ВМРО-ДПМНЕ во соопштение оценува дека Владата предводена од оваа партија покажува оти европскиот пат на Македонија е можен „без национални понижувања“, без, како што наведуваат, продавање на идентитетот, редефинирање на историјата и релативизирање на македонскиот идентитет. Од партијата тврдат дека Македонија е лидер во реформите и во Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, а ваквиот пристап, според нив, им пречи на СДСМ и на лидерот ...

На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа М.Е.С. (19), П.С.(23), Ј.С.(19), Д.Г.(250 и Б.Т.Б.(20), сите од Р.Турција, поради нерегулиран престој во државата, информира МВР. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на ...

Ние видливо ставаме фокус на полициентричен развој на државата, преку поддршка на сите општини бидејќи развојот не смее да се концентрира само на едно место или само во еден регион, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински пред членовите на собраниската Комисија за локална самоуправа, образложувајќи го Предлогот за изменување и дополнување на Стратегијата за регионален развој на земјава за периодот 2021-2031 година. Министерот ...

Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива „Роаминг како дома“, со што граѓаните во иднина би можеле да користат мобилни услуги во земјите од Европската Унија по цени како во домашниот сообраќај, соопшти денеска Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Според Бојковска, иницијативата ќе овозможи пониски трошоци за граѓаните при користење повици, интернет и СМС-пораки во земјите од ЕУ, како и ...

Редовното вежбање е корисно за физичкото здравје, а експертите нагласуваат дека може значително да придонесе и за подобрување на здравјето на мозокот. Според неодамнешно истражување објавено во научното списание „Нејчер невросајенс“ (Nature Neuroscience), дури и едноставните движења на телото, како што е затегнувањето на стомачните мускули може позитивно да влијае врз функцијата и здравјето на мозокот. Експертите објаснуваат дека при секое ...

Експертите истакнуваат дека одредени видови бобинки, како што се јагодите, малините, боровинките и капините, содржат витамини, антиоксиданси и растителни соединенија кои можат да помогнат во ублажување на благите симптоми на поленска треска, како што се кивање, течење на носот и иритација на очите. Иако овие намирници не можат да ја заменат терапијата или да бидат лек за алергии, нивното редовно вклучување во исхраната може да обезбеди ...

Бик Биковите сакаат да работат опуштено и полека. Лица родени во овој знак сакаат едноставен живот во кој ќе можат да уживаат во благосостојба без да мора да работат. Биковите се размазени и сакаат се најдобро, но нема претерано да се потрудат тоа да го остварат. Близнаци Близнаците се доста мрзливи кога станува збор за било каква професионална работа или продуктивност. Кога станува збор за дружење, први се за забава, но кога треба да ...

Иако оваа пракса не е пропишана со закон, по правило, таа е усвоена од самите авиокомпании со цел подобро да ги заштитат своите патници. Безбедноста на патниците во авионот е скоро целосно во рацете на персоналот, така што пилотите на комерцијалните летови мораат да почитуваат одредени работи, но тие можат да влијаат и на многумина. На пример, пилотите обично можат да изберат копилот со кого би сакале да летаат, а исто така имаат можност да ...

Конечно се вработивте на работното место кое што го посакувавте целиот живот, но никако да ви тргне. Успехот кој што мислевте дека ќе го постигнете и сопствената надградба никако да дојдат и имате чувство дека наместо да одите нагоре, вие назадувате. Сепак, можеби правите една од овие три грешки кои ве кочат во кариерата Доцнење Секогаш постојат ситуации надвор од ваша контрола кои што ќе предизвикаат да доцните, но ако ваквите ситуации се ...

Секоја врска поминува низ кризи и тешки моменти, а секој има право некогаш да погреши, но што кога тоа несвесно ќе премине во навика? Независно колку сакате некого, тоа не значи дека некогаш не може да влезете во бурна дискусија и човечки е да имате различни ставови и несогласувања. Сепак, постои голема разлика помеѓу мали несогласувања одвреме-навреме кои на добар начин се решаваат и помеѓу оние однесувања кои ја прават врската токсична. ...

