„Онаму каде што се запна е електронското гласање за кое СДСМ не попушта. Инаку, целиот овој процес што СДСМ од почетокот го бојкотира, а потоа и сега ќе го ‘филибастерингува’, мислиме и ни дава индиции дека е заговор против Левицата од двете најголеми партии за повторно да останеме без државно финансирање. Во ваков статус единствен што губи е Левицата бидејќи остануваат непринципиелните правила на политичка дискриминација“, изјави Апасиев. За ...

На фотографиите и видеото што пристигнаа до редакцијата се гледаат целосно поплавени улици, подвозници под вода и возила што останале заглавени во надојдената вода. Едни од најкритичните точки повторно беа подвозниците, каде што водата целосно го блокираше сообраќајот. Во некои делови од градот нивото на водата достигна висина до тркалата на автомобилите, а пешаците беа принудени да се движат низ длабока вода. Невремето беше проследено и со ...

Обвинителството ги изведе доказите кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а на следното рочиште, кое е на 6 јули, како што е најавено, ќе се изведуваат листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази на Обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица, и ќе следува изведување на докази од одбраната. Обвинителството, доказите продолжи да ги презентира само со ...

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 биле примени повеќе пријави од граѓани за последиците од обилните врнежи. Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба. Од ЦУК посочуваат дека за сите пријавени случаи веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и единиците на локалната ...

Минатиот вторник турската полиција приведе 225 лица, вклучувајќи академици, наставници и активисти, поради сомневање за поврзаност со милитантни групи како што е Исламската држава, објави порталот Политико. Меѓу нив е и 79-годишен еколошки активист. Градот Анкара забрани јавни собири, испити, прес-конференции и истакнување постери од неделата, со распоредување 40.000 полицајци во главниот град. На десетици независни турски новинари им беше ...

Кампањата има цел да ги едуцира возачите за планирањето на патувањето, потребата од редовен одмор, почитување на сообраќајните правила и прописи, едукација на возачите за последиците од непочитување на правилата и прописите во сообраќајот, укажување на последиците од управување возило под замор и непочитување пропишана брзина. Надлежните апелираа да се планира патувањето, да се прави пауза на секои два часа, да се пие вода, сите безбедно да ...

Научниците направија значаен исчекор кон создавањето синтетички живот, откако развија вештачки клетки што можат да растат, да ја копираат својата генетска информација и да се делат – три од најважните одлики на живите клетки. Иако овие структури сѐ уште не се сметаат за живи организми, експертите велат дека станува збор за едно од најголемите достигнувања во синтетичката биологија во последните години, објави Гардијан. Тимот од Универзитетот ...

Ѓорѓиевски на неговиот официјален фејсбук профил информираше дека службите се целосно мобилизирани за брза реакција во случај на штети, поплави или други последици предизвикани од временските непогоди. „Во постојана координација сме со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи (МВР), ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции. Сите капацитети се ставени во функција, со една цел – ...

И покрај речиси 40 Целзиусови степени и топлотниот бран што ја зафати Европа, повеќе од 200 скејтери од сите континенти без пречка настапија на натпреварувањето. На островот Штванице покрај Влтава, натпреварите во street, bowl и vert се одвиваа три дена, пред полни трибини и типичната прашка фестивалска атмосфера со концерти, гастрономија и релакс-зони. Во машката street дисциплина годинава славеше Белгиецот Ноа Де Џегер, кој со комбинација ...

Групата „Пет очи“, составена од Соединетите Американски Држави, Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд, ги повика владите и корпоративните лидери да „дејствуваат сега“ за да ја зајакнат одбраната од софистицирани сајбер закани. „Се очекува најнапредните модели на вештачка интелигенција да ги надминат моменталните очекувања на индустријата, фундаментално трансформирајќи ги и офанзивните и дефанзивните сајбер способности. Временската рамка ...

Соопштението на Аракчи е реакција на коментарот на израелскиот министер за одбрана дека врховниот лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е легитимна цел. „Американскиот претседател ги обврза Соединетите Американски Држави да ги ограничат своите миленичиња во Тел Авив. Ако не го послушаат својот господар, Иран ќе ги опамети“, кажа Аракчи. Во меѓувреме, САД и Иран одржале технички разговори во Доха во среда, потврдиле извор запознаен со состанокот и ...

