Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот на отворен простор регистрирани се вкупно 12 пожари, од кои пет се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати. -Во моментов се активни пет пожари - Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). ...
Охрид, 18 август 2026 (МИА) - Современата одбрана не треба да се сведува само на одговор на веќе настанатите закани, туку мора да се заснова на нивно предвидување, подготовка на соодветни капацитети и градење отпорност на државата - порача претседателката и врховна командантка на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на свеченоста организирана по повод одбележувањето на Денот на Армијата - 18 Август во Охрид. - Границите меѓу ...
Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази благодарност до припадниците на Армијата истакнувајќи ја нивната посветеност, но и одговорност и професионализам во извршувањето на задачите во служба на државата и граѓаните. Во објава на својот профил на „Фејсбук“, Мицкоски нагласи дека Армијата претставува многу повеќе од униформа и оти нејзината улога е од суштинско значење за безбедноста и стабилноста на ...
Скопје, 18 август 2026 година – Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска, оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Метју Лосон, на која се разговараше за важноста од зајакнување на заемната соработка и унапредување на односите меѓу двете земји. Како што соопштуваат од Министерството, значаен дел од разговорот бил посветен на прашањата поврзани со безбедноста во земјата и ...
Амстердам, 18 август 2026 (МИА) - Холандското здружение на новинарите, Здружението на главните уредници, Фондот за слобода на печатот и гранската организација на издавачите НДП (NDP) побараа итен разговор со Инспекторатот за здравствена заштита и млади, револтирани од високите глоби што ова тело им ги изрече на повеќе водечки весници поради нивното новинарско известување за лекот „оземпик“ (Ozempic). Инспекторатот ги казни дневните весници ...
Атина, 18 август 2026 (МИА) – Во текот на 2026 година Грција планира предвремено да отплати 13 милијарди евра од јавниот долг со што, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, земјата го остава зад себе негативниот рекорд на „најзадолжена држава на нашиот континент“, јави дописничката на МИА од Атина. Преку објава на Фејсбук, Мицотакис посочи дека Грција континуирано го намалува јавниот долг од минатото побрзо од која било друга европска ...
Скопје, 18 август 2026 Цените и секојдневните трошоци се меѓу главните грижи на секое семејство. Затоа, заштитата на животниот стандард на граѓаните останува еден од нашите приоритети. Годишната инфлација во јули се намали на 2,3 отсто. Тоа го покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика, се наведува во соопштението на ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Пред две години, кога ја презедовме одговорноста за раководење со ...
Дебар, 18 август 2026 (МИА) - Весникот „Македониум“ продолжува со објави што сведочат за животот, истрајноста и историјата на Македонците во Албанија. Последно ги пренесува спомените и сведоштвата на Ефтим Митревски, главен и одговорен уредник на весникот „Преспа“, за едни од најзначајните моменти во поновата историја на Македонците во Албанија – падот на комунистичкиот режим, појавата на политичкиот плурализам и почетоците на организираното ...
Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска, од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, а два се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив ...
Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и аптеки ВИА ФАРМ потпишаа договор за соработка и спонзорство, со кој се обезбедува дополнителна поддршка за медицинската грижа во Националните тимови. - За нашата федерација, ваквите партнерства претставуваат важен дел од создавањето комплетен систем на поддршка за сите репрезентативни селекции, од најмладите категории до А репрезентацијата. Здравјето и медицинската ...
Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија - изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција. - Кога зборуваме за постапката за именување амбасадори и генерални конзули, таа во одредена фаза е класифицирана и не смеам да коментирам за имиња. Кога се работи за амбасадорот во Софија, веќе ...
Синсинати, 18 август 2026 (МИА) - Американските тенисерки Серена и Венус Вилијамс ги споделија своите впечатоци од првиот заеднички натпревар по четири години. Тие немаа играно заедно од Отвореното првенство на САД во 2022 година. Денес, сестрите Вилијамс загубија од Украинките Марта Костјук и Американката Пејтон Стернс (2:6, 6:1, 8:10) во првото коло од турнирот во двојки во Синсинати. - Беше забавно и многу пријатно. На половина од ...
Задар, 18 август 2026 (МИА) – Владимир Чупиќ, еден од четирите лица уапсени под сомнение за подметнување пожари на 10 локации во Задарската жупанија, е сопственик на земјиштето во бенковачкото село Биљани Доњи на кое со години се наоѓаше озлогласеното „Црно Брдо“ — депонија со околу 140.000 тони канцероген индустриски отпад, објави хрватскиот портал Нет.хр, повикувајќи се на извештајот на РТЛ Данас. Хрватската полиција го уапси Чупиќ заедно ...
Скопје, 18 август 2026 Со Мицкоски, Клековски и ВМРО, здравјето на граѓаните е загрозено. На Клековски и Мицкоски им се случија две здравствени кризи ама тие заминаа на одмор, на екскурзија. Наместо превенција, наместо итна реакција и решение, во двете кризи видовме целосен распад на системот и неспособност на Клековски и ВМРО. А се работи за здравјето на луѓето, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Кети Штерјова ...
Штип, 18 август 2026 (МИА) – Во Дневниот центар за лица со аутизам во Штип денеска беше промовиран новиот опремен сензорен простор, кој е наменет за поддршка на лицата со аутизам. Просторот е опремен со донација од Фондацијата д-р Верица Механџиска. Директорката на Центарот за социјални работи-Штип, Наталија Митрева-Митев истакна дека Фондацијата д-р Верица Механџиска ги препознала потребите на децата со аутизам, а со помош на новиот сензорен ...
