Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Полицијата ја пронајде Кристина од Охрид која беше пријавена за исчезната. Денеска во 12:20 часот на крстосница од ул. „АСНОМ“ со ул. „Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката К.Ј.(15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот. Семејството денеска објави јавен апел за пронаоѓање на 15-годишната Кристина која последен пат била видена вчера околу ...
По повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, ...
На денешен ден, 13 август, се сеќаваме на Струмичката петорка Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Пет млади животи, пет струмички студенти, кои останаа запишани во македонската историја како симбол на една генерација што сонувала за слобода, достоинство и иднина за својот народ, напиша премиерот, Христијан Мицкоски на „Фејсбук“. Нивната трагична судбина, додава тој, е дел од болните страници на нашата ...
Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите, велат од Центарот за управување со кризи. „Поради тоа што пожарот се наоѓа во планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, во овој момент ќе интервенираат три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден авион на ...
Голем пожар избувна денеска во областа на Сивири и Фурка на алкидики, а поради брзото ширење на огнот грчките власти издадоа повеќе пораки преку системот 112 за евакуација на населението и посетителите. Пожарот избувнал во ниска вегетација, но силниот ветер придонел за негово брзо ширење. Според најновите информации од грчките медиуми, пламените јазици стигнале до првите куќи во Сивири, а има и информации за изгорени објекти. View this post ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека е сериозно загрижена поради поднесувањето „политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука“. Реакцијата следи откако претдхоно денес Обвинителството покрена обвинение против 8 лица за случајот со злоупотреби во Државна лотарија, меѓу кои и за екс-вицепремиерот од редовите на Интегративците, Артан Груби. „По две години истрага, јавноста заслужува да ...
Едукативниот ден е дел од подготовките на македонската делегација за настапот на најголемиот медитерански спортски собир, кој ќе се одржи од 21 август до 3 септември во Таранто, со цел спортистите да добијат дополнителни знаења за полесно справување со предизвиците што ги носи настапот на голем меѓународен спортски настан Во рамки на завршните подготовки за настапот на Македонската олимписка делегација на Медитеранските игри Таранто 2026, ...
Вчера во 10:47 часот во СВР Струмица било пријавено дека на планината Кожуф, додека Д.Т. (62) од Кавадарци, вработен во Шумско стопанство Гевгелија, сечел дрва, едно од дрвјата паднало врз него. Од здобиените повреди тој починал, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Вчера во 10:47 часот во СВР Струмица било пријавено дека на планината ...
Шеесет и петгодишен работник од Скопје загина во несреќа на работното место во општина Аеродром. Случајот бил пријавен вчера околу 12:25 часот во полицијата од екипа на Итната медицинска помош, од каде било известено дека во круг на фирма има починато лице. Според пријавеното, В.Н. (65) од Скопје извршувал работни задачи кога бил прегазен од виљушкар, кој претходно сам се придвижил. За случајот биле известени јавен обвинител и трудов ...
Полицијата во Делчево го приведе А.З. (40), откако било пријавено дека во семејниот дом во делчевско село повеќепати физички ја напаѓал својата 59-годишна мајка и ѝ се заканувал. Според пријавеното, вчера во текот на денот тој агресивно се однесувал кон мајка му и ја заклучил во соба. При преземањето мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта. А.З. бил ...
Вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од водите на Охридското Езеро, кај Пештани, бил извлечен давеник. Екипа на Итната медицинска помош констатирала дека лицето починало, при што немало видливи повреди. Утврдено е дека станува збор за Б.Д. (46) од Грузија. На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Г. (52) од Словенија поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Според пријавата, во периодот од 23 до 27 октомври 2025 година, пријавената неовластено користела банкарска картичка во сопственост на друго лице. Со картичката, преку интернет апликација, таа извршила 47 трансакции во вкупна ...
Скопското обвинителство поднесе обвинение против поранешниот вицепремиер Артан Груби, со барање за продолжување на куќниот притвор како второобвинет за злоупотреби во „Државна лотарија“. Обвинението е поднесено против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување. „Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања ...
Пожар избувна денеска во Сивири, на Касандра во Халкидики, поради што грчките власти издадоа предупредување преку системот 112 за оддалечување на населението и посетителите од подрачјето. View this post on Instagram A post shared by Nikana.gr🔹Letovanje u Grčkoj (@nikana.gr) „Шумски пожар во вашето подрачје. Доколку се наоѓате во Сивири, Халкидики, оддалечете се кон Мола Калива и следете ги упатствата на надлежните“, стои во пораката на ...
Документацијата за ширењето на лажната порака дека водата во скопскиот водовод е загадена со бактеријата ешерихија коли, која Јавното претпријатие „Водовод и канализација- Скопје“ ја предаде во полиција, е за две лица. Од Град Скопје за „Макфакс“ велат дека тоа се податоците, заедно со докази, до кои успеало да дојде јавното претпријатие, но очекуваат полицијата да пронајде повеќе лица. „Пријавата е за две лица. ’Водовод и канализација’ ...
Капацитетот на турските аеродроми во последните 24 години пораснал од 55 милиони на речиси 400 милиони патници годишно, соопшти турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу. Бројот на активни аеродроми е зголемен од 26 на 58, а бројот на патници годишно до крајот на 2025 година достигнал 247,1 милион, наспроти околу 34 милиони во 2002 година. Турција денес реализира повеќе од 2,5 милиони летови годишно кон 356 ...
