
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



На денешен ден Чикаго Булс го пречека Френикс Санс. “Јунајтед центар”-от беше стандардно исполнет до последното место. Резултатот во ниеден момент не беше доведен во прашање. Чикаго водеше во текот на целиот меч и на крајот победи со 111:104. Мајкл Џордан беше водечки стрелец со 31 поен а беше следен од својот тимски другар Скоти Пипен кој постигна 23. Џејсон Кафи придонесе со 18 поени од клупата за резервни играчи. Денис Родман беше “машина” ...
Од синоќешните NBA натпревари го издвојуваме најинтересното. Чикаго го пречека Њу Јорк во натпревар на кој регуларните 48 минути не беа доволни за да се реши победникот. По продолжението, “Никси” беа поуспешни со 128:120. Џулиус Рендл беше најрасположен за игра и реализира “дабл-дабл” учинок составен од 31 поен и 13 скокови, а придодаде и 7 асистенции. Џејлен Брансон имаше одличен меч со 30 поени и 7 асистенции а Канадскиот репрезентативец ...
Лос Анџелес Лејкерс и Бостон Селтикс одиграа драматичен и неизвесен натпревар. Во дуелот помеѓу најтрофејните NBA тимови, регуларните 48 минути игра не беа доволни за да се реши победникот. По продолжението од 5 минути, гостите од Масачусец извојуваа голема победа од 122:118. И покрај тоа што беше најдобар стрелец во составот, Ентони Дејвис беше трагичар на мечот откако промаши две слободни фрлања на крајот од регуларниот дел. Дејвис постигна ...
Најинтересното од синоќешните натпревари. Далас ја пречека Оклахома, а Лука Дончич повторно одигра на врвно ниво. Словенецот имаше “дабл-дабл” учинок составен од 38 поени и 11 скокови (плус 8 асистенции) и беше најзаслужниот за триумфот од 121:114. Најефикасен на натпреварот беше Шеј Гилгес-Александер со 42 постигнати поени. Демиен Лилард имаше нова рафална стрелба. Лидерот на Портланд постигна 38 поени и беше најзаслужен за високата победа од ...
Дизелот и бензините од полноќ ќе се продаваат по уште пониски цени, објави Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комсиија за енергетика. Цената на дизелот се намалува за 1,5 денари, а поевтинувањето на Еуросупер 98 и Еуросупер 95 ќе биде за 1,5, односно за 1 денар. Со новите цени дизелот треба да биде 78 денари, а бензините 78 и 76,5 денари од утре. Цената на дизелот и другите горива во малопродажба е намалена за речиси 30 отсто во ...
Комисијата за европски прашања ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести. Седницата е одложена за 14 декември, согласно распоредот на веб-страницата на Собранието. Според Предлог законот, во случај на појава на заразна болест, се предлага забрана за влез во објекти за лица кои не се вакцинирани или немаат потврда за прележана ...
Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи по денешните дојави за бомби. Петрушевска ги повика властите да си поднесат оставки поради постојаните дојави за бомби и неспособноста за пронаоѓање на лицата или лицето и расчитување на случаите. -Имате ли памет, бре. Девет средни училишта, трговски центар, Џевахир сити. Три месеци не’ малтретирате со вашата неспособност, дојави за бомби. Побарајте помош од странски служби, од било ...
Најинтересното од синоќешните NBA натпревари. Филаделфија го пречека Шарлот, а Џоел Ембид имаше партија за паметење. Еден од најдобрите центри во лигата постигна 53 поени и 12 скокови во победата на домашниот тим од 131:113. Ова е втор пат во тековната сезона, Ембид да ја надмине границата од 50 поени на еден меч. Лос Анџелес Лејкерс ја прекина серијата од три порази едно по друго, на гостувањето во Детроит победувајќи со 124:117. Одлична игра ...
На денешен ден Чикаго ја пречека Минесота. Шампионот на претходните два натпревари беше непријатно изненаден од Мајами и од Торонто, и беше решен да се врати на победничките патеки. По неочекуваните два пораза по ред, на овој натпревар “биковите” од самиот старт испратија силна порака на гостите од Минеаполис. Резултатот во ниеден момен не беше доведен во прашање. Чикаго победи убедливо со 103:86. Мајкл Џордан и Скоти Пипен беа водечки стрелци ...
Најинтересното од синоќешните NBA натпревари. Милвоки Бакс и Далaс Маверикс одиграа натпревар кој се решаваше во последните секунди. Центарот Брук Лопез постигна поени (од одбојка) на 7 секунди пред крајот и донесе минимално водство на гостите од Висконсин. Лука Дончич го имаше последниот шут од преку девет метри, кој заврши неуспешно. “Бакси” извојуваа победа од 106:105 а водечки (очекувано) беше Јанис Антетокумпо со 28 постигнати поени. Кај ...
