Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
ОВЕН Денеска вашето расположение ќе зависи најмногу од тоа како се согласувате со другите и нивниот став кон вас. Доколку сè е мирно во вашиот љубовен живот, нема причина да не бидете во добро расположение. Не размислувајте премногу денеска, повеќе слушајте го сопственото срце. БИК Денеска лесно можете да одлучите дека вашата сакана личност не ве сака доволно или дека вашиот шеф не ве цени. За жал, не можете ништо да наметнете, па затоа е ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи носат резултати, оцени премиерот Христијан Мицкоски. -Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми и тоа, впрочем, го нотира Светска банка во Tourism Watch, во последната едиција на овој извештај, каде ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преножувања. Нешто што за нас е ...
Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека бројката на новопријавени случаи од епидемијата во Гостивар изнесува 109, како и дека е одреден засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата со која ќе се следат заразните болести што може да се јават. -Со денешниот ден во Гостивар има 109 нови први контакти, бројката се движи од 80 до 125 во последните четири дена, со тоа што во овој момент не можеме да кажеме колку е тоа редовна ...
Речиси половина од жителите на Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство очекуваат да живеат во друга земја во одреден момент од својот живот, според ново истражување спроведено на 2.000 возрасни лица. Анкетата ја спроведе истражувачка агенција за дигиталната осигурителна компанија Feather, а резултатите покажуваат дека растечките трошоци за живот се главната причина зошто многумина размислуваат да се преселат во странство. Ова го ...
Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесуваат „Вијести“, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ...
Пробниот период за наплата за влез во историскиот центар на Венеција заврши во недела, на 26 јули. Системот беше во сила вкупно 60 дена оваа година, а Градската администрација ги објави првите, сè уште прелиминарни резултати: издадени се повеќе од 650.000 платени ваучери, а приходите надминаа пет милиони евра. Венеција, прва во светот, воведе систем за наплата за влез во историскиот центар на градот во 2024 година. Ова беше постигнато по ...
Начинот на кој луѓето комуницираат со четботовите базирани на вештачка интелигенција е различен – некои се љубезни, други користат закани, а трети бараат од системот да се однесува како експерт. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека повеќето од овие „трикови“ немаат значително влијание врз квалитетот на одговорите, пренесува Би-Би-Си. Според експертите, многу поважно од изборот на зборови е јасно да се објасни што точно се бара од ...
Лав – кралот на самодовербата Лавовите се сметаат за природни лидери. Тие сакаат да бидат забележани, веруваат во своите способности и не се плашат да застанат во првите редови. Нивната харизма и позитивна енергија често ги прават центар на внимание. Овен – непобедливиот борец Овните се познати по храброста и решителноста. Тие не се плашат од ризици и секогаш се подготвени да тргнат кон нови предизвици. Нивната силна волја и натпреварувачки ...
Се чувствувате лошо затоа што немате здрав сексуален живот? Можете да најдете одговор од авторката за „сексуалните митови“, Рејчел Хилс. За да ја напише својата книга „Митот за сексот: јазот меѓу фантазијата и реалноста“, на феминистичката блогерка и требаа цели шест години, истражувајќи и интервјуирајќи повеќе од 200 мажи и жени на возраст од 16 до 32 години низ Америка, Канада, Австралија и Велика Британија, за сексуалниот живот што го ...
Северна Кореја го отфрли повикот на министрите за надворешни работи на АСЕАН за „целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров по мирен пат“и најави дека ниту еден момент нема да запре да го надградува нуклеарното оружје. Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо-џонг апелот на АСЕАН го оцени како уште еден показател на непријателство кон „одговорна нуклеарна држава“. Ставот на Демократска Народна Република Кореја е дека нуклеарното ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека одобрил план за повеќе операции со долг дострел во Русија, а исто така го ажурирал списокот на приоритетни цели. – Одржав состанок за нашите операции со долг дострел. Го одобривме продолжувањето на нашите операции и го ажуриравме списокот на приоритетни цели врз основа на нивното моментално влијание врз Русија и нејзината способност да ja продолжи и да ја пролонгира оваа војна, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „даде простор“ за обновување на преговорите, изјави денеска амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Волц, откако Иран објави дека нема да напаѓа сè додека САД не го сторат тоа. „Тој остава простор за преговори“, изјави Валц за Фокс њуз за одлуката на Трамп, без да открие дополнителни детали. Во текот на викендов имаше затишје во непријателствата меѓу Иран и САД. ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина на крајот ќе ги изгуби своите западни територии, нагласувајќи оти левиот брег на реката Дњепар историски секогаш бил дел од Русија. – Сигурен сум дека Украина порано или подоцна ќе ги изгуби овие западни територии. Она што им припаѓаше на Полска, Унгарија и Романија, порано или подоцна – можеби не утре, задутре, за една година, две, 10 или 15 – историски ќе се врати на своето ...
