Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Вистинска драма се случувала во патнички авион на „Американ ерлајнс“, откако еден од патниците се обидел да стигне до излезот и да го напушти авионот додека тој сè уште бил во воздух. Инцидентот се случил на летот 1494, кој сообраќал на релација Сан Диего – Чикаго. Мажот ненадејно го напуштил своето седиште и се упатил кон предниот дел од кабината, игнорирајќи ги наредбите на членовите на екипажот да се врати на своето место. Ситуацијата брзо ...
Романски државјанин, познат по прекарот „Сбесоета“, повторно е уапсен во Венеција под сомнение за џепна кражба, иако досега зад себе има неверојатни 100 апсења, без ниту еднаш да заврши во затвор. Станува збор за 50-годишниот Васил Веку Мандута, кој живее во Венеција од 1999 година и со децении е познат на италијанската полиција по кражбите на туристи. Само од почетокот на годинава бил апсен осум пати, секогаш под сомнение за истото кривично ...
Македонскиот народен театар синоќа ја изведе претпремиерната изведба на претставата „Црно злато“, работена според текст на драматургот Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски. Официјалната премиера е закажана за петок, 27 ноември, на Големата сцена на МНТ. Во центарот на драмата е едно семејство во кое враќањето на Анѓела ги отвора долго премолчуваните конфликти и ги става на испит односите меѓу родителите и децата. Преку семејната ...
Со самостоен концерт на младиот гитарист Коста Давчевски, одржан во галеријата „Павиљон во Тврдината“, завршија деновите на претставување млади музички таленти во Ниш, организирани од Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Белград. Пред преполната галерија, нишката публика со долги аплаузи и повикувања за бис го поздрави првиот самостоен концерт на Давчевски, кој важи за еден од најнаградуваните млади гитаристи во Србија. По ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли како „целосно несериозен“ предлогот на белорускиот лидер Александар Лукашенко лично да го однесе во Москва на преговори со рускиот претседател Владимир Путин. Зеленски иронично порача дека не е куфер што некој може едноставно да го стави во авион и да го испрати во Москва, но истовремено упати контрапредлог до белорускиот лидер – наместо него, да го донесе Путин во Киев. „Нека Лукашенко го ...
Група студенти, професори, експерти од различни професионални области и претставници на албанската дијаспора најавија формирање нова политичка партија во Албанија под името „Обединети за Албанија“, објави денеска „Политико“. Иницијаторите велат дека нивната цел е да создадат нова политичка сила која ќе ги обедини граѓаните околу модел на управување заснован на правда, стручност, одговорност и транспарентност. Претставничка на студентската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам дека е можно да се постигне договор за ставање крај на војната во Украина, откривајќи дека за ова прашање разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин. „Искрено верувам дека е сосема можно да се постигне договор за Украина“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“. Тој потсети дека за време на средбата со Путин во Кина ја изразил надежта дека Русија и Украина би можеле ...
Повеќе од 26.000 граѓани во Македонија треба да добијат назад над 2,3 милиони евра, односно повеќе од 140 милиони денари, откако Државниот пазарен инспекторат открил незаконска наплата на трошоци за опомени и известувања за доцнење со отплатата на брзите кредити. Контролите покажале дека финансиски друштва незаконски им наплаќале дополнителни надоместоци на граѓаните, а неправилности биле откриени и во договорите за потрошувачки кредити. Во ...
Просечната нето-плата во Македонија достигнала 49.141 денар, просечната пензија се зголемила на 28.935 денари, а инфлацијата во септември изнесувала 2,7 проценти. Овие економски показатели ги презентираше премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, правејќи споредба со претходните години и со земјите од регионот. Мицкоски посочи дека реалниот раст на бруто-домашниот производ во 2024 и 2025 година ...
Најавата за враќањето на работната недела предизвика остра реакција од Сојузот на синдикатите на Македонија. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека синдикатите не се изненадени од ваквите најави, без оглед дали се работи за личен став или за можна владина политика. „Со изјавата ‘Ако ме прашате мене, зошто да не се врати недела да биде работен ден’, која ја дал заменик-министерот Ристески, тој се става во улога на мегафон на ...
