Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Папата Лав XIV, првиот поглавар на Католичката црква од САД, во интервју за Ен-би-си изјави дека има „голема љубов“ кон својата татковина и тоа што таа го претставува, но дека се смета себеси за повеќе „универзален пастир“ отколку за Американец. Папата, роден во Чикаго како Роберт Франсис Превост, зборуваше за американска телевизиска мрежа синоќа на маргините на молитвено бдение во Кастел Гандолфо, папската летна резиденција. „Чувствувам ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп води преговори со Уругвај за прифаќање на кубански мигранти кои се депортирани од САД, јавуваат американските медиуми. Според информациите, разговорите меѓу американскиот Стејт департмент, предводен од државниот секретар Марко Рубио, и Министерството за надворешни работи на Уругвај траат веќе неколку месеци. Планот предвидува дел од депортираните Кубанци да бидат преселени во Уругвај, ...
Најавата и намерата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да свика неформален состанок во проширен состав 5+1 за кипарското прашање, преку соопштение ја поздравија од Министерството за надворешни работи на Грција, но и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој на денешната владина седница рече дека е разврска што влева „умерен оптимизам“, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис го истакна фактот што дводневната посета на Гутереш на ...
Портокалова и црвена фаза на опасност од пожари е прогласена за крајот на оваа недела на целата територија на Словенија. Црвена фаза, што означува многу висока опасност од пожари, е прогласена во подрачјата на Копер, Сежана, Дивача, Хрпелје-Козина, Комен, Нова Горица, Мирен-Костањевица и Ренче-Вогрско. Во останатиот дел од земјата е прогласена портокалова фаза, што укажува на висока опасност од пожари. Во цела Словенија е забрането палење ...
Нивото на водата во реката Дунав, кое на одделни места е на рекордно ниско ниво, им создава проблеми на производителите на електрична енергија во Австрија, Романија и Унгарија. Поради недостиг на вода, хидроелектраните и нуклеарните централи денеска мораа да го намалат производството или дури привремено да прекинат со работа. Засегнати се исто така туризмот и рибарството. Локалната управа за водостопанство соопшти дека нивото на водата на ...
Борбата со шумските пожари продолжува во регионите на Егејското и Средоземното Море, како и во други делови на Турција, каде што високите температури и силниот ветер значително ги отежнуваат интервенциите на противпожарните екипи, јави Анадолија. Најкритична е состојбата во округот Мугла, на егејскиот брег, каде што пожарот што избувна вчера брзо се прошири под влијание на силниот ветер, налагајќи евакуација на државната болница во градот ...
Европска комисија денеска соопшти дека ќе и додели на Украина 3,47 милијарди евра за борбени авиони, беспилотни летала, ракети и средства за противвоздушна одбрана. – Средствата се дел од вкупниот заем за Киев од 90 милијарди евра. Денешната одлука е поврзана со итните воени потреби на Украина, се наведува во соопштението на ЕК. Украина со парите ќе набави беспилотни летала со долг дострел и борбени авиони „Грипен“. ЕК најави дека следните ...
Четири лица заразени со вирусот на Западен Нил починаа во Грција, а во земјата се потврдени вкупно 42 случаи заклучно со вчера, од кои половина се регистрирани во изминатата седмица, согласно податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 37 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или ...
До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. – Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во Дебар присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот станбен објект и доделувањето на клучеви за социјалните станови на семејства од ранливите категории. Мицкоски истакна дека за него претставува посебна чест што има можност симболично со доделувањето на клучевите на едно семејство да го означи почетокот на користењето на новиот станбен објект. -Им посакувам многу среќа, здравје и што ...
БИК Август започнува мирно и стабилно – чувство кое ви е особено блиско и во кое се чувствувате сигурно. Добар ден за практично планирање на месецот – буџет, домашни работи или долгорочен проект. Во односите со најблиските чувствувате топлина и разбирање, а можен е и пријатен момент со партнерот. На работа вашата упорност ви носи резултати без непотребна напнатост. Вечерта е добра за мир и полнење на батериите пред активниот месец што ...
Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска изјави дека процесот за нормализирање на водоснабдувањето во Гостивар е во завршна фаза и изрази очекување дека уште денес граѓаните ќе добијат вода што ќе биде безбедна не само за техничка употреба, туку и за пиење и подготовка на храна. Одговарајќи на новинарски прашања за обвинувањата од опозицијата во врска со состојбата со водоснабдувањето и спроведувањето на ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата и на Богородица за излез се бележи поголема фреквенција на возила, при што времето на чекање изнесува од околу 30 минути до еден час. На останатите гранични премини од ...
Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел, молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини? Во периодот кога Филипче беше министер, до институциите биле доставувани ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот ...
Ако размислувате да испиете неколку аспирини за да си помогнете, овој пат пробајте некои од изненадувачки едноставните алтернативи кои можат да помогнат при мамурлакот. Тим експерти од Abakus Foods рече дека ѓумбирот помага да се спречат нагоните за повраќање, а топла бања може да го стимулира лимбичкиот систем. Овде ви ги откриваме петте најдобри лекови за мамурлак кои ќе ви помогнат да ја „преживеете“ сезоната забава до зори. 1. Фруктоза ...
Некои парови најмногу уживаат во сексот во вечерните часови, додека има и такви кои уживаат наутро. Она што е сигурно е дека секогаш кога имате секс, тој дефинитивно добро влијае на вашето здравје. Еве зошто сексуалниот однос е најдобар во утринските часови, односно кога ќе се разбудите: Поголема продуктивност За време на сексот, нашето тело лачи супстанции кои позитивно влијаат на расположението. Затоа не е лошо на овој начин да си го ...
Стрелец Уште еден огнен знак кој не може да го замисли животот без секс. Стрелците не гледаат на прељубата како на неморален чин, туку како на спорт кој едноставно мора да го играат од време на време. Припадниците на овој знак обично се грижат за својот физички изглед, а познати се по својот шарм на кој ретко кој може да им одолеете. Вага Поради својата неодлучност и прекумерната желба да остават добар впечаток, Вагите многу лесно се впуштат ...
Еве зашто е добро да пиете млеко пред спиење. Подобар сон Повеќекратни студии на луѓе и животни покажаа дека пиењето млеко пред спиење промовира подобар сон. Млекото содржи триптофан и мелатонин, кои помагаат полесно и побрзо да заспиете. Тирптофанот игра важна улога во производството на серотонин, кој го подобрува расположението, опушта и всушност е претходник на мелатонин, кој го регулира биоритамот и го подготвува телото за спиење. Покрај ...
РАК И Раковите се меѓу љубоморните знаци, но имаат природен талент да го сокријат тоа. Ракот, еден од најсилните водени знаци, има многу силни емоции. Тие ненамерно ја преземаат должноста да ги заштитат не само своите партнери, туку и сите што ги сакаат околу себе. Меѓутоа, ако видат дека барате помош од некој друг освен од нив, тоа може да го наречат отфрлање и да станат љубоморни. Раковите кои внатре ја живеат својата љубомора имаат ...
Здравствените власти на Уганда денеска ја прогласија земјата за слободна од ебола, со што заврши најновата епидемија на вирусна хеморагична болест во оваа источноафриканска земја. Британските медиуми пренесуваат дека од средината на мај, кога беше прогласена епидемија на ебола, во оваа земја починаа две лица. Последниот пациент со ебола во Уганда беше отпуштен од болница на 16 јули, со што започна 42-дневното одбројување пред земјата да може ...
Иран го одби вчерашниот предлог на Оман за заедничко регионално управување со Ормуска Теснина, изјави неименуван ирански извор. Техеран за предлогот на Оман тврди дека нема шанси за успех. – Заедничка контрола со Оман, по принципот 50-50 не е во интерес на Иран, иако Техеран смета дека Оман е скапоцен сосед, изјави ирански неименуван извор. Оман вчера презентираше предлог за управување со Ормуска Теснина, според кој Иран би можел да собира ...
Пред нас имаме уште тешки денови и традиционално тежок месец – август. Сакам навистина од сите граѓани да побарам да бидат максимално внимателни. За жал, и сега имаме бројни пожари кои започнуваат поради голема небрежност, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, додавајќи дека државата ќе го стори она што е во нејзина моќ, но и побара внимателност од сите граѓани, јави дописничката на МИА од Атина. ...
Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и ...
Денеска (31.07.2026) во 07:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Д.С.(58) од с.Равен, гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и куршуми за ...
На 30.07.2026 во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а од извршено ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и останатите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала сто пати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тунун. Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на Буџетот ќе ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција порача дека новиот ребаланс на Буџетот предвидува зголемени средства за образованието, здравството и социјалната заштита, оценувајќи дека економскиот развој треба да оди паралелно со подобрување на животниот стандард и јавните услуги. „Третата суштинска порака на Ребалансот е дека економскиот развој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување и континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош. Во текот на вчерашниот ден, во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов, во болницата се хоспитализирани четири пациенти. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен – информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица за излез од државата и на Табановце за влез, но засега нема поголеми задржувања на македонската страна. Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите ...