Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на општина Струга. Во Струга Николоски со градоначалникот Менди Ќура ќе извршат увид во реализација на инфраструктурни проекти во општината. Како што информираат од Министерството за транспорт, предвидени се изјави за медиуми. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна ...

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во ...

Пензионерите од септември би можеле да добијат усогласување на пензиите од приближно три проценти, покажува пресметката направена врз основа на движењето на просечната плата и трошоците на живот. Според владината Програма за економски реформи 2026–2028, редовната методологија за усогласување на пензиите треба повторно да почне да се применува од 1 септември 2026 година. За пресметката беше потребен и последниот податок за јунската просечна ...

Голем шумски пожар попладнево избувнал во борова шума во атарот на селото Црник, Општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Пожарот зафатил голема површина, а во гаснењето биле ангажирани локални пожарникари, вработени во шумските претпријатија и доброволци. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, информира дека во моментот кога била добиена информацијата за пожарот, дел од расположливите сили од Пехчево и Берово веќе ...

Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива непречено и без задржувања. -Возилата со странски регистарски ознаки кај кои е евидентиран сообраќаен прекршок за плаќање се задржуваат најмногу до пет минути за регулирање на обврската, соопшти вечерва МВР. Од Министерството додаваат дека благодарение на воведениот систем и можноста за електронско регулирање преку апликацијата „Безбеден ...

“Големи” промени во СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија. Еден помилуван за криминал замени друг помилуван за криминал, напиша на социјалните мрежи Наум Стоилковски, советник за комуникации и односи со јавност во Владата. Во објавата тој додава дека во двата случаи, и Заев и сега Филипче, се ослободуваат од гонење без спроведување на постапката. Во четвртокот, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби утре за прв пат ќе седне на обвинителна клупа во Кривичен суд каде што ќе му суди за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ за кое во Кривичниот законик е предвидена затворска казна од најмногу пет години. Груби додека траеше истрагата првично беше обвинет за потешко кривично дело „проневера во службата“ за кое затворската казна трае и до 20 години, но подоцна истото беше преквалификувано ...

Македонскиот борач Фати Вејсели обезбеди најмалку сребрен медал на Медитеранските игри на плажа во Таранто, откако се пласираше во финалето во својата категорија. Вејсели со успешните настапи стигна до завршната борба на турнирот, со што веќе обезбеди медал за Македонија. Македонскиот репрезентативец сега ќе има можност да се бори за најсјајното одличје. Во финалето Вејсели ќе се обиде настапот во Таранто да го круниса со златен медал. Со ...

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната покраина Галиција, а меѓу тројцата уапсени е и еден хрватски државјанин, објави локалниот весник „Ла Воз де Галиција“. Кокаинот е пронајден во зграда на имот во близина на морето, каде што, според резултатите од досегашната истрага, бил привремено складиран, пренесува Индекс.хр. Брегот на Галиција, познат по своите карпести заливи, е една ...

Голем шумски пожар денеска избувна во селото Бигла, меѓу Македонска Каменица и Делчево. Според градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, огнот неколкупати бил ставен под контрола, но високите температури и силниот ветер повторно го разгорувале и придонесувале за негово ширење, објави Макфакс. На терен се ангажирани околу 300 лица, меѓу кои пожарникари, припадници на институциите, волонтери и други служби. Во гаснењето учествуваат ...

Силен пожар денеска беснее во околината на Пехчево, при што гори борова шума во правец кон границата со соседна Бугарија. За пожарот информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според информациите, пожарот е еден од двата големи што денеска се активни во источниот дел од земјата. Огнена стихија беснее и во реонот на делчевското село Бигла. Видеото може да го погледнете ТУКА. Во текот на претпладневните ...

Пратеници на Алијансата за иднината на Косово (ААК) денеска истурија јаглен пред влезот во зградата на Владата во Приштина, изразувајќи го своето незадоволство од енергетската ситуација и оценувајќи дека освен во енергетски, Косово е и во политички мрак. Пратеникот на Алијансата, Бурим Рамадани, рече дека во последните години Косово преминало од енергетски мрак во ситуација што тој ја смета за политички мрак. – Со Курти и Самоопределување, ...

Со новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко. Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Киев ја отворил „Пандорината кутија“ со нападите врз руските економски цели, велејќи дека Русија ќе возврати удар врз „најчувствителните економски сектори“ на Украина, пренесува Ројтерс. Украина ова лето ја засили кампањата на напади со беспилотни летала насочени кон руската економска инфраструктура, вклучувајќи ги рафинериите за нафта и магацините на онлајн трговците на мало, со цел да ја ...

