Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Гади Ајзенкот, главниот ривал на Бенјамин Нетанјаху, вчера обезбеди поддршка од мнозинството пратеници за обид да формира влада, но израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека сè уште не е јасно кој би можел да ја надмине политичката блокада и дека во недела ќе одлучи кој од двајцата кандидати прв ќе добие шанса. Од 120-те избрани пратеници во Кнесетот, 67 го поддржаа Ајзенкот за време на неколкудневните разговори со Херцог, додека 46 го ...
Едно дете и едно младо лице загинаа, а најмалку 16 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа во источна Франција, откако автобус кој сообраќал на релација Лион-Бурж-ан-Брес излетал од патот и удрил во дрво, објави Би-Би-Си. Несреќата се случила утрово во околу 7 часот наутро во местото Лан, на 55 километри од границата со Швајцарија. Според информациите од обвинителството во Бурж-ан-Брес, во автобусот имало 43 патници, меѓу кои и 15 ...
Голем број познати ирски медиумски организации, вклучувајќи го и ирскиот јавен радиодифузен сервис RTÉ, беа евакуирани откако беа упатени закани кон нив, пренесува Би-Би-Си. Радио водител на RTÉ им кажа на слушателите дека организацијата добила предупредување преку е-пошта дека „бомба ќе експлодира во рок од 45 минути“. Вработените во весникот Irish Independent и канцелариите на радиостаниците NewstalkFM и TodayFM во Даблин, исто така, беа ...
Катар, водечкиот посредник во конфликтот меѓу САД и Иран, се обидува да го убеди Техеран да им дозволи на инспекторите за нуклеарно оружје на ОН да ги посетат бомбардираните нуклеарни постројки на Иран, вклучувајќи ги и оние каде што се наоѓаат залихите на високо збогатен ураниум на земјата, пренесува Гардијан. Иран нема да биде должен да преземе никаква обврска дека залихите ќе бидат отстранети од земјата, а други опции се на маса, ...
Доналд Трамп објави дека Сузи Вајлс се повлекува од функцијата шеф на кабинетот на Белата куќа, а ќе биде заменета од Стивен Милер, неговиот долгогодишен помошник и архитект на тврдокорните имиграциски политики на администрацијата, пренесува Фајненпл Тајмс. Во првиот потег за раздвижување на неговиот внатрешен круг по жестоките порази на среднорочните избори, претседателот напиша на Трут Сошл: „Со задоволство објавувам дека г-дин Стивен ...
Сантијаго Пења, претседателот на Парагвај, беше импичментиран, отстранет од функцијата и уапсен, само неколку дена по пропаѓањето на голема банка во јужноамериканската нација, што остави милиони луѓе без пристап до нивните заштеди, пренесува Њујорк Тајмс. Пења е под кривична истрага поради неговата врска со банката Уено и неговото справување со кризата. Тој беше приведен и затворен во својот дом во Асунсион, главниот град, во петокот, неколку ...
Во обид да ги спаси животите на 548 затвореници осудени на смрт во Калифорнија, гувернерот Гевин Њусом од Калифорнија остави неодговорено едно прашање: Што се случува кога следната личност во Калифорнија ќе биде осудена на смрт? Откако Њусом објави во четврток дека издава масовни ублажувања на казни за затворениците осудени на смрт, некои обвинители ветија дека ќе продолжат да бараат смртна казна во нови случаи во кои веруваат дека ...
Во петокот до телевизиските станици низ Европа беа испратени закани со бомби со предупредување дека „часовникот отчукува“, што доведе до евакуации и прекин на програмите, пренесува Ројтерс. Предупредувања беа испратени до ирскиот радиодифузер РТЕ, британскиот Скај, бугарската приватна станица Нова ТВ и други, соопштија компаниите. Не се пронајдени бомби на ниту едно засегнато место. Програмите на РТЕ беа заменети со музика и однапред снимена ...
Мрежата за заштита од дискриминација ги осудија јавните изјави на Петар Богојески, претседател на политичката партија Македонски концепт, дел од владејачката коалиција, кој во телевизиско гостување на национална телевизија промовираше ставови за „машки надзор“ врз жените и го релативизираше насилството во брачните односи. Од Мрежата реагираат дека ниту еден маж нема право да врши „надзор“ врз жената, а ниту бракот, неверството, повикувањето ...