Европската Унија треба да ја разгледа можноста за привремено ограничување одредени права на глас за идните нови членки на блокот и за создавање повеќе механизми за заштита на владеењето на правото – се наведува во заедничкиот документ на Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург, во кој „Ројтерс“ имаше увид – пренесува БТА. Во период кога Црна Гора се надева на членство во ЕУ во 2028 година, а Албанија, Украина и Молдавија ...

Новиот бугарски министер за одбрана Димитар Стојанов денеска изјави дека земјата повеќе нема да и испрорачува оружје на Украина. На денешната прес-конференција, на која ги претстави приоритетите во работата на ресорот и неговиот кабинет, Стојанов изјави дека „војната во Украина нема да се реши на бојното поле“, и дека тоа е конфликт со статични фронтовски линии, пренесува Софија Глоуб. „Гледаме позициска војна и без оглед на тоа колку оружје ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска, на конференција во Брисел, изјави дека Молдавија и Украина во следните неколку дена ќе направат нов чекор во процесот на пристапување кон Европската Унија со отворањето на првиот преговарачки кластер. Според Фон дер Лајен, оваа одлука ќе го означи преминот кон следната фаза од пристапниот процес и официјалниот почеток на преговорите по тематски поглавја. Соопштението беше ...

Украина е подготвена да ги сподели своите технологии за дронови со скандинавските и балтичките земји – изјави денеска претседателот Володимир Зеленски за време на самитот на форматот НБ8 (NB8) во Естонија, каде што членуваат пет скандинавски и три балтички држави. Форумот се одржа во период на зголемени тензии предизвикани од неодамнешните зачестени случаи на навлегување украински дронови во воздушниот простор на земјите од регионот. Зеленски ...

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека е „длабоко загрижен“ поради новата ескалација на насилството на Блискиот Исток и го повика Израел повторно да ги отвори граничните премини кон Појасот Газа. „Сите напади мора веднаш да запрат. Примирјата во Либан, Иран и Газа мора целосно да се почитуваат“, порача Гутереш во објава на социјалната мрежа Икс. Во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот, Израел изврши напади врз ...

Научниците објавија спектакуларни нови снимки од вселенски објект кој наликува на кристална топка, но всушност ја покажува агонијата на умирачка ѕвезда спарена со друга. Станува збор за планетарната маглина NGC 1514, позната како маглина Кристална топка, која е снимена од телескопот Gemini North кој се наоѓа на неактивниот вулкан Маунакеа на Хаваи, пишува CNN. Сликата открива зачудувачки детали од планетарна маглина оддалечена околу 1.500 ...

Ко-сопственикот на Вест Хем, Дејвид Саливан (77), е обвинет за злоупотреба и сексуално искористување на голем број жени, во некои случаи тинејџерки. Сериозните обвинувања, кои се протегаат низ неколку децении, беа објавени како дел од заедничка истрага на програмата „Панорама“ на Би-Би-Си и весникот „Тајмс“, што го наведе Саливан да поднесе оставка од функцијата во клубот за време на викендот, објавува „Дејли меил“. Обвинувања на седум жени ...

Вооружена банда киднапирала десетици селани во северозападна Нигерија откако биле поканети на состанок за можни мировни преговори, што е уште еден знак за влошување на безбедносната состојба во регионот. Властите и локалните жители денес го потврдија киднапирањето, пишува Ројтерс. Киднапирање под маската на преговори Полицијата извести дека 39 лица кои отишле на состанок во шумата во близина на селото Магамин Диди во државата Замфара биле ...

Светиот манастир Хиландар објави дека Милош Стојковиќ не е повереник ниту официјален претставник на ова светилиште, реагирајќи на, како што велат, честите медиумски објави во кои се претставува како таков. Во соопштението за медиумите се истакнува дека со Стојковиќ имало соработка во неколку наврати во хуманитарни и добротворни акции, особено кога станува збор за помагање на ранливи семејства од Косово и Метохија, но дека оваа соработка ...

Федерален судија денес ја укина таксата од 100.000 долари што американскиот претседател Доналд Трамп ја воведе за нови визи H-1B наменети за висококвалификувани странски работници. Судијата пресуди дека станува збор за нелегален данок што Конгресот никогаш не го одобрил. Одлуката е донесена во Бостон како дел од тужбата поднесена од 20 државни обвинители од редовите на Демократската партија, оспорувајќи ја мерката што ја објави Трамп во ...

