Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре и во ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. -Како одговорна институција ја информираме јавноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за ...

Во најголемиот дел од Англија во сила се портокалови предупредувања за опасност по здравјето поради високите температури, додека сушните услови веќе зафатија 71,3 отсто од нејзината територија и засегаа околу 45 милиони луѓе, соопштија британските метеоролошки и здравствени служби. Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) предупреди дека се очекуваат значителни последици врз здравствениот и социјалниот сектор, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, верува дека Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) би направила грешка ако го замени својот претседател, Џани Инфантино. – ФИФА би направила ужасна грешка ако, од која било причина го замени претседателот Џани Инфантино. Тој е фантастичен, штотуку го организираше најуспешното Светско првенство во историјата, четири пати поголемо од сите претходни Светски првенства. Ако си оди, Мундијалот никогаш повеќе нема ...

Кривичен суд во Дамаск денеска, во отсуство, го осуди поранешниот сириски претседател Башар ал Асад на смрт, откако го прогласи за виновен за убиство со умисла на повеќе лица, меѓу кои и деца, тортура, произволно лишување од слобода и злосторства против човештвото. Судијата Ал Аријан од Четвртиот кривичен суд во Дамаск изјави дека врз основа на сослушаните сведочења е утврдено оти Асад ги користел сите државни институции за олеснување на овие ...

Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на следните делови од Скопје: Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Според здравствените власти, од почетокот на годината има 24 потврдени пациенти заболени од западнонилска треска, а двајца се суспектни. Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно ...

ОВЕН Денеска е важно да останете смирени и да не дозволите ситни проблеми да ви го нарушат внатрешниот баланс. Можеби ќе треба да се справите со некои непредвидени задачи, но со правилна организација сè ќе заврши успешно. На лично ниво, добро е да бидете повоздржани и да избегнувате конфликти со вашите најблиски. БИК Денеска уживајте во мирот и хармонијата во вашиот личен простор. Слушајте ја вашата интуиција и донесувајте одлуки смирено. ...

Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се два, а 20 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, и над село Моране во Општина Сруденичани каде што е зафатена мешана шума. Пожари под контрола се пожарите на градската ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...

На 12 август во 1990 година во Скопје бил осветен Соборниот храм на автокефалната Македонска православна црква „Свети Климент Охридски“. Каменот-темелник е поставен на 23 април 1972 година, по проект на архитектот Славко Брезоски. Црквата е од тип ротонда, со димензии 36 x 36 м. и се состои од само од куполи и лакови, под кои е опфатена површина од околу 1.000 м2. На тој простор може да се соберат речиси 6000 верници. Главната црква му е ...

Луѓето кои спијат само четири часа или помалку изгледаат девет години постаро, велат лекарите. Според најновите истражувања, недоволната количина на сон може да биде причина за појава на низа здравствени проблеми. Сите проблеми поврзани со спиењето може да влијаат врз функционирањето на вашиот мозок. Студијата опфати повеќе од 40.000 луѓе ширум светот кои пополниле онлајн анкета и тестови поврзани со нивните ментални способности како што се ...

Толкувањето на соништата е тема која често ги фасцинира луѓето, но само кога станува збор за нивните лични соништа. Признајте, колку и да ви изгледаат интересни вашите соништа, воопшто не ве интересира какви авантури минал некој кој го познавате минатата ноќ, за време на спиењето. Единствениот начин на кој можеби ќе ве интересира е доколку таа личност ви каже дека и вие сте се појавиле во тој сон. Што всушност значи кога некој друг ќе ве ...

Бруно Бушет од Сиднеј работел во Мекдоналдс три години, и штом на екранот ќе добиел нарачка за кафе, тој тврди дека точно знаел за каква личност станува збор. Тој го сподели своето искуство стекнато врз основа на долгогодишната пракса и вака изгледа неговата поделба на карактерите меѓу луѓето според кафето што најчесто го нарачуваат. Продолжено еспресо Овој вид кафего бираат пристојни луѓе, со софистициран вкус и чист ум. Луѓето кои пијат ...

Нивната опсесивност ги привлекува и останатите знаци од Зодијакот, но не се грижи за тоа. Премногу се сака себеси, својот ред и мир. Има и длабоко чувство за хуманост, методичен пристап кон животот, често е нежен, но претпазлив – затоа Девицата е магичен знак што привлекува, а не е премногу заинтересиран за другите. Девицата како Бикот и Јарецот е земјен знак и сакаат конзервативни и организирани работи, но и оние кои зависат од нив. Ова се ...

Тажно е да се слушнат голем број жени кои за неверство се обвинуваат себеси, а не својот маж. Сепак, постојат 4 главни причини зошто секој маж ја изневерува својата жена: без разлика дали таа е згодна или не, млада или не, паметна или не, а за тоа самите се виновни. 1. Мажите навикнале да бараат најлесен начин Ненадејно се случува мажите да не го гледаат смисолот во покренување чуствителни теми за разговор со својата сродна душа. Полесно им е ...

