Скопје
37ᴼ /
37ᴼ
Денот понеделник 20 јули, во Македонија повторно ќе донесе многу топло време и позасилена топлина и тоа поради присуството на топол воздух од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево а во попладневните и во вечерните часови локално на повеќе места ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни поинтензивни атмосферски процеси и појава на невреме, ...
На 18.07.2026 во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода С.Б.(21) и Е.А.(33), двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во нивните домови, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени 58 кесички со бела прашкаста материја и дигитална вага. На ...
Очигледно е дека СДСМ Охрид има сериозен проблем со амнезијата, па нивниот претседател Асен Шајн мора под присила од скопската централа да чита памфлети за теми кои самите тие ги девастираа. Да излезеш денес и да зборуваш за УНЕСКО, урбанистички планови и заштита на Охрид, по сè што направивте, не е само лицемерие туку во најмала рака е потценување на интелигенцијата на охридската јавност. Како да не беше „вчера“ кога министерот за транспорт ...
Позасилена топлина во Македонија предизвикана од продор на топол воздух од југ, односно од Африка ќе имаме и денес недела 19 јули во Македонија. Токму поради ова целата територија на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза. Времето ќе биде сончево и многу топло со појава на мала локална облачност. Сепак, во попладневните часови, особено во централните и во источните предели од Македонија ќе има услови за поретка појава на ...
На 17.07.2026 во 22:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат за с. Требош, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, кој возилото го управувал без возачка дозвола односно сторил кривично дело по член 297-а од КЗ и е лишен од слобода, и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (80) од с. ...
На 17.07.2026 во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Р.(19) од с.Батинци, скопско, по претходна пријава дека на 16.07.2026 околу 22:20 часот на подрачјето на Центар, заедно со други малолетни лица од Скопје, физички го нападнале М.Ч.(19) од Скопје. Исто така, полициските службеници од СВР Скопје извршија службен разговор во полициска станица со тројца малолетници, во присуство на родители ...
На 17/18.07.2026 во период од 23:30 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територија на СВР Тетово, при што се пронајдени ножеви и дрога, а приведени се четири лица. При вршење на контрола во угостителски објект во Тетово, при преглед во задната страна од објектот, пронајдени се две кесиња со бела прашкаста материја. При контролата на други објекти, приведени се А.А. (23) од ...
Преговорите за новите европски правила во врска со правата на патниците во воздушниот транспорт повеќекратно беа блокирани. По повеќе од 13 години, реформата на почетокот на неделава ја помина последната пречка – министрите на земјите членки на ЕУ, исто така, дадоа зелено светло за измените. Особено долго имаше несогласувања околу износот на надоместокот и прагот за неговото исплаќање. Земјите членки на ЕУ првично сакаа патниците да имаат ...
Се е поизвесно дека од 22 јули во Македонија ни доаѓа силен продор на свеж воздух од север кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тоа за околу 10 степени па и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ќе ги имаме викендов. Исто така околу 24 јули видливи се и обилни врнежи од дожд во Македонија и есенско време, иако сме во срцето на летото. Тогаш во Македонија би можело да наврне големо количество на дожд. ...
Заматена и кафена вода што деновиве тече од чешмите во Гостивар го вклучи алармот кај институциите, особено откако болницата во градот беше преплавена со граѓани кои се пожалиле на дијареја, повраќање, болки во стомакот и покачена температура. Во само неколку дена, повеќе од 1.200 лица побарале лекарска помош. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за користење на водата од градскиот водовод сè до добивањето на резултатите ...
Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...
Општина Охрид продолжува со реализација на проекти насочени кон подобрување на условите за живеење и унапредување на комуналната инфраструктура. Во тек се работни активности за доизградба на атмосферски канал на улица АСНОМ во станбениот комплекс „Бејбунар“. Проектот опфаќа изведба на цевковод ПЕФ 630, во должина од 400 метри, со вкупна вредност од 4.353.247 денари. Активностите ги изведува ЈП „Нискоградба“ по налог на Општина Охрид, со ...
Денеска (17.07.2026) околу 08:00 часот, полициските службеници од РЦГР Север, постапувајќи согласно Оперативниот план за спречување на криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Танушевци, поточно на граничната линија помеѓу с. Танушевци и с. Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки. Веднаш се ...
Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часот На ден 17.07.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 3 пожари на отворен простор, од кои активен е 1 пожар, а изгаснати се 2 пожари. Активни: 1 Општина Врапчиште: с. Врапчиште (ниска вегетација) Изгаснати: 2 Општина Струмица: с. Добрејци (ниска вегетација, ѓубре) Општина Кратово: с. Железница (депонија) Центар за управување со кризи: ...
На 17.07.2026 во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки. По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, а ...
