Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека е постигнат напредок во разговорите со Иран и со Оман за низ Ормуска Теснина да поминуваат повеќе бродови. – Постигнат е напредок во тие преговори, но сè уште нема конечно решение. Се надеваме дека тоа ќе се случи многу брзо, изјави Рубио. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи изјави дека преговорите со Оман се за замена на одделните северни и ...

Амбасадата на САД во Тирана во објава дека е ратификуван договорот со Албанија за заем од 302 милиони американски долари. Амбасадата во објава на Фејсбук нагласува дека “овој договор ќе го поддржи напредокот на Албанија кон исполнување на Хашката обврска за одбрана”. Меѓу другото, овој заем ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година. „Денеска, Соединетите Американски Држави со задоволство ...

Големиот пожар што избувна во петокот во централна Грција и веќе е проширен во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а во кој загинаа две лица по судар на хеликоптери што учествува во гаснењето, сè уште не е ставен под контрола и четврти ден, нешто помалку од 500 пожарникари се борат со огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. Утрово, со оглед на тоа што е намален интензитетот на ветерот, започна и гаснење од ...

Топлотниот бран продолжува ширум Италија, а бројот на градови за кои е издаден црвен метео-аларм е значително зголемен, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство. Како што се наведува, црвеното предупредување денеска важи за 19 од вкупно 27 следени градови, вклучувајќи ги Фиренца, Болцано, Перуџа, Рим, Торино, Болоња, Бреша, Неапол, Венеција и Верона, пренесува „Кориере дела сера“. Температурите го достигнуваат својот пик од 37 ...

Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи. Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на повеќе институции. ...

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме ...

Кинескиот проект „Големиот зелен ѕид“, еден од најамбициозните еколошки потфати во модерната историја, се соочува со сериозни критики по 48 години од неговото започнување. Она што во 1978 година беше замислено како стратегија за запирање на ширењето на пустините Гоби и Такламакан, денес отвора прашања за неговото влијание врз здравјето на луѓето и природната рамнотежа. Во рамки на проектот досега се засадени околу 66 милијарди дрвја, но ...

Американскиот Црвен крст предупреди дека залихите на крв во САД се намалени на „кризно ниво“, истакнувајќи дека ова е вторпат во неговата 150-годишна историја да прогласи таква состојба. Според доктор Кортни Лоренс од Американскиот Црвен крст, до недостигот довеле повеќе фактори, меѓу кои големите шумски пожари и екстремно високите температури. Залихите на крв само во текот на минатиот месец се намалиле за една четвртина. Кризата се појавува ...

На 03.08.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.П. (19) од Куманово, затоа што при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 03.08.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.П. (19) од Куманово, ...

Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20976 издадени платни налози, 4241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за возење ...

Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. – Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност ...

СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Системот беше досега таков, затоа што со децении лица ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето ...

Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани. Ова денеска за МИА го изјави Даниел Георгиевски од ИМП. Тој посочи дека бројот на интервенции на јавни места кои се најчесто поради колапси дневно има повеќе во однос на другиот период од ...

Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи нов рекорд и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови. Во текот на јули, охридскиот аеродром опслужи 52,544 патници, што претставува раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година. Воедно, беа реализирани 443 летови, односно ...

ОВЕН Денот е одличен за состаноци, дијалози и деловна кореспонденција. Вие сте смирени и тоа ќе ви помогне да го одржите дијалогот и да ги браните вашите интереси. Сега не е добро време за воспоставување нови односи, но среќата ќе биде со вас доколу сакате да ги зајакнете постојните лични и деловни врски. БИК Денешниот е добар ден да се грижите за вашата финансиска состојба – да размислите како да ги распределите вашите финансии и да ги ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот “Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на ...

Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина. Наместо да се однесува очајнички, за да присобрери некој поен оти ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу с. Раец и с. Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп (ул. „Дебарска“, м.в. Теке (депонија), а другите три правци се изгаснати). Според ЦУК, изгаснати се следните пожари: Општина Бутел – ул. ...

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Според прогнозата ...

