Платформата за родова еднаквост ги осуди јавните изјави на Петар Богојески, изнесени во телевизиска дебата на ТВ Алфа, со кои се релативизира и оправдува родово-базираното насилство, а воедно се повикува на контрола врз жените и се промовира идејата дека мажот треба да има надзор врз својата партнерка. Од Платформата посочуваат дека особено е загрижувачки што ова доаѓа од универзитетски професор и претседател на Македонски концепт, партија ...

Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, и од неа да ги отстрани поимите род и родова еднаквост. Со тоа учениците ќе учат за насилство, стереотипи и дискриминација, но без клучниот поим што ги објаснува нивните причини – родово-базираното насилство и ...