Територијата на Македонија од денес ( среда 5 август) па до крајот на седмицава ќе се наоѓа под влијание на многу топол и сув бран од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево и многу топло со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Во Скопје и околината исто така времето ќе биде сончево и многу топло со појава на мала до умерена локална ...

Мртва риба лежи на брегот, полуразложена. Мува ползи по нејзините лушпи, а очите веќе ѝ се исколвани од птици. Трупот би можел да биде предвесник на масовно угинување на рибите. Количината на кислород во езерото Веленце е премногу ниска, предупредуваат унгарските експерти за животна средина, и наскоро сè повеќе риби би можеле да се задушат. Температури околу 40 степени и речиси никакви врнежи: долготрајната суша не помина без последици за ...

Водата од градскиот водовод во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и останува наменета само за техничка употреба, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи, најави дека во наредниот период ќе има зајакнати контроли на квалитетот на водата од страна на повеќе надлежни институции. „Штом ќе имаме три последователни резултати кои ќе покажат исправна вода за пиење на сите ...

На 03.08.2026 во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени се од слобода Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик. Имено, при извршен преглед на возило “голф” во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, американски ...

Н. Е. Буршаков доаѓа во прва официјална посета на Охрид. На средбата беше најавено отворање на Почесен конзулат на оваа централноазиска држава во Охрид. Го поздравувам и потпишувањето на билатералниот договор за соработка во областа на туризмот меѓу двете земји, Македонија и Казахстан чија постапка е во тек. Казахстан е деветта по големина земја во Светот којашто изобилува со богата историја, степски предели и брз модерен развој. Н. Е. ...

Марјан Патлиџанковски е автор на расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“ кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. Д-р Марјан Патлиџанковски е роден на 22 мај 1973 година во Скопје. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата за Македонска и јужнословенска книжевност. Во „Современост“, во броевите 5 од 2004, 2 од 2005 и 4 од 2005 година ги објавил ...

Во преубавиот амбиент на Селце, успешно се одржа годинешната Летна школа за македонски јазик во Република Хрватска. Проектот, чиј носител е Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а се остварува со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска, уште еднаш ја потврди својата непроценлива улога во зачувувањето на македонскиот јазик, идентитет и култура кај помладите генерации. На шШолата ...

Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20976 издадени платни налози, 4241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за ...

Голем број американски сојузни држави управувани од членови на Демократската партија поднесоа тужба против новите царини што неодамна ги воведе претседателот Доналд Трамп за 60 меѓународни трговски партнери. Според тужбата, 25-те сојузни држави ја обвинуваат американската администрација дека повторно воведува произволни и широкоопфатни царини под изговор дека сака да се бори против присилната работа во глобалната трговија. Доколку Федералниот ...

Пожар од големи размери беснее во јужниот дел на Албанија, кај Делвина и Финиќ, каде според министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, ситуацијата е критична. Со часови се соочуваме со тешка ситуација поради пожарите во неколку села во Делвина и Финиќ, а апсолутен приоритет на службите е заштита на населението и домовите. Сите наши структури се на терен и операцијата продолжува без прекин, и од земја и од воздух, со ангажирање на ...

Денес, директорот на Центарот за управување со кризи, г. Мухамед Али, заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г. Стојанче Ангелов, во Кавадарци одблиску ги координираа активностите за справување со пожар од големи размери. На терен се ангажирани два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување, еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, еден хеликоптер на Армијата, како и пожарникарските екипи од Кавадарци и ...

Производството на електрична енергија во нуклеарните централи е намалено или суспендирано во неколку европски земји. Причината е нискиот водостој на реките поради сушата и топлотните бранови, а како последица на тоа и недостатокот на вода за ладење. Нуклеарни централи во Унгарија и Романија се затворени – како и реактори во Франција. Нуклеарната централа Чернавода на Дунав има два реакторски блока и е единствениот нуклеарен објект во ...

Во текот на изминатиот викенд (31.07–02/03.08.2026), на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 34 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 23 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, девет лица управувале под дејство на алкохол, едно лице управувало нерегистрирано возило и без возачка дозвола, а едно лице управувало без ...

Во текот на изминатата недела (27.07.-02.08.2026), полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата лишија од слобода и приведоа над 70 лица поради сомнение за сторени кривични дела и прекршоци поврзани со недозволена трговија и поседување наркотични дроги. При преземените мерки, кај лицата биле пронајдени и одземени различни видови наркотични дроги, меѓу кои бела прашкаста материја, кафеава ...

Денеска (03.08.2026) во 08:41 часот на автопатот А1, на паркингот Милетково, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Ш.З.(36). При контрола на сообраќајот било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час. Против лицето ќе биде ...

