Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Просечната плата е зголемена за 70 проценти, за два ипол пати е помал јавен долг, за 120 милони евра е поголем бруто домашниот производ, а старосната пензија е за 325 проценти побрзо растечка на месечно ниво, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски. Ќе се обидам, посочи тој, да дадам пет параметри кои се многу важни кога зборувате за економијата и квалитетот на живот и морате да се споредите со претходната ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Две нови инвестиции и проширување на инвестицијата на веќе постоечка компанија во земјава, најави премиерот Христијан Мицкоски за наесен. Имињата на компаниите, како што рече вечерва премиерот Мицкоски, ќе бидат објавени многу скоро. Мицкоски со претставници на овие компании се сретнал додека беше на патување заедно со своето семејство во Брисел. Во интервју за Тема на денот на ТВ Сител тој нагласи дека не ...
Охрид, 19 август 2026 (МИА) - Европската Унија има силен интерес за проширување, а со тоа и интерес последните пречки за напредокот на Северна Македонија да бидат отстранети. Чешка е подготвена да придонесе во процесот за постигнување решение прифатливо и за Скопје и за Софија - изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка, кој се наоѓа во официјална посета на земјата. - Тоа веќе не е билатерално прашање меѓу Северна ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Нема никаква дилема дека ќе разговараме, разговараме и сме разговарале со цел да бараме решение. Прашањето е што разговарате и која е вашата црвена линија до која вие одите во тие разговори. Тоа е нашата задача и пред граѓаните кои ни ја дале довербата, но и како Влада, да разговараме и тука нема никаква тајна и ќе продолжиме да разговараме - изјави премиерот Христијан Мицкоски, во однос на тоа дали постојат ...
Монако, 19 август 2026 (МИА) – Управата на Монако објави дека го раскинува договорот со фудбалерот од средниот ред Пол Погба. - Споделувајќи го ставот дека првичните цели беа само делумно постигнати, Монако и Пол Погба одлучија, пред првиот официјален натпревар од оваа нова сезона, да го раскинат договорот, кој ги обврзува до јуни 2027 година. Клубот изразува целосна благодарност до победникот на Светското првенство во 2018 година за неговата ...
Лондон, 19 август 2026 (МИА) - Финалистот на Вимблдон 2022, Ник Кирјос, беше позитивен на кокаин за време на АТП турнир и доби привремена суспензија, објави Меѓународниот орган за интегритет на тенисот (ITIA). Триесет и едногодишниот Австралијанец, рангиран на 919-то место во светот, беше позитивен на метаболит на кокаин на турнирот во Мајорка во јуни 2026 година. На 17 јули, тестирањето потврди дека неговиот примерок содржи метаболит на ...
Стразбур, 19 август 2026 (МИА) - Стразбур се договорил за дефанзивецот Карим Кулибали од Вердер, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, трансферот на 19-годишниот Германец изнесува 20 милиони евра. Вклучена е и клаузула за препродажба, без бонуси. Договорот на Кулибали со Вердер е до 30 јуни 2029 година. Во сезоната 2025/26, дефанзивецот има запишано една асистенција на 27 натпревари. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на ...
Крива Паланка, 19 август 2026 (МИА) - Поезијата на дваесетина роднокрајни автори од Крива Паланка чиешто творештво се промовира и етаблира низ годините преку локалниот литературен клуб "Калин", синоќа беше претставена пред кривопаланечката јавност на настанот што трета година по ред го организира Националната установа Центар за култура Крива Паланка, „Паланечка дума". - Во организација на НУЦК Крива Паланка успешно беше реализирана третата ...
19 август 2026 СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија, се наведува во партиското соопштение што МИА го пренесува интегрално. Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа“ групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран ...
Скопје, 19 август 2026 Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар. СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. ...
Скопје, 19 август 2026 Македонија има една голема стратешка предност која мораме да ја искористиме, а тоа е нашата географска положба. Ние сме мала земја, без излез на море, но сме во срцето на Балканот и на крстопатот на два исклучително важни европски коридори, Коридор 8 и Коридор 10. Токму затоа, инвестициите во енергетското поврзување и инфраструктурата, ги гледаме како една од најголемите можности за економски развој на државата, се ...
