа го напаѓа Александар Савиќ. На крајот вади остар предмет од чантата и го прободува со него. Лекарите во ургентниот центар подоцна ќе констатираат исекотина на неговиот зглоб и повреди на окото. Она што му се случи на Савиќ – познат и како драг кралицата Алексис Пластик –вечерта на 11 јули во автобус број 35, во Белград не е честа појава. Но, насилството врз лица чиј изглед или ...
Се е поизвесно дека и Македонија од 5 август па во деновите потоа ќе биде на удар на најтоплиот бран од југ, односно од Африка ова лето. Токму од овој датум топлината значително ќе се интензивира кај нас во Македонија, а времето останува стабилно и сончево и без никакви врнежи и без опасност од нови временски непогоди. Очекуваните температури во Македонија за време на овој најтопол бран ова лето се: Тие на многу места ќе надминуваат 35 ...
Денес во Центарот за управување со кризи се одржа прес-конференција на која министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски, ја информираше јавноста дека, согласно последните анализи, водата во Општина Гостивар е технички исправна и може да се користи за одржување на лична хигиена, капење, миење садови и други технички потреби. Воедно, ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на максималните малопродажни цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на претходната одлука донесена минатата недела, односно на 20 јули. Новите цени ќе важат од ноќеска на полноќ. Согласно одлуката, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 95 денари за литар, што претставува поскапување од 3 денари по литар. ...
Според американските медиуми, две лица се убиени во пукотница во близина на познатиот симбол на градот Сиетл, Спејс Нидл. Најмалку уште четири лица се повредени, вклучувајќи и едно дете, објавија медиумите во неделата, повикувајќи се и на претставник на болницата. Градоначалничката на Сиетл, Кејти Вилсон, објави дека по инцидентот е извршено едно апсење. Таа претходно изјави дека се уапсени двајца осомничени. Вилсон ѝ се заблагодари на ...
Петмина државјани на Босна и Херцеговина загинаа синоќа на планината Елбрус во Русија, јавува Радио Сараево. Од седумте планинари кои тргнаа во експедиција кон највисокиот врв во Европа, двајца успеаја да се спасат. Сите настрадани биле членови на Планинарското друштво „Ведро“ од Зеница, пренесува N1 Сараево. „Илјадници километри зад нас, еден врв пред нас и само еден сон. Чекор по чекор, сè до покривот на Европа“, напишаа планинарите покрај ...