Валенсија, 18 август 2026 (МИА) - Камерата за безбедност на сообраќајот во Европа којашто во 2025 година забележала најмногу прекршоци се наоѓа на автопатот А-7 близу Валенсија, Шпанија. Имено, лани со неа се регистрирани 90.766 казни за брзо возење. Ова значи дека оваа камера казнувала возач на секои шест минути, а ѝ донела дури 18,9 милиони евра на шпанската држава, објави „Ел Индепендиенте“. А-7 е еден од најважните патишта долж брегот на ...
Манчестер, 18 август 2026 (МИА) - Бруно Фернандеш ја одби понудата на Манчестер јунајтед за нов договор. Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ му понуди нов договор на Португалецот, но не доволно примамлив за него, објави новинарот Саша Таволери. Се забележува дека понудата вклучувала зголемување на годишната плата од 500.000 евра, што не било доволно за да го убеди Португалецот да го продолжи договорот. Претходно, Галатасарај наводно ...
Скопје, 18 август 2026 Измама е нивната кауза. Измама е нивната организација. Измама е и таканареченото спојување во една партија. Пред граѓаните се претставуваат како еден обединет политички субјект. Документот од Централниот регистар, издаден на 17 август 2026 година, потврдува дека Движењето БЕСА и понатаму е активна политичка партија, со Биљал Касами како претседател со неограничени овластувања. „Вреди“ постои како име за пропаганда, се ...
Скопје, 18 август 2026 Вчера јавно обзнанивме дека студентите три години се оштетувани преку непочитување на законската обврска за усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата. Очекувавме барем обид за објаснување од Владата и Министерството за образование. Наместо одговор, младите добија целосен молк. Очигледно, кога ќе ги фатиш со раката во студентскиот џеб, најдобрата вмровска стратегија е да се правиш дека џебот не ...
Скопје, 18 август 2026 Откако обидите за создавање паника околу водата пропаднаа пред фактите, од СДС нема ниту извинување, ниту преземање одговорност за кажаното. Напротив, продолжуваат со истата матрица, нов ден, нова конструкција и нов обид за создавање хаос, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на .Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Тоа е разликата која ...
Скопје, 18 август 2026 Фабрика од талогот на лажни вести повторно погреши. Прво, МВР има информирано за инцидентот во својот билтен. Ете доказ на фотографијата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ, што МИА ја пренесува интегрално. Второ, не е точно дека е фрлена бомба во домот на полицаецот, туку во домот на неговиот татко. Трето, СДС нема докази, само ...
Скопје, 18 август 2026 Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна операција што се одвива токму во овој момент додека ја одржуваме оваа прес-конференција. Како што најавивме, операцијата за медиумскиот мрак кој што ќе се случи во Македонија под покровителство и под директна режија на Вучиќ, веќе е во тек. Ние ова, го знаат тоа граѓаните, го знаат и почитуваните претставници на ...
Скопје, 18 август 2026 Енергетиката е една од најважните теми за секоја држава, но и тема која директно го засега секое семејство. Затоа определба на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, да го зголеми домашното производство и да создаде услови за предвидливи и пониски трошоци за граѓаните и компаниите. Ќе почнеме со цената на електричната енергија. И покрај тврдењата на опозициската и ...
Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Има постојан дијалог од моментот кога е формирана оваа Влада до денес. Имало период кога дијалогот бил поинтензивен или помалку интензивен, но нема момент во кој ние не сме дискутирале за изнаоѓање соодветно праведно решение во рамките на позициите што ние ги имаме - изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање дали ...
Лондон, 18 август 2026 (МИА) - Возачот на Кадилак, Валтери Ботас, зборуваше за целите на тимот за втората половина од сезоната. Според Ботас, тој се надева дека тимот ќе напредува и дека тимот нема да го заврши шампионатот без да освои бодови. - Сакаме да влеземе во втората четвртина од квалификациите. Тоа е следниот чекор за нас. А потоа тимот би сакал да освои бодови. Не би сакале да ја завршиме сезоната без да освоиме ниту еден бод. За ...
Кишињев, 18 август 2026 (МИА) – Русија намерно испраќа дел од дроновите што го повредуваат воздушниот простор на Република Молдавија, додека друг дел навлегуваат случајно - изјави молдавската претседателка Маја Санду во интервју за емисијата „На 360 степени“ на Телерадио Молдавија, пренесено од романскиот медиум Диџи24. Санду истакна дека врз основа на траекториите на летање точно се прави разлика меѓу намерните и случајните упади, но ...
Тирана, 18 август 2026 (МИА) – Високите температури ова лето во Албанија условија рекордна потрошувачка на електрична енергија, додека тимовите на операторите за преносен и дистрибутивен систем, истовремено се соочуваат со тешки ситуации создадени од пожари во близина на трафостаници и далноводи. Според министерот за инфраструктура и енергетика, Енеа Каракачи, на 12 август 2026 година е забележан нов рекорд на дневна потрошувачка, со околу ...
Лос Анџелес, 18 август 2026 (МИА) - По повеќе од 20 години, обожавателите на „Симпсонови“ и уличните трки и бркотници веројатно ќе дочекаат нова верзија на играта „Хит енд ран“ (Hit & Run). Пренесувањето на познатиот концепт на видеоигрите на „Гранд тефт ауто“ (Grand Theft Auto) на улиците на жолтиот град Спрингфилд во 2003 година - беше целосен успех. По безброј петиции, неофицијални преработки и постојана носталгија, се чини, ...
Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Во овој момент активен е пожарот кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари, кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територијата на општина Студеничани, село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниедно село - изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, ...
Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Претрес бил извршен во Прилеп, пронајдена била дрога, лишено од слобода било едно лице, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. - Денеска во еден часот во градот, полициски службеници од ОВР - Прилеп го лишија од слобода И.Ѓ., 47-годишен прилепчанец. При претрес во неговиот дом во градот, извршен со наредба од Основен суд - Прилеп, биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси ...