Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче, казниво според член 186 став 7 во врска со став 5 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од Кривичниот законик. Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и ...

Франција воведе забрана за продажба и консумација на алкохол на дел од јавните настани во рамки на националниот музички фестивал „Fête de la Musique“ поради топлотниот бран, објави Би-Би-Си. Годишните прослави на „Fête de la Musique“ привлекуваат милиони луѓе на улиците низ цела Франција. Но, со оглед на тоа што една третина од земјата e предупредена за топлотен бран, владата ја забрани консумацијата на алкохол на јавни места. „За сите ...

Израелските напади во Газа убија најмалку шест лица, вклучувајќи и снимател на Ал Џезира и најмалку едно дете, објави Би-Би-Си. Ал Џезира соопшти дека „остро го осудува гнасниот злостор на таргетирање и убиство“ на нивниот дописник Ахмед Вишах, кој беше убиен во напад врз куќа во центарот на Газа во саботата. Израелските одбранбени сили (ИДФ) го обвинија Вишах дека е „терорист во военото крило на Хамас кој служел како снајперист“. ...

Денеска во Скопје се одржа осмата Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“, каде пред фонтана „Лотос“ илјадници граѓани излегоа на збирното место на протесниот марш. Движењето започна во 19 часот по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Партизански Одреди“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрие Чуповски“, а крајната дестинација беше паркот „Жена Борец“. Со транспаренти и знамиња во боите на винижитото, ...

Иран соопшти дека го затвора Ормутскиот теснец по серијата израелски напади во Либан, потег што се заканува да го загрози кревкиот привремен мировен договор со САД, потпишан пред само неколку дена, пренесува Гардијан. Исламската револуционерна гарда (ИРГ) ги предупреди бродовите да не се приближуваат до стратешкиот морски премин. Како причина ги наведе, како што рече, израелските злосторства во Либан и наводното американско прекршување на ...

Европската комисија планира да го преработи клучниот закон на Европската Унија за заштита на водите со цел да го забрза развојот на рудници за клучни минерали, иако многу од нив се наоѓаат во региони што веќе се соочуваат со суши и недостиг на вода, покажува нова анализа, пренесува Гардијан. Рударството е индустрија која троши големи количини вода. Таа е неопходна за обработка на рудата, спречување прашина, управување со отпадот и одводнување ...

Во Скопје денеска попладне ќе се одржи Парадата на гордоста, која ќе започне од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк, а ќе заврши во паркот „Жена борец“. Организаторите соопштија дека настанот претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот на ЛГБТИК+ заедницата во земјава. Маршрутата ќе започне од Градскиот парк, по булеварот „Илинден“, ќе продолжи по улицата „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Партизански одреди“ до ...

На едно четиричлено семејство овој месец му биле потребни 68 654 денари за да ги покрие основните месечни трошоци за јуни, покажувуваат податоците од синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија. Доколку семејството живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, потребната сума се зголемува и достигнува 84.024 денари месечно. За храна биле потребни 25.120 денари, а за режиски трошоци 6.379 денари. Околу 100 евра или ...

Владата на САД соопшти дека ќе престане да финансира програми во Јужна Африка наменети за справување со ширењето на ХИВ и СИДА. Повеќе од осум милиони Јужноафриканци живеат со ХИВ. Американскиот Стејт департмент се чини дека ја поврзува одлуката со наводниот неуспех на Јужна Африка да ги заштите „белите малцинства“, тврдење што владата на Јужна Африка постојано го отфрла, објави Би-Би-Си. Министерството за здравство на Јужна Африка одговори ...

Израел и Хезболах се согласија за прекин на огнот, изјави американски функционер, по интензивните израелски воздушни напади во јужен Либан во кои загинаа 47 лица. Најновиот договор се случува по загриженоста дека континуираните судири, ќе го загрозат договорот за завршување на војната меѓу САД и Иран. Израелската војска потврди дека прекинот на огнот е на сила, но подоцна портпаролот изјави дека нејзините сили „ќе продолжат да ги отстрануваат ...