Над 5.000 заболени, 22 дена вода со фекалии а Мицкоски и ВМРО-ОКГ слават во Гостивар! Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во Гостивар, во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени. Што славеа, труењето на граѓаните?, рече Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор на СДСМ на прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално. Мицкоски нема ниту трошка морал. Ниту срам. Наместо одговорност за една од најголемите здравствени кризи во ...
19 август 2026 Македонија зазеде уште едно срамно европско прво место. Според најновиот споредлив пресек на ECDC, изработен на 14 август со податоци заклучно со 13 август, во Европа биле регистрирани 429 локално стекнати случаи, а Македонија е четврта во Европа дури и по апсолутен број. Пресметано според населението, нашата стапка е околу 1,65 случаи на 100.000 жители, односно највисока меѓу земјите во тој ECDC пресек, повеќе од 60% над ...
Скопје, 19 август 2026 Светските аналитичари предупредуваат дека следната година се очекува сериозна криза со снабдувањето со храна поради недостиг на вештачко ѓубриво. За разлика од нафтата, за ѓубривото нема стратешки резерви. Без ѓубриво нема род. Без род нема храна. Тоа не е далечна теорија. Тоа е предупредување за земјите кои уште сега немаат план. Македонија веќе ја живее својата верзија на оваа криза. Не утре. Сега, се вели во ...
Штип, 19 август 2026 (МИА) -Завршува целосната реконструкција на штипската улица „Борис Кидрич“, која е една од најфрекветните во централното градско подрачје, бидејќи ги поврзува поголемите населби со центарот на градот. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека денеска се става првиот асфалтен слој, по замената на водоводната и канализациона мрежа, која беше стара околу половина век. -Оваа ...
Штип, 19 август 2026 (МИА) – Почна првиот уписен рок на студенти во прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип за академската 2026/2027 година. Уписот трае до 21 август, а кандидатите имаат можност да изберат една од 47 акредитирани студиски програми на 12 факултети и три академии. За новата академска година на УГД се предвидени вкупно 3.341 слободно место. Од нив, 1.629 се наменети за редовни студенти, додека останатите места ...
Пекинг, 19 август 2026 (МИА) - Акупунктурата, како илјадалетна практика на традиционалната кинеска медицина, се користи за ублажување на болката кај состојби како што се фибромијалгија и остеоартритис. Но, овој древен метод, исто така, покажува потенцијал во лекувањето на симптомите на депресија, иако механизмите на неговото дејство досега не се целосно разјаснети. Нова мета-анализа на скенирањата на мозокот на пациентите нуди прв конкретен ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Последните две години 1.010 хуманитарни работници ги загубија своите животи во мисии чија цел беше да спасат човечки живот, да ги спасат сите луѓе што страдаат. Меѓу нив имаше лекари, медицински сестри, логистика,... Апелираме, државите, властите и оние што носат одлуки, да ги почитуваат принципите, женевските конвенции и амблемот на Црвениот крст и на Обединетите Нации за да го работиме тоа за што сме се ...
Брисел, 19 август 2026 (МИА) - НАТО е подготвен да одговори на секоја закана и секогаш ќе стори сè што е потребно за да ги заштити своите членки, изјави денеска портпаролот на НАТО, по извештаите дека Иран размислува да нападне американски воени цели во Европа. „Нашите капацитети за одвраќање и одбрана се силни и ефикасни, како што беше демонстрирано оваа година кога воздушната одбрана на НАТО пресретна четири балистички ракети што летаа кон ...
Минхен, 19 август 2026 (МИА) - Секоја четврта германска компанија, или 25,4 проценти од анкетираните, стравуваат од губење на конкурентноста на пазарите надвор од Европската Унија, според извештај објавен денеска од Институтот за економски истражувања (Ifo) од Минхен. Дополнително, 17 проценти од анкетираните компании веруваат дека конкурентската позиција на германските индустриски производи се влошува дури и на европскиот пазар. „Германската ...