Во Охрид, изминатиот викенд, се одржа традиционалниот 47. Куп во далечинско пливање „Илинден 2026“, на патеката Горица – Охрид , во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски Бранови 2008“, со поддршка на Општина Охрид. На пливачката патека во должина од 2,5 километри настапија 83 пливачи од Македонија и странство, поделени во две возрасни категории – од 8 до 15 години и 16 години и постари. ‎ ‎На свеченото доделување на медалите и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова рунда разговори со Иран. Преговорите треба да се одржат уште денеска, понеделник, изјави тој во претседателскиот авион за време на летот кон Вашингтон. Трамп не откри каде ќе се одржат разговорите, колку долго ќе траат ниту кои точно претставници ќе учествуваат во нив. Воедно, американскиот претседател ја повтори својата изјава дека САД, на барање на повеќе држави од Персискиот Залив и на ...

Војните во Украина и на Блискиот Исток досега не предизвикаа колапс на глобалните резерви на храна. Но, доколку на нив се надоврзе и силен временски феномен како Ел Нињо, ризиците би можеле значително да се зголемат. Потенцијално рекордно силен Ел Нињо сега се засилува низ Тихиот Океан, носејќи или суши или поплави во клучните светски земјоделски региони. На почетокот на јули, американската Национална агенција за океани и атмосфера (НОАА) ...

На 01.08.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Б.(54) од Велес, затоа што во близина на Башино Село, велешко, додека со алат сечел метален предмет, од искрите настанал пожар на сува трева. Повредени лица нема, а пожарот го изгаснал Д.Б. и други лица кои биле во близина. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес и по документирање на настанот против Д.Б. ќе биде поднесена ...

За мене претставува посебна чест и задоволство да сум денеска тука во Дебар и да имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите на едно семејство корисник на еден ваков стан, да го означиме пуштањето во употреба на овој станбен објект којшто ќе биде иднина на многу лица, на многу семејства коишто ќе го користат овој станбен објект. Јас можам да им посакам многу среќа и здравје, пред сè, и што подолговечно да си ги користат ...

Синоќа во село Велгошти се одржа културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“ со што официјално започнаа илинденските празнувања. Годинава се навршија и 125 години од формирањето на првата востаничка чета во Велгошти. Пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски. – Денес стоиме на света земја, во Велгошти – место чија историја не се пишуваше со зборови, туку со дело, жртва и неизмерна љубов кон ...

Илинден е еден од најсветлите и најзначајни датуми во македонската историја. Ден што не потсетува на силната борба за слобода, на стремежот кон сопствена држава и на визијата на генерациите кои со храброст и пожртвуваност ги поставија темелите на нашата иднина. ‎ ‎Илинденскиот идеал не е само историско наследство, туку трајна обврска да ги чуваме и унапредуваме вредностите врз кои почива македонскиот идентитет, а тоа се единствотото, ...

Звукот на ѕвонење монети денес речиси и не се слуша во Шведска, бидејќи речиси сè се плаќа со картичка – дури и сладолед купен од киоск во соседството. Многу луѓе плаќаат дигитално, а најголемиот дел од трансакциите се извршуваат директно преку мобилен телефон. Во многу продавници тоа е и единствената опција, бидејќи на влезовите стојат натписи: „Не примаме готовина“. Плаќањето мора да биде возможно и без интернет Бјорн Ериксон смета дека тоа ...

ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Сети се на старите денови, помисли за годините на поранешните поколенија[1]. Возљубени празникољупци, Денес, со трепет и со духовна радост, го прославуваме Илинден – големиот настан од нашата народна и ...

Денеска (01.08.2026) полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско, извршија претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, а едно лице е повикано на службен разговор. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција. Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) од с.Добридол, ...

Денот сабота 1 август во Македонија ќе биде сончев и многу топол со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Во Скопје и околината исто така времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Наутро температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. ...

На денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита ...

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Либражд од Албанија, Мариглен Диша, на која беше разговарано за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете општини. На средбата посебен акцент беше ставен на реализацијата на заеднички проекти и можностите за заедничко аплицирање во рамки на претстојниот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021–2027. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Идризово присуствуваше и се обрати на свечената промоција на новата генерација полициски службеници 2025–2026, со што Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и ...

На 30.07.2026 во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а од извршено ...

weather icon

Скопје

37ᴼ / 37ᴼ
2.57
27%
1010
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
3.13
27%
1009
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
3.6
54%
1008
weather icon

Софија

35ᴼ / 35ᴼ
3.09
24%
1011
weather icon

Сараево

40ᴼ / 40ᴼ
1.53
19%
1009
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
92%
1010
weather icon

Атина

37ᴼ / 33ᴼ
4.02
35%
1011
weather icon

Тирана

36ᴼ / 33ᴼ
5.66
37%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.57
24%
1012
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 35ᴼ
4.12
26%
1012
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
4.63
43%
1008
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
8.75
95%
1012
Currency

61.525

Currency

52.6287

Currency

71.6902

Currency

37.5633

Currency

38.2474

Currency

65.829

Currency

7.83255

Currency

0.63599

Currency

0.33113

Currency

0.52487

Currency

1.09575

Currency

0.55011

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Платина

60089.75

Калај

55.08

Кобалт

56.29

Паладиум

42824.79

Рутениум

53852.50

Сребро

2219.78

Родиум

282926.57

Злато

146070.49

Бакар

13.15

Иридиум

252383.36