Македонски државјанин кој летувал на Малдиви е позитивен на зика вирусот, информира Институтот за јавно здравје. Од таму информираат дека ова е прв регистриран случај на Зика вирусна инфекција во Македонија и иако станува збор за импортиран случај, поради интензивниот меѓунаредон транспорт и се поголемите трендови за патувања во тропски туристички дестинации како Малдивите, Тајланд, Индонезија, Бразил, Карипскиот регион и други подрачја каде ...

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинение против 25-годишениот жител на Старо Нагоричане, осомничен за четири убиства и два обиди за убиство извршени во период од нешто повеќе од една година во кумановскиот регион. Станува збор за случај кој со месеци ја потресуваше јавноста, откако истрагата поврза повеќе смртни случаи на жени од руралните средини со ист сторител. Според обвинението, првото убиство било извршено ноќта меѓу 5 и ...

Починал Љупчо Грнчиштаров, кој со години беше главен инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, а беше еден од обвинетите за трагедијата во Кочани која загинаа 63 млади луѓе, над 200 беа повредени. Информацијата ја потврдија од Јавното обвинителство, од каде велат дека се известени за случајот и дека обвинетиот починал откако му се слошило дур бил во куќен притвор. Оттаму додаваат дека Основното јавно обвинителство ќе издаде наредба за ...

Иницијативите за блокирање на бугарско-македонската граница се контрапродуктивни и би можеле да му наштетат на ставот на Бугарија во односите со Македонија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова. Според неа, ваквите иницијативи не се поврзани со активностите на бугарската влада и не придонесуваат за заштита на националниот интерес, по што организаторите Фондацијата Македонија го одложи протестот што требаше ...

Најмалку 18 лица се убиени во јужен Либан по серија израелски воздушни напади во текот на ноќта, соопшти Министерството за здравство на земјата – додека израелската војска вели дека се убиени четворица нејзини војници. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел на нападите биле милитанти и инфраструктура поврзана со вооружената група Хезболах, поддржана од Иран. Ова се случува еден ден откако САД и Иран потпишаа договор со цел да се ...

Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ Чебрен – истакна Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на тркалезната маса Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија организирана од Фајнс тинк. „Енергетиката не е привилегија ...

Министерот за здравство Азир Алиу соопшти дека Владата ја усвоила иницијативата за формирање Центар за итна медицинска помош Скопје, кој треба да овозможи побрз и поефикасен одговор при итни случаи. Според Алиу, службата за Итна медицинска помош ќе биде издвоена како самостојна институција, што ќе овозможи подобро управување со ресурсите, посебно буџетско планирање и побрзо донесување одлуки. Во првата фаза ќе биде формиран самостоен Центар ...

Граѓанските организации ги повикуваат пратениците да не ги поддржат предложените измени на Законот за игрите на среќа и забавните игри, со кои од законското решение се исклучени граѓанските организации, организациите на лицата со посебни потреби и Црвениот крст како организации кои можат да користат средства за работа со ранливите категории, пишува Порталб.мк. Преку една реакција организациите велат дека ова не е само техничка измена, туку ...

Кичево мора поактивно да се вклучи во националните процеси на енергетска трансформација бидејќи успешната праведна транзиција бара силни локални институции, активно учество на граѓаните, транспарентно управување со средствата и поголема улога на општините во креирањето на политиките за развој на регионите зависни од јаглен. На форумот на заедницата организиран од Еко-свест во соработка со локалните партнери, општина Кичево и месната заедница ...

Во јавноста избувнаа реакции и обвинувања откако Уставниот суд ја укина одлуката од 2007 година со која Општина Тетово ги смени имињата на неколку улици и на плоштадот на градот. Но, за тоа како стојат работите, како почна сето тоа и зошто се укинаа овие имиња, Порталб.мк ја пренесува хронологија на целиот овој процес низ годините. Во кратки црти: Плоштадот и седум улици добија албански имиња, а три улици беа преименувани во македонски Во ...

