Скопје
37ᴼ /
37ᴼ
Прогласена е епидемија на западнонилска треска во повеќе скопски општини, откако во земјата се регистрирани 26 случаи на заболувањето, од кои 25 во Скопје и еден во Велес. Здравствените власти уверуваат дека нема место за паника, но апелираат граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за превенција и лична заштита од комарци. Во Северна Македонија од почетокот на годината се евидентирани 26 пациенти заболени од западнонилска треска, а едно ...
По повод одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, Министерството за односи меѓу заедниците организираше инклузивен панел на кој учествуваа универзитетски професори, експерти од различни области, поранешни дипломати, политичари, еминентни новинари, како и претставници на фондации и организации кои работат со граѓанското општество. На почетокот од настанот, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, им се ...
Младите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја. По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште еднаш ја потврдува својата заложба младите да ...
Во текот на вчерашниот ден (11.08.2026) во периодот од 16:00 до 21:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 35 на територијата на СВР Тетово, 34 на територија на СВР Охрид, 19 на територија на СВР Битола… За време на контролата санкционирани се и ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја изрече првата глоба за напуштање новородени животни во земјава. Сторителот од Скопје е казнет со 550 евра во денарска противвредност, откако во парк во близина на скопски трговски центар фрлил цело легло со мали мачиња. Инцидентот бил забележан од совесен граѓанин кој веднаш го пријавил случајот до ЈП „Лајка“, приложувајќи фотографии и видеоснимки од напуштањето. Врз основа на доказите и ...
По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба драстично се влошила во текот на попладнето, по што итно бил пренесен во хируршка сала поради обемно внатрешно крварење во абдоменот, предизвикано од силната повреда. И покрај долготрајната реанимација и животоспасувачката операција, медицинскиот тим не успеал да го спаси. Загубата ја бранува јавноста ...
Поле на намален воздушен притисок југоисточно од нас, односно некаде над Турција, но и продор на поладен воздух на висина од исток и од североисток, во деновите четврток и петок (13 и 14 август) во Македонија атмосферата ќе се дестабилизира. Тоа значи дека во попладневните часови ќе се развиваат локални облачни конвективни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“. Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот. На средбата, заменик претседателот на Владата, Николоски го истакна огромниот потенцијал на Македонија како туристичка и авио дестинација, особено во услови на ...
Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Ми претставува особено задоволство што од една храбра идеја, Ohrid Water Festival прераснува во автентичен спортски бренд на нашиот град. Од 12-ти до 30-ти август, Охридското Езеро повторно ќе биде сцена на голем број спортски и рекреативни активности, а фестивалот ќе понуди содржини за различни генерации, различни интереси и различни нивоа на спортска подготвеност. Секако, круна на целата фестивалска програма и оваа година ќе биде Охридскиот ...
Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...
Целосно помрачување на Сонцето ќе се случи на 12 август и ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот Океан, во Шпанија и во помал дел од Португалија. Многу други места на северната хемисфера тој ден ќе доживеат делумно помрачување на Сонцето, вклучувајќи делови од северниот дел на Соединетите Американски Држави – од Аљаска до Северна Каролина, поголемиот дел од Канада, поголемиот дел од Европа и земјите од ...
РКЕ објави дека цените на бензините се намалуваат по 4 денари а дизелот поевтинува 8 денари. Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 5, 8. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 4.00 денари. Еден литар 95-откански бензин ќе чини 87.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 89.00 денари. Цената на ...
Најмалку 111 лица го загубија животот, а 87 се сериозно повредени во разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени што рано утринава ја погоди Колумбија, потврди претседателот на државата, Абелардо де ла Есприеља. Според првичните официјални податоци од колумбиските власти, сеизмичкиот удар со себе донесе огромни разорувања — целосно се урнати најмалку 61 објект, додека над 1, објави 4news.mk 575 домови се тешко оштетени. Сирени и паника во ...
“Заврши процесот на жалба, така што овој пат процесот е целосно завршен, сега влегуваме во процес на потпишување на договор, иако рокот на испорака е 6 месеци од денот на потпишување на договорот, моето барање од понудувачот е првите автобуси да стигнат во декември месец”, рече Николоски. Вицепремиерот додаде дека според јавната набавка, планирано е сите 150 автобуси да бидат испорачани во рок од 18 месеци. “Планирано е следните 60 ...