Облачно време со повремени врнежи од дожд се очекува денеска низ Македонија, а на одредени места врнежите ќе бидат пообилни и може да надминат 20 литри на квадратен метар во период од 24 часа, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека утринската и дневната температура ќе се движат во интервал од 3 до 11 степени. Во Скопје, исто така, ќе преовладува облачно време со ...
Возачите во наредниот период треба да бидат особено внимателни поради градежни активности и привремени измени на режимот на сообраќај на неколку важни патни правци низ државата. На експресниот пат Градско – Дреново и на автопатот Велес – Неготино ќе има пренасочувања, додека на патот Штип – Радовиш сообраќајот ќе се одвива наизменично со помош на семафори, информира АМСМ. Од 25 ноември до 31 декември 2026 година ќе има привремена измена на ...
Охрид денеска е во центарот на регионалната дипломатија, каде што се одржува состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони. Регионалните лидери се собраа во хотелот „Инекс Олгица“, а средбата започна синоќа со неформална вечера на која присуствуваа високите претставници од Западен Балкан. Домаќин на состанокот е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со коорганизаторите, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и хрватскиот ...
Дел од жителите на скопската улица „Белградска“ утре, 27 ноември, ќе останат без вода поради дефект на приклучна цевка, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 9 часот и ќе ги опфати корисниците на дел од улицата „Белградска“, на потегот кај број 56, каде што е регистриран дефектот. Од претпријатието информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршувањето на санацијата, по ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска побара од пратениците приоритетно да ги усвојат трите закони што се однесуваат на високото образование, научно-истражувачката дејност и квалитетот во високото образование, предупредувајќи дека евентуалното одложување нема да ѝ наштети на Владата, туку на образованието, граѓаните и државата. Одговарајќи на пратеничко прашање во врска со наводите во Извештајот на Европската комисија за ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски на собраниската седница за пратенички прашања, отворајќи го прашањето за влезот на Алта банка во Македонија и барајќи одговор со кого бил направен договорот за нејзиното присуство во земјава. Во својата реплика, Филипче оцени дека Мицкоски избегнува конкретни одговори за случајот со Алта банка, а притоа упати и провокативна забелешка поврзана со аферата ...
Системот „Безбеден град“ ќе продолжи да се проширува и технолошки да се надградува, а следната голема новина ќе бидат паметните камери со радари вградени во полициските возила. Тие ќе овозможат автоматско регистрирање на сообраќајните прекршоци, како во градските средини, така и на отворените патишта. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, посочувајќи дека целосната ...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека е подготвен лично да го придружува Володимир Зеленски во Москва на средба со Владимир Путин, при што би гарантирал за неговата безбедност. Лукашенко смета дека војната во Украина би можела побрзо да се заврши доколку во преговорите директно учествуваат трите словенски народи, без посредство на европските медијатори. Во интервју за францускиот неделник „Поен“, белорускиот лидер рече дека ...
Колумна, Национал Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор во пензија Четврток, 26 ноември 2026 година Образованието во секоја општина би требало да биде најцврстиот столб на заедницата-место каде се гради иднината, се почитуваат законите и се надградува трудот. Но, она што периодов излегува на површина во демирхисарско повеќе наликува на лоша трагикомедија отколку на сериозен образовен процес. Кога системските пропусти стануваат секојдневие, а ...
Компанијата „Еуро-Екопак“, во соработка со Детскиот ликовен центар, и годинава ги поврза уметноста и еколошката едукација преку традиционалната меѓународна изложба „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“. Изложбата беше отворена вчера, 25 ноември, во холот на Општина Карпош, а посетителите ќе можат да ја погледнат до петок, 27 ноември по што од 30 ноември ќе биде поставена во трговскиот центар „Сити мол“. На неа се претставени ...