Од синоќешните натпревари го издвојуваме дербито помеѓу најсилните од Истокот и Западот. Во дуелот помеѓу најдобропласираните тимови во двете конференции, доминираше само еден тим. Бостон го прегази Феникс со конечни 125:98. “Селтикси” уште по првата четвртина, имаа двоцифрена предност и го диктираа темпото во текот на целиот натпревар. Гостите од Масачусец испратија силна порака кон своите противници, и ја потврдија одличната форма во последно ...
На денешен ден, се случи една од најдобрите фотографии во историјата на кошарката. Мајами Хит гостуваше во Милвоки, на дуел со “Бакси”. Ова беше првата сезона на Леброн Џејмс во дресот на Мајами Хит. Очекувањата беа на највисоко можно ниво. “Жешките” во својот тим го има Двејн Вејд, Крис Бош како и “Кралот” кој им се приклучи во текот на летниот период. На 06.12.2010 година, се случи една од најубавите акции како и најпрепознатливите фотографии ...
Фантастична сума од 39.104.212,00 денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија го исплати кај играчите за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ во месец ноември. Секој месец е милионски за играчите на Видеолотарија Касинос Австрија. Ноември донесе радост кај многу играчи на видеолотариските терминали. Овој месец, најголемата добивка, најпосакуваниот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, го освои играч од Куманово на 02.11.2022. Добивката беше ...
Најинтересното од синоќешните NBA натпревари. Шампионот беше непријатно изненаден пред своите навивачи. Голден Стејт Вориорс го пречека младиот тим на Индијана Пејсерс. Балансираниот напад на гостите каде шест играчи беа двоцифрени со поени, беше клучен за големата гостинска победа од 112:104. Водечки беше дебитантот Ендрју Нембард со 31 поен и 13 асистенции. Кај домаќините, Стеф Кари имаше лоша шутерска вечер и постигна (за него прескромни) 12 ...
На синоќешниот натпревар помеѓу Вашингтон Визардс и Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис пружи партија за паметење. Еден од најдобрите центри во NBA, постигна 55 поени и 17 скокови во победата на својот тим на гостувањето во главниот град од 130:119. “Еј-Ди” имаше импресивен процент на реализација од поле од цели 73%. Со ваквата игра, Дејвис стана вториот играч во историјата на Лос Анџелес Лејкерс кој во два натпревара едно по друго успеал да ...
На денешен ден, Чикаго Булс го пречека Милвоки Бакс. Во дуелот на соседите, “Биковите” целосно ја покажаа својата доминација. Во преполниот “Јунајтед центар”, шампионот го презентира својот атомски напад и гранитната одбрана која им ги донесе толку посакуваните трофеи во низа. Оваа вечер, “Бакси” неамаа решение за домаќините. Чикаго поведе со +13 во првата четвртина и го диктираше темпото до самиот крај на мечот. Стартерите добија заслужен ...
Милвоки Бакс го пречека Лос Анџелес Лејкерс рано утрово. Во дуелот на два поранешни NBA шампиони, гостите од Калифорнија се радуваа на победата од 133:129. Последната четвртина од натпреварот се играше “кош за кош” и тимовите се константно се менуваа во водството. Пожртвуваноста и несебичноста која ја покажаа “Лејкерси” беше клучна за големата победа. Ентони Дејвис имаше фантастична вечер постигнувајќи “дабл-дабл” учинок од 44 поени и 10 ...
На денешен ден, шампионот гостуваше во Бостон. “Биковите” по тешкиот старт на првенството, полека влегуваа во посакуваниот ритам. На овој натпревар, Чикаго повторно на дело го презентира своето непроценливо искуство. Младиот тим на “селтикси” немаа одговор за својот противник, и загубија со 87:97. Најдобар стрелец (очекувано) беше Мајкл Џордан со 29 поени, следен од Рон Харпер со 18 поени и Тони Кукоч со 15 поени. “Булси” настапија без Скоти ...
Девин Букер постигна историско достигнување. На синоќешниот натпревар против Чикаго, младата ѕвезда постигна 51 поен со фантастичен процент на шут од поле со над 80%. Овој број на поени со ваква ефикасност е прв случај во историјата на NBA. “Ди-Бук” погоди 20 од 25 шутеви од игра, за само 31 минута поминато на теренот. По ваквата феноменална претстава, “сонцата” очекувано победија со 132:113. Со новата победа која е шеста по ред, Феникс Санс се ...
Видеолотарија Касинос Австрија од први декември активира нова добивка, НОВОГОДИШЕН СУПЕР МИЛИОНЕР со дефиниран опсег на добивката од 24 до 36 милиони денари или околу 600.000 евра. Ова е најголемата џекпот добивка на сите времиња кај нас. Почнува најубавиот месец во годината. Месецот во кој сите си замислуваме убави желби. Видеолотарија Касинос Австрија овој месец, со цел да одговори на задоволството на нашите верни играчи на видеолотариските ...
Приватните превозници утре од 6 часот наутро со 200 автобуси ќе го блокираат булеварот Илинден од пред Владата до крстосницата кај МИ-ДА. На тој потег се наоѓа седиштето на Град Скопје. риватните автобуси од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ кои беа дел од јавниот превоз во главниот град утре ќе го блокираат сообраќајот на десната лента од Илинденска, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на прес-конференција. Превозниците ...