Новинарката на телевизијата Алфа, која ја водеше емисијата „Под лупа“ постапуваше согласно професионалните новинарски стандарди, информира денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши увид во емисијата во која Петар Богојески, претседател на партијата „Македонски Концепт“ изјави дека на жените им е потребна „машка контрола“. Од АВМУ велат дека новинарката поставувала релевантни прашања, ги доведувала во прашање ...
Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, и од неа да ги отстрани поимите род и родова еднаквост. Со тоа учениците ќе учат за насилство, стереотипи и дискриминација, но без клучниот поим што ги објаснува нивните причини – родово-базираното насилство и ...
Над 5.000 корисници на социјална помош своите парични средства ги добивале преку Алта банка. Се прави обид од утре да им се овозможи исплата на целокупната парична помош директно на шалтерите на банката. Според изјавата на министерот за труд и социјална политика за ТВ Телма, планот е да се отворат три шалтери, прво во Битола, а потоа да продолжи и во Скопје и Струмица, за да можат и пензионерите кои немаат картички за банкомат да си подигнат ...
Авионската компанија „Флајдубаи“ најави повторно воведување директни летови меѓу Дубаи и Скопје, три пати неделно почнувајќи од 1 април идната година. Летовите ќе се организираат во понеделник, четврток и сабота, со поаѓање од терминалот 3 во Дубаи. Од Дубаи ќе се полетува во 9,55 часот, а во Скопје ќе се пристигнува во 13,30 часот. Од Скопје летот ќе тргнува во 14,30, а во Дубаи ќе слетува во 21,45 часот. Цените на повратните карти за бизнис ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешнта прес-конференција го повика гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, да си поднесе оставка и да престане со носење одлуки со кои дополнително ја загрозува стабилноста на финансискиот систем и довербата на граѓаните. Филипче нагласи дека по погрешните одлуки околу влезот на „Алта банка“ на македонскиот финансиски пазар, Славески нема кредибилитет да носи нови одлуки за нејзината иднина. ...
Во земјава е регистриран петти случај на морбили годинава, а опфатот со вакцинација изнесува само 62 отсто, предупреди директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска во изјава за Мета. Таа посочи дека постои реален ризик од повторна епидемија на мали сипаници, а како еден од факторите што придонесуваат за недовербата во вакцинацијата ги посочи дезинформациите што се шират на социјалните мрежи. Вчера министерот за ...
Заеднички именител на најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ е фразата „нема напредок“. Од комисијата констатираат дека земјата нема напредок во главната пречка за продолжување на евроинтегративниот процес, односно уставните измени, но тоа е само мал дел од целиот извештај. Зборот нема напредок се повторува повеќе од 30 пати, при што како главен фокус се наведува дека нема напредок во изборните реформи ...
Двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се осомничени дека преку незаконско менување, бришење и прикривање податоци во електронскиот систем за студентски индекси се стекнале со материјална корист од околу 21.000 евра. Злоупотребите, според Основното јавно обвинителство Штип, се одвивале во период од пет години, од 2021 до 2026 година. Обвинителството поведе постапка против двајцата осомничени поради сомнение дека како ...
Нема ништо ново, ниту пак позитивно, во врска со квалитетот на воздухот во изминатава година, констатира најновиот извештај на Европската Комисија за напредокот на државата кон ЕУ. Во анализата на Поглавјето 27 се вели дека админrистрацијата и понатаму е неквалификувана за тоа што го работи, капацитетите се слаби, а нема напредок ниту во усогласувањето со европското законодавство. Извештајот на ЕК констатира слабо придвижување во однос на ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила поради постоење основи на сомнение за „Проневера во службата“. Финансиската полиција соопшти дека постојат основи на сомнение дека пријавениот во својство на одговорно лице-управител, во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2025, ...
Недоволно финансирање на јавното здравство, одлив на медицински кадар, нееднаков пристап до здравствени услуги и недоволна контрола на пушењето во затворени простории се дел од забелешките на Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на Северна Македонија за 2026 година. Во документот се посочува и дека земјава сè уште нема усвоено стратегија за заштита на потрошувачите, ниту воспоставено соодветна интернет-платформа за нивно ...