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) го објави најновото издание на Регистарот на е-трговци, со цел да им овозможи на граѓаните полесно да проверат од кого купуваат пред да извршат онлајн плаќање. Според податоците на Народната банка, во текот на 2025 година во земјава биле евидентирани вкупно 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција во текот на годината, ...

Иницијативата за заштита на конзументите и нивните права да поседуваат видеоигри кои еднаш купени не смее да се откажат од сервисите каде се направени уплатите или ако воопшто се откажува поддршката за игрите онлајн, да можат да бидат употребувани самите игри до каде што се последно аптејтирани. Иницијативата „ECI-European Citizen Initiative“ го доведе ова прашање до степен на формирање комисија што ќе ги преработи легислативите и правилата ...

Србин возел над 180 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, а полицијата му го одземала автомобилот и ги уапсила. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.С.(30) од Република Србија. „При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, било констатирано дека возачот се движел со ...

Израелските напади врз јужен Либан убија најмалку 15 лица во петокот, соопшти државната новинска агенција ННА, додека Израел соопшти дека нападите извршени преку ноќ биле насочени кон она што го опиша како цели на Хезболах во неколку области. Жителите и домашните медиуми изјавија дека израелските воздушни напади и гранатирање погодиле неколку градови во областа Набатија во текот на ноќта и во раните утрински часови во петокот, во бомбардирање ...

Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, се откажа од планираното патување за средба со иранските преговарачи во Швајцарија, со цел да започнат сложени разговори за спроведување на договорот од 14 точки, постигнат меѓу Техеран и Вашингтон за да се стави крај на нивната војна, изјави портпарол на Белата куќа. Разговорите што беа планирани за денеска меѓу САД и Иран во планинскиот одморалиште Бургеншток во Швајцарија нема да се одржат, според ...

Загрижувачки податоци беа презентирани денес на промоцијата на новиот едногодишен проект за спречување на семејното и врсничкото насилство преку образовниот систем, што го спроведува Министерството за образование и наука (МОН). Проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ е поддржан од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Министерството за социјална ...

Овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, заедно со Министерството за внатрешни работи, денеска спроведоа претреси на повеќе локации во Скопје, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка, а во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Акцијата произлегува од претходно поднесена кривична пријава од страна на ...

Украински беспилотни летала нападнаа рафинерија во Москва и го нарушија локалниот воздушен сообраќај, во она што се чини дека е најголемиот таков напад врз градот откако Русија ја нападна Украина пред повеќе од четири години, пренесува Њујорк Тајмс. Воздушниот напад беше најновиот во серијата напади со беспилотни летала што ја демонстрираа растечката способност на Украина да ја пробие воздушната одбрана на Русија по години во кои големите ...

На 17.06.2026 околу 19:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи патничко возило „мерцедес“ кое било со регистарски таблички од друго возило, соопштија од МВР. Возилото не застанало на знак за запирање и на клучка Миладиновци се вратило назад и продолжило по земјен пат во с.Блаце, општина Петровец, каде што удрило во дрво, по што возачот го напуштил местото. По пребарување на теренот, возилото било ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
4.54
23%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
3.13
47%
1016
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.93
37%
1015
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.63
38%
1020
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.42
33%
1018
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 31ᴼ
1.7
47%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.81
45%
1015
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.6
51%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
0.36
34%
1015
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
2.25
31%
1018
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 37ᴼ
1.79
28%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
7.49
99%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Кобалт

56.29

Родиум

249168.29

Цинк

0.00

Сребро

1902.84

Бакар

12.33

Злато

131072.82

Алуминиум

3.20

Иридиум

233896.68

Паладиум

38195.09

Платина

51923.46

Рутениум

49029.89

Калај

50.56