Далас Маверикс го пречека актуелниот шампион, Голден Стејт Вориорс. Лидерот на домаќините, Лука Дончич одигра фантастичесн меч. Словенечката ѕвезда оствари “трипл-дабл” учинок, сочинет од 41 поен, 12 скокови и 12 асистенции и беше најзаслужниот за тесната победа од 116:113. На овој начин, “Мавси” ја прекинаа црната серија од 4 порази по ред. На спротивната страна, Стеф Кари беше прв стрелец со 32 поени. Клеј Томсон имаше шанса да го израмни ...
На денешен ден, Чикаго гостуваше во Далас. Натпреварот го одбележа атомскиот напад на “биковите”. На 29-ти Ноември 1996-та, во преполната “Ријунион арена” шампионот стигна до 14-тата победа во 15-от натпревар во сезоната 1996/1997, триумфирајќи со 116:97. Ѕвездениот тандем, Мајкл Џордан и Скоти Пипен беа вистински лидери на тимот. Џордан постигна 36 а Пипен 32 поени, и двајцата со одличен процент на шутот од поле. Несебична помош добија од Стив ...
На денешен ден, Чикаго гостуваше во главниот град. Вашингтон Визардс го пречека тогашниот шампион. Двата тима се соочија во првото коло на плејофот, една година претходно во кој Чикаго победи со (чисти) 3:0. На овој натпревар “биковите” на дело го презентираа своето искуство и гранитната одбрана. По израмнетото прво полувреме, во вториот дел ја превземаа контролата и стигнаа до победата (88:83). Ова беше период во кој Чикаго играше без ...
Лос Анџелес Клиперс синоќа ја пречека Индијана Пејсерс. Хрватскиот репрезентативец, Ивица Зубац го имаше мечот на кариерата. Младиот центар реализира фантастичен “дабл-дабл” учинок составен од 31 поен и 29 скокови и беше најзаслужен за победата од 114:100. Тој додаде и 3 асистенции и 3 блокади. На Зубац му недостасуваше само еден скок за “магичниот” учинок 30+30, односно натпревар со најмалку 30 поени и 30 скокови. Во последните 40 години, тоа ...
На денешен ден, ривалите од Истокот и Западот се судрија во “Роус гарден”. Ова претставуваше дуел помеѓу Портланд Треил Блејзерс и Чикаго Булс, двата тима кој се бореа за освојување на титулата во големото финале, 1992-ра година. Тогаш Чикаго победи со 4-2, и ја освои втората титула по ред. На овој меч, “биковите” допатуваа во Орегон по тешкиот натпревар во Сиетл каде претрпеа пораз. Тешкиот распоред не ги спречи таа ноќ да стигнат до ...
Рано утрово, се одиграа четири NBA натпревари. Само 24 часа откако ги одмерија силите, Сан Антонио Спарс и Лос Анџелес Лејкерс повторно се најдоа еден против друг. Во исклучително ефикасен меч, “лејкерси” повторно славеа, овој пат со 143:138. Леброн Џејмс беше водечки со 39 поени и 11 скокови а во своето деби сезонава, Германскиот репрезентативец Денис Шрудер постигна 21 поен. На натпреварот не настапи Ентони Дејвис. На спротивната страна, ...
Рано утрово, Леброн Џејмс се врати на теренот по паузата поради повредата на бутниот мускул. Неговото присуство резултираше со победа на гости од 105:94, против тимот на Сан Антонио Спарс. “Кралот” постигна 21 поен и 8 скокови за 33 минути поминати во игра. Најдобар стрелец беше Ентони Дејвис кој реализираше “дабл-дабл” со 25 поени и 15 скокови, а поентерски расположен беше и довчерашниот играч на “спарс”, Лони Вокер кој постигна 18 поени. За ...
На денешен ден во 1995-та година, Чикаго гостуваше на Јута. Дуелот во Солт Лејк Сити претаставуваше своевидна најва на наредните две финалиња помеѓу овие два тима (во 1997 и 1998-ма година). Овој дуел (како и многу пати пред него и по него) го одбележа Мајкл Џордан. “Летачкиот” постигна 34 поени и 8 асистенции а неговиот верен партнер, Скоти Пипен постигна 22 поени за триумф во “Делта центар” од 90:85. На спротивната страна (невообичаено) Џон ...
Најинтересното од синоќешната богата NBA програма. Бостон Селтикс го пречека Далас Маверикс. Домаќините одиграа одлична кошарка и водеа во најголемиот дел од натпреварот. Во вториот дел од последната четвртина (за момент) се врати неизвесноста но, “келтите” набрзо повторно го наметнаа темпото и стигнаа до заслужена победа (125:112). Водечки кај “Селтикси” очекувано беа Џејсон Тејтум со 37 поени и Џејлен Браун со 31 постигнат поен. На ...