Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Две американски медиумски групи го тужат претседателот Доналд Трамп поради новата услуга на неговата социјална мрежа „Truth Social“, која наплаќа до 100.000 долари месечно за приоритетен пристап до неговите објави. Тужбата е поднесена во федералниот суд во Њујорк од „The Intercept“ и „Freedom of the Press Foundation“, а во неа се тврди дека продажбата на приоритетен пристап до пораките на претседателот предизвикува сериозна загриженост и се ...
Во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што бројот на заразени од почетокот на летото се зголеми на 110, а регистрирани се и три нови смртни случаи, според податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека заклучно со вчера претпладне, од вкупно 110 заразени, 81 пациент е со симптоми на централниот ...
Во полициска станица на информативен разговор се повеќе лица кои преку социјални мрежи и апликации за комуникација во текот на вчерашниот ден испраќаа пораки дека во водата во скопскиот градски водовод е пронајдена бактерија ешерихија коли. -Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. По завршување на истражните дејствија ...
Околу 2,4 милиони девојчиња во моментов се исклучени од средното образование во Авганистан како резултат на политиката на талибанската влада, според проценката објавена денеска од организација за образование и култура на ОН со седиште во Париз. -Жените се избришани од јавниот живот, и како што нова генерација девојчиња расте без образование, нивната иднина станува сè потемна, се наведува во соопштението. Таа бројка би можела да порасне на ...
Американскиот федерален апелациски суд ги отфрли жалбите на компаниите „Мета“ и „ТикТок“ против одлуките на пониските судови, со што правосилно овозможи да продолжат постапките по повеќе од 3.000 тужби во кои се тврди дека социјалните мрежи им нанесуваат сериозна штета и предизвикуваат зависност кај младите корисници. Тричлениот совет на Апелацискиот суд на САД за Деветтиот округ со седиште во Сан Франциско пресуди дека нема надлежност во ...
Кокаин вреден повеќе од 200 милиони британски фунти, односно околу 270 милиони долари, бил откриен скриен во пратка со банани на британско пристаниште, соопшти британската Национална агенција за борба против криминалот. Граничните власти минатиот четврток заплениле 2,9 тони кокаин во пристаништето Лондон Гејтвеј во Есекс. Пратката, чија вредност се проценува на 232 милиони британски фунти, била скриена меѓу товар со банани испратен од Јужна ...
Украина ќе продолжи да изведува напади врз цели длабоко на руска територија за да и покаже на Русија и на нејзините граѓани дека е неопходно да се прекине војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Бележиме уште еден успех на нашите украински одбранбени сили – погоден е уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, и тоа на значително растојание – повеќе од 2.500 километри. Се наоѓа во Тоболск, во Сибир. Сега и ...
СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал. Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС: Објавете ја снимката. Не медиумски наслов. Не партиска интерпретација. Не туѓо прераскажување. Снимката. Ако не можете да ...
До 13 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, меѓу деветте активни пожари е жариштето во Општина Студеничани над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активни пожари во кои е зафатена ниска вегетација има во ...
Турист од Грузија вчера се удавил во водите на Охридското Езеро кај Пештани, соопшти денеска СВР Охрид. Според информациите, вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од водите на езерото кај Пештани било извлечено машко лице. Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но набргу констатирала дека лицето починало. Според информациите, немало видливи повреди. Првичната истрага покажала дека се работи за ...
На 12.08.2026 во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.П.(29) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен и претрес во домот каде престојува П.П., каде била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 12.08.2026 во 23:00 часот во ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници. Додека, кај еден од возачите била пронајдена и бела прашкаста материја. Три лица управувале возило под дејство на алкохол, при што ...
Европската Унија упати апел до сите политички партии во Косово итно да постигнат договор за избор на нов претседател и да соработуваат за надминување на долготрајната политичка криза, предупредувајќи дека блокадата на институциите сериозно го загрозува европскиот пат на земјата. – ЕУ постојано ги повикува сите политички актери да обезбедат институционална стабилност. Од суштинско значење е институциите на Косово да бидат конституирани без ...
Полициската статистика покажува дека во Албанија има речиси 40 илјади регистрирани странски државјани, при што повеќе од половина од нив остануваат во земјата за да работат. Поточно, според податоците од Државната полиција до 30 јуни 2026 година се регистрирани вкупно 38.712 дозволи за престој одобрени за странски државјани. Според државјанството, најголем број дозволи поседуваат граѓаните на Косово со 7.302 дозволи, што претставува околу 19 ...
Премиерот Христијан Мицкоски, по повод годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, порача дека државата треба да гледа кон иднината со зрелост, одговорност и почит кон различностите. „Минатото не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме. Таа иднина мора да биде ослободена од етнички тензии, политички манипулации и поделби кои со години се користеа како замена за резултати“, порача Мицкоски. Во ...
ОВЕН Постои можност денеска да се впуштите во ситуација и да направите грешка, па затоа нема да биде излишно да покажете малку повеќе здрав разум. Трпението нема да ви биде силна страна, но во ваша полза е да се обидете да го покажете, и кон себеси и кон луѓето од вашето непосредно опкружување. БИК Денеска можете да сметате на помош и поддршка од најблиските и пријателите, а на работното место од колегите и партнерите. Ќе имате среќа и во ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до ...