Македонското еколошко друштво ќе се придружи на 14 организации од Европа, Блискиот Исток и Африка кои ќе работат на заштита на преселниот пат на египетскиот мршојадец, за да придонесе кон закрепнувањето на една од најзагрозените птици грабливки во Европа. Египетскиот мршојадец некогаш бил широко распространет низ целиот Балкан, а денес се евидентирани околу 50 гнездечки парови низ Македонија, Бугарија, Грција и Албанија. Кај нас има околу 10 ...
Платформата за родова еднаквост ги осуди јавните изјави на Петар Богојески, изнесени во телевизиска дебата на ТВ Алфа, со кои се релативизира и оправдува родово-базираното насилство, а воедно се повикува на контрола врз жените и се промовира идејата дека мажот треба да има надзор врз својата партнерка. Од Платформата посочуваат дека особено е загрижувачки што ова доаѓа од универзитетски професор и претседател на Македонски концепт, партија ...
Во петок на 6 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи осмото издание на Андерфест, а програмата оваа година ги обединува Мамут, Корка, Eurokrem и Replays од Roma Rock School, Princess Donatsu, Крул, Гној и Фанк Шуи. „Различните музички стилови и препознатливиот звук на изведувачите ветуваат динамична фестивалска вечер за љубителите на алтернативната музика. Со осмото издание, Андерфест продолжува да создава простор за ...
Полскиот нуркач Бартломиеј Питала кој достигна рекордна длабочина во подводната пештера „Врело“ на Матка и постави светски рекорд е прогласен за почесен граѓанин на Скопје. Почесното признание за Питала беше потврдено од советниците на Советот на Град Скопје, на денешната седница. Во рамките на меѓународната експедиција „Врело 2026“, Бартломиеј Питала минатиот месец достигна рекордна длабочина од 338 метри под водата, со што „Врело“ на Матка ...
Државната железничка инфраструктура се соочува со сериозни финансиски и инфраструктурни проблеми, а изградбата на железничкиот Коридор 8 со години се одолговлекува и поскапува, објави Државниот завод за ревизија. Според последниот извештај на ревизорот за Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, „Македонски железници“ Скопје, во ова претпријатие за неискористени кредитни средства се платени речиси 7,8 милиони евра провизии додека ...
Најновиот Извештај на Европската комисија за Северна Македонија за 2026 година испраќа сериозно предупредување: антиродовите наративи, изборните дезинформации, политичката поларизација и недоволната институционална заштита ги поткопуваат човековите права, родовата еднаквост и демократските процеси, велат од ХЕРА. Европската комисија посочува дека антиродовите наративи продолжуваат да го попречуваат напредокот во родовата еднаквост и да ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени дека биле дел од криминална група која со закани, фиктивни договори за заеми и фалсификувани документи изнудувала пари и имот од граѓани, а преку нивните банкарски сметки вршела и перење пари. Групата, која според Обвинителството ја организирал кумановец, дејствувала од 2021 година, искористувајќи ја финансиската зависност на ...
Десничарскиот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења, во четвртокот поднесе оставка по политичката и финансиската криза што во изминатите денови предизвика колапс на банкарскиот систем во оваа јужноамериканска држава, пренесува „Гардијан“. Во центарот на кризата е банката „Уено“ (Ueno Bank), која за само неколку години, за време на владеењето на Пења, од малку позната дигитална банка прерасна во една од најголемите кредитни институции во ...
Користењето на е-банкинг ќе биде делумно ограничено за време на викендот, информираа Стопанска, Комерцијална и НЛБ банка со пораки до своите клиенти. Граѓаните нема да можат да плаќаат онлајн утре после 14 часот и во недела бидејќи македонските банки ќе вршат системски прилагодувања поврзани со нови платни инструменти. Банките информираат дека во текот на викендот редовно ќе функционира плаќањето со картичка на ПОС терминалите во маркети и ...
Унапредувањето на политичката и економската соработка меѓу Македонија и Швајцарија, со посебен акцент на трговијата, инвестициите и поврзувањето на деловните заедници беше во фокусот на разговорите на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Швајцарската Конфедерација, Ињацио Касис. На денешната средба посебно внимание беше посветено на развојната соработка, која претставува ...