Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Во вчерашниот напад извршен од јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија беа повредени 11 цивили, соопшти воен претставник, а кралството предупреди дека се можни координирани напади од страна на Хутите и проиранските ирачки милиции, пренесува „Ројтерс“. Генерал-мајор Турки ал-Малики, портпарол на саудиската воена коалиција што ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен, денеска изјави дека во нападот во јужната покраина ...
Девет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, објави Гардијан. Напаѓачот прво ги застрелал своите баба и дедо, користејќи го пиштолот на својот дедо, а потоа отишол во своето училиште и убил тројца наставници и тројца ученици. Дечрапи Конгди, командант на полицијата во покраината Нонтабури, потврди дека осомничениот вооружен напаѓач си го одзел животот. Според ...
Цените на златото се зацврстија во петокот и беа на добар пат за нивниот најголем неделен раст од јануари, потпомогнати од пониските цени на нафтата. Цената на златото порасна за 0,6% на 4.262,39 долари за унца, откако достигна седумнеделен максимум во четврток. Цените пораснаа за над 5% за оваа недела. Надежите за мир на Блискиот Исток доведоа до пад на очекувањата за инфлација, дозволувајќи златото да скокне повисоко од повеќенеделната ...
Одборот за мир на Доналд Трамп, кој беше формиран во јануари за да ја надгледува реконструкцијата на Газа, конечно го издаде својот прв договор за изградба на опустошената територија: проект за изградба на рудиментарен воен пункт од 150 лица за сместување на мароканските трупи, изјави извор запознаен со ова прашање за Гардијан. Договорот, кој сè уште не е финализиран, му беше доделен на „Аркел Интернешнл“, фирма со седиште во Луизијана, која ...
Американски судија во Ново Мексико ѝ наложи на Мета да плати уште 567 милиони долари за неуспехот да ја предупреди јавноста за опасностите што нејзините платформи ги претставуваат за децата, што е најголемата пресуда против компанијата во врска со безбедноста на децата. Судијата Брајан Бидшајд рече дека гигантот на социјалните медиуми е јавна непријатност слична на загадувањето на воздухот и дека мора да ги вложи парите во фонд насочен кон ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две извршни наредби во нов, но потесен обид да го ограничи правото на државјанство по раѓање, уште еднаш оспорувајќи одредба од Уставот на САД иако Врховниот суд го отфрли неговиот претходен обид. Ограничувањето на правото на државјанство по раѓање беше еден од главните приоритети во репресијата на републиканскиот претседател против имиграцијата, при што Белата куќа особено се фокусираше на она ...
Онколошки пациенти велат дека веќе со месеци не можат да го направат контролното ПЕТ/КТ снимање од кое зависи процената дали нивната терапија делува и како треба да продолжи лекувањето. Дел од нив се принудени да бараат решение во странство или во приватните болници, каде што едно снимање чини околу 1.300 евра. Истовремено, од здружението „Хема Онко“ денеска пред Министерството за здравство повторно алармираа за прекини во снабдувањето со ...
Полицијата уапсила државјанин на Германија кој со дрон снимал воени објекти во земјава. како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од слобода е лишен А.С.(56) од Германија кој е осомничен за кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“. Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на Армијата на Македонија, место што е ...
Матурантите во учебната 2025-2026 година го завршија полагањето на државната матура во јунскиот испитен рок со 3,66 средна оценка, пресметана по поднесени и разгледани приговори по објавените прелиминарни резултати. Просекот е речиси идентичен со ланскиот кога изнесуваше 3,69. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска на денешната прес конференција ...
Договори за грант од 149 милиони евра преку Инвестициска рамка за Западен Балкан на Европска Унија и по 175 милиони евра кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој беа потпишани денеска за реализација на третата фаза од железничката делница Крива Паланка – почеток на прекуграничен тунел со Бугарија како дел од железничкиот Коридор 8. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека на реализација на проекти се ...
СДСМ бара од Обвинителството и Министерството за внатрешни работи итно да ги идентификуваат и приведат лицата кои ги нападнале младите активисти во Ново Село. „Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе. Мицкоски ја премина секоја ...
Украина нападна две рафинерии за нафта во Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски. Во објава на социјалните мрежи, тој пишува дека одбранбените сили на Украина ја нападнале рафинеријата „Славнефт-Јанос“ во Јарослављ и рафинеријата „Башнефт-Новоил“ во Башкортостан. Претходно, Би-Би-Си објави дека црн чад се издига од рафинеријата за нафта во Јарослав по нападите со украински беспилотни летала. Гувернерот на Јарослав, Михаил Евраев, ...
Не се размислува за зголемување на цената на струјата, туку како таа да се намали или пак, како да се зголеми траењето на евтината тарифа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, како коментар на актуелната енергетска криза која ја погодува Европа заради намалувањето на хидропотенцијалот на најголемите реки и акумулации. Мицкоски уверува дека земјата е енергетски безбедна и нема да повикува на внимателност и штедење бидејќи акумулациите ...
Европската федерација на новинари (ЕФЈ), како дел од проектот за брза реакција за слобода на медиумите (МФРР), се придружува на својата албанска подружница, Здружението на новинари на Албанија (АГШ), во изразувањето загриженост во врска со новиот внатрешен правилник на Специјалниот суд против корупција и организиран криминал (ГЈККО), кој воведува значителни ограничувања за пристапот на новинарите до судските постапки и известувањето од нив. ...