Вчера бил најтежок ден од почетокот на сезоната на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот биле изгаснати 46 пожари, додека шест останале активни и денеска. Во меѓувреме, денеска се појавиле и нови пожари. Еден од најтешките пожари е во близина на Прилеп, покрај патот кон Битола. Иако пожарот се шири во ...
По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, премиерот Христијан Мицкоски порача дека документот е дел од поновата историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Мицкоски оцени дека кон Рамковниот договор треба да се гледа со зрелост, почит кон различните ставови во општеството и одговорност кон иднината. „Свесни сме дека Рамковниот договор различно се доживува и толкува меѓу граѓаните. ...
Со свечена седница во Владата денеска беше одбележана 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, при што претставници на Владата порачаа дека договорот е историско достигнување, но и обврска за градење стабилна, еднаква и просперитетна држава. Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оцени дека договорот го ставил крајот на конфликтот од 2001 година и воспоставил нов пристап во функционирањето на државата, ...
Во Коринтскиот канал во Грција, луксузната суперјахта „BLUE II“ долга речиси 56 метри имала проблеми при минувањето низ тесниот канал и на повеќе места удрила во неговите странични ѕидови. На снимката се гледа како јахтата се движи на само неколку сантиметри од страните на каналот, пред да дојде до контакт со ѕидовите. Στιγμές αγωνίας εκτυλίχθηκαν στον Ισθμό της Κορίνθου, όταν ένα πολυτελές σούπερ γιοτ τεράστιας αξίας βρέθηκε αντιμέτωπο με ...
Португалката која вчера беше спасена откако повеќе часа поминала во морето кај островот Крк денеска е пуштена од КБЦ Риека на домашно лекување. Таа била примена поради долготраен престој во морето и опасноста од давење. По лекарскиот преглед и набљудувањето, нејзината состојба е добра. Жената ноќта со уште тројца португалски државјани со мал гумен чамец се упатила во морето од кампот Козица. Нивното исчезнување било пријавено околу 4 часот ...
Таман човек ќе помисли дека Социјалдемократскиот сојуз го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење, изјави на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за ...
Инфлацијата во Шпанија во јули порасна на 3,6 отсто, што е највисока стапка од мај 2024 година и петти месец по ред е над три отсто. Растот на цените главно е поттикнат од поскапувањето на електричната енергија и горивата, додека високата побарувачка за електрична енергија дополнително влијае врз цените поради топлотните бранови. Цената на електричната енергија во јули достигна околу 105 евра за мегават-час, што претставува најголем ...
Министерството за внатрешни работи утрово извести дека интензивно работи на вчерашното ширење паника и страв дека во скопската вода е пронајдена бактеријата ешерихија коли. „Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности. Се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. По завршување на истражните дејствија соодветно ќе ја информираме јавноста“, кусо извести Министерството за ...
Изминатиот викенд се возеа 7 и 8 мата трка од ФИМ Европскиот шампионат на кружни патеки а домаќин овој пат беше легендарната WSBK патека крај Кремона – Италија! Нашиот представник Христијан Бузалковски успеа да оствари одличен резултат и да го освои третото место на двете трки во класата СуперСток 1000! „Овој викенд беше еден од повозбудливите за мене бидејќи прв пат возев на оваа патека , но од самиот старт успеавме добро да се снајдеме и ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби денеска изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“. Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 279 метри, при што ќе се асфалтира површина од 1098 квадратни метри. Овие активности се одвиваат во рамките на проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина ...
Италијанката Сара Кертис ја испиша историјата на светското пливање. 19-годишната Италијанка приреди спектакл во полуфиналето на Европското првенство во Париз, поставувајќи нов светски рекорд во дисциплината грбно пливање на 50 метри, неверојатни 26,63 секунди. Така, Кертис го подобри за 23 стотинки претходниот рекорд на Австралијанката Кејли МекКаун, која исплива 26,86 во октомври 2023 година во Будимпешта. Ова беше и првиот светски рекорд ...
Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана првиот тренер со четири порази во четири натпревари во Суперкупот на Европа. Во последниот меч, неговиот тим загуби од ПСЖ со 2:1 во Салцбург. И покрај поразот, Емери истакна дека Астон Вила може да биде горда на прикажаната игра. „Поразот никогаш не може да ве направи среќни, но начинот на кој се натпреварувавме, како играчите реагираа во текот на сите 90 минути и шансите што ги создадовме – ...
Поранешниот МВП и играч на бројни НБА тимови, Расел Вестбрук, го објави крајот на својата кариера на 38-годишна возраст. Вестбрук вториот играч во историјата кој завршил сезона со просек од трипл-дабл, ја објави својата одлука на оригинален начин, објавувајќи краток филм во траење од три и пол минути, чиј наратор е добитникот на Оскар, Мајкл Б. Џордан. Sometimes you don’t even know when you’ve already watched the end. You had to be there. ...
Директорот на телевизијата „Алсат-М“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Местото е обезбедено од полицијата која го потврди случајот. „Денеска (13.08.2026) околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л.Х. (38) ...