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Стефан Богоев и донесе решение за укинување на мерката притвор, прифаќајќи ја понудената финансиска гаранција. Осомничениот во понатамошниот тек на постапката ќе се брани од слобода, но под строго определени услови. Според официјалното соопштение од Судот, прифатената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра во денарска противвредност. Овој износ се ...

По шест месеци без каков било сигнал од леталото Мавен на НАСА кај планетата Марс, леталото е прогласено за некорисно.Вселенската агенција потврди дека мисијата е завршена по повеќе од една деценија набљудување на Црвената планета. Леталото Мавен, кое беше лансирано во 2013 година со задача да ја проучува атмосферата на Марс од орбита, мистериозно престанало да функционира на почетокот на декември откако се нашло зад Марс. Податоците покажале ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Р.Ј.(80) од гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’. -На 31.05.2026 во валандовско село, пријавениот извршил полови дејствија врз 14-годишник од валандовско, информира МВР. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал активна забрана. Три лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по едно во Кичево, Тетово, Кавадарци и Кочани. Додека, едно лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што за него има активна забрана. По целосно документирање ...

На 08.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 06.06.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода. На 08.06.2026 во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34). На ...

Второстепениот суд, постапувајќи по жалба на обвинетите и на надлежниот Јавен обвинител донел пресуда со КОКЖ бр. 110/25 според која, пресудата против обвинетиот С.Ј. – поранешен градоначалник на општина Карпош, за кривичното дело – Бесправно градење од чл. 244 – а ст.1 од КЗ за кое дело му е утврдена казна затвор во траење од 1 година СЕ ПОТВРДУВА, а во изречената казна затвор му се засметува и времето минато во куќен притвор од 19.03.2019 ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како Влада работат темелно и посветено на остварување на целите што ги инаат зацртано во насока на развој на државата и на процесот на нејзина евроинтеграција. Имаат, вели, план и стратегија на чие остварување работат без да ветуваат чуда, туку да гои постават работите на здрава основа. – Ние работиме темелно, посветено, чесно и напорно. Резултатите полека доаѓаат. Тоа што е наша стратегија за ...

Исходот од Светското првенство во 2026 година ќе има огромно влијание врз тоа кого фудбалскиот свет ќе го круниса за најдобар играч на планетата. Тоа е воведната реченица на ESPN од објавената листа на анализи и рангирање на фудбалери кои би можеле да го одбележат претстојното првенство, а со тоа да ја освојат таа престижна титула. Двајца Хрвати на листата Двајца хрватски репрезентативци се најдоа на листата. Јошко Гвардиол, кого ESPN го ...

Полицијата денес уапси маж во населбата Лауш во Бања Лука под сомнение за семејно насилство откако граѓани пријавиле дека го врзал својот син за столб. Според информациите што стигнаа до јавноста, минувачи биле сведоци на инцидентот и ја информирале полицијата за сè, која набрзо пристигнала на местото на настанот. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа млад човек врзан за столб. Видеото го прикажува пристигнувањето на ...

Македонија е подготвена за следната фаза од процесот за приклучување кон иницијативата „Роаминг како дома“, со која граѓаните би можеле да користат мобилни услуги во земјите од Европската Унија без дополнителни роаминг трошоци, изјави денеска Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Според Бојковска, станува збор за конкретен чекор од кој директна корист ќе имаат граѓаните, компаниите, студентите, работниците, дијаспората и ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
0.99
39%
1021
weather icon

Белград

25ᴼ / 22ᴼ
1.53
66%
1020
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.67
64%
1021
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.44
52%
1021
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.19
58%
1021
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.27
80%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
7.15
40%
1014
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.42
43%
1018
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.5
45%
1020
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
6.71
57%
1021
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
0.89
45%
1021
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
5.6
100%
1018
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Сребро

1907.42

Злато

131629.35

Иридиум

233896.68

Родиум

249168.29

Платина

52341.42

Цинк

0.00

Калај

50.34

Бакар

12.34

Рутениум

49029.89

Паладиум

38420.14

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.17