Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Поголема количина разновидна наркотична дрога е пронајдена при претрес во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека на 8 јули полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени оперативни мерки и активности, извршиле претрес при што биле пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, ...
До крајот на Светското првенство во фудбал остануваат да се одиграат уште осум натпревари, што значи дека Мундијалот влегува во својата завршница. Со денешниот дуел меѓу Франција и Мароко што се игра во Бостон стартуваат четвртфиналните пресметки. Светскиот првак од 2018 Франција е фаворит во дуелот со Мароко, но токму африканската репрезентација е таа на која и се даваат најмногу шанси за изненадувања. Почетокот на натпреварот е во 22 часот. ...
Доцна синоќа, на три локации во главниот град Скопје, во Општина Аеродром и во централното градско подрачје на улицата „Рузвелтова“ биле затекнати лица кои нелегално исфрлале шут и отпад, информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Тој на социјалните мрежи напиша оти сторителите биле лоцирани веднаш, по што биле евидентирани и добиле налози да се јават во општинските канцеларии каде ќе им биде изречена соодветна глоба во согласност ...
– Бројот починати во актуелната епидемија на ебола во Демократска Република Конго достигна 600, а сомнителни случаи се пријавени и во уште една провинција, соопштија денеска националните здравствени власти. Според најновиот извештај на Владата на Конго, епидемијата прогласена на 15 мај досега е потврдена кај 1.759 заразени лица во источните провинции Итури, Северен Киву и Јужен Киву. Во официјалниот број случаи засега не се вклучени два нови ...
Република Албанија треба да даде официјален одговор за вчерашното задржување на координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани на граничниот премин „Ќафасан“ од страна на албанската полиција, реагираат од влаејачката партија Влен. Оттаму велат оти нивните функциониери биле задржани околу еден час без никакво официјално објаснување, иако сите тројца ...
Музичарот Ник Кејв се пошегува дека „најлошото нешто кај старите рок-ѕвезди“ е што нивните „стари обожаватели“ не знаат како да ги користат своите мобилни телефони, и да прават самослик. – Пар стои таму, беспомошно чепкајќи по екранот, обидувајќи се да влезе во режим на самослик или што и да е, велејќи „Не знам како да го користам мојот телефон“, „Како да го користам ова?“ и „Не можам да верувам дека ова е Ник Кејв!“ …Се обидувам да им ...
Западна Европа го имаше најтоплиот јуни откако постојат мерења, соопшти Службата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“. Кон крајот на изминатиот месец регионот беше зафатен од силен топлотен бран што постави температурни рекорди, го наруши снабдувањето со електрична енергија и доведе до затворање училишта. Според месечниот извештај на „Коперник“ објавен денеска, изминатиот јуни бил втор најтопол месец на глобално ниво откако се ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, ја отфрли изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Израел ќе се повлече од Либан, нагласувајќи дека на неговата земја не и е потребно ничие одобрение за да остане таму. „Не баравме ничие одобрение за да влеземе во Либан, ниту ни треба одобрение за да останеме таму“, ја пренесува „Тајмс оф Израел“ изјавата на Кац. Кац уште посочил дека Израел има „право и должност“ да ги брани ...
Грчките власти објавија интерактивна дигитална мапа на Гугл, на која се следи појавата и ширењето на опасната риба зајак, позната и како Lagocephalus sceleratus. Станува збор за инвазивен вид за кој летово се зголемува вниманието, особено поради неговото присуство во грчките води. Мапата ги покажува местата каде што досега е регистрирана оваа риба, која се смета за исклучително опасна. Lagocephalus sceleratus е распространет во тропските води ...
Најмалку 14 лица загинаа, а 78 се повредени во американските напади врз иранските провинции во изминатите 48 часа, соопшти денеска иранското Министерство за здравство, истакнувајќи дека ударите биле извршени и за време на важечкото примирје меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Шефот на Центарот за односи со јавноста и информирање на Министерството за здравство, Хосеин Керманпур, објави на Х дека САД на 7 и 8 јули извршиле напади врз ...