Американската кибер-команда покрена истрага по серијата од пет смртни случаи на нејзини припадници и лица кои тесно соработувале со таа воена единица. Петте смртни случаи регистрирани во периодот од почетокот на јуни до поечтокот на јули предизвикаа загриженост во воениот врв и во Конгресот, а раководството на Кибер-командата ситуацијата ја третира како таканаречен „кластер на самоубиства“, што подразбира примена на посебни процедури за ...

Премиерките на Италија и на Данска, Џорџа Мелони и Мете Фредериксен, денеска објавија изјава насловена „Заедничка порака за Европа“, во која ја претставуваат својата заедничка визија за иднината на европскиот континент, безбедноста на европските граѓани и потребата од заштита на европските вредности и европскиот начин на живот. На почетокот на изјавата, Мелони и Фредериксен признаваат дека потекнуваат од различни политички семејства со многу ...

Научници развија нов вид молекула што би можела да го промени начинот на којшто одредени сериозни болести се третираат во иднина. Станува збор за таканаречени молекуларни лепила што можат да поврзат еден штетен протеин со системот во клетката одговорен за негово отстранување. Во напис објавен во списанието „Сајенс“ (Science), научниците тврдат дека успеале да користат таква молекула за да го отстранат протеинот „KAT2A“, којшто има важна улога ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху официјално го отфрли планот од 15 точки за Газа, предложен од Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп. Документот требаше да ја дефинира втората фаза од договорот за прекин на огнот постигнат во октомври минатата година, со кој беше завршена двегодишната војна меѓу Израел и Хамас. Според планот, Хамас треба да се разоружа, а Израел да се повлече од територијата. Сепак, во документот не е ...

Складиштето на Светската здравствена организација во Дњепропетровск, што содржеше итни медицински материјали наменети за здравствените установи на првата линија на фронтот, е погодено три пати за неколку дена, уништувајќи ги сите залихи, објави денеска СЗО. Складиштето првпат беше погодено на 3 август, по што СЗО го оцени како небезбедно и почна да ги преместува залихите. Складиштето беше повторно погодено на 7 август, веднаш откако вработен ...

Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормуската Теснина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран. Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“. Таксите и надоместоците ќе се наплаќаат за поморските услуги што им се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја минимизира важноста на повторното отворање на Ормуската Теснина, додека дипломатски договор со Иран сè уште нема, објави американскиот портал „Аксиос“. – Не ѝ придаваме преголемо значење, го цитира „Аксиос“ Трамп, кој тоа го изјавил во телефонски разговор за порталот. Трамп истакна дека САД нема целосно да се посветат на преговорите со Иран. – Со нив преговараме само делумно. Само го набљудуваме Иран ...

Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието. Суштината на политиката што ја гледаме од раководството на талогот Венко Филипче е Македонија да зборува за инциденти, расправии и поделби. Затоа што тие се навикнати на таков начин на водење на држава, па сега мислат дека такa повторно ќе дојдат на власт, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Таа политика излезе на виделина ...

Согласно официјалните информации од Универзитетскиот институт за позитронско емисиона томографија (УИ ПЕТ), моменталниот застој е предизвикан од технички проблем во производството на радиоизотопи, поврзан со циклотронот. Овластениот сервисер интензивно работи на отстранувањето на дефектот, а преземени се сите неопходни чекори апаратот повторно да биде ставен во функција во најкраток можен рок. -Мора да се укаже дека проблемот произлегува од ...

Македонија се наоѓа во групата земји со висока стапка на дневни корисници на тутун и сродни производи во Европа, при што речиси еден од четворица граѓани над 16 години (22,5% во 2022 година) е секојдневен консумент. Иако стапката на Македонија е под просекот на водечките земји од регионот како Турција (29,6%), Србија (26,6%) и Бугарија (26,3%), таа е значително повисока од просекот на Европската Унија, кој во 2025 година изнесува 16,5%. ...

Проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, дигитализација, образование, здравство, земјоделство, водостопанство и животна средина ја сочинуваат Првата конечна листа на јавни инвестиции, што ја објави Министерството за финансии, а претходно одобрена од Комитетот за јавните инвестиции и усвоена од Владата. Помеѓу проектите се реконструкцијата и изградбата на Клиничка Болница во Тетово, Клиничка болница во Штип, ...

На 10.08.2026 во 14:45 часот на патот Тетово–с.Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од с.Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото. Во врска со настанот, на ...

Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 74,4 милиони евра, објави Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,6%) и валутите и депозитите (13,2%). Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат ...

На 10.08.2026 во 20:40 часот на ул.„11 Октомври“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на Скопје на возраст од 15 и 13 години поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Според пријавеното, тие околу 20:00 часот на бул.„Кочо Рацин“ физички нападнале 14-годишен малолетник од Скопје и се ...

ОВЕН Денеска ќе имате поголема потреба од одобрување и поддршка и во личниот и во професионалниот живот. Доколку не го добиете одговорот што го очекувавте, не го сфаќајте лично – можеби луѓето од вашето опкружување се само зафатени со своите проблеми. Наместо да дејствувате брзоплето, одвојте време да набљудувате и да размислувате. БИК Денеска ставете се себеси на прво место и грижете се за сопствените потреби и желби. Одвојте време за ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35