OpenAI соопшти дека надминала една милијарда активни корисници на своите модели за вештачка интелигенција, што претставува значајна пресвртница во развојот на компанијата и во глобалното прифаќање на AI технологијата. Во објава на официјалниот блог, компанијата наведува дека нејзините решенија денес ги користат повеќе од милијарда активни корисници, како и над два милиони компании ширум светот. Од OpenAI истакнуваат дека целта е вештачката ...

Важно е да бидете умерени во консумирањето кафе, а познат е и фактот дека пиењето кафе дава енергија, а тоа особено важи за еспресото. Еспресото добро влијае на вашата долготрајна меморија Верувале или не, но овој напиток во мали количини може да ја подобри вашата долготрајна меморија. Невролозите од калифорнискиот Универзитет објавиле истражување во кое заклучиле дека две шолји еспресо влијаат позитивно на вашето помнење. Држете се до ...

Според бројни студии, скандалите се една од најчестите причини за раскинување и разделување на паровите. Во животот, не можеме секогаш да сметаме дека сè ќе биде „мед и млеко“. Понекогаш, лошите ситуации нè изненадуваат, го кршат срцето и длабоко не затресуваат. Особено кога станува збор за љубовта. Некако се чини дека е најтешко да се преболи. Измамата како таква, според бројни студии, е една од најчестите причини за прекинување. Иако голем ...

Ако имате проблеми со спиењето, веројатно сте ги испробале сите трикови. Меѓутоа, постои една работа која повеќето ја занемаруваат: температурата во вашата спална соба. Неврологот Крис Винтер вели дека одржувањето на спалната соба студена прави голема разлика. „The Sleep Foundation“ препорачува температурата во спалната соба да биде помеѓу 15 и 20 Целзиусови степени. За споредба, просечната температура во домот обично е помеѓу 21 и 27 ...

Причините за тоа лежат токму во нивните специфични карактери и навики. Хороскопот открива различни аспекти од нашите животи, но дали може да открие колку долго ќе живееме? Неколку студии покажаа дека луѓето родени во овие три знаци се најдолговечни. Луѓето родени во знак на Рак живеат најдолго, а потоа следат Овен и Девица. Луѓето родени во знакот Рак честопати доживуваат длабока старост, а има повеќе причини за тоа. Освен фактот дека ...

Новоизбраниот претседател на Колумбија, Абелардо де ла Есприела, политичар поддржан од САД, денеска вети дека ќе ја интензивира борбата против герилските групи и нарко-картелите. Десничарот Де ла Есприела ќе ја преземе претседателската должност на 7 август во градот Кали, по владеењето на Густаво Петро, првиот левичарски претседател на Колумбија – земја која е светски рекордер во производство на кокаин, пренесува „Фигаро“. Церемонијата на ...

Нуклеарна електрана Запорожје денеска, по 23-ти пат во текот на воениот судир, остана без надворешно напојување со електрична енергија, соопшти директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. „Тоа уште еднаш укажува на несигурната ситуација во поглед на нуклеарната безбедност на таа локација“, предупреди Гроси во објава на Х. За време на исклучувањето на последниот преостанат далевод на електраната, ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека благодарение на ефикасната работа на полициите на Шпанија и Мароко, мнозинството од мигрантите кои илегално влегоа во северноафриканската шпанска ексклава Сеута се вратени назад во Мароко и дека ниту еден од нив не стигнал до европското копно, самата Шпанија која се наоѓа на другата страна од Гибралтарскиот Проток, ниту до другите земји од Европската Унија. Фон ...

Украина собори само една од 27 руски балистички ракети за време на денешниот голем руски напад, бидејќи земјата нема пресретнувачки ракети, што се користат за американските противвоздушни системи „Патриот“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој наведе дека Русија истрелала вкупно 35 ракети, од кои 27 балистички и 185 беспилотни летала врз Киев и регионите на Дњепропетровск, Суми, Харков и Полтава. Според Зеленски, украинската ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.34
49%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
6.5
52%
1018
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.76
74%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.38
54%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.63
55%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.5
90%
1022
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
3.83
38%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.82
50%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.13
39%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
5.36
63%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
0.89
53%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
2.9
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Бакар

13.36

Злато

141498.65

Калај

56.16

Алуминиум

3.34

Платина

56328.11

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Сребро

2102.98

Паладиум

43853.62