Јавноста во Македонија е сведок на целосна конфузија предизвикана од опозициските партии СДС, Левица и ДУИ, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Првиот ден седнуваат и се договараат за Изборниот законик, а веќе следниот ден, откако ќе преспијат, го блокираат истиот закон за кој првично постигнале договор. Во јавноста пласираат одредени тези, а зад затворени врати, всушност, преговарале и преговараат ...
На седницата на Уставниот суд конечно се разгледуваше Иницијативата поднесена од Левица за оценување на уставноста на одредбите од Изборниот законик кои единствено на Левица ѝ го ускратија и ќе и го ускратат правото за време на изборната кампања да се рекламира на телевизија, радио, интернет-портали и билборди, се наведува во партиското соопштение на Левица што МИА го пренесува интегрално. Иако поради недоволен број гласови не беше донесена ...
Ирскиот поп-рок-состав „Ју-ту“ го објави новиот сингл „Street of Dreams“ (Улица на соништата). Ова е првата песна од нивниот нов албум што ќе биде објавен подоцна оваа година преку „Ајланд рекордс“ (Island Records), објави продукциската група „Јуниверзал мјузик груп“ (Universal Music Group) денеска. Песната е продуцирана од долгогодишната соработничка на ирскиот бенд Џекниф Ли, а видеспотот е снимен во Мексико Сити во мај, каде што бендот ...
Албанскиот премиер Еди Рама ја поддржа одлуката на Албанската влада да издвои четири милиони евра за концертот на американскиот рапер Канје Вест. Според него, целта е да се заштити меѓународниот углед на Албанија и да се остварат значајни економски придобивки. Од друга страна пак, критичарите го доведуваат во прашање оправданото користење на државни средства за настан што е приватна организација. „Владата во последен момент обезбеди средства ...
Политико Коалиција од девет европски земји го повикува Брисел да ја продолжи итната флексибилност за Системот за влез/излез (ЕЕС), со аргумент дека блокот сè уште не е подготвен да ги укине моменталните заштитни мерки. Во заедничкото писмо со датум од 7 јули, во кое „Политико“ имаше увид, Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија му порачаа на комесарот за внатрешни работи, Магнус Брунер, дека ...
Пензионерите се украдени, а државата се соочува со сериозен недостиг од пари за плати, субвенции и социјална помош, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „Тема на денот” на Сител телевизија. Тој посочи дека ребалансот на Буџетот е уште еден доказ за целосниот економски дебакл на Владата. „Буџетот е празен. Ребалансот е страшен дебакл. Огромен раст на дефицитот. Нема предвидено пари ниту за соодветен раст на ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, ги обвини НАТО и одредени европски земји за соучесништво во американско-израелските воени операции против Иран, критикувајќи ги изјавите на генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. Багеи на Х наведе дека коментарите на Руте претставуваат признание за „намерното соучесништво на Европа во американско-израелската војна и агресија против Иран“, и оцени дека европските ...
Најмалку три лица загинаа, а повеќе се ранети во американски напад на периферијата на иранскиот град Ахваз, пренесе агенцијата Ирна. Заменик-гувернерот на провинцијата Хузестан за безбедност и спроведување на законот, Валиолах Хајати, изјави дека „израелско-американскиот режим“ рано утринава гаѓал локација на периферијата на Ахваз, наведувајќи дека спасувачките и медицинските екипи се упатени на терен, пренесе Ал Џезира. Иранските медиуми ...
Бројот загинати во двата разорни земјотреса што ја потресоа Венецуела на 24 јуни се искачи на 3.811, додека 16.740 лица се повредени, а 17.907 луѓе останале без покрив над главата, соопшти денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, повторно повика на укинување на меѓународните санкции и ослободување на замрзнатите државни средства во странство, со цел ...
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека НАТО ја продолжува политиката на милитаризација на Европа, подготовките за можен судир со Русија и обезбедувањето воена поддршка за Украина. Захарова рече дека „генералната линија на НАТО не е променета“ и оти алијансата и понатаму ја третира Русија како долгорочна закана за евроатлантската безбедност. Коментирајќи го самитот на НАТО, Захарова наведе ...
