Скопје
37ᴼ /
37ᴼ
На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна ...
Во рамки на чествувањата по повод 1 110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1 140 години од основањето на Охридската книжевна школа, вечерва во преедворјето на црквата „Пресвета Богородица – Перивлепта“ се одржа културната манифестација „Деца сме на Климента“ Пред присутните се обрати советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Коталeски. – Имам особена чест и задоволство од името на Општина Охрид да ве поздравам на овој ...
Среде новите воени ескалации во регионот на Персискиот Залив, нуклеарната сила Пакистан, членката на НАТО, Турција и богатата заливска монархија Саудиска Арабија денеска (7.08) потпишаа заеднички одбранбен пакт. Договорот беше потпишан за време на состанокот меѓу саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во Саудиска Арабија. Според пакистанското Министерство ...
Статистиката вели едно, паричникот друго. Додека Владата тврди дека инфлацијата е стабилизирана и дека нема потреба од нови мерки за цените, опозицијата и синдикатите предупредуваат дека секојдневниот живот на граѓаните станува сè поскап. Во центарот на дебатата деновиве се најдоа податоците на Евростат за куповната моќ, кои Владата ги посочи како доказ за напредок, наспроти тврдењата дека растот на цените и натаму го нагризува животниот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, и неговиот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ, на денешната средба, сабота (8 август) во Белград, ги очекува излет во политичко минско поле. Во европскиот печат Србија има имиџ на земја со „проруски ориентации“, поради што, според медиумите, во Киев постои струја која жестоко се спротивставувала на посетата. Од друга страна, сите истражувања покажуваат дека тврдото избирачко тело на ...
Речни корита кои повеќе потсетуваат на потоци, омекнат асфалт и исушени полиња се моментално највпечатливите слики од сушата во Централна и Југоисточна Европа. Рекордниот недостаток на врнежи од дожд во претходните месеци и летните топлотни бранови веќе предизвикаа сериозна штета на економијата и инфраструктурата низ целиот регион. Во земјоделството, веќе е јасно дека приносите, особено на пченка и сончоглед, ќе бидат значително под просекот. ...
На 06.08.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(20) од Скопје, при што била причинета материјална штета. При преземање мерки и вршење на ...
Министерот Агон Ферати денеска ја прими германската амбасадорка во Северна Македонија, г-ѓа Петра Дрекслер. На средбата беа разгледани заедничките приоритети за унапредување на процесите што поттикнуваат инклузивност, еднакви можности, меѓусебна доверба и изградба на поинклузивно и поодржливо општество. Соговорниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформите и политичката посветеност како клучни фактори на патот кон интеграцијата на ...
Проф. д-р Кристоф Бенедиктер, претседател на Европската асоцијација на истражувачи и професори (АЕРЕР), е годинашен добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, признание што Охридската академија на хуманизмот го доделува во чест на делото и духовното наследство на Свети Климент Охридски, како симбол на знаењето, просветителството и универзалните цивилизациски вредности. Одлуката на Меѓународното жири е донесена како израз на ...
Општина Охрид за буџетската 2026 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во ...
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, а подоцна со судска наредба биле извршени претреси кај Л.З. и Б.Љ.. Кај Л.З. не се пронајдени други предмети, додека кај Б.Љ. биле пронајдени и одземени едно репетирачко долго огнено оружје за кое поседувал дозвола и едно пневматско оружје, куршуми калибар 9 мм и пиштол за кои не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен ...
Во тек се градежни активности за асфалтирање на седум краци од улицата „Момчило Јорданоски“ . Проектот се реализира како дел од Програмата за уредување на градежното земјиште, со средства од Буџетот на Општина Охрид. Со оваа инвестиција ги подобруваме условите за сообраќај и секојдневно функционирање на жителите од овој дел на градот. Продолжуваме со реализација на проекти кои обезбедуваат поквалитетна инфраструктура во сите урбани и рурални ...
На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Н.(19) од Скопје затоа што вчера (05.08.2026) во 21:20 часот на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ ГOБ “8 Септември“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ...
Во текот на вчерашнит ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи. Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се обидува да го ограничи правото на автоматско стекнување американско државјанство по раѓање, иако претходно претрпе пораз пред Врховниот суд на САД. Според новите мерки, новороденчињата чии мајки патуваат во Соединетите Американски Држави исклучиво со цел да се породат, во иднина нема автоматски да добиваат американско државјанство. Трамп потпиша декрет со кој, според неговата администрација, ...