Лондон, 19 август 2026 (МИА) - Грчката бродска компанија „Дајнагас“ (Dynagas) испорачала руски течен природен гас (ТНГ) во вредност од 2,35 милијарди евра до клиенти од ЕУ во првите седум месеци од 2026 година, објави невладината организација за следење на санкциите „Ургевалд“ (Urgewald). Анализата доаѓа неколку недели откако лидерите на ЕУ се согласија да и дадат на „Дајнагас“ ослободување од санкциите, дозволувајќи и на компанијата да ...
Тирана, 19 август 2026 (МИА) – Албанскиот пазар на возила доживува значителна промена во изборот на потрошувачите, при што целосно електричните возила заземаат сè поголем удел во новите регистрации во 2026 година. Генералниот директорат за услуги за патен транспорт објави дека, во периодот јануари-јули 2026 година, за првпат се регистрирани 6.396 целосно електрични возила, бројка што претставува зголемување од 126% во споредба со истиот ...
Атина, 19 август 2026 (МИА) – Народниот правобранител, во рамките на својата уставна и законска надлежност како тело за унапредување и следење на примената на принципот на еднаков третман, изразува сериозна загриженост за повторените случаи на пријави за одбивање да им се обезбедат услуги на израелски граѓани, што, според доставените претставките, се чини дека се поврзани со националноста и/или националното потекло на засегнатите лица, ...
Скопје, 19 август 2026 Денес сакаме да покренеме сериозно прашање кое со години останува нерешено и кое директно го засега правото на албанските деца во Идризово на образование на нивниот мајчин јазик. Во основното училиште „Његош“, албанските ученици можат да ја следат наставата на албански јазик само до петто одделение. Од шесто до деветто одделение, тие се принудени да го продолжат своето образование во други општини, само за да можат да ...
Прилеп, 19 август 2026 (МИА) - Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за него и за трите манастири - информира денеска во видеоизјава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. - Огнот се движи во насока на мариовското село Крушевица. Линијата е многу долга, но јас сум оптимист дека барем оваа линија денеска ќе ја изгаснеме благодарение на четирите „пинцгауери“ на Дирекцијата, како и огнените тимови на ...
Хјустон, 19 август 2026 (МИА) - Гравитационата сила не е иста во сите делови од Земјата, па оваа нерамномерност влијае и на вистинскиот облик на нашата планета. НАСА објави визуелизација што живописно ги илустрира тие разлики. Геоидот е име за математички модел што покажува како би изгледала Земјата ако (не) е обликувана исклучиво од гравитацијата и ротацијата. Ако сите надворешни влијанија, како што се плимата, ветровите и струите се ...
Милано, 19 август 2026 (МИА) - Интер подготвува понуда од 30 милиони евра за играчот од средниот ред на Ливерпул, Кертис Џонс, објави „Ла Газета дело Спорт“. Според италијанскиот весник, англискиот играч од средниот ред останува главна цел на клубот од Милано. Интер планира да се обиде да го потпише Џонс на крајот од преодниот рок. Дваесет и петгодишниот Англичанец има тековен договор до 2027 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата ...
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Уметникот Мице Јанкуловски вечерва во Музејот на современа уметност во Лерин, Грција, ќе ја претстави самостојната изложба „Пигменти и пиксели“, која ќе биде отворена до 19 септември годинава. Изложбата опфаќа повеќе од 50 дела од повеќегодишното творештво на Јанкуловски, вклучувајќи слики, графики и видеоинсталации. Поставката ја истражува поврзаноста меѓу традиционалните уметнички медиуми и современата ...
19 август 2026 Антологиската едиција „Бајки од Македонија“ продолжува да создава нови креативни форми за бајките од македонското народното творештво. Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е достапна во нова посебна илустрирана сликовница. Сликовницата е во издание на „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Здружението за поддршка на ...
Лондон, 19 август 2026 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го сака во својот тим фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Кенан Јилдиз, објави новинарот Саша Таволиери на социјалната мрежа Икс. Според Таволиери, „Топџиите“ планираат да дадат понуда за 21-годишниот Турчин во наредните денови. Договорот би можел да биде вреден околу 100 милиони евра. Минатата сезона, Јилдиз одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 ...