Германскиот министер за внатрешни работи предупреди дека откривањето на дрон што носел експлозиви на аеродромот во Лајпциг означува ново ниво на опасност за земјата, додека властите испитуваат дали спречениот напад можеби бил планиран од странска сила. Откривањето на мал дрон што носел експлозиви на аеродромот во Лајпциг, водечки бродски и воен центар, го вклучи алармот и предизвика пренасочувања на летовите во среда наутро. Германската ...
Моделот Митос на Антропик создаде лажни онлајн идентитети додека се обидуваше да изврши притисок врз луѓето да одобрат ажурирања на злонамерен код за проект со отворен код, што означува уште еден сајбер инцидент извршен од фронтиран систем за вештачка интелигенција. Инцидентот се случи за време на сајбер евалуација каде што Институтот за безбедност на вештачката интелигенција (AISI) со седиште во Велика Британија, истражувачко тело, ги ...
Играта „Mistfall Hunter“ од кинеските девелопери „Bellring Games“ е една од напопуларните видеоигри во моментов затоа што комбинира тимска игра со надополнувачки и контрирачки механики, има одличен графички дизајн што ѝ е главниот квалитет и потсетува на повеќето „МОБА“ игри. Играта е во т.н. „RPG PvE PvP Extraction Game“ што во превод значи дека во борбите со други играчи кога ќе изгубите, ја губите и целата опрема, слично како што кога ќе ...
Градежен и комунален инспектор од Општината Карпош денеска направиле контрола во населбата Злокуќани, каде што бие откриени дивоградби и нелегално собирање отпад. За нелегално изградени куќи градежниот инспектор утврдил неправилности и за нив е започната постапка согласно законските надлежности. Општинскиот комунален инспектор, во координација со службите за одржување на јавната хигиена и соодветна механизација, отстрануваа кабаст отпад од ...
Министерството за финансии денес информираше дека издавањето на државните хартии од вредност коишто од денеска котираат на официјалниот пазар на Македонска берза се дел од планираното задолжување на домашниот пазар согласно усвоениот Буџет и Ребаланс за 2026 година во Собранието. Дополнително велат дека издавањето на овие емисии на државни хартии од вредност се транспарентно објавени на веб страницата на Министерството за финансии во ...
Сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола–Прилеп е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, информира АМСМ. Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа, a учествувале четири патнички моторни возила. Повредените патници се пренесени во Клиничката болница во Битола, каде им е укажана медицинска помош. Од СВР Битола најавија дека во текот на денот ќе излезат со повеќе информации за сообраќајната несреќа. ...
Владата подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата тоа веќе го договорила, за што сигнали пристигнаа од Брисел, од Берлин и од Париз. Исцрпени се буквално сите обиди и лаги коишто претходно се обидуваа луѓето од Владата да ни ги продадат, изјави денеска членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, коментирајќи ја изјавата на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски дека се во ...
Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. „Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост ...
Потребен е детален инженерски преглед на целиот водоводен систем во Гостивар за да може точно да се утврди коренот на проблемот, бидејќи повторуваното хиперхлорирање на водата нема да го реши трајно проблемот, вели за Мета проф. д-р Драган Даниовски, за проблемот кој веќе 20 дена го имаат Гостиварци со водата за пиење. Според него, ако бактериите кои веќе таму ги има, pseudomonas aeruginosa и proteus mirabilis, се заштитени во биофилмот или ...
Компанијата „Кожувчанка“ договорот за набавка на вода го доби преку тендер, а Владата плати 12,5 денари за едно шише вода од 1,5 литри, одговори Владата денеска на обвинувањата на Социјалдемократскиот сојуз, дека поради кризата во Гостивар е набавена вода без јавен повик. „Точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби ...
Ниските водостои на реките и езерата во Европа не претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија, уверуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Посочуваат дека состојбата со акумулациите во земјава во моментов е стабилна, хидропотенцијалот е со вкупна исполнетост на акумулациите од околу 70 проценти, што овозможува да се одговори на актуелните потреби во рамките на планираното ...
На 3 август 2026 година, во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Д.П. (41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од нејзината 75-годишна свекрва. Според пријавата, во нејзиниот дом Д.П. ѝ упатувала закани. Таа била задржана во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. На 3 август 2026 ...
Доналд Трамп изјави дека Ормутскиот теснец ќе се отвори „многу наскоро“ или Иран ќе биде „силно погоден“, објави Би-Би-Си. Американскиот претседател разговараше со „Фокс њуз“ откако државниот секретар Марко Рубио и секретарот за финансии Скот Бесент изјавија дека разговорите напреднале за да се овозможи потенцијално продолжување на испораките подоцна оваа недела. Неуспехот на претходните разговори во последните месеци за деескалација на ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објави дека Владата преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра без јавен оглас. Договорот, посочуваат од опозициската партија, поради кризата со чиста вода за пиење во Гостивар, бил склучен со директно договарање со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Од СДСМ се ...
Залутан дел од ракета на Спејс Икс патува низ вселената со брзина од околу 8.690 километри на час и е на пат да се судри со Месечината. Се очекува ударот да се случи во секој момент, но нема да биде видлив со голо око, освен за луѓето со пристап до софистициран телескоп кои ќе можат да видат блесок од површината на Месечината. Станува збор за горниот дел од вселенското летало Фалкон 9, со големина на петкатна зграда и тежина од најмалку 4.000 ...
Осум од најголемите нафтени компании собраа профит од над 90 милијарди долари за само три месеци, бидејќи конфликтот во Иран ги зголеми цените на енергијата, а климатската криза предизвикана од емисиите предизвика смртоносни топлотни бранови. Неочекуваните профити од војната повторно ги разгореа повиците до супер-големите компании за нафта и гас, како што се Сауди Арамко и БП, да платат за еколошката штета предизвикана од заработката од ...