„Прво, немам намера да се кандидирам во 2029 година за претседател на државата. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата, се враќам на факултет. Второ, кога зборувам за прифаќање на нивните предлози, сè што ќе предложат, ќе им прифатиме, освен гласањето на дијаспората и, трето, мораме сите заеднички, бидејќи сите го правевме, да се потпишеме како поднесок на истиот тој закон“, изјави Мицкоски. Потсети дека Левицата учествуваше ...

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) соопшти дека е рангиран на глобалното рангирање „Тајмс хајер едукешн импакт рејтингс“, кое го изработува реномираната британска организација „Тајмс хајер едукешн“. Станува збор за единствено светско рангирање што го мери придонесот на универзитетите кон исполнувањето на 17-те Цели за одржлив развој на Обединетите нации. Според објавените резултати, УКЛО е рангиран во групата од 1.001 до ...

Поштенската марка не е само филателистичка вредност, туку и симбол на пријателството меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, беше посочено на промоцијата. „Двесте и педесетгодишнината од американската независност не е само јубилеј на една голема држава, туку е јубилеј на една голема идеја дека слободата, демократијата и правото на народите на самоопределување се темелите врз кои се гради современиот меѓународен поредок. Од ...

Според обвинението, обвинетиот вршел притисок да не се одобри увоз на вештачко ѓубриво на фирма која се занимавала со негово производство и увоз, иако фирмата и претходно повеќепати увезувала ваков вид стока. Притоа влијаел врз фитосанитарен инспектор на граничен премин, да не го одобри влезот на стоката во државата, поради што таа неколку дена била задржана на граничниот премин. „На 13.03.2026 година обвинетиот во Свети Николе директно ...

Овие системи, како што беше речено на нивната промоција, обезбедуваат многу поголема прецизност во откривањето на потенцијални закани и значително ја намалуваат потребата од дополнителни физички проверки. Исто така ќе обезбедат и подобро искуство за патниците, така што безбедносната контрола ќе биде побрза, времето на чекање ќе биде пократко, а удобноста ќе биде поголема. За разлика од порано, патниците повеќе нема да треба да вадат лаптопи, ...

Во гостување во централниот Дневник на МРТВ, Зајкова истакна дека не го оспорува правото на дијаспората да гласа по електронски пат, но предупреди дека предложеното законско решение не смее да ги стави во понеповолна положба граѓаните кои живеат во Македонија. „Не е спорно дали да гласа дијаспората електронски, апсолутно немам ништо против гласачкото право на дијаспората. Но, не можам како пратеник да дозволам граѓаните кои живеат тука да ...

„Кај скопјани остана запаметен како ‘мостот што водеше во дневна соба’ или ‘мостот за ловење риба’. Конечно, станува мост што ќе ги поврзува луѓето, ќе го забрзува сообраќајот и ќе го менува секојдневието на граѓаните. Ова е резултат на силна волја, чесен збор и секојдневна, макотрпна работа“, додаде градоначалникот. Тој посочи дека кога ја презел одговорноста да го води Скопје, ветил оти овој проблем ќе биде решен во текот на четиригодишниот ...

Наградата ѝ беше врачена во Калишта, Струга, на брегот на Охридското Езеро – простор што со својата природна убавина, духовност и културна традиција претставува едно од највпечатливите места за литературни средби во Македонија. Ова признание претставува уште една значајна потврда за творештвото на Каракашевска и доаѓа во период на засилена меѓународна книжевна афирмација. Во текот на 2026 година нејзини дела беа објавени и претставени во ...

Стратешка експанзија на Флекс груп: Влегуваме на пазарот за софистициран внатрешен дизајн со Kave Home. Со големо задоволство и гордост споделуваме стратешка новост која означува ново поглавје во нашиот развој – деловниот екосистем на Флекс груп официјално се проширува со лансирањето на Kave Home на македонскиот пазар! Основан во Шпанија и присутен во повеќе од 80 земји ширум светот, Kave Home е интернационален бренд создаден за современи ...