Просечната оценка од полагањето матура во јунската испитна сесија изнесува 3,66, пресметано за сите три типа матура: државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура, кои првпат беа воведени оваа година. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска-Михајловска, на прес-конференција ги соопштија ...
Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија. Напротив, се прави план за да се најде формула со која цената би се намалила или би се проширила евтината тарифа, порача денеска премиетот Христијан Мицкоски, по случувањата во регионот и нискиот водостој во Дунав, Сава и другите европски реки. Премиерот смета дека земјата успешно се соочува со актуелните енергетски предизвици. Според него, притисок врз цената на ...
Железничкото поврзување кон Бугарија влегува во нова фаза. Северна Македонија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ обезбеди 149 милиони евра грант за изградба на третата делница од железничкиот Коридор 8. Проектот е дел од заложбите за подобра регионална поврзаност, унапредување на железничката инфраструктура и интеграција на земјата во европските транспортни и економски текови. Во Владата денеска беа потпишани договорите за ...
На Дунав во моментов се гледа колку и нуклеарните централи зависат од својата околина. Во унгарската централа Пакш, која вообичаено произведува околу 40 проценти од потребната електрична енергија за земјата, моментално работи само една од четирите турбински единици. Поради рекордно ниското ниво на Дунав, единствената нуклеарна електрана во земјата во еден момент дури се соочи и со можност за целосно исклучување. Сепак, за европскиот пазар на ...
Во рамки на свечената програма на Општина Охрид по повод јубилеите – 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа, во црквата „Света Софија“ беше промовирано делото „Охридска книжевна школа“ од авторот проф. д-р Димитар Пандев. Книгата е издание на Општина Охрид, во рамки на едицијата „Охридско книжевно наследство“. Делото е отпечатено во тираж од 200 примероци и содржи 300 ...
Таеквондо клуб „Ге-Бек“ – Ресен врши упис на нови членови за сите деца и млади кои сакаат да станат дел од светот на традиционалното Таеквон-До ITF. Редовните тренинзи започнуваат на 10 август, кога клубот ги започнува подготовките за вториот дел од натпреварувачката сезона. Без разлика дали вашето дете сака да се рекреира, да стекне самодоверба или да се натпреварува, кај нас ќе добие стручна обука, безбедна средина и можност за правилен ...
Вселенската компанија Спејс Икс со својот прв деловен извештај по рекордното излегување на берза во јуни ги надмина очекувањата на аналитичарите. Сепак, инвеститорите остануваат претпазливи во однос на тоа дали компанијата на Илон Маск ќе успее да ги реализира своите амбициозни планови. Приходот на Спејс Икс во вториот квартал пораснал за 92 проценти и достигнал 7,8 милијарди долари (6,75 милијарди евра), додека компанијата значително ја ...
Територијата на Македонија останува да биде под влијание на многу топлиот бран од југ, односно од Африка. Времето останува многу топло и сончево со појава на умерена локална облачност. Сепак, во попладневните часови ќе има услови за поретка појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје и околината времето останува многу топло и сончево, со појава на умерена локална облачност. Во ...
Прашањето дали се водат тајни преговори со Бугарија повторно ја отвори политичката дебата за евроинтеграциите и позициите на Владата во однос на ЕУ. Министерството за надворешни работи ги отфрли тврдењата на опозициската СДСМ за постоење таен договор, оценувајќи ги како невистини и политички конструкции. Од МНР велат дека институциите редовно комуницираат со европските партнери, но дека нема таен договор, ниту преговори што би значеле ...
Температурите кои деновиве достигнуваат и до 40 степени Целзиусови ги засилија предупредувањата за заштита на здравјето на граѓаните. Додека надлежните институции апелираат на претпазливост поради топлотниот бран, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) побара работодавците да преземат дополнителни мерки за заштита на работниците, особено на оние кои работат на отворено и се најизложени на жештините. ССМ бара намалување на работата на ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Е.Е. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и ...
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли. Акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење, со ...
Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена ...
Со особена чест Ве поканувам да бидете дел од програмата по повод одбележувањето на 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа. Од денес до недела, преку низа културни и духовни настани, заеднички ќе му оддадеме достојна почит на нашиот патрон и на неговото непроценливо книжевно и културно наследство. Со особена чест Ве поканувам да бидете дел од програмата по повод ...
Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна. Експертите велат дека водостоите се намалуваат поради летните горештини, но нема индикации за сценарио какво што моментално се случува во делови од Централна Европа. Но, останува прашањето дали продолжувањето на сушниот период и новите ...