Црна Гора подготвува нови правила за издавање дозволи за престој и работа на странски државјани, со цел да се зајакне контролата врз вработувањето, работењето на компаниите и наплатата на даноци и придонеси. Според најавите, ќе биде воведена единствена дозвола за престој и работа, која ќе ја издава Министерството за внатрешни работи, но само доколку претходно биде добиена согласност од Агенцијата за вработување. Без позитивно мислење од ...
Русија смета дека е прерано да се коментираат извештаите дека САД и Украина разговараат за евентуален прекин на воздушните напади како дел од напорите за завршување на војната, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Неговиот коментар следува по изјавата на украински функционер за Ројтерс дека претставници од Киев и Вашингтон разговараат за предлог што би и бил презентиран на Русија за прекин на воздушните напади како дел од ...
„Мојата баба е родена во оваа куќа. Сè изгоре. Уништени сме. Во Ле Порж изгубивме сѐ.“ Со овие зборови Матје Плеси ја опиша трагедијата што го снајде неговото семејство, откако се вратил во родниот дом во местото Ле Порж, на околу 40 километри од Бордо, и наместо куќата во која пораснал, затекнал само јагленисани остатоци. Разорните шумски пожари што беснеат во југозападна Франција зад себе оставаат сцени на целосно уништување. Според ...
Царинските службеници на грчките гранични премини денеска ќе штрајкуваат во периодот од 5 часот до 9 часот наутро. Според најавите, трите гранични премини со Македонија ќе бидат затворени, а возила ќе се пропуштаат на секои десет минути. Министерството за внатрешни работи, неодамна соопшти дека ќе се преземат сите мерки и оти ќе бидат ставени во функција сите човечки и технички капацитети. Царинските службеници на грчките гранични премини ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство врз сопствените мајки. Во првиот случај, осомничениот 34-годишник, на 25 јули во вечерните часови, барал пари од неговата мајка. Кога жената му кажала дека нема од каде да му даде, тој почнал агресивно да ја обвинува дека таа не успеала да ...
Заклучно со денеска, во 2026 година во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен – се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје објавен на неговата веб-страница. Потврдени се пет нови случаи во јули (кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден во мај). Најновиот случај бил регистриран во четвртокот минатата недела. Од регистрираните ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 6,229%, кај дизелот за ...
На 26.07.2026 во Охрид полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Б.Р.(30), Г.Ј.(32) и С.Н.(33), сите од Прилеп. На 26.07.2026 во 01:20 часот во спортскиот центар „Биљанини извори“, за време на одржување на концерт, полициски службеници го лишија од слобода Б.Р. затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во ...
Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со тоа што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. Тој на прес-конференцијата во ...
Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, каде ги презентира најновите информации за состојбата на водата од ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против управител и сопственик на правно лице и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување. Според наводите, во периодот 2024-2025 година не бил пријавен и платен законскиот надоместок за отпад од увезен текстил во износ од 3.852.067 денари, со што бил оштетен Буџетот на државата. Како што соопштуваа од Управата, ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, како и со новоименуваното и досегашното одбранбено аташе на Романија. На средбата присуствуваа новоименуваното одбранбено аташе, потполковничката Александра Барбулеску, и досегашното одбранбено аташе, полковник Арчип Каталин Петре. Мисајловски ѝ посака добредојде на потполковничката Барбулеску и ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петреушевски, реагираше на обвинувањата од СДС поврзани со состојбата со водата во Гостивар, обвинувајќи ја опозициската партија дека со денови шири лаги и бара одговорност на погрешна адреса. „Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар. И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е ...
Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за приготвување храна. Ќе продолжи испораката на флаширана вода, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски. Според него, сè уште не немало потврда согласно мерењата дека може да се користи за пиење, ниту пак за подготвување храна. – По ...
Девица Девиците се тешки перфекционисти и во сѐ наоѓаат маани, а нивните партнери не се поштедени од тоа. Многу тешко наоѓаат некој кој потполно им одговара, а во комбинација со нивниот страв дека ќе бидат повредени, нивните флертувања многу ретко завршуваат со врска, а уште поретко со сериозна врска. Уживаат во нивниот совршен свет и ретко пуштаат некој да влезе внатре. Водолија За припадниците на овој знак сериозните врски претставуваат ...
Финансискиот стрес е најштетен за здравјето и општата благосостојба на поединецот, го забрзува процесот на стареење, влијае на здравствените биомаркери и има посилен ефект врз менталното здравје во споредба со последиците од тагување поради болест, тешка загуба или развод, според на новото истражување на британските научници. Речиси 5.000 возрасни лица на возраст од 50 и повеќе години учествуваа во британската студија, која беше спроведена од ...