Некои од студиите што ги прегледале научниците покажуваат дека состојките кои природно се наоѓаат во пивото, а не во алкохолот, можат да бидат добри за здравјето. Бидејќи побарувачката за безалкохолно пиво е поголема од кога било, ова е добра вест за оние кои сакаат пиво, но избегнуваат алкохол. Друг заклучок до кој дошле во текот на истражувањето е дека умереното консумирање пиво добро влијае на здравјето. Пивото ги штити мажите од развој на ...
Постојат многу истражувања за тоа дали млекото во кафето има негативни или позитивни ефекти врз нашето здравје. Самото кафе ја подобрува меморијата. Едно истражување покажа дека пиењето црно кафе влијае на лачењето на полифеноли (антиоксиданси) во нашето тело, а додавањето млеко не го намалува нивото на овие полифеноли. Сепак, млекото му додава маснотија на кафето. Затоа, доколку сакате да ги изгубите вишокот килограми, избегнувајте да ...
Ако сакате да спречите настинка, најдобро е да пиете топла вода, чај и млеко измешани заедно, како што препорачува древниот индиски метод на ајурведско лекување. На сето ова добро е да додадете и малку ѓумбир. Но, доколку веќе се појавила настинка, треба да останете на топло место, а и повеќе пати на ден да пиете чај од ѓумбир подготвен на вообичаен начин. Особено избегнувајте мрсна храна, бидејќи таа ја влошува настинката. За настинка, ...
Дури и ако се чувствувате уморни и исцрпени пред да заспиете, повеќето заспиваат знаејќи дека до утрото ќе бидат одморени и полни со енергија. Сепак, не сите имаат толку среќа. Според истражувањата, еден од 13 луѓе го дочекува главоболка од моментот кога ќе се разбуди. Постојат неколку причини зошто е тоа така. Честопати, вашите утрински главоболки не се нешто за што треба да бидете премногу загрижени. Тие можат да бидат предизвикани од ...
Годишниот одмор е прекрасно време за полнење на батериите и подготовка за нови предизвици. Но, еуфоријата и задоволството кои ги чувствуваме на одморот брзо спласнуваат откако ќе се вратиме во секојдневието, а тоа придонесува да чувствуваме депресивно и тажно. Еве што треба да направите за да го спречите тоа: Контролирајте го немирот Кога сме на одмор, обично правиме и уживаме во неколку работи во текот на денот, за разлика од тоа кога сме ...
Бројот на загинати од силниот земјотрес што ја погоди западна Колумбија се искачи на 181, соопшти денеска асоцијацијата Asocapitales, сојуз на најголемите градови во земјата. Најмалку 1.246 лица се повредени во земјотресот со магнитуда од 7,4 степени, еден од најсилните во последните децении. Се очекува бројот на загинати дополнително да расте додека спасувачките акции се во тек. Околу 3.800 лица се пријавени како исчезнати на неофицијална ...
Европската Унија издвои во првиот круг 100.000 евра за поддршка на итните операции на терен по земјотресот со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија, додека истовремено се мапира потребата од дополнителна помош. Европската комисија соработува со германскиот Црвен крст во погодениот регион, изјави денеска портпаролката. ЕУ истовремено ѝ ги стави на располагање на Колумбија своите услуги за сателитско мапирање за да ги поддржи ...
Најмалку 2.000 луѓе починаа од почетокот на најновата епидемија на ебола во Демократска Република Конго, покажуваат најновите податоци на тамошните власти, кои потврдуваат дека станува збор за најбрзо растечката епидемија од овој вирус досега забележана во историјата. Според официјалните податоци објавени изминатава ноќ, досега се регистрирани вкупно 4.381 потврден случај на зараза, од кои 2.011 завршиле со смртен исход, додека во моментов ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руската армија употребила севернокорејски балистички ракети во нападот врз градот Запорожје во јужна Украина, во кој во текот на ноќта загинаа најмалку шест лица. „Градот беше погоден од севернокорејски балистички ракети, руски ракети „Циркон“ и наведувани воздушни бомби“ – напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс, осудувајќи го, како што рече, „бруталниот напад чија цел е да се ...
Бројот на девојчиња на возраст од 10 до 17 години хоспитализирани во Германија поради нарушувања во исхраната повеќе од двојно се зголеми во текот на 20-те години до 2024 година, соопшти денеска Федералниот завод за статистика. Бројот порасна од околу 2.800 во 2004 година на приближно 6.000 во 2024 година, се наведува во соопштението. Остриот пораст значи дека уделот на девојчиња во оваа возрасна група лекувани од нарушување во исхраната во ...
Украина ќе одговори на секој руски напад, а војната се повеќе ќе се чувствува на територијата на Русија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Постојат целосно праведни одговори, на секој руски удар ќе има наш одговор. Руската војна се повеќе ќе се чувствува во нивниот дом, во Русија“, нагласи Зеленски. Тој им се заблагодари на вооружените сили на Украина и на Службата за безбедност на Украина, наведувајќи дека продолжува ...
Индонезиските власти запленија 1,3 тони кетамин во вредност од околу 100 милиони евра на брод со странско знаме, соопшти денеска индонезиската агенција за борба против наркотици. Според властите, ова е една од најголемите заплени во историјата на земјата. Уште во февруари, властите добија информации дека бродот „Кинг Сан“ отпловил од источен Тајланд кон Индонезија со „сомнителен товар“. Во следните месеци, бродот бил под надзор. На 7 август, ...