За време на овој викенд (сабота и недела 18/19 јули) во Македонија ќе имаме краткотрајно интензивирање на топлината, и покрај ова изразен топлотен бран и екстремно високи температури на воздухот во Македонија нема да имаме. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе во прашање безбедноста на изборниот систем, нешто повеќе од три месеци пред изборите за Конгресот на САД. Во обраќање до нацијата, Трамп ја обвини Кина за голем обид за влијание врз американските избори. Според него, Пекинг во 2020 година го извршил „веројатно најголемиот грабеж на изборни податоци во историјата“. Трамп изјави дека „ова губење на податоци претставува невиден кошмар за ...
Во Хаг е седиштето на два големи меѓународни судови кои може да се помешаат. Од едната страна таму се наоѓа Меѓународниот суд на правдата на Обединетите нации (МСП), кој решава спорови меѓу држави и е сместен во историската Палата на мирот. Од другата страна е Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој од 2002 година пред лицето на правдата изведува лица одговорни за воени злосторства и се наоѓа во многу посовремена зграда од стакло и бетон. Во ...
На пригоден настан што на пладне се одржа во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид, беа одбележани 80 години од раѓањето на познатиот македонски писател, драматург, афорист и сатиричар Иван Карадак. Настанот е дел од годишната програма за култура на Општина Охрид, а пред присутните се обрати Претседателот на Совет, Перчо Божиноски. – Имам исклучителна чест и одговорност денес во име на градоначалникот Кирил Пецаков да ве поздравам на овој убав јубилеј ...
Гоце Наумовски поднесе неотповиклива оставка од функцијата судија во Уставниот суд,само пет месеци по неговиот избор. Оставката е доставена до Собранието, а како што пренесуваат дел од медиумите, како причини Наумовски навел лични и професионални околности. Ова е втора оставка на професор од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Уставниот суд во период пократок од една година, по повлекувањето на Јадранка Дабовиќ-Анастасовска во декември ...
Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата учествуваа на постројување на пистата во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Тие ќе се вклучат во справувањето со огнените стихии во земјата. Директорот на ДЗС и командант на Силите за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, порача дека доброволните пожарникари ќе имаат сè ...
“ Toa e еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Гледате дека со автопатите, особено на Охрид – Кичево, стекнавме едно такво искуство. Проблематиката е далеку поголема од можностите и капацитетите коишто ги имаат општина Кисела Вода и Градот Скопје. Затоа, премиерот Мицкоски реализираше една координација на работна средба помеѓу нас, Општината и Градот. И овој вторник, на седница на ...
На ден 16.07.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 5 пожари на отворен простор, од кои активен е 1 пожар, под контрола е 1 пожар, а изгаснати се 3 пожари. Активен: 1 пожар Општина Старо Нагоричане: с. Канарево (ниска вегетација). Под контрола: 1 пожар Општина Ново Село: с. Бајково (ниска вегетација и мешана шума). Изгаснати: 3 пожари Општина Кичево: с. Србица (нива). Општина Неготино: с. Војшанци кон Пепелиште (напуштено лозје). ...
Вчера во Охрид се одржа првиот координативен состанок во рамки на проектот „ADVENTOUR II – Accessible Adventure Across the Borders“, кој се реализира преку Interreg VI-A IPA Greece – North Macedonia Programme 2021–2027. На состанокот, покрај претставниците на Општина Охрид, присуствуваа и претставници на сите проектни партнери: YMCA од Солун, Грција; Грчката национална туристичка организација; Мрежата за рурален развој од Скопје и ...
Три млади лица вчера биле спасени од водите на реката Треска, откако биле однесени од силниот воден тек предизвикан од зголемен испуст на вода од браната „Матка“, наменет за производство на електрична енергија. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката, биле зафатени од надојдената вода. Станува збор за две малолетни ...
На 15.07.2026 околу 22:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишија од слобода косовскиот државјанин Р.Е. (24). Претходно, на Граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „бмв“ со косовски регистарски ознаки, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал и го влечел неколку метри царинскиот службеник со возилото, ...
Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата со доживотен затвор за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Истовремено, Апелација ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и предметот го врати на ново судење. Одлуката е донесена на 10 јули, откако во мај беше одржана јавна седница на која беа разгледани списите, жалбите и ...
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека со пресудата за предметот „Талир 2“конечно е задоволена правдата во случајот што со години се водеше против ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, СДСМ обвинува дека судството и обвинителството работат под политички притисок и дека одлуката му оди во прилог на поранешниот премиер Никола Груевски и на владејачката партија. Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше жртва на политички прогон Одговарајќи на новинарско прашање за ...
Денот четврток 16 јули во Македонија ќе биде сончев со позасилена топлина со што целата територија на Македонија се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради високите максимални дневни температури на воздухот кои се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, а во Скопје и околината до околу 36 степени. Сепак и покрај зголемување на интензитетот на топлината, екстремно топол бран нема да имаме, но и таков екстремно топол бран нема на ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од Венко Филипче дека нѐ очекува тешка есен на енергетски план и дека се очекува повисока цена на струја, изјави: „Видете, претпоставувам дека тие ќе продолжат на ваков начин да водат политика. Вие се сеќавате, тие зборуваа дека ќе сме банкротирале 2024, па не банкротиравме. Потоа велеа ќе ...