Светските цени на шеќерот достигнаа највисоко ниво во последните десетина дена, поттикнати од прогнозите за намалено производство во Индија и загриженоста за временските услови во главните земји производители. Се очекува производството во Индија во сезоната 2026–2027 да се намали за 5,4 %, на 26,5 милиони тони. Дополнителен притисок врз глобалната понуда создаваат и неповолните временски услови во Бразил, каде што врнежите ја забавија жетвата ...
Народната банка упати покана до сите заинтересирани истражувачи да достават свои научноистражувачки трудови за презентација на претстојната, 60. сесија на Клубот на истражувачите. Сесијата ќе се одржи на 18 декември 2026 година (петок), во просториите на Народната банка. Заинтересираните автори треба да ги достават своите работни материјали на електронската адреса opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 10 декември 2026 година (четврток). Од Народната ...
Скопје беше домаќин на првиот Форум за енергетска дипломатија, кој собра високи дипломатски, политички, институционални и бизнис-претставници од регионот и пошироко, отворајќи дискусија за енергетските предизвици и идната меѓународна соработка. На форумот учествуваа амбасадори, претставници на дипломатски мисии, министри, високи владини претставници, меѓународни организации, финансиски институции, домашни и странски компании, како и експерти ...
Драган Ј. Вучиќевиќ е една од најконтроверзните личности на српската медиумска сцена. Како сопственик и главен уредник на таблоидот „Информер“ и истоимената телевизија, тој со години е меѓу најгласните медиумски поддржувачи на Српската напредна партија (СНС) и политиката на поранешниот српски претседател Александар Вучиќ. Пошироката јавност го препознава по остриот и навредлив речник кон политичките противници на власта, нападите врз ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите од регионалниот Процес Брдо – Бриони, иницијатива насочена кон зајакнување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан и забрзување на нивната интеграција во Европската Унија. Состанокот ќе го коорганизираат претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар, и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ. На регионалната средба се очекува ...
Русија би можела да се распадне во сегашната форма веќе до 2027 или 2028 година, доколку продолжи актуелниот курс на Кремљ и војната против Украина, предупредува пензионираниот руски генерал Леонид Ивашов (83), поранешен висок воен функционер кој служел и за време на владеењето на Владимир Путин. Ивашов оценува дека војната нанесува огромна штета врз Русија и дека последиците сè повеќе ги чувствуваат обичните граѓани. Тој повикува на мирна ...
Поранешниот премиер Зоран Заев повторно се појави во јавноста, овојпат на прием организиран од Амбасадата на Албанија во Скопје по повод 28 Ноември – Денот на албанското знаме и независноста на Албанија. На приемот присуствувале и актуелни пратеници и претставници на СДСМ, меѓу кои и претседателот на партијата Венко Филипче. По подолг период во кој ретко се појавува на јавни настани, присуството на Заев привлече внимание. Неговото појавување ...
Русија треба да избегнува потези што би можеле да доведат до проширување на војната во Украина, порачаа американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во заедничка изјава по нивната средба во Флорида. Како што пренесува „Њујорк пост“, на средбата биле разгледани актуелните безбедносни предизвици, меѓу кои војната во Украина и конфликтот во Иран. Во заедничкото соопштение се истакнува и потребата од што ...
Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, на меѓународен состанок во седиштето на Обединетите нации во Женева побара посебно внимание за положбата и заштитата на македонското национално малцинство во Албанија. На состанокот, организиран од специјалниот известувач на ОН за прашањата на малцинствата, Николас Леврат, Стерјовски се обрати во име на македонската заедница во Албанија, укажувајќи на ...
Синдикатот на културата на Република Македонија најави протестен собир утре, во 10 часот, пред Уставниот суд, поради постапувањето на Судот во врска со оценувањето на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура. Од Синдикатот посочуваат дека од опстојувањето на Колективниот договор зависат стекнатите работнички права на илјадници вработени во културата, поради што повикуваат на масовно присуство и поддршка на протестот. „Ова е ...