Македонските аеродроми бележат силен раст на патничкиот сообраќај, а во првите седум месеци од годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид поминале повеќе од 2,4 милиони патници, кажа денеска на прес-конференција, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска. „Македонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во првите седум месеци од 2026 година се јасна ...

Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, веднаш по пријавата биле ангажирани сите расположливи сили од Делчево, како и пожарникари и екипи од соседните противпожарни единици. – Неодговорно лице палело гуми во својот ...

Харвардската бизнис школа започна осумнеделна онлајн програма за претприемачи во која учесниците учат аватари на професори генерирани од вештачка интелигенција, во обид да го направи образованието достапно за многу поголем број студенти и основачи на стартапи. Програмата HBS Foundry, која чини 699 долари, користи видео аватари на професори и инвеститори со вештачка интелигенција кои ги водат учесниците низ развој на бизнис идеја, подготовка ...

Два американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран. Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на воените објекти. Распоредувањето на авионите ...

Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои беше и Македонија. Мерката ја воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а судијката Џенет Варгас оцени дека таа е „спротивна на законот“ и дека ги надминува законските овластувања на државниот секретар Марко Рубио. Забраната, која беше воведена во јануари, значеше суспендирање на издавањето визи за постојан ...

На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со ...

За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и Артан Етеми и тоа условни затворски казни, а казнета беше и болницата ...

Хакери поврзани со иранските власти успеале да предизвикаат прекин на работата на британска електрана, што се смета за прв ваков случај во Велика Британија и најуспешен сајбер напад од овој тип поврзан со Техеран. Според „Дејли телеграф“, нападот се случил минатиот месец, во период кога биле регистрирани и серија сајбер напади врз американската водоводна инфраструктура во 12 сојузни држави. Британските власти не откриваат која електрана била ...

Земјотрес со магнитуда 5,9 го погоди источниот дел на Јапонија, вклучително и поширокото подрачје на Токио, во 2 часот по полноќ по локално време. Најмалку 37 лица се повредени, главно полесно. Нема опасност од цунами. Според Јапонската метеоролошка агенција, епицентарот на земјотресот бил во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од околу 70 километри. Американскиот геолошки институт (USGS) регистрирал магнитуда од 5,8. Најмногу ...

Тројца луѓе се повредени во драматичен инцидент на коњски трки во селото Бијељани кај Билеќа, во Босна и Херцеговина, кога возач со автомобил влетал меѓу присутните и ги газел луѓето. Полицијата соопшти дека интензивно трага по осомничениот, а случајот се истражува како обид за тешко убиство. Според најновите информации, полицијата трага по Жељко Вујовиќ од Билеќа, осомничен дека управувал со автомобилот. Заедно со него побегнал и М.С., за ...

Денес, повеќе од кога било, ни требаат заедништво, грижа еден за друг и одговорност кон иднината, порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на роденденската прослава на Општинскиот комитет на партијата во Кочани. Мицкоски порача дека продолжува градењето на подоброто утре. Со вера, работа и љубов кон Македонија продолжуваме да го градиме подоброто утре што го заслужуваат нашите деца и сите граѓани – стои во објавата. ...

Со новите авиолинии Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид. Најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко – се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека е избегната катастрофа во прилепското село Бонче, откако силен ветер рано утрово го пренел пожарот кон населеното место и огнената линија се приближила до куќите. Како што информира Ангелов, пожарот околу 4 часот се спуштил кон долот над селото, при што ситуацијата била исклучително сериозна. Во гаснењето биле ангажирани пожарникари од Битола и Кочани, а ...

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовки информираше дека жител на Скопје Север исекол столб за улично осветлување за да си изгради настрешница на диво. Тој најави дека во понеделник ќе има интервенција на службите, како и кривична пријава за сторителот. „Скопје Север, општина Бутел. Узурпирал државен имот, поставил дивоградба и исекол столб од општинско осветлување. Во понеделник следи брза и одлучна акција за отстранување на дивоградбата и ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања. Автомото сојузот на Македонија апелира на внимателно управување со возилата, ...

Модуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид-пандемијата како „урбана опрема”. За да биде возможно болница да спаѓа во категоријата „урбана опрема”, тогашната влада на СДСМ и ДУИ го смени Законот за градење по итна постапка, со што се овозможи Министерството за здравство да дава одобренија за нивно поставување – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „За време на ковид кризата, Венко Филипче беше министер за здравство, а ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32