Кувајт втора ноќ последователно е цел на напади, откако американската војска изврши нова серија удари врз цели во Иран. Воздушната одбрана на Кувајт пресретнала ирански ракети и беспилотни летала, се посочува во армиското соопштение објавено рано изутринава преку платформата „Икс“. Засега нема дополнителни детали за нападите. Сирените за воздушна опасност повторно се огласија и во Бахреин, како и претходната ноќ. Министерството за внатрешни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отвори можноста за дополнително намалување на бројот на американските војници во Европа, поврзувајќи ја таквата одлука со евентуалниот договор за иднината на Гренланд. – Сè уште ја немам донесено таа конечна одлука. Многу нешта ќе зависат од Гренланд – изјави Трамп во претседателскиот авион „Ер Форс Ван“ (Air Force One), на прашањето дали ќе повлече уште американски трупи од Европа. Како што пренесе ...
Три лица загинаа синоќа во руски воздушен напад во градот Дружкивка во украинскиот регион Доњецк, соопшти Канцеларијата на регионалниот обвинител. Погодена била куќа, при што се повредени и две жени. Една жртва има и во руските напади во регионот Херсон. „Руските сили ја нападнаа Дружкивка со воздушна бомба ‘ФАБ-250’. Убиени се две жени, на возраст од 71 и 74 години, и еден 56-годишен маж“, се вели во соопштението на обвинителството на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го извести Конгресот за намерата да го поништи статусот на Сирија како држава што го спонзорира тероризмот (ССТ), соопшти Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека оваа одлука на Трамп е уште еден историски чекор што овозможува да му се даде шанса на сирискиот народ за напредок и Сирија повторно да се вклучи во меѓународната трговија и инвестиции. „Стабилна, обединета Сирија која е во мир ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека секој натамошен напад врз бродови ќе наиде на уште поостар одговор, откако американската војска изврши нови напади врз земјата. „Ова е одмазда за вчерашното бомбардирање на бродови од страна на Иран. Ако тоа се повтори, ќе стане многу полошо!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social). Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека лансирала нов бран ...
Во Иран денеска ќе биде погребан Ајатолахот Али Хамнеи, повеќе од четири месеци по неговото убиство во израелски воздушен напад. Погребната церемонија ќе се одржи во светилиштето Имам Реза во неговиот роден град Мешхед, соопштија иранските власти. Посмртните останки на Ајатолахот ќе бидат погребани во најсветото шиитско светилиште во земјата, а самата церемонија ќе биде спроведена зад затворени врати. Јавниот дел од церемониите за оддавање ...
– Обезбедување европски начин на електронско плаќање, намалување на зависноста на Европската Унија од странските платежни системи, зајакнување на отпорноста на европската економија и поттикнување на иновациите и технолошкиот развој се целите на планот за воведување на дигиталното евро, чија регулаторна рамка доби поддршка од Европскиот парламент. Европратениците го поддржаа користењето на дигитални активи и создавање средина погодна за ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод ...
Канадскиот пејач Џастин Бибер ќе изведе спектакуларно шоу на полувремето од финалето на Светското првенство, кое ќе се игра во Њу Џерси на 19 јули, објави денес Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Покрај Бибер, на финалето на Светското првенство ќе настапат и ѕвезди како Мадона, Шакира и јужнокорејскиот бенд BTS. На програмата ќе настапат и нигерискиот пејач Бурна Бој, венецуелскиот диригент Густаво Дудамел и хорот PS22, кој го ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска одржа состанок со членовите на владата, на кој министрите го информираа за ситуацијата на пазарот со горива, и наведе дека проблемите со горивото се привремени. Тој исто така оцени дека рускиот енергетски систем е меѓу најстабилните во светот „и покрај обидите на противниците да ѝ нанесат штета на руската економија“. Путин повика на брзо решавање на проблемот со снабдувањето со гориво на Крим ...