Ѕвездата даде два гола и стигна до бројката од шест на овој Мундијал. Во 70. минута селекторот Дидие Дешамп реши да го повлече Мбапе од игра, а неговата реакција при измената привлече големо внимание. Францускиот стратег го испрати својот капитен со аплауз и со поклон му оддаде признание за уште едно извонредно издание, потврдувајќи ја довербата и почитта што ја ужива најголемата ѕвезда на „триколорите“. 🚨 WATCH: Didier Deschamps’ reaction ...

По периодот на повлекување од јавноста и официјалната објава дека поради здравствени причини оди на боледување, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска официјално соопшти дека се враќа на својата функција. „Животот е борба исполнета со предизвици, но не затоа што е против нас, туку затоа што секој предизвик нè принудува да растеме, да учиме и да станеме посилни“, напиша Лукровски во објавата. Тој открива дека изминатиот ...

Судењето се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште Обвинителството, презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, а кои се однесуваа на лиценцирањето на дискотеката. Со изведување на докази започна обвинителката Наташа Сарамандова, за кои рече се однесуваат на релевантни околности како започнала работата на објектот, иако притоа не биле исполнети минималните технички услови ...

Централниот настан ќе биде големиот јубилеен концерт во Хераклеа во август, по што ќе следуваат концерти во Скопје и повеќе градови во регионот. Со овој концерт, Фолтин ќе ја има честа да го затвори Битфест 2026. Во годината на прослави Фолтин решава дел од прославата да им ја препушти на другите. Ја препушта на пријателите, на музичарите со кои се сретнале по патот на оние што во некој момент влегле во нивната музика, а потоа ја понеле со ...

Според официјално објавените информации од организаторот, Кашавелски го освои првото место во конкуренција на современи уметници од повеќе земји. Во образложението на одлуката е наведено дека жирито ја издвоило неговата слика поради „длабочината, иновативноста и моќниот уметнички израз“, оценувајќи дека делото претставува инспиративен пример за трансформативната моќ на современата уметност. Наградата е доделена во рамки на Progressus Art ...

„Да, ги имам предлозите и за новите министри од Влен и од партијата ЗНАМ, но ќе оставам тие да ги кажат, да не ги кажувам јас. За мене, тие предлози се сосема во ред и очекувам да имаме уште поуспешна работа во новиот состав на Владата“, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на општина Кисела Вода, каде што изврши увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит – отворање на каналот и ...

Одговарајќи на новинарски прашања, Алиу истакна дека сѐ до изборот на нов министер во Собранието ќе остане целосно посветен на работата. „Јас уште сум министер за здравство до моментот кога во Собранието ќе се изгласа нов министер и до тој ден секоја минута ќе работам и ќе придонесувам за здравствениот систем во државата. Кога влегов во политиката пред 10 години, влегов за да помагам, но денес, по 10 години политичко искуство, сум во ...

Според прогнозата, локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град. По завршувањето на нестабилниот период следува стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Според прогнозата, локално се очекуваат поинтензивни ...

Според АПИС, законот е во спротивност со темелните вредности и со членот 55 од Уставот, со кој се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото. Оттаму сметаат дека, доколку предлагачите навистина оцениле дека игрите на среќа се штетни за здравјето на граѓаните, тоа најпрво требало да го докажат во соодветна судска постапка, а потоа целосно да ги забранат. Наместо тоа, велат, со воведувањето дистанца од 500 метри од училиштата се создава ...

Настанот се одржа во Клубот на пратениците во Скопје и собра претставници од институции, граѓански организации и меѓународни експерти, кои дискутираа за клучните предизвици и можните решенија поврзани со родово заснованата дискриминација, еднаквата плата и заштитата на работниците. На отворањето, претседателот на КСЗД, Душан Томшиќ, нагласи дека темата е од суштинско значење и за земјата и за европскиот контекст. „Настанот се однесува на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.95
50%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
6.0
55%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.79
73%
1023
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
55%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.64
56%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.5
93%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 25ᴼ
3.67
38%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.97
49%
1015
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.17
39%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.81
61%
1019
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
2.24
54%
1023
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.02
100%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Калај

56.16

Родиум

278103.96

Паладиум

43853.62

Цинк

0.00

Алуминиум

3.34

Кобалт

56.29

Бакар

13.36

Сребро

2102.98

Платина

56328.11

Иридиум

252383.36

Злато

141498.65

Рутениум

53852.50