Николоски вечерва во гостувањето во „Тема на денот“ истакна дека грантот од 149,2 милиони евра претставува околу 30 проценти од вкупните средства потребни за реализација на проектот. “Во однос на источното крило на Коридорот 8, целосно е затворено финансирањето на градбата. Имаме 149,2 милиони евра грант, што е најголем грант што државата било кога го добила, или околу 30-тина проценти од вкупната сума која што е потребна. Имаме 350 ...
Тој посочи дека во градскиот воз ќе бидат ставени најновите железнички гарнитури со кои располага државата – две електрични и една дизел гарнитура. “Веќе утре имаме координација помеѓу Министерството за транспорт, Железници инфраструктура, Железници транспорт, Град Скопје и ЈСП. Една од точките се и возните редови, затоа што сакаме да ги усогласиме со ЈСП. Нашата основна цел ќе биде тие да одговараат на учениците, пред сè на ...
По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип. Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана. Додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и лишен ...
Во јуни и јули во западна Европа беше потопло од кога било досега во овие два летни месеци. Просечната температура во регионот, во кој спаѓа и Германија, изнесувала 21,62 степени Целзиусови, соопшти во Бон службата за климатски промени на програмата на Европската Унија „Коперник“. Тоа е за 2,79 степени повеќе од долгорочниот просек за јуни во периодот од 1991 до 2020 година. Сепак, „Коперник“ укажува на изразен температурен контраст меѓу ...
На подрачјето на СВР Скопје во текот на викендот спроведени се контроли во текот во делот на сообраќајот, при што од слобода се лишени 21 лице за безобѕирно управување со моторно возило по член 297 а од Кривичниот законик, од кои шест се малолетни лица. Исто така, преземени се 161 мерка од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, од кои 10 мерки за лица кои управуваат лесни електрични возила. На подрачјето на ...
На 09.08.2026 во 00:01 часот на локалниот пат Илинден – Марино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје. При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта, а управувал и без да ...
Денеска кога се поклонуваме во чест на Св. Климент Охридски во куќата на Уранија се одржа свечена церемонија на која се одбележаа 35 години од формирањето на Охридската Академија на хуманизмот. Пред државниот врв, ехцеленции и светската културна елита беа доделени Светската награда за хуманизам на проф. д- р Кристоф Бенедиктер и Повелбата на хуманизмот на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод 40 години од неговото ...
Седум рожби на бебиња на Гинеколошко-акушерското одделение при Општата болница во Кочани во последните два дена по природен пат. Родени се седум бебиња – четири машки и три женски. Годинава одделението е засилено со тројца специјалисти по гинекологија и акушерство, што претставува значајно унапредување на здравствените услуги. Седум рожби на бебиња на Гинеколошко-акушерското одделение при Општата болница во Кочани во последните два дена по ...
Во периодот од понеделник (10 август) па се до недела (16 август) во Македонија ќе продолжи влијанието на топлиот бран од југ, односно од Африка. До четврток (13 август) во Македонија овој топлотен бран од Африка ќе биде со зголемен интензитет кога во повеќето градови, особено оние во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија, како и Скопската котлина ноќите ќе бидат тропски а тоа значи дека температурите ниту во текот на ноќта ...
Американскиот Сенат го отвори патот за воведување нови санкции против Русија. Законот, кој доби убедлива поддршка во Сенатот, предвидува заострување на мерките против руски политичари и компании, како и дополнително ограничување на рускиот извоз на нафта и гас. Предлог-законот сега треба да биде разгледан и изгласан во Претставничкиот дом на САД. Поради парламентарната пауза, гласањето во Претставничкиот дом најверојатно ќе се одржи дури во ...
Како одговор на граничните контроли што Италија ги воведе за Шпанија поради мигрантската криза во шпанската ексклава Сеута, Мадрид воведува идентични мерки за патниците кои пристигнуваат од Италија со авион и брод. Според соопштението на шпанското Министерство за внатрешни работи, контролите стапиле во сила на полноќ и ќе останат во сила до 7 септември. Италија претходно воведе гранични проверки за патниците кои доаѓаат од Шпанија поради ...
Беспилотно летало навлегло во воздушниот простор на Бугарија, земја-членка на НАТО и на ЕУ. Дрон натоварен со експлозив експлодирал на границата меѓу Романија и Бугарија, соопштија бугарските власти. Инцидентот се случил во непосредна близина на граничниот премин Кардам кон Романија, во североисточниот дел на Бугарија, недалеку од Црното Море. Бугарскиот премиер Румен Радев во саботата изјави дека беспилотното летало експлодирало на околу ...
На 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина ...
Засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL. Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина ...